|
Дали нехристијаните со добри дела ќе се спасат? |
Внеси реплика | страница <1 23456 8> |
Автор | ||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ти верувам потполно - драг месиџер - дека си се трудел и дека не си имал никаква лоша намера и одсрце ти простувам што не можеш да согледаш дека во текстот, инкарнацијата на Совршената Мудрост (Исус) вели: ... па дојди и врви по Мене!” А после одбивањето на богатиот да врви по Него, Петар недвосмислено Му вели :„Ете, ние оставивме се, и по Тебе одиме: што ќе стане, со нас?” На што Исус недвосмислено му одговара : „Вистина ви велам дека вие што врвите по Мене, во новиот свет, кога Синот Човечки ќе седне на престолот на славата Своја, ќе седнете и вие на дванаесет престоли и ќе судите над дванаесетте Израелови колена; и секој што ќе остави куќа, или брат, или сестра, или татко, или мајка, или жена, или деца, или ниви, заради Моето име, ќе наследи стопати повеќе и ќе добие живот вечен. За мене останува само прашањето: Како ние луѓето заеднички да го надминеме теоретското и практичното противење на ВИСТИНАТА, Која е многу поголема од сите човечки филозофии и дела, бидејќи - според мое мислење - теоретското противење го храни практичното и обратно! Поздрав и лека ноќ! п.с. Мене - во моментов - ми преостанува многу, многу, повеќе да се надевам на БОЖЈАТА Милост (Христос) одколку на моите дела. А кога би било обратно и би се гордеел на ними (делата), незнам дали би била мојата грешна душа поблиску до спасението, одколку што е сега случај! Шалом! Изменето од spiros - 04.Октомври.2009 во 02:19 |
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Iako se trudev da ne me svatish pogreshno, ochigledno ne sum uspeal vo toa... iako pretpostavuvam zoshto e toa taka. No toa e samo potvrda za mojata slabost.
Ne e vazhno, vo sekoj sluchaj blagodaram sto so tvojot prvichen komentar mi ovozmozhi da go kazham onoa sto go napishav. P.S. Ednash mislam deka ti rekov oti go imam kapitalnoto delo na indijskiot joga Paramahansa Yogananda "The Second Coming of Christ - The Resurrection of the Christ Within You" koe e debelo kako dve Biblii i komentira iskluchivo za Isus i Noviot Zavet. Veruvaj mi, mnogu dobro go znam... I ushte neshto... vistinata ne poznava dopadlivost. Taa e takva kakva sto e... Chuvstvata koi se ragjaat kako posledica od nejzinoto doznavanje e samo chovechka emotivna reakcija predizvikana od prethodnite znaenja, iskustva, zhelbi ili ochekuvanja. Ne sakam da kazham deka onoa sto sum go komentiral e tochno, tuku poentata mi e deka koga se odi vo potraga po vistinata ne se odi spored lichnite afiniteti. Izvini ako so komentarot sum vnel nemir vo tvojata dusha. Veruvaj, ne sum imal takva namera. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Драг месинџер, ти благодарам многу што си зеде време, труд и напор за да ми Го преставиш Христос од твоја (за мене несовршена) перспектива и да ме водиш - дел по дел - низ Неговото учењето во однос на зборовите (Матеј, глава 19:16 - 30) околу кои дискутираме. Би предложил - ако се сложуваш и имаш волја и вереме - за обостран Благослов, да ги прочитаме овие зборови уште еднаш и до крај. Од твојата гледна точка - драг месинџер - Исус е можеби најголемиот човек кој што одел на земјава, но (за жал) и ништо повеќе од тоа! Додека пак луѓе - и други битија - коишто оделе по земјава Го препознале и признале како отелотворение на Мудроста БОЖЈА, без која нема вистинско совршенство и спасение! Со ова несакам никого да навредам и да речам дека поради моменталното негледање на Совршената Мудрост БОЖЈА во Исус некои луѓе се полоши луѓе од мене, но и да истакнам дека релативирањето или дури и негирањето на Вистинската СОВРШЕНОСТ, не е баш дело кое останува без консеквенци и влијание врз несовршени луѓе, како мене! Неможам точно да кажам зошто, но твоето гледање на Евангелието (кое што е лично Исус) и објаснување на Неговите зборови, нема такво позитивно дејство врз мене како на пример гледањето на Св.Ап.Петар, Св.Ап. Павле, Св.Ап.Јован, ... или на пример (според мое мислење) просветлениот Парамаханса Јогананда! Бидејќи чувствувам дека - како и во многу други - во тебе има сомнителна одбојност кон гледањето и сваќањето на Исуса Христа од страна на очевдците, Светите Апостоли и Евагелисти кои ги напишале (за мене) Најсветите списи, ќе се потрудам да ти опишам како Парамаханса Јогананда Го гледа Исус Христос. Тој во своите списи - како јас што сум ги разбрал а мислам и су уверен дека сум ги разбрал - вели дека Исус Христос е инкарнација на Совршената космичка Интелегенција (Мудрост) и дека одаденоста и Нејзиното следење е единствениот Пат кој води во Совршенството! Ако ги прочитавме зборовите на Исус и Петар - до крај на дотичниот капител - ќе видиме дека не се работи само за ЗАПОВЕДИТЕ И ДЕЛАТА, ТУКУ И ЗА СУШТЕНСТВЕНОТО СЛЕДЕЊЕ НА ВИСТИНСКАТА СОВРШЕНОСТ, за Која не сум достоен да ја отворам “устата„ а камоли да се наречам нејзин следбеник! Се надевам дека ќе се разбереме во мир. Поздрав до тебе и до сите! Изменето од spiros - 04.Октомври.2009 во 00:41 |
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Што би рекле тетовци: Некој верник веруа многу помалу, од што самиот се прае А некој неверник па многу појќе, од што самиот знае! |
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
Rita.MD
Сениор Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ти напишав дел од Божјите мисли кои Тој ни ги има објавено. Останатите не ни знам. Никој жив не ги знае. |
||
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Jas ova go vidov vednash... mnogu ubavo go vidov. Se nadevam deka sega kje vidish i ti, bidejki tokmu za ova sto si gi napishala govorev ushte od pochetokot. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Месси, овде морам малку да те корегирам. Гледам дека спомнуваш собори, меѓутоа морам да те потсетам дека „изворниве“ не знаат и не признаваат никаков собор, затоа што тие со МАТРИКС скок од 21ви век преминуваат во времето на Христос, а периодот меѓу времето на Христос и денешно време е црна дупка. Инаку, кој ќе се спаси не е догма и не може да биде догма, затоа што догма означува непроменлива вистина, која независно од околностите и се’ останато, останува таква каква што е. Догма е дека веруваме во триипостасен Бог, догма е дека Христос се родила од ДЕВА Марија, догма е дека Духот исходи од Отецот...
Се сложувам, особено знаејќи дека слепец не може да води слепи... Изменето од Maran Ata - 02.Октомври.2009 во 14:50 |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
Rita.MD
Сениор Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не е аргумент. Само мој заклучок.
Јас не знам што Бог мисли, тоа е претерано да го тврдам. Само ти цитирав од Неговиот Збор, па сега ти види. |
||
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Znam deka spored hristijanskata dogma, usvoena na soborite, samo hristijani-vernici mozhat da se spasat, no stom ja prifakjash kako trakva ochekuvav deka kje ja argumentirash pocvrsto.
Poslednata rechenica: "А искрено, Бог и лично да се симне пред тебе и да ти го каже сето ова, убедена сум дека сепак нема да поверуваш. И не би бил единствен. Тоа е што е.", ne e nikakov argument i taa sekogash se kazhuva od vernici koga ostanuvaat bez fakti. Ne pretpostavuvaj nishto shto bi bilo ako bi bilo, kako sto ne ne bi trebalo da si dozvolish takva neskromnost da velish deka ti znaesh sto misli Toj i deka onoa sto zboruvash ti e onoa sto bi go rekol i Bog lichno dokolku se simne od Nebesata i im govori na lugjeto. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Rita.MD
Сениор Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Нема да добиеш од мене цитат од Стариот Завет. Ние христијаните, пред се сме должни да се придржуваме до новозаветните заповеди. Преку Господ Исус Христос, Бог ни се објави. Maтеј: 3:17 Се чу и глас од небото, кој рече: „Ова е Мојот Син Мојот Љубимец, со Кого наполно Сум задоволен!“ 17:5 Додека тој зборуваше, блескав облак ги засени и се чу глас од облакот: „Ова е Мојот Син Мојот љубимец, со Кого наполно Сум задоволен; Него слушајте Го!“ Лука: 9:35 а од облакот се чу глас, кој рече: „Ова е Мојот Син, Избраникот Мој; Него слушајте Го!“ Колосјаните 1:15 Христос е видлива слика на невидливиот Бог. Тој постоеше уште кога Бог ништо не беше создал. Ако ти не го признаваш Исус за Господ, нема што веќе да дискутираме. Директни заповеди во Библијата баш и нема. Читај малку и меѓу редови. Христос честопати зборуваше во параболи за да ја искаже својата поента или заповед. За атеистите е бесмислено да зборуваме дали ќе се спасат. Добро го знаеш одговорот. Навистина, на Бог не Му треба ништо наше, но ние сме должни максимално да ги користиме нашите ресурси за Негова слава, да придобиеме луѓе за Него, да го споделуваме Евангелието. 1 Петар: 2:12 Однесувајте се примерно спрема луѓето кои не Го познаваат Бога. Иако тие ве клеветат дека сте злосторници, кога ќе видат дека вршите добри дела, ќе Го прослават Бога во денот кога Тој ќе ги посети. Јован 13:32 Штом Тој ќе Му донесе слава на Бог, тогаш и Бог ќе Го прослави Него и тоа ќе биде наскоро! Јован: 5:44 Како можете да верувате, кога еден на друг си давате слава, а славата од Единствениот Бог не ја посакувате!? 11:4 Штом го слушна тоа, Исус рече: „Оваа болест на Лазар не е за тој да умре, туку за да Му донесе слава на Бог и за да се прослави Божјиот Син преку неа.“ 15:8 Кога вие ќе станете Мои плодотворни ученици, тоа ќе Му донесе слава на Мојот небесен Татко. 17:4 Јас Ти донесов слава овде на Земјата со тоа што ја извршив задачата што Ти ми ја довери. А искрено, Бог и лично да се симне пред тебе и да ти го каже сето ова, убедена сум дека сепак нема да поверуваш. И не би бил единствен. Тоа е што е. Изменето од Rita.MD - 02.Октомври.2009 во 14:28 |
||
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
||
Pravoslavie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Регистриран: 07.Октомври.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1732 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Во врска со прашањето од насловот на темава...
Прашање е што е тоа Христијанин? Дали е тоа човек кој на дело го живее Христа или е тоа човек кој САМО преизобилува од Библијски цитати? Друго прашање е дали повеќе треба да се нарече Христијанин оној кој ја ВРШИ Волјата на Бога или оној кој со уста исповеда, а со срцето е далеку од Бога и делата му се правени надвор од Бога? Зашто ако Христос влезе во срцето на човекот, тогаш од срцето - срцевината на личноста, Христос дејствува низ ЦЕЛАТА личност: и надворешно и внатрешно, т.е. видлив е и од внатре и од надвор на личноста. Има луѓе кои Го познаваат Христа, ама не Го препознаваат. Како е можно ова? Можно е така што ги вршат заповедите Божји, ама не веруваат дека Тој постои, а заповедите им се втиснати на срцата, во умот и во совеста и ги извршуваат затоа што сакаат - потполно слободно и непринудено и неограничено. А има луѓе кои го знаат целото Свето Писмо напамет, ама не го живеат, туку им го храни егото тоа колку луѓе ќе “преобратат“или колкумина повеќе ќе набедат дека не се вистински Христијани (т.е. не се вистински во споредба со нив самите)... Кога ќе дојде Господ во Својата Слава, нема да гледа дали некој постел, се молел, читал свето Писмо,... туку ќе сака да види дали во нас има макар мааалку одсјај како во огледало. Ако Христос се види во нас, макар мааааалку, тогаш таквите ќе ги прегрне и тие ќе го ПРЕПОЗНААТ иако за целиот свој живот на земјата не верувале дека постои или верувале дека постои “Некој“ или “Нешто“ , ама Тој Некој или Тоа Нешто не го препознале во Личноста на Господ Исус Христос. Изменето од Pravoslavie - 02.Октомври.2009 во 13:41 |
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Like, Like, Like...
Е така е во манастир - сите луѓе ги собира во љубовта. Тоа е монаштво - љубов. Слава Му на Бога што ни ги дал игуменот на Бигорската обител и неговото свето братство и сестринство. Љубов голема |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Чичко Зендел ќе помага дур е жив
Зендел Ахмети (87) и Нијази Фејзули (56) беа меѓу првите што ја гаснеа огнената стихија Ништо немаше да направиме без чичко Зендел и Нијази, вели отец Сергеј, еден од монасите во манастирот „Св. Јован Бигорски“, чии стари конаци завчераутро изгореа до темел. Чичко Зендел Ахмети, попознат по прекарот Вучко, го минува 87-мото
лето. Не може да ја заборави сликата од завчера. Кога стигнал во
манастирот, бил пречекан од отец Партение, со солзи во очите. Му дошло
и нему да заплаче. Секоја чест за чичко Зендел, ама верувам и за нашите форумски членови од тој крај... |
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Rita, ne dade odgovor na nitu edno prahanje iako govorish okolu niv.
1. Prvin pobarav da mi go citirash Boga. Ti ne najde takov citat. Parabolata na Isus ne se citirani zborovi od Gospod Bog. Ako go otvorish Stariot Zavet tochno kje vidish kako se citira Toj, kako na primer, "I mu reche Gospod na Mojseja...". Prashanjeto beshe citiraj go Boga kade im veli na lugjeto "Od vas kje baram kolku sto sum vi dal!" Gospod Bog nema nikogash da go kazhi toa zatoa sto za lugjeto bi bilo nevozmozhno da mu vozvratat onolku kolku sto Toj im dal nim. Na strana sto Nemu, kako na sovrshen, seopfaten i semozhen, ne mu treba nishto od lugjeto. 2. Argument so ateistite tolku e samoevidenten sto tuka sekoja diskusija bi bila samo demagogija. 3. Za ova vazhi istoto kako i za ona pod broj 1. Ne go citiraj Isus ili bilo koj drug, tuku Boga... ako ima neshto takvo. Изменето од Messenger - 02.Октомври.2009 во 03:04 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Внеси реплика | страница <1 23456 8> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |