![]() |
|
Веродостојноста на Библијата |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 23456 12> |
Автор | ||||||||
Rita.MD ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Па има и такви тачки... ![]() ![]() ![]() |
||||||||
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
||||||||
![]() |
||||||||
Majkl ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Не ти е сега малце необично, да некој „лажен пророк„ со сиот памет толку очигледно и контрира на Библијата што така лесно секој може да го разоткрие??? Внимавај, цитатот кој го наведе(а во кој и јас верувам апсолутно) вели:„...и ќе покажат знаци и чуда, за да ги измамат избраните, ако е можно.„ Изменето од Majkl - 28.Август.2009 во 13:41 |
||||||||
![]() |
||||||||
Rita.MD ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
![]() ![]() Само уште нешто. Дури и војникот кој што го распна Исус ги призна како Господ: "Навистина, Овој (човек) беше Божји Син"- Матеј 27:54 и Марко 15:39 И Мајкл, можеби би била дел од следбениците на Исус. Како што кажа ЕвАнгелос, ако тој бил лажен Месија и не би верувала во Неговите лаги. Ама за волја на вистината, се укажува дека ХРИСТОС НАВИСТИНА Е ГОСПОД така што... верувам во Него!!! ![]() И само уште нешто: "Зашто ќе се појават лажни христоси (месии) и лажни пророци и ќе покажат знаци и чуда, за да ги измамат избраните, ако е можно. А вие внимавајте! Ете, ви кажав се однапред!" - Марко 13:22-23 ![]() Изменето од Rita.MD - 28.Август.2009 во 13:42 |
||||||||
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
||||||||
![]() |
||||||||
KINGDAVID ![]() Сениор ![]() ![]() Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9425 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Ne si bil ubeden vo ucenjata na Biblijata, brate Majkl, zatoa si gi napustil ![]() |
||||||||
![]() |
||||||||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Majkl, ти ме праша дали доколку јас би живеел во времето на Исус ќе го прифатев за Месија и Пророк или пак ќе до одбиев како самопрогласен Месија и Пророк. Јас ти објаснив дека Тој не е самопрогласен затоа што еден куп прогласувачи го прогласиле за Месија и Пророк (и Божји Син, и Цар, и Господ итн) и не се сите истовременици на Исус. Старозаветните пророци стотици години пред Исус да се роди предвиделе стотици детали (Месијанските пророштва) околу Неговиот живот. Не е важно дали јас ќе Сум го препознаел во тие пророштва Исус, важно е дека тие постојат, а изостануваат во дискусијата за Габриеле. Исус е во континуитет, во Божјиот ланец на старозаветните пророците, а Габриеле НЕ. Габриеле е во тотален дисконтинуитет, без никаква Божја подршка за нејзината "помазаност".
Христовите ученици немале мотив да бидат пристрасни во сведочењето за Него. Доколку јас бев Христов ученик и посветев 3-4 години следејќи го евентуално "лажниот Месија", доколку Тој по Неговата смрт не воскреснеше, јас ќе отидев и ќе плукнев на Неговиот гроб, а не до го ризикувам животот проповедајќи дека Тој е Воскреснат. Кој човек би умрел за лага? Епа за таа "лага" стотици "луди" христијани загинале затоа што дури ни императорите не можеле да им ја затворат устата да не проповедаат за Воскреснатиот Христос.
Но ако ги нарекуваш Христовите ученици пристрасни, дали ќе ги наречеш пристрасни и Христовите непријатели? Па дури и тие не можеле да ги негираат Христовите чуда, па затоа велеле: "Овој ги изгонува демоните преку Белзебул, кнезот на демоните" (Матеј 9:34)
|
||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||||
![]() |
||||||||
Majkl ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Ама пази, сега ти ги толкуваш од денешна перспектива тие пророштва така при тоа користејќи се со списите на Исусовите следбеници за кои многумина би приговориле дека биле пристрасни. Дали ти можеш да наведеш неоспорливо некои чуда кои Исус ги направил без да цитираш од Библијата(чија веродостојност е предмет на дискусија во темава патем)? На пр. видео материјали...
![]() Се плашам дека многумина од нас всушност и не би го препознале Христос во Исуса да бевме(а можеби и бевме) во оние денови низ Ерусалим, Капернаум и тн... Тоа е честа судбина на вистинските пророци. За Габриеле можам да наведам повеќе пророштва но го знам нанапред твојот одговор кој што отприлика ќе биде како мојот на почетокот. Поентатата е да се има добра волја да се увиди, испроба, согледа... Тоа мора секој сам да го направи посериозно запрашувајќи се за многу работи. Јас тоа не можам за друг да го направам, како што никој не можеше за мене да го направи, на времето кога јас бев скептичен. Што се однесува до тнр. чуда, тие не постојат, туку постојат духовни законтиости кои доаѓаат до израз во и на материјата а луѓето поради недостиг на информации и правилно разбирање на работите, истите ги нарекуваат понекогаш чуда. Изменето од Majkl - 28.Август.2009 во 02:39 |
||||||||
![]() |
||||||||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Зошто би Го нарекле "самопрогласен" кога:
Сите старозаветни пророци Го прогласија за Пророк и Месија. (над 300 пророштва)
Ангелите Го прогласија за Месија, Гопсод. (Лука 2:11)
Јован Крстител Го прогласи за Месија, Господ. (Јован 1:23,29)
Петар Го прогласи за Месија и Божји Син. (Матеј 16:16)
Андреј Го прогласи за Месија (Јован 1:41)
Дури и демоните Го прогласија за Божји Син. (Матеј 8:29)
Разбојникот Го прогласи за Цар. (Лука 23:42)
И најпосле лично Бог го прогласи за Свој Син. (Матеј 3:17; 17:5)
Верувам дека овие се доволно за да не би Го нарекле Исус "самопрогласен" Месија или Пророк. А ако пак ги земеме предвид и чудата и воскреснувањето, дури и овие да занемат, камењата ќе го прослават Исус како Месија, Божји Син, Господ, Спасител итн.
А каде е тука Габриеле? Можеш ли да наведеш некое старозаветно пророштво за неа? Или пак некое чудо што го направила? Или било каква потврда дека таа е од Бог пратена да ни дава дополнителни објави?
Изменето од EvAngelos - 28.Август.2009 во 02:25 |
||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||||
![]() |
||||||||
Majkl ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
![]()
|
||||||||
![]() |
||||||||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Исаија, Даниел и Исус се од Бог потврдени за пророци (а Исус и за Син Божји). Зад нив стојат еден куп исполнети пророштва како доказ за нивната Божја помазаност. И не само тоа, тие се заемно поврзани. Исаија пророкува за Исус, Даниел пророкува за Исус, Исус ги цитира и и двајцата во евангелијата - со други зборови тие претставуваат еден непрекинат ланец на Божјите објави низ историјата.
Додека пак ткн. "пророчица" Габриеле (пророчица која нема кажано ниту едно пророштво
![]() Еве Majkl, повели наведи барем еден аргумент зошто сметаш дека Габриеле е Божји пророк. Кажи ни некое пророштво што таа прорекла и се исполнило, некое чудо што направила или сл.
Само ќе те замолам да се префрлиш на темата за Универзален живот за да ја задржиме тука он-топик дискусијата за веродостојноста на Библијата.
|
||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||||
![]() |
||||||||
Rita.MD ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
![]() Знаеш веќе не се замарам со тебе. Очигледно е дека Библијата не ти значи ништо. Кога другите не успеаа да те убедат, сигурно јас нема да го направам тоа. Не ми кажувај јас да гледам на страна малце, кога ти не си способен да го правиш истото. Значи ти веруваш дека Бог ја испратил таа самопрогласена пророчица, а неможеш да поверуваш во веродостојноста на Библијата и да ги прифатиш вистините изнесени таму. ![]() ![]() ![]() |
||||||||
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
||||||||
![]() |
||||||||
Majkl ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
И добро прашање... зошто не создал облека од скај или латекс? Зошто ги погазува сопствените закони?
![]()
Незнам баш колку историчарите би се согласиле со таа констатација. Но она што јас го знам е дека: Бог никого никогаш не сотира. Тој само не се вмешува во дејствувањето на каузалниот закон(законот на сеење и жнеење) кој настанал како последица од Падот.
![]()
А ако не ти се допаѓа мојот став, игнорирај го. Месинџер на пр. не се согласува со моите убедувања, но направи одличен критички осврт врз некои делови на Библијата(во други теми).
Изменето од Majkl - 28.Август.2009 во 00:36 |
||||||||
![]() |
||||||||
Rita.MD ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Ај прочитај си во Битие 3:21. "И Господ им направи облеки од кожи на човекот и на неговата жена, и ги облече" Тоа значи деке Бог убил животни (или барем едно) само за да им направи облека на Адам и Ева, иако тие веќе направиле прегачи од смоквини лисја. Бог можеше да создаде скај или латекс ![]() "И знам дека се што прави Бог, останува довека. На тоа не може ништо да му се додаде, ниту може да му се одземе; а Бог прави така за да имаат стравопочитување од Него"-Проповедник 3:14 |
||||||||
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
||||||||
![]() |
||||||||
izvoren ![]() Сениор ![]() Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Majkl, тука веке навлегуваш во Божјите планови и Неговите замисли за функционирањето на овој универзум.Не можеме ние како луѓе со нашата човечка мудрост да направиме совршена анализа за било која Божја постапка или создание. |
||||||||
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
|
||||||||
![]() |
||||||||
Majkl ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
![]() Не им го рекол fileo тоа Господ, туку некој тоа го напишал да изгледа така или пак им шепотел преправајќи се дека е Бог. Не си се прашал зошто Бог би создавал живи животни кои чувствуваат болка и страв и истите забележливо ги манифестираат, за потоа тие од Бога создадени животни да бидат заколени? Тешко ли му е на семоќниот Бог да создаде мртви животни кои нема да има потреба да поминуваат низ ужасот на касапницата? Или живи животни кои радосно ќе одат под ножот без при тоа да се опираат и рикаат? Не ти мириса тука нешто на гнило? Дури и мрачно? ![]() Изменето од Majkl - 27.Август.2009 во 19:29 |
||||||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 23456 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |