|
Корисни совети |
Внеси реплика | страница <1 23456> |
Автор | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Како да ја исчистите микробрановата печкаМожете да ја исчистите микробрановата брзо и едноставно, со производи кои веќе ги имате дома. Ако вашата микробранова има чинија, извадете ја и измијте ја со средство за миење чинии и топла вода. Доколку на неа има засушена храна обидете се и со сода бикарбона. Направете смеса за чистење. Во голема чинија ставете вода и додадете сок од лимон. Доколку немате лимон можете да користите половина портокал или половина шолја киселина. Оставете ја смесата во микробрановата, затворете ја и уклучете ја на висока температура, додека смесата не почне да врие. Оставете ја внатре додека не се собере пареа од внатрешната страна. Потоа внимателно извадете го садот бидејќи е жежок. Избришете ја внатрешноста на микробрановата и со рапавиот дел на сунѓерот протријте ги остатоците од тврдокорните дамки. Исчистете ја микробрановата и однадвор. Употребете водена крпа или сунѓер. Не заборавајте ги и копчињата за старт и стоп. |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Чист како солза: 4 ефективни совети за одржување на домотСигурно ви се случило да имате посебен ден за чистење и тогаш да правите „генералка“ на целата куќа. Ќе се изнамачите и целиот ден ќе го поминете во чистење наместо да излезете или да правите нешто што навистина го сакате. А, следната недела повторно ве чека истата рутина. Ако ви е смачено од постојаните „генералки“ тогаш еве 4 ефективни совети како да го одржувате домот чист: Честопати, многу полесно е да го продолжите нештото отколку да го започнете. Ние луѓето, не сме обожаватели на започнувањето и тоа вообичаено ни е најтешкиот дел. Затоа започнете со чистење. Дури и да чистите по една соба во денот, средете ги и другите соби. Кога ќе видите спастрено и чисто, ќе се мотивирате да го одржувате и така многу полесно ќе ви биде.
Најлесниот начин да одржувате чисто е да створите навика да раскревате откако ќе растурите. На пример, ако дојдете од работа и се преслечете, не оставајте ја облеката на столот. Ако готвите и завршите со некоја алатка, веднаш измијте ја – не ја оставајте во мијалникот, за потоа да ја ставите во машината за перење чинии. Ако можете да одвоите 5 секунди сега, не ќе мора да трошите половина час на миење чинии кога ќе се насоберат.
Секоја соба има главни елементи. Во зависност од нашите навики, тие можат да се разликуваат за сосема малку. Под „главни елементи“ подразбираме место/парче мебел од собата каде чистотата или недостатокот од неа прави голема разлика. Станува збор за наместен кревет во спалната, чиста работна маса и мијалник во кујната и наместен мебел и чисто стакло во дневната. Ако овие нешта се нечисти тогаш целата соба ќе изгледа нечиста.
Најдоброто нешто што може да го направите за себе е да создадете дневна рутина за чистење. На крајот од денот може малку да зачистите и да се разбудите во чист дом, а верувајте, тоа прави голема разлика. По вечерата, исчистете ја кујната, направете распоред на перење, одвојте 15 минути пред да легнете за да наместите сѐ што не е на свое место. Ако имате долга листа на нешта кои треба да ги исчистите, тогаш ќе ви се стемни само што ќе ја прочитате – што значи дека ќе ве мрзи воопшто да започнете и многу повеќе ќе се измачите. Наместо тоа, сѐ што треба е да одвоите половина час од денот за да ги исчистите основните нешта. |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
На која температура се пере, дали смее да се пегла: Што значат симболите на етикетите од облеката?Сигурни ли сте дека знаете што значат симболите на етикетите? Односно, оние ознаки кои обично ги сечеме заедно со етикетата „затоа што не гребе“, ни откриваат како треба да ја третираме облеката. Дали смеете да го исперете џемперот, на колкава температура, па потоа дали смеете да го пеглате, дали капутот може да се чисти на хемиско, се само дел од прашањата на кои конечно ќе добиете одговор:
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Најголеми грешки кои ги правиме додека бришиме прашинаБришењето прашина е една од најчестите работи која постојано ја правиме и секогаш ни изгледа како залудно да ја бришиме кога истата постојано ја има. Ако навистина сакаме да ја исчистиме куќата од прашина како што треба, тогаш мора да внимаваме на некои работи со цел да помине повеќе време додека да се наталожи истата повторно.
Спрејот за полирање го нанесувате директно на површината
Заборавате да го сменете филтерот на правосмукалката Изменето од Valerija - 25.Февруари.2018 во 17:04 |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Како се можете да го искористите омекнувачот на алиштаДенес ви нудиме неколку интересни начини како се можете да го искористите омекнувачот за алишта… Ако не сакате да трошите пари за купување на освежувач на воздухот, можете да го направите сами токму од оменкнувачот. Шишенце со распрснувач наполнете го со вода и додадете го омекнувачот во сразмер 1:3. Потоа со таа мешавина испрскајте ги завесите, тепихот, софата и сите други места кои се обложени со ткаенина. За да го спречите насобирањето на правта на телевизорот или било која друга пластична површина во станот, ставете неколку капки од омекнувачот на крпа и со неа избришете го саканиот предмет или површина. Ако сакате да имате средство за чистење кое на мазните површини им дава сјај, помешајте една чаша омекнувач со четири чаши чиста вода и додадете ги во шише со распрснувач. Испрскајте ја со течноста крпата за бришење и поминете ги со неа стаклените површини во домот, а потоа поминете со сува крпа. Со помош на омекнувачот можете да ги симнете старите тапети од ѕидот. Направете мешавина од едно полно капaче омекнувач и 4 чаши вода. Со сунѓерче нанесете го овој раствор на тапетот и оставете да отстои 20-30 минути. Потоа без проблем ќе го отстраните тапетот од ѕидот.
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Супер трик за длабинско чистење на дрвените даски за сечењеДаските за сечење ги користиме сите. Токму поради ова знаеме одлично колку е тешко во потполност да ја исчистите ваквата работна површина. Вдлабнатините од нож се одличен простор каде можат да се насоберат бактерии, а грдите флеки од овошјето и зеленчукот е речиси невозможно да се исчистат. Сепак, постои решение и за овој проблем, и тоа ефикасно, брзо и ефтино. -2 лажици оцет 1. Помешајте го оцетот со водата и едниот дел од крпата натопете го во мешавината и со неа добро истријте и пребришете ја даската. 2. Лимонот пресечете го на пола. Едната половина притиснете ја во солта, и со неа добро истријте ја даската, задржувајќи се на владбнатините. Притиснете го лимонот неколку пати во солта, за да би добиле ефект на пилинг за дрво. 3. Даската измијте ја со вода и избришете ја со чиста крпа. 4. На крајот, со кружни потези намачкајте ја даската со маслото, а вишокот избришете го со крпата. Ова ќе послужи како заштита на дрвото од водата. |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Како детално да ја исчистите вашата машина за перење? Машината за перење најлесно ќе ја исчистите, така што во неа ќе ставите две чаши оцет или сок од лимон. Тогаш, така празната машина без веш пуштете ја на програм на 90 степени. На овој начин ќе се ослободите од нечистотијата која со текот на времето се создава во машината. Кога ја чистите машината, не заборавајте со крпа или мала четка да ја изрибате ивицата од вратата, без разлика дали имате машина со предна или горна врата. Тука секогаш се собира влага што доведува до формирање на мувла. Употребете некое добро средство за дезинфикација во таа област. Доколку во машината останале флeки од боја од некој веш, ставете една чаша избелувач и пуштете ја празна на 90 степени. Избелувачот ќе ги убие бактериите и мувлата, но никогаш немојте да го користите со некои други средства за чистење, бидејќи може да се создадат токсични соединенија. Не заборавајте да го измиете и садот во кој се става детергент и омекнувач, бидејќи тоа е место каде што се собира влага, а со самото тоа и мувла. Откако ќе ја исчистите машината, пуштете ја уште еднаш празна на некој ладен програм. Откако ќе ги извадите алиштата од машината, оставете ја вратата од неа отворена со цел да се исуши од внатрешната страна. Избегнувајте да користите омекнувач, бидејќи тој е најтежок за чистење. |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Ги перете ли пешкирите доволно често?Кога ќе ја избришете кожата со пешкир по туширањето, пешкирот треба да го ставите да се суши. А по три вакви користења треба да го исперете“, вели д-р. Кели Рејнолдс од Универзитетот во Аризона. – Бактериите и мувлата започнуваат да се собираат на пешкирите по користењето, но тоа ќе го спречите така што ќе ги оставите веднаш да се исушат“, вели Рејнолдс и нагласува дека на пешкирите, покрај водата, се задржуваат и мртви клетки од кожата и затоа задолжително е секое лице да има свој пешкир кој нема да го дели со другите лица во домот. Таа вели дека пешкирите со кои го бришеме лицето би требало да ги переме по секоја употреба. – Иако пред бришењето со миење сте ја отстраниле шминката од лицето, сепак ситните честички остануваат на лицето, а потоа се пренесуваат и на пешкирот“. Кога станува збор за пешкирите со кои ги бришеме рацете нив треба секојдневно да ги менуваме и переме бидејќи ги користиме често и на нив се задржува голема количина на вода. „Тоа се совршени услови за развој на бактерии и мувла“. Изменето од Valerija - 13.Јануари.2016 во 08:44 |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Ткаенини кои не смеете да ги перете со омекнувачКога сакаме облеката да ни биде миризлива и мека тогаш користиме омекнувачи. Тие ја омекнуваат ткаенината, го намалуваат статичкиот електрицитет и и даваат пријатен мирис на облеката. Но, некои ткаенини не би смееле да ги третираме со омекнувач. Благодарение на цврсто испреплетени влакна ткаенината од микровлакна е исклучително издржлива и има сјајни впивачки својства. Ако ја третирате со омекнувач полека ќе ја уништите нивната функционалност и ќе го скратите рокот на траење на влакната. Поголемиот дел од спортската облека технолошки е прилагодена за потта и нејзиното впивање, па така ви ја лади кожата во текот на физичката активност. Омекнувачот на нив остава слој кој го спречува апсорбирањето на телесните течности. Многу работни одела со причина се направени од посебни ткаенини отпорни на пожар, односно ве штитат од оган на местата каде што сте потенцијално изложени на оган. Нив немојте да ги третирате со омекнувач бидејќи тој негативно делува на нивното својство на отпорност на оган и на крај ќе ги направи целосно нефункционални. Сите сакаме меки и миризливи пешкири, но омекнувачот ги спречува во нивната главна функција, а тоа е апсорпцијата. Исто како и кај спортската облека, омекнувачот на пешкирите остава тенок слој на восок поради кои не ја впиваат водата како треба. |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Колку често треба да ги чистите работите низ дома? Душеци четири пати годишно, рерна двапатиЧистењето не подразбира само ослободување од прашината, но едно нешто е сигурно, одржувањето на чист дом е важен дел во одржување на вашето здравје. Останува прашањето, колку често треба да чистите? Постелнината треба да ја перете еднаш неделно. Ослободуваме речиси 2 милиони мртви клетки додека спиеме секоја недела, па доколку не сакате да спиете во сопствените мртви клетки добро е да се придржувате до ова правило.
Мртвите клетки од кожата се собираат со текот на времето, па перниците треба да ги перете најмалку 4 пати годишно. Така ја намалувате можноста од тоа да ви се појават прашински грини. Перниците кои се направени од сунѓер не можете да ги перете во машината за облека, но можете да ги поминете со всисувачот.
Душеците треба да ги поминувате со висувачот на секои 6 месеци за да ги отстраните прашината и патогените кои можат да предизвикаат алергиски и асматични реакции. Добро е да го ротирате душекот 4 пати годишно за да остане како нов.
Пешкирите треба да ги перете по третата употреба и секогаш да ги чувате на суво место.
Машината најдобро е да ја чистите еднаш месечно за да избегнете собирање на бактерии и за да ја одржувате ефикасноста на апаратот.
Рерната треба да ја чистите двапати годишно за да избегнете собирање на бактерии и храната да добива чуден вкус.
Тушот добро е да го чистите еднаш годишно за да не се собира бигор. Доволно е да го ставите во оцет да отстои една ноќ.
Тоалетот треба да го чистите еднаш неделно.
Длабинско чистење на теписите што всушност подразбира хемиско чистење треба да практикувате барем еднаш годишно. |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
10 брзи трикови со кои ќе го светнете домотКога станува збор за чистењето, секогаш сме во потрага кон подобри, побрзи и поедноставни начини како да ја завршиме работата навреме. Еве неколку лесни трикови кои ќе ви помогнат при чистењето: На пластичниот крај на правосмукалката, може да го ставите кругот во облик на цилиндар и да го притиснете онолку колку ви е потребно за да го собере на тешко достапните места и така да чистите. Една шолја обелувач и 3,7 литри вода измешани заедно ќе ви помогнат полесно и побрзо да ги отстраните дамките и нечистотиите од фугата.
Дупките во тепихоѕ веројатно ви претставуваат извор на нервози посебно ако често сакате да ја менувате положбата на мебелот. Дупките од мебелот можете да ги отстраните со малку мраз. Откако коцките мраз целосно ќе се растопат, местото поминете го со правосмукалка.
Веројатно никогаш не сте ги исчистиле малите дупки, но реалноста е дека тоа може да биде многу едноставно - издувајте ги со фенот и сите трошки и прашинки ќе излезат од внатре. Пуштете ја еднаш со чаша полна со алкохолен оцет на горната полица и ќе се ослободите од насобраната храна и остатоци.
Ви паднал мал шраф? Нема потреба да клекнете на колена и да започнете со пребарување, туку да ставите стари хулахопки на правосмукалката.
Ако имате мачка која знае повремено да уринира по дома, веројатно имате потешкотии да се ослободите од неприајтниот мирис на урината, но едноставно е, сè што треба да направите е измешате 1 лажица оцет и шолја вода за тепихот, или 1 лажица сода бикарбона и лажица вода за плочките и фугата.
Без разлика на тоа каков тип на кафемат имате, ако има на него насобрани наслаги нема да функционира како што треба. Најдобро е да го наполните делот со вода со шолја оцет и да го пуштите еднаш. Потоа со вода уште двапати и вашиот кафемат ќе биде како нов.
Стаклото со текот на времето се топи од избелувачот. Истиот најдобро е да го чувате во пакувањето во кое сте го купиле.
Сè што треба да направите е да ги извадите од сијалиците и да ги ставите во машината за садови. |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Отстранување на непријатните мириси од фрижидеротКога во фрижидерот има непријатни мириси, тие може да се задржат прилично долго, дури и после деталното чистење. Еве едноставен начин за да непријатните мириси во потполност исчезнат. За ова потребни ни се: хартија од весници и распрскувач за вода.
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Билки кои можат да го прочистат воздухот во нашите домовиВоздухот во нашите домови, во канцелариите и на другите места, каде што го минуваме поголемиот дел од денот, може да биде и до 5 пати повеќе загаден отколку оној на отворено. Токму затоа треба нешто да преземеме во врска со ова, како би ги подобриле условите за нашиот живот, а воедно ќе влијаеме и позитивно на нашето здравје. Тоа можеме најлесно да го направиме со одредени видови на растенија. Тие покрај тоа што ќе ни го прочистуваат воздухот, имаат и декоративна функција и можат одлично да се вклопат во просторот. Палма Арека (Dypsis lutescens) го филтира воздухот и ги уништува хемикалиите од просторот. Бршлен (Hedera helix)) ги уништува сите оние хемикалии што во воздухот доаѓаат од принтерите и од другите машини за фотокопирање. Ѓаволски бршлен (Epipremnum aureum) го намалува количеството на озон во затворените простории, а поради него доаѓа до болка во градите, кашлање и надразнетост на грлото. Гарденија (Gardenia augusta) – ова растение делува антидепресивно така што вдишувањето на неговиот мирис делува позитивно на вашето расположение.
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Домашен тоник за лице за чистење на флекитеИзложувањето на сонце и студ остава траги на кожата, но за да се ослободите од нив нема потреба да барате скапи решенија. За да се ослободите од темните дамки од сонцето доволно е да направите тоник на природна база.
Земете неколку гранки магдонос и ситно исечкајте ги. Ставете ги во стаклен сад и полијте ги со ракија и со иста количина на зовриена, а потоа оладена вода. Затворете го садот и оставете ја смесата да стои во слабо осветлена просторија две недели. Потоа процедете ја течноста и ставете ја во фрижидер. Секоја вечер со памук ставајте од течноста на лицето и вратот. По недела дена ќе забележите дека непријатните дамки полека исчезнуваат и дека вашата кожа е убава и мазна. |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 23456> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |