|
ВЛАСТА НЕМА СЛУХ ЗА ВИЕТНАМСКИОТ СИНДРОМ |
Внеси реплика | страница <1 234 |
Автор | |
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Site gi gledame, samo nemo i prekjutno. Treba da zastaneme smelo i da im kazjeme na vlastite deka povekje vaka nema da mozje. Treba da sme edinstveni i da istapime pred instituciite i ni po koja cena da ne se povlekuvame se do ostvaruvanje na nash*te prava koi ne sleduvaat kako uchesnici vo vojna. Jas kako togashen pripadnik na sistemot na RiK-ot poradfi ovakvi i slichni raboti od samo bendisanite od vrvot na MO bev trgnat od sluzjba i kako gledash seushte ne se otkazjuvam i rabotam za dobroto na site borci. Inaku dobro ja pochuvstvuvav i jas 1991 kako shto seushte na plekjite ja nosam 2001. Изменето од orlov - 14.Април.2009 во 19:45 |
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
sunshine_baby
Сениор Регистриран: 20.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 256 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тотално не важно дали е бранител или борец...
Јас сум од воено семејство...јас ги гледам последиците и не само овие од 2001 туку и оние од пред 20 годни.Не само што оној кој што ме создал го гледам како секој нареден ден е се попотиштен,а да не зборувам кога ќе се присети и гласно раскажува за младите со него додека седеле во ров три дена без храна,да не ви раскажувам што се случувало додека им траела таа голгота и вика *Како да им го кренеш моралот,кога тебе ти паднал моралот,а на рамења ги носиш со се нивните 20тина години?!*.Да не зборувам кога ќе му текне на многу блиски колеги кои некаде таму ги загуби,ама живурка.Тажна слика! Оваа држава нема слух за ништо освен сопствените џебови и квази пректи кои полека,но сигурно пропаѓаат,а она што треба да преставува углед како АРМ е симната на последната скала и ако даде Бог време може да ги подфатат случајно!Деморализирани и маргинализирани борците или бранителите,ју нејм ит.Темелите разнишани,држава ќе градат.Се срамам од тоа што го гледам!Не ми се зборува ниту раскажува по темава,ако ви се верува солзи ми потекоа. Последиците не само што ги носат тие,учесниците,туку и целите семејства,верувајте ми!Таа година ќе ја паметам како најстрашна во мојот живот и се надевам дека никогаш,ама никогаш нема да се повтори. Изменето од sunshine_baby - 31.Март.2009 во 01:47 |
|
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Прво секој кој го употребува терминот бранител нема врска од поредокот на државата во која шивее, па нека тоа е и премиерот. Уставот е дециден и предвидел категорија БОРЕЦ. Тоа што тие ни ја наметнуваа таа неуставна категорија имаат свој причина. Ќе биде закон за еднократна употреба и секогаш ќе си имаат пробелми со нас. Тоа што го нуди хрватскиот пример е нешто различно од нашата реалност. Премиерот намерно се овикува на Хрватскит Закон од причина што во хрватскиот Устав постои категоријата БРАНИТЕЛ која согласно нашиот Устав е ништовна. Од друга страна Во тесна врска и соработка сме со UHDDR односно со хрватските бранители и колку за информација ќе кажам само дека кртајно незадоволни се од законот и од Министерот кој го имаат во Хрватскиот Сабор. Ние на времето баравме да прифатат слично нешто но не и исто. Друго разгледај ја WEB SYTE и види таму дека италија има поголема грижа за војноците кои беа на балканот и тоа доста кратко времеодошто хрватите а за нашите власти и да не зборуваме. Нив им требаме само во предизборни кампањи. |
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И со цел памет, излегува премиерчето пред цела македонска јавност и без срам лаже дека тој лично го понудил "хрватскиот модел", на бранителите, ама тие го одбиле. Како не му е срам
|
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Денешниот НЕМИЛ настан во Куманово е причина повторно да проговорам за една одамна позната болест као последица од воено дејствија или војни.
За Виетнамскиот синдром и неговата фантомска тежина и специфика е укажувано уте во 2006 година. Тоа е време кога во Македонија како последица од ПТСР или Виетнамски Синдром бројката на мртви е некаде околу триесетина, починати, убиен, самоубиени ислично. Ова подолу е само дел од нашата WEB SYTE.........посететеја дајте свој предлог, коментар.. За синдромот како пропратен еклемент, но и како нус производ на секоја војна пишував во ДНЕВНИК на 18. Август 2006 година, баш на денот на Армијата на Р.М, се со цел да бар некој од славениците се сети дека во блиското мината имавме војна која остави која остави многу семејства на улица и без леб, но и од причина што само десет дена пред тоа се одбележуваше ПЕТ ГОДИНИ од терористичкиот напад врз колоната припадници на АРМ во месноста КАРПАЛАК каде вечно останаа десет живота, а на кое одбележување БЕА ПРИСУТНИ претставници од МО на РМ и други политичари кои сега учествуваа на веселбата која значи – ден на АРМ, доделување меѓусебни признанија, воздигнување во повисоки чинови – вонредно и редовно и која на крај значи веселба. Примероци од дневниот весник ДНЕВНИК тој ден останаа на бироата на сите славеници а, потоа се разбира завршија во корпите за смет. Акцијата со собирање на потписи продолжи низ државата, а на 25. 10. 2006 година предадена е во владата. Власта глува. Нема дослух. ............................................... 12. Јануари 2007 година, неделник ФОКУС, страна осма. . . ИТАЛИЈА, ПРИЗНАЕН БАЛКАНСКИОТ СИНДРОМ, и понатаму опис на синдромот и, државата од буџетот одделува средства во висина од пет милиони евра за војниците кои биле на Балканот во мировна мисија. Што да прават, немаат БАЧИЛА, па нема како да се грижат за своите војници па одделуваат милиони евра од буџетот на државата. Додека нашиот проблем е во ВЛАДАТА и ПАРЛАМЕНТОТ, ние држиме трибини, полемизираме со оние наши соборци кои се под влијание на некоја политика, или уште полошо под влијание или зависност од амнестираните дезертери на кои по игра на случајноста им се случи 13. Август 2001 година па во пакет со терористите беа амнестирани. Но, амнестијата, рамковниот договор, терористите и нашите дезертери настрана, тие си имаат како што кажав свои БАЧИЛА и баш им е гајле. А синдромот си е синдром, бил Виетнамски, Корејски, БАЛКАНСКИ или каков сака нека е. Тој за секоја урбана средина е ОПАСЕН. Испитуван, следен и докажуван е наназад триесетина години, и , поствоените последици од него се Според проф. др. сци Ѓеорѓи Чадловски редовен професор на медицинскиот факултет во Скопје и директор на клиниката при ЈЗО Клинички центар во Скопје, и проф. др. сци Љубомир Хотујац редовен професор на медицинскиот факултет во Загреб Р.Хрватска, директор на Клиниката за психијатрија при Клиничкиот центар во Загреб, во книгата издадена во 2004 година само ги потврдуваат нашите сомневања каде на стр. 71 велат, … ,, терминот пост- трауматско стресно растројство е актуелен во последниве 15- 20 години, по воведувањето како категорија во третата ревизија на американската класификација DMS 3, иако како синдром е опишуван многу одамна во литературата. Посебно бил актуелен во Втората Светска војна, во Виетнам и Северна Кореја. Пост- трауматското стресно растројство (ПСТР) започнува како одложен и/или продолжен одговор на стресна ситуација која силно ја загрозува личноста или пак е од катастрофална природа. Се карактеризира со, 1. епизоди на повторно преживување на стресната ситуација во сеќавање на флешбек- ови ( flashbacks) . 2. лоши соништа и ноќни мори. 3. избегнување на се што потсетува на трауматскиот настан и зголемена побуденост. Анаксиозноста и депресивноста се чести симптоми, придружени и со вегетативни феномени ,, … … оваа тема е доста обемна. Жално е што е вистинита. Ние не ја измисливме. Посебна почит кон авторите. Верувам дека бар тие ќе дадат свој придонес во сета разрешница. На ПАРЛАМЕНТАРЦИТЕ, на оние кои ги води ХИПОКРАТ им порачуваме да дадат посебна заложба за БОРЦИТЕ на Р.М, кои откако го оставија оружјето се принудени своите права да ги бараат без оружје но здружени и побогати со гордоста која се вика БОРЕЦ. Нема од што да се срамиме не бевме ДЕЗЕРТЕРИ. ............................................... ........посететеја нашата WEB SYTE: www.zav.9f.com, кликнете на линкот НОВОСИТИ а потоа и на линкот ДОПИСИ. Мора да се даде јак сигнал на власта. Борците од војната 2001 година се очајно тешка состојба.
Изменето од orlov - 08.Април.2009 во 17:58 |
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
Внеси реплика | страница <1 234 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |