Испечати | Затвори го прозорот

ВЛАСТА НЕМА СЛУХ ЗА ВИЕТНАМСКИОТ СИНДРОМ

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Политика и вести
Опис на форумот: Вести од МК, партии, скандали, протести...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=18524
Датум на принтање: 24.Ноември.2024 во 15:47
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com

Тема: ВЛАСТА НЕМА СЛУХ ЗА ВИЕТНАМСКИОТ СИНДРОМ
Постирано од: orlov
Наслов: ВЛАСТА НЕМА СЛУХ ЗА ВИЕТНАМСКИОТ СИНДРОМ
Датум на внесување: 30.Март.2009 во 22:29
Денешниот НЕМИЛ настан во Куманово е причина повторно да проговорам за една одамна позната болест као последица од воено дејствија или војни.

За Виетнамскиот синдром и неговата фантомска тежина и специфика е укажувано уте во 2006 година. Тоа е време кога во Македонија како последица од ПТСР или Виетнамски Синдром бројката на мртви е некаде околу триесетина, починати, убиен, самоубиени ислично.

Ова подолу е само дел од нашата WEB SYTE.........посететеја дајте свој предлог, коментар..

За синдромот како пропратен еклемент, но и како нус производ на секоја војна пишував во ДНЕВНИК на 18. Август 2006 година, баш на денот на Армијата на Р.М, се со цел да бар некој од славениците се сети дека во блиското мината имавме војна која остави која остави многу семејства на улица и без леб, но и од причина што само десет дена пред тоа се одбележуваше ПЕТ ГОДИНИ од  терористичкиот напад врз колоната припадници на АРМ во месноста КАРПАЛАК каде вечно останаа десет живота, а на кое одбележување БЕА ПРИСУТНИ претставници од МО на РМ и други политичари кои сега учествуваа на веселбата која значи – ден на АРМ, доделување меѓусебни признанија, воздигнување во повисоки чинови – вонредно и редовно и која на крај значи веселба. Примероци од дневниот весник ДНЕВНИК тој ден останаа на бироата на сите славеници а, потоа се разбира завршија во корпите за смет. Акцијата со собирање на потписи продолжи низ државата, а на 25. 10. 2006 година предадена е во владата.
Власта глува. Нема дослух.
...............................................

          12. Јануари 2007 година, неделник ФОКУС, страна осма. . . ИТАЛИЈА,  ПРИЗНАЕН БАЛКАНСКИОТ СИНДРОМ, и понатаму опис на синдромот и, државата од буџетот одделува средства во висина од пет милиони евра за војниците кои биле на Балканот во мировна мисија. Што да прават, немаат БАЧИЛА, па нема како да се грижат за своите војници па одделуваат милиони евра од буџетот на државата.

          Додека нашиот проблем е во ВЛАДАТА и ПАРЛАМЕНТОТ, ние држиме трибини, полемизираме со оние наши соборци кои се под влијание на некоја политика, или уште полошо под влијание или зависност од амнестираните дезертери на кои по игра на случајноста им се случи 13. Август 2001 година па во пакет со терористите беа амнестирани. Но, амнестијата, рамковниот договор, терористите и нашите дезертери  настрана, тие си имаат како што кажав свои БАЧИЛА и баш им е гајле. А синдромот си е синдром, бил Виетнамски, Корејски, БАЛКАНСКИ или каков сака нека е. Тој за секоја урбана средина е ОПАСЕН. Испитуван, следен и докажуван е наназад триесетина години, и , поствоените последици од него се

          Според проф. др. сци Ѓеорѓи Чадловски редовен професор на медицинскиот факултет во Скопје и директор на клиниката при ЈЗО Клинички центар во Скопје, и проф. др. сци Љубомир Хотујац редовен професор на медицинскиот факултет во Загреб Р.Хрватска, директор на Клиниката за психијатрија при Клиничкиот центар во Загреб, во книгата издадена во 2004 година само ги потврдуваат нашите сомневања каде на стр. 71 велат, …  ,, терминот пост- трауматско стресно растројство е актуелен во последниве 15- 20  години, по воведувањето како категорија во третата ревизија на американската класификација DMS 3, иако како синдром  е опишуван многу одамна во литературата. Посебно бил актуелен во Втората Светска војна, во Виетнам и Северна Кореја. Пост- трауматското стресно растројство (ПСТР) започнува како одложен и/или продолжен одговор на стресна ситуација која силно ја загрозува личноста или пак е од катастрофална природа. Се карактеризира со,

1.     епизоди на повторно преживување на стресната ситуација во сеќавање на флешбек- ови ( flashbacks) .

2.     лоши соништа и ноќни мори.

3.     избегнување на се што потсетува на трауматскиот настан и зголемена побуденост.

Анаксиозноста и депресивноста се чести симптоми, придружени и со вегетативни феномени ,, …

… оваа тема е доста обемна. Жално е што е вистинита. Ние не ја измисливме. Посебна почит кон авторите. Верувам дека бар тие ќе дадат свој придонес во сета разрешница. На ПАРЛАМЕНТАРЦИТЕ, на оние кои ги води ХИПОКРАТ им порачуваме да дадат посебна заложба за БОРЦИТЕ на Р.М, кои откако го оставија оружјето се принудени своите права да ги бараат без оружје но здружени и побогати со гордоста која се вика БОРЕЦ. Нема од што да се срамиме не бевме ДЕЗЕРТЕРИ.

...............................................

........посететеја нашата WEB SYTE:

www.zav.9f.com,

кликнете на линкот НОВОСИТИ а потоа и на линкот ДОПИСИ.

Мора да се даде јак сигнал на власта. Борците од војната 2001 година се очајно тешка состојба.

-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              

Коментари:
Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 30.Март.2009 во 22:57
И со цел памет, излегува премиерчето пред цела македонска јавност и без срам лаже дека тој лично го понудил "хрватскиот модел", на бранителите, ама тие го одбиле. Како не му е срам

-------------
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!

Постирано од: orlov
Датум на внесување: 30.Март.2009 во 23:19
Originally posted by ninja_34 ninja_34 напиша:

И со цел памет, излегува премиерчето пред цела македонска јавност и без срам лаже дека тој лично го понудил "хрватскиот модел", на бранителите, ама тие го одбиле. Како не му е срам

Прво секој кој го употребува терминот бранител нема врска од поредокот на државата во која шивее, па нека тоа е и премиерот. Уставот е дециден и предвидел категорија БОРЕЦ. Тоа што тие ни ја наметнуваа таа неуставна категорија имаат свој  причина. Ќе биде закон за еднократна употреба и секогаш ќе си имаат пробелми со нас.
Тоа што го нуди хрватскиот пример е нешто различно од нашата реалност.
Премиерот намерно се овикува на Хрватскит Закон од причина што во хрватскиот Устав постои категоријата БРАНИТЕЛ која согласно нашиот Устав е ништовна.
Од друга страна Во тесна врска и соработка сме со UHDDR односно со хрватските бранители и колку за информација ќе кажам само дека кртајно незадоволни се од законот и од Министерот кој го имаат во Хрватскиот Сабор.
Ние на времето баравме да прифатат слично нешто но не и исто.
Друго разгледај ја WEB SYTE и види таму дека италија има поголема грижа за војноците кои беа на балканот и тоа доста кратко времеодошто хрватите а за нашите власти и да не зборуваме. Нив им требаме само во предизборни кампањи.

-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              

Постирано од: sunshine_baby
Датум на внесување: 31.Март.2009 во 01:46
Тотално не важно дали е бранител или борец...

Јас сум од воено семејство...јас ги гледам последиците и не само овие од 2001 туку и оние од пред 20 годни.Не само што оној кој што ме создал го гледам како секој нареден ден е се попотиштен,а да не зборувам кога ќе се присети и гласно раскажува за младите со него додека седеле во ров три дена без храна,да не ви раскажувам што се случувало додека им траела таа голгота и вика *Како да им го кренеш моралот,кога тебе ти паднал моралот,а на рамења ги носиш со се нивните 20тина години?!*.Да не зборувам кога ќе му текне на многу блиски колеги кои некаде таму ги загуби,ама живурка.Тажна слика!
Оваа држава нема слух за ништо освен сопствените џебови и квази пректи кои полека,но сигурно пропаѓаат,а она што треба да преставува углед како АРМ е симната на последната скала и ако даде Бог време може да ги подфатат случајно!Деморализирани и маргинализирани борците или бранителите,ју нејм ит.Темелите разнишани,држава ќе градат.Се срамам од тоа што го гледам!Не ми се зборува ниту раскажува по темава,ако ви се верува солзи ми потекоа.
Последиците не само што ги носат тие,учесниците,туку и целите семејства,верувајте ми!Таа година ќе ја паметам како најстрашна во мојот живот и се надевам дека никогаш,ама никогаш нема да се повтори.

Постирано од: orlov
Датум на внесување: 31.Март.2009 во 13:29
Originally posted by sunshine_baby sunshine_baby напиша:

Site gi gledame, samo nemo i prekjutno. Treba da zastaneme smelo i da im kazjeme na vlastite deka povekje vaka nema da mozje. Treba da sme edinstveni i da istapime pred instituciite i ni po koja cena da ne se povlekuvame se do ostvaruvanje na nash*te prava koi ne sleduvaat kako uchesnici vo vojna.
Jas kako togashen pripadnik na sistemot na RiK-ot poradfi ovakvi i slichni raboti od samo bendisanite od vrvot na MO bev trgnat od sluzjba i kako gledash seushte ne se otkazjuvam  i rabotam za dobroto na site borci. Inaku dobro ja pochuvstvuvav i jas 1991 kako shto seushte na plekjite ja nosam 2001. 

-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              

Постирано од: rabani
Датум на внесување: 31.Март.2009 во 16:33
toa vo kumanuvo i se ochekuvashe
porano ili podocna ke ima i drugi vakvi sluchaevi
pa polovina veterani se vo depresija
i jas sum vo nekoja poludepresija
neka dojdat od doma da me teraat da glasam za ovie bagabontive goko i frchko

-------------
DOAGA ISUS SO 200000 SVETII
ZA DA IM STAVI KRAJ NA SITE PROKLETII

Постирано од: rabani
Датум на внесување: 31.Март.2009 во 16:36

imam problemi so nesonica
agresija
neredovna ishrana
nervoznost
psihoza
ama toa nekako e normalno vo protektoratov
55 % od makedonskata populacija e nervozna i psihozna
taka da ova e neshto normalno
barem taka instituciite gledaat na toa
inaku RM e najnervozna i najpsihotichna nacija vo svetot spored svetskata zdravstvena organizacija

-------------
DOAGA ISUS SO 200000 SVETII
ZA DA IM STAVI KRAJ NA SITE PROKLETII

Постирано од: orlov
Датум на внесување: 31.Март.2009 во 17:24
Originally posted by rabani rabani напиша:

toa vo kumanuvo i se ochekuvashe
porano ili podocna ke ima i drugi vakvi sluchaevi
pa polovina veterani se vo depresija
i jas sum vo nekoja poludepresija
neka dojdat od doma da me teraat da glasam za ovie bagabontive goko i frchko

А, кај тебе во Прилеп како рози да цветаат. Колкумина погинаа или починаа само од 2005 до преднекој месец кога почина оној БОРЕЦ од ЕУРО КОМПОЗИТ?
Секаде умират драг БОРЕЦУ, само што тоа вие во детали и секојдневно не го знаете. Овој случај од Куманово вчера, мораше да се обелодени- некој со него си направи политички маркетинг. Само да знаеш пред тоа колку други во Куманово и Крува Паланка ги имаше и тек ќе ги има, си немаш престава.

-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              

Постирано од: rabani
Датум на внесување: 31.Март.2009 во 19:28
i desetici iljadi da ima vlasta pak ke nema dosluh za sindromot na voenite veterani
nitu za zivite nitu za mrtvite
nitu mediumite imaat dosluh
imam idea da napravish eden spisok i da go stavish na web
i da go ispratish do site mediumi
jas bi bil sreken koga barem eden medium bi otvoril debata za toa

-------------
DOAGA ISUS SO 200000 SVETII
ZA DA IM STAVI KRAJ NA SITE PROKLETII

Постирано од: orlov
Датум на внесување: 31.Март.2009 во 21:12
Има од акредитираните новинари во РМ кои на дбело ги интересира состојата во државата баш со Борците од воениот конфликт- 2001 а кои се припадници на ОС на РМ. Затоа и убедливо ти зборувам. Бргу ќе пукне резилот на сите политичари независно кој од која олитичка опција е. Важно е да е инволвиран во настаните.

-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              

Постирано од: Polar Bear
Датум на внесување: 01.Април.2009 во 20:14
 
Тема: ВЛАСТА НЕМАШЕ ДОСЛУХ ЗА ВИЕТНАМСКИОТ СИНДРОМ
 
Не сакам да бидам pain in the ass, ама ми боде очи неправилната употреба на македонски зборови. Зборот ДОСЛУХ не одговара тука (значи “во тајна соработка со“), треба да стои СЛУХ.
 
-------------
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!

Постирано од: orlov
Датум на внесување: 02.Април.2009 во 00:01

Темата не е македонска граматика и правопис. А, што очекуваш од од човек кој целиот свој живот за доброто на народот го поминал во чизма и тоа најдолгиот дел во бившата армија. Тоа е оправдата деформација. Но, тоаи толку не е важно. Темата не како што рековмакедонска граматика и правопис. Него дај ти нешто кажи во прилог на темата па макар нападнија како синдромот кој ги напаѓа воините. Војната а и синдромот било тоа балкански, македонски или виетнамски се сведува на ПТСР, и не признава граматика. Тој си делува по свои правила на штета на борците.

-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              

Постирано од: Polar Bear
Датум на внесување: 03.Април.2009 во 04:37
Таканаречениот виетнамски синдром е познат и проучен во светот, и власта треба да си превземе мерки и да ги згрижи луѓето што страдаат од него.
 
Туку, пак ќе бидам „болка во органот за седење“ ...
 
Она што ми пречи, покрај неправилната употреба на македонскиот јазик, е и напумпана суета и придавање на неосновано себезначение. Како тоа мислиш „човек кој целиот свој живот за доброто на народот го поминал во чизма“? Веројатно си бил платен затоа што си бил војник (офицер во бившата армија). Не ми е јасно како заклучи дека тоа било „за доброто на народот“. Секој вработен во бившата држава мораше да работи три од осум часа дневно за ти да можеш да ја носиш униформата и да ги уживаш бенефициите на бившата армија. Затоа, друже заставниче, погледни го станот во кој живееш, сметката на која стига државната пензија и сети се на деновите кога ниту чорапи не купуваше на своја сметка. Сето тоа ти е од народот.
 
-------------
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!

Постирано од: Glenn
Датум на внесување: 03.Април.2009 во 17:35
Polar Bear не го спорам фактот дека војската и полицијата скоро во секоја држава се финансира од државниот буџет кој го полни народот, но имам чувство дека му префрлаш на членот погоре дека треба да има грижа на совест што прима(л) плата или било кој друг што ја работи таа работа.
Да не ме сфатиш погрешно ама мене ова некако стално ми пара очи и уши кога ќе го слушнам-народот те рани, народот ти дал.
Војник не може да краде пари. Тоа што членот Орлов сака само да си ги истакне сопствените квалитети и даде една позитивна слика за „војничките чувства„ е друга работа.
Па не треба ваљда волонтерски да се брани една држава и нејзините граници?! Кој би бил мотивиран да оди да гине а фамилијата да му трпи за леб?
Сите држави со силна воена моќ ги бенефицираат своите вработени на овој или оној начин, зашто фамилиите на војниците никогаш не знаат дали нивните татковци и сопрузи ќе се вратат дома живи, додека цивилите го немаат тој проблем. Мислам глупаво е да се споредува, секој начин на живот си има своја тежина...
Народот има обврска да и служи на државата тоа подразбира и финансирање на истата а војската исто така има обврска спрема народот да го штити без разлика дали се работело за бившата армија или сегашната. Тоа што бившата држава се распаднала е пукнале разни срања е сосема друга тема веќе.
Факт е дека војната сила и капацитет на една држава е еднакво важна колку и економската и политичката моќ.

-------------
Beauty fades, dumb is forever

Постирано од: Polar Bear
Датум на внесување: 03.Април.2009 во 18:44
 
GlenKlouz, немам намера да ја омаловажувам војничката професија, а уште помалку членот погоре. Поентат ми беше дека во претходната држава а и во сегашната, професионален војник се станува по сопствен избор. Војничката професија не е ништо повеќе за „доброто на народот“ од учителската, или било која друга чесна професија. Претпоставувам дека на сите ви е јасно дека војската е должна да ја штити државата (и политичкиот естаблишмент, во крајна мерка), а не народот. Во случаи кога народот ќе стане против државата (’91, ’01?), војската ја вртат против народот.
 
Нејсе, да се вратам ан темата: Ако некој е повреден на работното место и е неспособен да работи (дали паднал од скеле или е ранет во војна, или пак има виетнамски синдром) државата треба да има механизми да го згрижи. Апсолутно сум против доделување (доживотни) привилегии заради тоа што некој излегол во планина, за “доброто на народот“. Доста ни е од таквите борци.
 
-------------
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!

Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 03.Април.2009 во 19:22
Кога би се рангирале професиите по одговорност да биде платеноста тогаш јас кога би се прашала на нашите 120 лезилебовоќи не би имдала ни 100 евра плата и тие пари би ги пренаменила токму з аоние кои ја бранат таткововината (колку некому ова патетично да му звучи)
Додека ние растевме и игравме безгрижно во едно маало, многу мои школски другарки чии татковци носеа маслинозелена и сина  униформа  ги однемуваше во наредната учебна година па ќе добиевме писмо дека се прекомандувани некаде. Значи целото семејство се селеше за потребите на државата.
Кога 2001 поголемиот број на мажи од моето опкружување одеа на работа и ги гледаа вестите од ’’бојното поле’’ на ТВ, многумина момчиња и мажи професионални или војници од редовниот состав на АРМ некаде во чизми со денови и ноки во  ровови, на дожд и ладно  пак ја бранеа татковината. 
Многумина од нив загинаа а нивните семејства остана абез основниот приход, други се справуваат со страховиите на кои наидувале сами. Па веројатно не с еништо поглупи од нас оние земји кој на ’’Виетнамскиот синдром’’му придаваат големо знажение, организираат бесплатно лекување, им обезбедуваат финансиска потпора на семејствата.
Зошто ние секогаш мора она што е наше да го омаловажуваме.

-------------

Постирано од: orlov
Датум на внесување: 03.Април.2009 во 19:57
Мојата сопруга од 2006 година постојано се буни баш за оние што решаваат за нас. Вели: ,,Две децении комплетни не сме биле целото семејство, а сега за тебе и твоите колеги а за оние кои ги водевте ќе одлучуваат неуки политичари и издаици на родот свој. Згора на се вели кога си доваѓаше со возило целата населба се криеше затоа што секогаш мислеа дека ќе има мобилизација,,. Кога јас сакајки да го смирам нејзиниот гнев таа вели е ова не се трпи. Постојано пишуваш и зборуваш за ПТСР или виетнамскиот синдром а треба да се бориш против МАКЕДОНСКИОТ синдром- синдром на интриги и омаловажување и тоа ни повеќе ни помалку туку од оние кои со бегањето од обврската за одбрана на земјата ја издадоа а оние од врвот кои постојано беа во странство ја продадоа. Тоа е, вели: ,,типичен македонски синдром,,.

-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              

Постирано од: orlov
Датум на внесување: 08.Април.2009 во 19:50
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

Зошто ние секогаш мора она што е наше да го омаловажуваме.

Омаловажувањето ти е типичен македонски синдром. Ние секогаш мора да сме поралични од другите. Тоа ни е во генот.лутина

-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              

Постирано од: orlov
Датум на внесување: 09.Април.2009 во 22:06
http://dnevnik.com.mk/?itemID=382F62C7424D054EB0FD8C0D24D85394&arc=1 -

- - ПРЕДУПРЕДУВАА - ,,БОРЦИТЕ ОД - ВОЕНИОТ КОНФЛИКТ - 2001,, уште во 2006 година и тоа токму на денот на АРМ, ДЕН КОГА НАДЛЕЖНИТЕ ОД ОДБРАНАТА ЗАБОРАВИЈА ДЕКА БОРЦИТЕ СЕ РЕАЛНОСТ.(ВИДИ ТУКА)

-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              

Постирано од: orlov
Датум на внесување: 11.Април.2009 во 17:19

http://zav.9f.com/novosti.html - - (КЛИКНИ ТУКА).

-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              

Постирано од: rabani
Датум на внесување: 14.Април.2009 во 12:53
na ulicata kade shto ziveam , samo 20 m pred mojata kuka ziveeshe kapetanot nanche koj zagina na karpalak
na 100 metra podolu pred nekolku meseci na istata ulica zagina na 32 godini poraneshen pripadnik na lavovite
na 32 godini od srcev udar
imal problemi so spiejneto i poradi nedovolno son mu otkaza srceto
ostavi nevrabotena zena i dve maloletni deca

-------------
DOAGA ISUS SO 200000 SVETII
ZA DA IM STAVI KRAJ NA SITE PROKLETII

Постирано од: orlov
Датум на внесување: 14.Април.2009 во 19:59
Originally posted by rabani rabani напиша:

na ulicata kade shto ziveam , samo 20 m pred mojata kuka ziveeshe kapetanot nanche koj zagina na karpalak
na 100 metra podolu pred nekolku meseci na istata ulica zagina na 32 godini poraneshen pripadnik na lavovite
na 32 godini od srcev udar
imal problemi so spiejneto i poradi nedovolno son mu otkaza srceto
ostavi nevrabotena zena i dve maloletni deca

Не се само тие во твојот град. Ги има повеќе. Така е и во другите градови, во целата држава.
прочитај подолу инсерт од долгогодишниот наушен труд на двајца еминентни професори..........

  .............Според проф. др. сци Ѓеорѓи Чадловски редовен професор на медицинскиот факултет во Скопје и директор на клиниката при ЈЗО Клинички центар во Скопје, и проф. др. сци Љубомир Хотујац редовен професор на медицинскиот факултет во Загреб Р.Хрватска, директор на Клиниката за психијатрија при Клиничкиот центар во Загреб, во книгата издадена во 2004 година само ги потврдуваат нашите сомневања каде на стр. 71 велат, …  ,, терминот пост- трауматско стресно растројство е актуелен во последниве 15- 20  години, по воведувањето како категорија во третата ревизија на американската класификација DMS 3, иако како синдром  е опишуван многу одамна во литературата. Посебно бил актуелен во Втората Светска војна, во Виетнам и Северна Кореја. Пост- трауматското стресно растројство (ПСТР) започнува како одложен и/или продолжен одговор на стресна ситуација која силно ја загрозува личноста или пак е од катастрофална природа. Се карактеризира со,

1.     епизоди на повторно преживување на стресната ситуација во сеќавање на флешбек- ови ( flashbacks) .

2.     лоши соништа и ноќни мори.

3.     избегнување на се што потсетува на трауматскиот настан и зголемена побуденост.

Анаксиозноста и депресивноста се чести симптоми, придружени и со вегетативни феномени ,, …

...........но сега засега власта ни е глува.

-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              

Постирано од: orlov
Датум на внесување: 25.Април.2009 во 20:52
лутиналутинаDenes vo Prilep (flashbacks) kojznae po koj pat proraboti. NA grozomoren nacin, policaec go ubiva svojot kolega. Za kraktko vreme vo drzjavata se sluchuvaat nemili nasani kao posledica na PTSR. a vlastite seushte molchat. Ne razmisluvaat ni da im go dadat  na BORCITE od 2001  vekje postoechkiot Zakon za Borci od NOV. лутиналутиналутиналутиналутиналутиналутина

-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              

Постирано од: orlov
Датум на внесување: 05.Септември.2009 во 22:39
Od 16. Septemvri 2009 godina zapochnuvame so TRIBINI za PTSR. Izlagachi eminentni provesori od oblasta na neuro psihijatrijata od zemjata i stranstvo.

-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              

Постирано од: Polar Bear
Датум на внесување: 07.Септември.2009 во 07:16
Друже Заставниче, нели гледаш дека си сам на темава? Од 23 постови 13 се твои! Не знам што пробуваш да докажеш, ама што и да е, форумов нема извршна сила, треба да одиш и да лелекаш пред некои други врати. Со среќа. голема%20насмевка

-------------
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!

Постирано од: dejanpp
Датум на внесување: 07.Септември.2009 во 12:28
TO  SE  RESAVA  SO  RAMKOVNIOT   DOGOVOR  TAMU  E  ZACRTANO  NO  SEUSTE  NEMA  KOJ  DA  PLAJCA  ZA  SITE  TIE  LICA  PORADI  KRIZATA

Постирано од: brza
Датум на внесување: 07.Септември.2009 во 16:46
Originally posted by Polar Bear Polar Bear напиша:

.........
 
Нејсе, да се вратам ан темата: Ако некој е повреден на работното место и е неспособен да работи (дали паднал од скеле или е ранет во војна, или пак има виетнамски синдром) државата треба да има механизми да го згрижи. Апсолутно сум против доделување (доживотни) привилегии заради тоа што некој излегол во планина, за “доброто на народот“. Доста ни е од таквите борци.
 
  ti be ..siguren si deka si ...ove gore list..?!.изненадувањезбунетост..nekako se nekoi bistrini kazuvash...za razlika od tukashnive...намигнување

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein

Постирано од: orlov
Датум на внесување: 07.Септември.2009 во 16:50
Originally posted by dejanpp dejanpp напиша:

TO  SE  RESAVA  SO  RAMKOVNIOT   DOGOVOR  TAMU  E  ZACRTANO  NO  SEUSTE  NEMA  KOJ  DA  PLAJCA  ZA  SITE  TIE  LICA  PORADI  KRIZATA

Kakov RAMKOVEN DOGOVOR?
Ni ,,S- to ,, od sindrimot ne e spomnato vp nego..........borcite mora da sam da si baraat ili koga kje se omasovi ili kuluminira stepenot na Sindromot togash kje ima krkljanac i vlasta togash mozjebi kje se osvesti...........
лутина

-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              

Постирано од: orlov
Датум на внесување: 07.Септември.2009 во 17:02
Originally posted by Polar Bear Polar Bear напиша:

Друже Заставниче, нели гледаш дека си сам на темава? Од 23 постови 13 се твои! Не знам што пробуваш да докажеш, ама што и да е, форумов нема извршна сила, треба да одиш и да лелекаш пред некои други врати. Со среќа. голема%20насмевка

Ispod chest mi e da ti se obratam so g_ne, a najmalku so drugar poradi tvoiot laicizam. A, uz pat bi ti rekol daj otsluzjisi go voeniot rok ne radi drugo tuku kolku da gi nauchish chinovite. A, kolku za tebe sega ama bash nishto i ne mi znachi dali nekoj lje mi se obrasti so majore ili................
Moeto moto i mototo na nevladinoto dvizjenje preku koe (site koi sme vo negoviot vrv sme togashi pripadnici na sistemot na RiK-ot) go vodime e: ,,SEKOGASH VO SLUZJBA NA TATKOVINATA,,
A, ti chedo bozje si daleku seto ova. Zatoa nauchi bar da gi pochituvash neshtata .................

-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              

Постирано од: Polar Bear
Датум на внесување: 08.Септември.2009 во 18:20
Originally posted by orlov orlov напиша:

Друже Мајоре, ако смеам да се обратам. Ако веќе зборуваме за почитување на луѓе и нешта, најпрвин, очекувам да не бидам нарекуван нечиј платеник, издајник или уфрлен за да ги мати работите. Второ, очекувам да не зборуваш во ИМЕТО НА НАРОДОТ, затоа што јас како дел од тој народ не сум ти го дозволил тоа, а очигледно е дека не се слагаме. Си бил војник по СОПСТВЕН ИЗБОР и за СОПСТВЕН ИНТЕРЕС, а не за да ме заштитиш МЕНЕ и другите (од кого?). Како војник, си ги штител интересите на власта. Значи може да зборуваш само во СОПСТВЕНО име. И трето, мотото „секогаш во служба на татковината“ е претенциозно и имплицира политички мотиви и нема врска со „невладиност“. Татковината ни е заедничка, а јас имам право да мислам дека „служба за татковината“ е нешто многу различно (можеби и спротивно) од тоа што ти го правиш. А ти пак, немаш право да мислиш дека ти си ТОЈ, ИЗБРАНИОТ и Богом-дан да биде во служба на татковината. Татковината подобро се служи и брани со глава отколку со чизма.
 
Ако луѓето во твоето „невладино“ движење се со позадина и искуство какви што велиш, тогаш можам да ти кажам дека сте осудени на неуспех. Напротив, ако сакате навистина да им помогнете на војниците погодени од последиците на војната, ви треба поддршка во Владата. Ви требаат министри за одбрана и внатрешни работи кои ќе се залагаат за вас и ќе ги протуркаат вашите барања. Ако не, лобито во парламентот треба да ви е доволно јако за да ги смените.
 
А сад, ако дозволите да се удаљим ...
 
-------------
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!

Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 08.Септември.2009 во 20:25
Orlov i Polar Bear, ве опоменувам и двајцата - ова да ви бидат последни постови на темата со меѓусебни префрлања и навредливи препукувања!
За се што имате да си кажете лично префрлете се на ПП.

Тука дискутирајте на темата:

ВЛАСТА НЕМАШЕ ДОСЛУХ ЗА ВИЕТНАМСКИОТ СИНДРОМ

-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.

Постирано од: orlov
Датум на внесување: 08.Декември.2009 во 19:01
На 18.12.2009 година во Скопје во Домот на АРМ, ТРИБИНА на тема:
           Пострауматско Стресно Растројство
- Последици од ПТСР. Што направи власта за да ги рехабилитира борците од 2001 од него,
- Распознавање на ПТСР, кај борците од војната 2001 година
- Спречување
-Ширење на ПТСР

-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              

Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 11.Јуни.2011 во 17:47

Орлов толку време пишуваше човекот за синдромов, за овој проблем на кој никој во државата не му обраќа внимание.тага
Треба ли по правило секогаш трагедии да не освестуваат? Смее ли државата да продолжи со игнорирање на овој проблем? Треба ли овие луѓе, темпирани бомби да се остават и понатаму да се шетаат со оружје и со тупаници да сеат смрт? Ќе се погрижи ли некој конечно во државата на овие луѓе да им ја обезбеди неопходната помош и соодветно да ги згрижи???

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=32EF69364FB48E47B2679C7BB0C82BFB - Полициски специјалци како темпирани бомби

Многу од припадниците на специјалната единица „Тигар“ кои учествувале во конфликтот од 2001 година боледуваат од пострауматско растројство, вели Стојанче Ангелов, поранешен заменик-командант на единицата

Убиства, тепачки по кафеани, насилничко однесување, разбојништва и серија други кривични дела им се припишуваат на дел од припадниците на специјалните полициски единици во Македонија. Без разлика дали се припадници на единицата „Тигар“, на специјалната единица за уличен криминал „Алфа“ или, пак, на Единицата за брзо распоредување (ЕБР), дел од нив се сторители на сериозни инциденти, кои не ретко во сенка ги ставаат сите нивни успеси при борбата со криминалците, спасувањето давеници или, пак, исчезнати на планина.

Не ретко полициските специјалци имаат криминално досие дебело колку што е дебела листата со успешните акции во кои учествувале. Стојанче Ангелов, поранешен заменик-командант на единицата „Тигар“, вели дека голем дел од припадниците на оваа единица кои учествувале во конфликтот од 2001 година боледуваат од пострауматско растројство. Според него, тие се темпирани бомби што може да експлодираат во секое време и токму затоа треба сериозно да се работи на нивна рехабилитација.

И полицискиот специјалец Игор Спасов (33), кој е осомничен дека го убил младиот Мартин Нешковски (22), е долгогодишен припадник на единицата „Тигар“ кој учествувал во конфликтот. Ангелов тврди дека Спасов учествувал во стресни ситуации пред и по војната и тоа оставило сериозни последици кај него.

- Го осудувам овој грозоморен чин за кој нема оправдување. Но одговорност нема само кај осомничениот, туку и кај државните органи. Што барал припадник на оваа елитна единица како обезбедување на партиска прослава. Државните институции се виновни бидејќи, иако четири години алармираме за постоење на пострауматско растројство, никој не не сфаќа сериозно - вели Ангелов.

Тој смета дека овој инцидент, да не бил поврзан со изборите, ќе поминел незабележано.

Трајно нарушување

Анонимната анкета од пред две години што ја направиле Факултетот за безбедност и „Достоинство“, покажува поразителни резултати со психичката состојба на учесниците во воениот конфликт од 2001 година. Анкетата била спроведена на 700 испитаници што биле на првата борбена линија за време на конфликтот. Агресивноста како карактерна црта била присутна кај 82 отсто испитаници, а агресивноста како состојба кај дури 77 отсто од испитаниците. Најдрастично е што дури кај 33 отсто, т.е. кај секој трети испитаник, биле присутни агресивни реакции, односно тоа се луѓе кои лесно можат да преземат агресивни мерки.

- Случајот со момчето не е прв, а имало и други форми на насилство од страна на полициски припадници. Тврдам дека ова и во иднина ќе се повторува ако не се преземе нешто конкретно, бидејќи пострауматскиот синдром е трајно растројство - вели Ангелов.

Спасов немал психички проблеми

Според министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, специјалните единици во МВР, покрај проверката на физичката подготвеност и познавањето на прописите, имаат и задолжителна специјална проверка од психолог.

Таа објаснува дека во специјалните единици има вработено лекари и стручни лица, а за другите вработени прегледите се вршат во јавните установи.

- Во конкретниот случај, кај специјалецот Спасов на последниот психофизички тест не биле забележани никакви нарушувања на психофизичката способност, а ако биле утврдени тој ќе бил прераспределен на друго работно место. Ова не е прв случај на насилство од специјалци, но е прв што е расветлен. Некои слични случаи останаа нерасветлени во минатото - вели Јанкулоска.

Од друга страна, поранешниот заменик-командант на единицата „Тигар“, Ангелов, вели дека во единицата нема никакви задолжителни тестирања.

Со прегледите за вработување во службите чии вработени носат оружје може да се откријат покрупни психолошки и психијатриски проблеми, но на поситните мора да се укаже, велат експертите. Психијатарот Сашо Стојчев од Градската болница „8 Септември“ професор на Медицинскиот факултет, вели дека на редовните приемни прегледи се вршат рутински тестови. За случаи на агресивност од љубомора и на нетрпение мора да се реагира.

- Испитувањата вообичаено се состојат од психолошки тестови, индивидуални прегледи, невропсихијатриски прегледи и психолошко интервју. Се оценуваат интелектуалната ефикасност и емотивната зрелост, но тие тестови не се 100 отсто сигурни. Денес границата на агресија е многу ниска, луѓето се напнати и револтирани. За измени во однесувањето, зголемување на агресивноста и за други проблеми мора да се укаже од матичната единица, полициска станица или лицето само да оди на разговор - вели Стојчев.

Според него, во Армијата се прават поригорозни психолошки тестови за разлика од МВР.

- Во полицијата пребрзо се вработуваат кадри без тестирање, а мора да се исклучат и партиските влијанија при вработувањата. Ние како Градска болница од годинава мупонудивме на МВР да имаат психофизички прегледи кај нас. До сега беше тестиран нуркачкиот тим од специјалната едницата „Тигар“ - изјави Стојчев.

Народниот правобранител Иџет Мемети вчера го осуди убиството на 22-годишниот Мартин Нешковски и побара случајот целосно да се расветли, а постапката да се води транспарентно.

- Загрижува фактот што сторителот е припадник на орган кој е должен да ја заштитува сигурноста и безбедноста на граѓаните и да го чува јавниот ред и мир. Постапките да се водат на најтранспарентен начин - велат од канцеларијата на народниот правобранител.

Инаку, истрагата утврдила дека во понеделникот 40 минути по полноќ на плоштадот Македонија, додека се одржувала манифестација „Баскер фест“ и прослава по завршувањето на парламентарните избори, дошло до расправија меѓу „тигарот“ и младиот Мартин. Момчето почнало да бега кон оградениот дел на плоштадот, а специјалецот го бркал. Мартин паднал, осомничениот се доближил до него и почнал да го тепа со тупаници и со клоци. Од ударите Мартин паднал во несвест. Осомничениот го кренал од плочникот и го седнал на една од клупите и од продавачката на штандот побарал вода за да го разбуди. Потоа од двајца полицајци што патролирале во близина побарал да се јават во Итната медицинска помош. Тројцата го фатиле Мартин под рацете и го пренеле на тревниот дел од паркингот пред МЕПСО и се обиеле да го реанимираат. По ова, осомничениот заминал од местото и ги оставил полицајците да го чуваат и да ја чекаат екипата на брзата помош. Кога пристигнале лекарите, констатирале смрт кај момчето.

Неофицијално, специјалецот Спасов учествувал во убиството на Диме Ицковски-Поштарот, поранешен припадник на „Лавовите“, кој беше ликвидиран во март 2006 година. Овој настан предизвика бурни реакции во јавноста.

-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.

Постирано од: Polar Bear
Датум на внесување: 12.Јуни.2011 во 07:44

Виетнамскиот синдром е само изговор за да на силеџијата му се олесни позицијата и евентуално казната. Па не ли гледате дека сите полицајци очевидци на убиството лажат. Лаже и власта - без срам и перде. Не би ме изненадило ако некој сега во меверето ги прегледува снимките од околните згради и работи на пронаоѓање на цивилните очевидци за да ги заплаши. Очекувајте сега некоја неразјаснета сообраќајка, сопнување на скали, самоубиство со пет к*ршуми во глава и сл. на некој од клучните сведоци. На крај ќе излезе дека никој ништо не видел и детето се сопнало и така умрело. Ова што се случува попрво би го нарекол криминален синдром.

-------------
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!

Постирано од: Pavaroti
Датум на внесување: 12.Јуни.2011 во 10:09
Како учесник во кризата од 2001 и тоа од резервниот состав имам здравствени проблеми а не пак овие момци што биле во најлошите делови од кризата. Државата мора да им помогне бидејќи се повеќе ќе се случуваат вакви работи. Зимоска имав спортска повреда и одев на рехабилитација во козле таму одеше и вработена особа од психијатриската болница која ни кажуваше дека моментално клиниката е полна со луѓе болни од поствоен синдрум.

Постирано од: Polar Bear
Датум на внесување: 12.Јуни.2011 во 22:09

Во ред, значи медицинската јавност во МК е свесна за проблемот и е способна да ги дијагностицира случаите на поствоен синдром. Луѓето се лечат, независно од одсуството на поддршка од власта.

Дотичниот „осомничен“ за убиство поминувал здравствени контроли секои шест месеци. Тамам да е вработен како телохранител последниве пет години откога мали Слобо е на власт, значи дека десет пати го поминал лекарскиот преглед. Е па сега, на толку прегледи ако поминал, или лекарите не знаат ништо, или бил прегледуван од братучед му на дотичниот на власт.
 
Навистина нема смисла да се злоупотребува здравствената состојба на луѓето што навистина имаат психички проблеми од војната за да му се олесни позицијата на убиецот. Ако бил доволно здрав да му се довери животот на премиерот, тогаш морал да биде при здрава свест за последиците од своите постапки.
 
Ако се сеќавате, американците го егзекутираа Тимоти МекВеј, бомбашот од Оклахома Сити, независно од неговиот наводен поствоен синдром. Неговиот соучесник скапува доживотно без право на помилување. Никаков синдром не е оправдување за убиство.
 
Вистински суд би го осудил доживотно (жал ми е што не може да се олесни планетава од неговото присуство), а оние полицајци што гледале и не го спречиле (дури го кријат) насилството, на долги затворски казни.
 
-------------
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!

Постирано од: Persej7
Датум на внесување: 13.Јуни.2011 во 01:43
Originally posted by Polar Bear Polar Bear напиша:

Виетнамскиот синдром е само изговор за да на силеџијата му се олесни позицијата и евентуално казната. Па не ли гледате дека сите полицајци очевидци на убиството лажат. Лаже и власта - без срам и перде. Не би ме изненадило ако некој сега во меверето ги прегледува снимките од околните згради и работи на пронаоѓање на цивилните очевидци за да ги заплаши. Очекувајте сега некоја неразјаснета сообраќајка, сопнување на скали, самоубиство со пет к*ршуми во глава и сл. на некој од клучните сведоци.

3а жал, уште еден исполитизиран прдеж во етерот наместо конструктивен коментар за реален проблем со којшто се соочува нашто општество.

PTSD е реална психосоматска манифестација кај луѓе што преживеале трауми. Сум бил во војна па знам. Само злочест човек би го преиначил во фантазијата (буквално) изнесена во постот.

Навистина срамота!

Постирано од: Persej7
Датум на внесување: 13.Јуни.2011 во 01:47
Originally posted by Ninja 35 Ninja 35 напиша:

И со цел памет, излегува премиерчето пред цела македонска јавност и без срам лаже дека тој лично го понудил "хрватскиот модел", на бранителите, ама тие го одбиле. Како не му е срам

Ајде да чуеме каква политика односно модел ти би предложил/а?

Дали си информиран/а за применетата политика и мерките превземени во Хрватска по ова прашање за да упатиш таков паушален коментар?

Предложил ли некој нешто друго во Македонија, на приемер тие што го наместија конфликтот во 2001-ва (добро знаете за кого зборувам)?

Ти си предложил/а ли нешто преку своите претставници во Собранието или преку медиумите или преку НВО на пример?

Ајде малку аргументирано, инаку дегутантно е да ве чита човек. Впрочем форумов не би требало да биде само место за блуење на животните фрустрации што не притискаат - барем јас така го разбирам.

Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 13.Јуни.2011 во 01:57
добро, не ми е јасно, зарем е можно половина од членовите на форумов кој го посетуваат „Политика“ и вести да се припадници на МВР или ветерани збунетост

-------------
размисли пред да напишеш глупост

Постирано од: Persej7
Датум на внесување: 13.Јуни.2011 во 02:11
Можно е. Статистички тие се попогодени и поопседнати од другите, а и решенијата кои ги бараат се во голем дел политички.

Кој не бил во ситуација, не знае што е тоа стрес што остава рани.

3атоа ќе ве молам пополека со етикети за МВР и нивни припадници. Немој па и нив да ги изгубиме како што излегуваат општествениве фрустрации на видело, па да се чудиме после.

3а воља на вистината, морам да се одвојам од "домашниот" контингент без да завлегувам во детаљи.

Само да укажам дека психичлката стабилност/сталоженост е прво и основно нешто што се бара од војници кои одат на бојното поле денес, а не дали знаат добро да ракуваат со оружје или дали знаат на пример да го штитат грбот на колегата.   

Постирано од: Pavaroti
Датум на внесување: 13.Јуни.2011 во 08:42
Originally posted by Polar Bear Polar Bear напиша:

Во ред, значи медицинската јавност во МК е свесна за проблемот и е способна да ги дијагностицира случаите на поствоен синдром. Луѓето се лечат, независно од одсуството на поддршка од власта.

Дотичниот „осомничен“ за убиство поминувал здравствени контроли секои шест месеци. Тамам да е вработен како телохранител последниве пет години откога мали Слобо е на власт, значи дека десет пати го поминал лекарскиот преглед. Е па сега, на толку прегледи ако поминал, или лекарите не знаат ништо, или бил прегледуван од братучед му на дотичниот на власт.

Навистина нема смисла да се злоупотребува здравствената состојба на луѓето што навистина имаат психички проблеми од војната за да му се олесни позицијата на убиецот. Ако бил доволно здрав да му се довери животот на премиерот, тогаш морал да биде при здрава свест за последиците од своите постапки.

Ако се сеќавате, американците го егзекутираа Тимоти МекВеј, бомбашот од Оклахома Сити, независно од неговиот наводен поствоен синдром. Неговиот соучесник скапува доживотно без право на помилување. Никаков синдром не е оправдување за убиство.

Вистински суд би го осудил доживотно (жал ми е што не може да се олесни планетава од неговото присуство), а оние полицајци што гледале и не го спречиле (дури го кријат) насилството, на долги затворски казни.

Болниот треба да си ја отвори душата пред психијатар за да се дијагностицира болеста, овие луѓе не се болни од шизофренија па да им се гледа дека се болни или по твое треба да им пишува на чело.

Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 13.Јуни.2011 во 22:26
[QUOTE=Pavaroti]Како учесник во кризата од 2001 и тоа од резервниот состав имам здравствени проблеми а не пак овие момци што биле во најлошите делови од кризата. Државата мора да им помогне бидејќи се повеќе ќе се случуваат вакви работи. Зимоска имав спортска повреда и одев на рехабилитација во козле таму одеше и вработена особа од психијатриската болница која ни кажуваше дека моментално клиниката е полна со луѓе болни од поствоен синдрум. [/QUOTE
Сите знаеме дека државата не им помогна. Сите знеме дека дури и ги принудија да вратат пари.тага

-------------

Постирано од: orlov
Датум на внесување: 14.Јуни.2011 во 20:32
Во конкретниов случај треба да се стават на увид и дасе видат низ околности под настана убиството на невиното момче.
Се поставува прашање: ,,Зошто му беше потребно обезбедување на позиционерот од припадници на МВР кои се обочувани за специјални дејствија?,,
Мртвото момче никој не го враќа во светот на живите.
Но зошто живите кој под дознака ХИТНО треба да го решат случајот сеуште се далеку од почетокот на разрешницата.
ПТСР е неоспорно, но кога веќе тоа постоело/постои доколку пости кај извршителот на грозоморниот чин зошто не бил распореден на место во администрацијата на МВР или институции сродни на неговата квалификација????????
Од кого се обезбедуваше/стравуваше власта на гала славењето кога сеуште не беа избројани ситегласови?

-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              

Постирано од: orlov
Датум на внесување: 14.Јуни.2011 во 21:04

 За војната-2001 и после неа читајте подолу и размислете и добро анализирајте.

ДРЖАВАТА НЕМА ДОСЛУХ ЗА НАС!

Сведоци сме на ПРАШКАТА ПРОЛЕТ- 1968 година, но ПРАГА беше далеку од нас, ова ни се случува нам, дома во нашата татковина.

   Следуваа денови на коментари, на искушенија, свои видувања се разбира од патилците кои ја поминале втората светска војна и кои на кои сеќавањата нагло им се вратија како тоа небаре било вчера и додаваа- ,,ова е лошо, ни се случува војна но, што е е, нека не чува само ГОСПОД,,  . Во исто време врховниот командатнт, советот за национална безбедност, премиерот и  НГШ на АРМ се состануваат и маратонски заседаваат по повод ново настанатата ситуација во државата. Но, страстите на УЧК преобразени во ОНА никако да се смират. Тоа резултираше со ОДЛУКАТА што ја донесоа врховниот командант, и веќе споменатите структури задолжени за БЕЗБЕДНОСТ НА ДРЖАВАТА да се преточи во НАРЕДБА ЗА МОБИЛИЗАЦИЈА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ СИЛИ НА ДРЖАВАТA. Така на Македонија и се случи војна. Се вршат и првите МОБИЛИЗАЦИИ, народот се одзива на повикот на државата (имаше и такви кои ДЕЗЕРТИРАА, но имаше и такви кои дезертерите ги амнестираа). На бојното поле за жал не делеа слатки. Не чекаа со оган вперен во НАС. Така ги добивме и првите ХЕРОИ- жртви жртви  на нечии лудории. На браникот на Македонија останаа осумдесетина животи, кои тек требаше да живеат, но останаа цвет до цвет. Останаа и многу од нив трајни инвалиди, но останаа и оние кои останаа, но каде???!!! Да господа тие останаа на улица, гладни, без благослов од државата, незгрижени, но побогати со доза на осиромашен УРАНИУМ но и оплеменети со синдромот кој десетици години наназад е познат како ВИЕТНАМСКИ. Учесниците во војната- 2001, се обединија во Април-2006 година се со единствена цел која значи остварување на своите ПРАВА па решија со собирање на потписи ширум државата да створат ситуација каде политиката- власта ќе мора да превземе нешто. Така одпочна создавањето на Унијата на Бранители на Македонија, а со неа и проектот ,, СО ПОТПИС ДО СТАТУС ,, .

За синдромот како пропратен еклемент, но и како нус производ на секоја војна пишував во ДНЕВНИК на 18. Август 2006 година, баш на денот на Армијата на Р.М, се со цел да бар некој од славениците се сети дека во блиското мината имавме војна која остави која остави многу семејства на улица и без леб, но и од причина што само десет дена пред тоа се одбележуваше ПЕТ ГОДИНИ од  терористичкиот напад врз колоната припадници на АРМ во месноста КАРПАЛАК каде вечно останаа десет живота, а на кое одбележување БЕА ПРИСУТНИ претставници од МО на РМ и други политичари кои сега учествуваа на веселбата која значи – ден на АРМ, доделување меѓусебни признанија, воздигнување во повисоки чинови – вонредно и редовно и која на крај значи веселба. Примероци од дневниот весник ДНЕВНИК тој ден останаа на бироата на сите славеници а, потоа се разбира завршија во корпите за смет. Акцијата со собирање на потписи продолжи низ државата, а на 25. 10. 2006 година предадена е во владата.

    Потписи моравме да собираме затоа што ние не сме богати и немаме свои БАЧИЛА. Истото го немаат  и РАСЕЛЕНИТЕ па затоа во заедничко содејство некако истуркавме до ПРЕДАВАЊЕ НА ПОТПИСИТЕ. Да бевме од другата страна ќе имавме можеби повеке БАЧИЛА, па ако тоа го имавме Македонија ќе беше Швајцарија и се разбира тогаш немаше да ни требаат потписи и барање за озаконување на нашите права од единствена причина што ќе немавме ни војна.

12. Јануари 2007 година, неделник ФОКУС, страна осма. . . ИТАЛИЈА,  ПРИЗНАЕН БАЛКАНСКИОТ СИНДРОМ, и понатаму опис на синдромот и, државата од буџетот одделува средства во висина од пет милиони евра за војниците кои биле на Балканот во мировна мисија. Што да прават, немаат БАЧИЛА, па нема како да се грижат за своите војници па одделуваат милиони евра од буџетот на државата.

          Додека нашиот проблем е во ВЛАДАТА и ПАРЛАМЕНТОТ, ние држиме трибини, полемизираме со оние наши соборци кои се под влијание на некоја политика, или уште полошо под влијание или зависност од амнестираните дезертери на кои по игра на случајноста им се случи 13. Август 2001 година па во пакет со терористите беа амнестирани. Но, амнестијата, рамковниот договор, терористите и нашите дезертери  настрана, тие си имаат како што кажав свои БАЧИЛА и баш им е гајле. А синдромот си е синдром, бил Виетнамски, Корејски, БАЛКАНСКИ или каков сака нека е. Тој за секоја урбана средина е ОПАСЕН. Испитуван, следен и докажуван е наназад триесетина години, и , поствоените последици од него се

          Според проф. др. сци Ѓеорѓи Чадловски редовен професор на медицинскиот факултет во Скопје и директор на клиниката при ЈЗО Клинички центар во Скопје, и проф. др. сци Љубомир Хотујац редовен професор на медицинскиот факултет во Загреб Р.Хрватска, директор на Клиниката за психијатрија при Клиничкиот центар во Загреб, во книгата издадена во 2004 година само ги потврдуваат нашите сомневања каде на стр. 71 велат, …  ,, терминот пост- трауматско стресно растројство е актуелен во последниве 15- 20  години, по воведувањето како категорија во третата ревизија на американската класификација DMS 3, иако како синдром  е опишуван многу одамна во литературата. Посебно бил актуелен во Втората Светска војна, во Виетнам и Северна Кореја. Пост- трауматското стресно растројство (ПСТР) започнува како одложен и/или продолжен одговор на стресна ситуација која силно ја загрозува личноста или пак е од катастрофална природа. Се карактеризира со,

1.     епизоди на повторно преживување на стресната ситуација во сеќавање на флешбек- ови ( flashbacks) .

2.     лоши соништа и ноќни мори.

3.     избегнување на се што потсетува на трауматскиот настан и зголемена побуденост.

Анаксиозноста и депресивноста се чести симптоми, придружени и со вегетативни феномени ,, …

… оваа тема е доста обемна. Жално е што е вистинита. Ние не ја измисливме. Посебна почит кон авторите. Верувам дека бар тие ќе дадат свој придонес во сета разрешница. На ПАРЛАМЕНТАРЦИТЕ, на оние кои ги води ХИПОКРАТ им порачуваме да дадат посебна заложба за БОРЦИТЕ на Р.М, кои откако го оставија оружјето се принудени своите права да ги бараат без оружје но здружени и побогати со гордоста која се вика БОРЕЦ. Нема од што да се срамиме не бевме ДЕЗЕРТЕРИ.

-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              

Постирано од: Polar Bear
Датум на внесување: 16.Јуни.2011 во 06:46

Запрепастувачки е како некои работи се повторуваат на сосема ист начин во земји кои немаат врска една со друга. Ветераните од војните се многу често заборавени и оставени сами на себе... Само погледнете ги американците... не

-------------
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!

Постирано од: orlov
Датум на внесување: 16.Јуни.2011 во 18:52
Originally posted by Polar Bear Polar Bear напиша:

Запрепастувачки е како некои работи се повторуваат на сосема ист начин во земји кои немаат врска една со друга. Ветераните од војните се многу често заборавени и оставени сами на себе... Само погледнете ги американците... не

Vo site zemji stravot od Veteranite kaj vlastite e golem, pa zatoa i ne se osmeluvaat da im obezbedat mesto vo opshtestvenoto zjivenje.
Za razlika od site dosega nie Veteranite od ex YU prostorite vekje se organiziravme i deluvame. A kao pogledaj:

http://www.zarekom.org/Vesti/index.mk.html - http://www.zarekom.org/Vesti/index.mk.html

-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              

Постирано од: orlov
Датум на внесување: 25.Јуни.2011 во 23:59
Mora da sme uporni i da ja prinudime drzjavata da ni go dade mestoto vo opshestvenoto zjiveenje.
Individualno rabotime na poleto na PTSR- (popoznato  kako Vietnamski Sindrom).
Imavme sredbi so razni struchnjaci od oblasta na psihologijata i psihijatrijata. Preku REKOM i razni drugi DEBATI veruvam deka kje go dobieme svoeto mesto vo opshtestvenoto zjiveenje.

ZA PTSR, istrazjuvashe Fakultetot za Bezbednost pred nepolni dve godini i svoite istrazjuvanja gi imat napishano na 110 stranici. So istrazjuvanjata posle nastanot na 06 Juni so pripadnikot na edinicata Tigri, kje proodlzjat.

No velat deka tuka i drzjavata mora da zeme svoja grizja.

-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              

Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk