|
Великиот пост |
Внеси реплика | страница <1 23456 7> |
Автор | |
sade um
Група Регистриран: 31.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 16 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1) 1 Коринќани 8 - ред 8
"Меѓутоа Храната НЕ НЕ ПРАВИ УГОДНИ на Бог : НИТУ ГУБИМЕ НЕШТО , АКО НЕ ЈАДЕМЕ НИТУ ДОБИВАМЕ НЕШТО АКО ЈАДЕМЕ ."--затворен цитат 2) Колошаните 2- ред 20 , 21 ,22 и 23 " Ако веќе умревте со Христос за првобитните принципи на светот , зошто им се потчинувате на прописите како уште да живеете во овој свет "Не фаќај" "Не вкусувај " "Не допирај" се што пропаѓа со употреба - според ЧОВЕЧКИТЕ (Мојсееви и на било кој друг смртник) ЗАПОВЕДИ ( а не божји како што некој лаже ) и УЧЕЊА .? Овие нешта навистина изгледаат како мудрост која се состои во самоволна набожност ,ЛАЖНА ПОНИЗНОСТ И НЕПОШТЕДНА СТРОГОСТ КОН ТЕЛОТО А НЕМААТ НИКАКВА ВРЕДНАСТ , ТУКУ СЕ САМО ЗА УГОДУВАЊЕ НА ТЕЛОТО " - затворен цитат ..им се обраќа Павле на Колошаните . НЕ ИЗЛАЖАВ НИТУ ЈАС А БОГАМИ НИТУ АПОСТОЛОТ ПАВЛЕ .! А ЗОШТО ПОВТОРНО РЕЛИГИИТЕ ИНСИСТИРААТ НА СТАРОЗАВЕТНИ РАБОТИ КОЈ ИСУС ГИ УКИНАЛ КАКО НЕДУХОВНИ - НЕПОТРЕБНИ СЕКОЈА РЕЛИГИЈА е закон на ТЕЛЕСНИТЕ ПРОПИСИ..прости механички правила и прописи и не се разликува по ништо од сите други луѓе. и од било кој друг држвен закон..затоа НЕМА ВЕЧЕН ЖИВОТ ЗА РЕЛИГИОЗНИТЕ.............. Евреите 7 - ред 15 и 16......."...И станува уште појасно......тој не станал тоа СПОРЕД НЕКОЈ ЗАКОН ( било кој било чив од било кој смртник) НА ТЕЛЕСНИТЕ ПРОПИСИ........" . . и точно е ! ДОБРО РЕКОЛ ПАВЛЕ .! и тогаш луѓето поготово женскиот пол водел сметка за својот изглед ....постеле - се воздржувале од храна и пред религиите .... . .. денес ако е според постот најголеми недостижни верници ќе бидат СИТЕ АНОРЕКСИЧНИ МАНЕКЕНКИ Изменето од sade um - 08.Март.2009 во 21:21 |
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пред што било да кажам за денешното евангелие, сакам да ви обрнам внимание на Филиповиот одговор: „Дојди и види!“, на прашањето на Натанаил: „Може ли нешто добро да излезе од Назарет?“, од една страна, како и на Натанаиловото прифаќање на овој едноставен метод на проверка на нештата, од друга страна. Да не навлегуваме во тоа колку сила носеле со себе овие зборови изговорени од Филип заради неговата средба со Христос, бидејќи одговорноста за одлуките и постапките е пред сè наш личен проблем, а не на оној што нè повикува нешто да сториме или не. Затоа, за мене тука се битни две работи: прво, зборовите ‘Дојди и види!’ во контекст на православниот начин на живот и подвиг не значат ништо друго освен пракса и теорија, очистување на срцето од страстите и просветлување на умот. Едното без другото едноставно не оди. И второ, дека овој метод очигледно му е веќе применет, познат и многу приемчив на Натанаил, само што овојпат го спроведува на најлично можно ниво, во лична средба со Богочовекот Христос. За ова, толку.
Денешново евангелие е уште едно историско сведоштво и конкретен пример на совршена молитвена заедница и однос помеѓу Бог и човекот создаден според образот Божји, помеѓу Прволикот и Неговата икона; сведоштво за исполнета молитва. Кога Христос му вели на Натанаил ’кога беше под смоквата, Јас те видов’, всушност му открива Кој го слушал, но и Кој му одговорил на молитвата додека тој се молел под смоквата. Нормално, Христос веќе му открива на Натанаил и Кој му ја исполнува во целост и во живо таа молитва сега. А Натанаил со својот одговор ни открива и ни сведочи дека во Богочовекот Христос Го препознава Оној Кому се молел и Кого единствено Го барал во молитвата – Синот Божји и Царот Израилев, очекуваниот Месија. А кој друг би можел да знае што се случува во срцето и умот на Натанаил, ако не Самиот Бог? Така што, не знам на што попрво да се воодушевувам, дали на Натанаиловата молитва, во која Го бара само Него, или на нејзиното совршено исполнување, и како мистично доживување и како лична средба во живо, од страна на Богочовекот Христос? Или, пак, овие две работи не можат да се одделат, ни како случка, ни како инспирација... Инаку, нашата молитва кон Господ може да личи како кога толпа луѓе, кои стојат оддалеку, му се обраќаат на царот. Тој гледа пред себе мноштво луѓе, слуша дека сите нешто зборуваат и бараат, но ниту некого препознава, ниту знае точно кој што кажува и кој што бара. Таква е силата на молитвата на оние чиј духовен развој соодветствува на нивото на чистење на срцето од страстите. Не дека Бог не ја слуша и таа молитва, но позади неа не стои потполна посветеност на Бог пројавена преку умирање (туѓинување) во однос на светот, апсолутно послушание и постојан молитвен подвиг. Тоа е молитва чиј одговор е тешко забележлив, особено за неопитните и особено кога се случува надвор од периодот на првата благодат. И бидејќи најчесто, сакале ние или не, таа е наемничка и робовска молитва, ниту може да трае долго, ниту е чиста, ниту ни носи редовно солзи и покајание. Нашата молитва може да прилега и како да се наоѓаме меѓу десетина луѓе блиски до царот. Тогаш тој знае точно кој и како му се обраќа и кој што бара. Таква е молитвата на носителите на дарот на умносрдечната молитва на степенот на просветление. Ова е веќе молитва на ниво на личен однос со Бог, која во истиот момент носи со себе и одговор, ни Го носи Господ. Генерално, сите наши проблеми поврзани со борбата против помислите, со борбата против страстите, па дури и проблемите со телесни болести и болки може веднаш или брзо да се надминат со просто молитвено симнување на умот во срцето. Кога со оваа молитва се призива Божјата помош за нашите ближни, тогаш нејзиното исполнување е сигурно, доволно е да има добра намера и надеж за спасение во оној за кого се молиме. Но, молитвата може да биде и како кога се зборува со царот лице в лице. Таква е молитвата на совршените. Тоа е молитва чудотворна. Во текот на оваа молитва, во рамките на личниот однос, Господ не може а да не одговори и да не му се јави на оној што се моли во вид на несоздадена Светлина, прекинувајќи ја притоа и самата молитва. Кога се во прашање другите, исполнувањето на молитвата повторно зависи од постоење на добра почва во срцето на оние што имаат потреба од неа. Таква, лице в лице, била и молитвата на Натанаил. Потврда за тоа е и неговото апостолско достоинство, дарувано од самиот Господ. Неговото апостолско достоинство очигледно одговара на неговата внатрешна духовна состојба, каков и што бил обичајот за ракополагање и поставување на Апостолите и Епископите во првите три века. Потврда за неговата совршена молитва е и неговата совршена, односно, маченичка смрт. Што можеме да заклучиме од средбата помеѓу Христос и Натанаил и воопшто од преданието на светите Отци за подвигот на богопознанието, а во контекст на денешниот празник – Неделата на Православието? Согласно опитот на сите Светии, единствен темел на вистинскиот духовен живот е вистинската вера. Вистинската вера го соединува човекот со Бог. Учеството во вистинската вера во Црквата истовремено значи и учество во вистинска благодат. Вистинската вера е критериум за вистински духовен живот. Но и вистинскиот, православен и подвижнички духовен живот во Црквата е единствен метод со кој се стигнува до спознание на вистинската вера, до богопознание. Спознанието на вистината, на лично ниво, во строго православна смисла, не е интелектуално човечко достигнување туку, пред сè, е Божји дар на ‘просветленост на умот’ и ‘обожение на личноста’. Дар Божји кој се добива после големиот подвиг на ‘очистување на срцето од страстите’, до крај. Затоа, многу е потребно, покрај подвигот за сочувување на вистинската вера по секоја цена, да се сочува и вистинското аскетско-исихастичко предание во Црквата, преданието на умносрдечната молитва. |
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во оваа недела од светиот пост - Недела на Православието, или
издигнувањето на светите и чесни икони, Црквата Христова го прими
празнувањето на она што се случи за време владеењето на Михаил и
блажената царица света Теодора, и светиот патријарх константинополски
Методиј, сеќавајќи се на победата над иконоборството и воспоставувањето на почитувањето на иконите.
Изменето од makarios - 08.Март.2009 во 20:55 |
|
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Moli se i ti za mene gresniot, brate makarios. AMIN! |
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Особено ме погодија зборовите кои погоре ги задебелив.
Периодот на тримирот претставува вистинско умирање за светот. Својот ум го насочуваме да внимава на зборовите од молитвата, и се обидуваме целото наше битие да се внесе во молитвата. Господи Исусе Христе, помилуј ме грешниот... Господи Исусе Христе, помилуј ме грешниот... Господи Исусе Христе, помилуј ме грешниот... И според силите, да се трудиме овие зборови да ги повторуваме непрестајно. Подвигот на телесниот пост не е толку тежок, кога во своите мисли постојано го имаме Христос, и кога целиот пост е во рамките на послушанието кон својот духовен отец. Благословот од духовникот не` крепи, а молитвата не` нахранува, така што телото не чувствува никаква телесна глад, а се повеќе чувствуваме духовна глад, сакајќи да се насладиме со Преслаткиот наш Господ, Исус Христос. Токму тоа е вистинското умирање за овој свет. Токму ова е оставање на се` и врвење по Него. Господ да не` укрепи во постот, да ни даде сила со леснотија, радост и благодат да го поминеме, во смирение, и колку можеме повеќе во молитва. Проштевајте братчиња и сестрички што ви грешев, со дела, на збор и во помисли... и молете се за мене грешниот! Изменето од makarios - 02.Март.2009 во 01:46 |
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Но, како простувањето и барањето прошка да ни стане освестен подвиг, а не само подвиг кој го правиме со вера и послушност кон Евангелието? Станува освестен подвиг кога ќе осознаеме дека критериум на нашата вина е Богочовекот Христос и Божјата правда, а не човекот и човечката правда. Што значи тоа во пракса? Кога некој ќе нè повреди, ние во тој момент не размислуваме за оправданоста или неоправданоста на неговата постапка туку нашето внимание е свртено кон тоа дали нашите мисли, зборови и дела во тој момент се согласни со Христовите или не!? Дали во мојот ум и срце се случува истото тоа што и во Христовиот ум и срце при таков случај? Дали постапувам исто како и Христос што постапува со оние што го повредуваат? Секако, не! Секако, бескрајно сме далеку од тоа! Па, ете од каде произлегува нашата вина, па дури и вината на оние што се на степенот од обожение, а не од оправданоста или од неоправданоста на повредите што другите ни ги причинуваат... Па, ете каде се наоѓа и неисцрпниот извор на нашето покајание... Затоа никогаш, ама во ниту еден единствен случај немаме оправдание кога не бараме прошка и кога не простуваме! И зборовите од Евангелието: „ако ли не ги простите грешките на луѓето и вашиот Отец небесен нема да ви ги прости вашите“, не се разбираат така како што буквално ги читаме, туку овие зборови значат дека ако не им ги простуваме грешките на луѓето, не дека Бог пак не ни простува (чувај Боже од таква хула!), туку ние самите се одделуваме од Божјата благодат и сами себе се осудуваме и одделуваме од Бог. Ние самите на себе не си простуваме. Но, да се надоврзам на она што најпрво го реков дека: само славољубието, и без другите страсти, е доволно човек да се демонизира. Да не зборуваме за тоа дека ако не внимаваме на славољубието, сите други подвизи можат само да го хранат и да го зголемуваат истото. Затоа Господ Христос и во делот на ослободување од другите два вида страсти посебно нѐ опоменува на славољубието, додека, пак, во делот за славољубието не ги ни спомнува сластољубието и среброљубието. Кога говори за постот вели: „кога постите, не бидете жалосни како лицемерите затоа што тие си ги прават лицата мрачни, за да се покажат пред луѓето дека постат“. Значи, со ова што го вели, Господ нè опоменува да не бараме човечка слава. А кога говори за тоа да не собираме богатство на земјата, вели: „затоа што каде е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше“. Значи, оние што живеат во светот и со светот, Господ ги опоменува дека собирањето богатство само на земјата е барање на сигурност, во крајна инстанца, во себе и во своите способности (самодоволност и самољубие), наместо во Бог и со Бог. А за оние што живеат во манастир тие Господови зборови значат дека не смеат да се задоволат со нивото од првиот степен, туку дека мора да го достигнат второто ниво од духовниот развој. Односно, дека не смеат да се задоволат со чистење на енергијата на умот, туку мораат доволно да ја очистат и суштината на умот, која е во срцето и да го достигнат блаженството на чистите по срце. Зашто, не вели Господ дека каде што е богатството ваше таму ќе биде и умот или разумот ваш, туку вели: „таму ќе биде и срцето ваше.“ Ако страста на славољубието останува и натаму наше богатство, а ние не се бориме против неа, тогаш оваа страст го држи извалкано, заробено и затворено (за умносрдечната молитва) нашето срце, и станува наш идол пред кој на дело се поклонуваме. Нашето единствено богатство е Христос. При умносрдечната молитва, сѐ повеќе и повеќе Го откриваме Христос како единствено богатство на нашето срце и само Нему Му се поклонуваме и го откриваме нашето срце во Него. Ги откриваме бескрајните соборни простори и можности на нашето срце во Богочовекот Христос. Дај Боже да го достигнеме и степенот на обожение и да дознаеме што значат и зборовите на светиот апостол Павле: „јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене“ (Гал. 2, 20), Кој на Крстот го вели она, за нас уште непоимливо, но сигурно есхатолошко и сигурно спасително, дури и за оние што во последен момент ќе се покајат и ќе побараат прошка: „Оче, прости им, не знаат што прават...!“ Простете ми и мене... во Господ Исус Христос и заради Него! |
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А сега следува објаснувањето во врска со оваа недела:
Тајната на Крстот Христов се состои всушност во простувањето. Оној што со надеж на учество во Христовиот Крст сака да учествува и во големата Тајна на Христовото Воскресение, тој простува. И обратно... Ако не му простиме на својот ближен или на својот непријател – сеедно, тогаш сме надвор од евхаристиската и од молитвената заедница со Бог. А ако сме надвор од заедницата со Бог, како воопшто би се случувал процесот на нашето очистување што посебно очекуваме да се интензивира во Великиот пост? Ако не почнеме да се ослободуваме од страста на славољубието преку простувањето и барањето прошка, напразно е да се подвизуваме против сластољубието и среброљубието. Ѓаволот ни јаде, ни пие, ни жени (или мажи) има, ни пари собира, ама е горд и славољубив и тоа му беше доволно да отпадне од Бог. И само заробеноста од славољубието, без другите страсти, е доволна човек да се демонизира. Видете, деца, да не должиме многу, работите се многу едноставни: оној што им простува на сите што му згрешиле, па дури и на своите најцрни непријатели, има Божја благодат во себе, а оној што нема да му прости и само на еден човек, па макар бил тоа и најцрниот непријател, има демон во себе. Простувањето е сведоштво за присуството на благодатта Божја, а непростувањето е сведоштво за заробеноста од демонот. Скоро истото важи и за барањето прошка. Оние што се на вториот степен од духовниот развој – просветление на умот, и ‘да сакаат’ не можат да не простат. Тоа би значело моментално затворање на срцето за умносрдечната молитва. Оние што се наоѓаат на првиот степен – очистување на срцето од страстите, или водат борба со самите себе аскетски на дело да простуваат и да бараат прошка или, за жал, не простуваат и не бараат прошка... Ви зборувам за реално простување, а не за фантазија. Реално простување се случува кога се молиме за оној што нѐ повредил (или заради високото мислење за самите себе, што најчесто е така, мислиме дека нѐ повредил); кога не го озборуваме, судиме и осудуваме тој што нѐ повредил; и кога на дело му помагаме, му чиниме добро и на секој начин гледаме како да се простиме и смириме со оној што нѐ повредил. Ова е задача на сите оние што се подвизуваат во послушание на степенот на очистување на своето срце од страстите. Нивниот подвиг е сѐ уште аскетски затоа што со разумот и со верата сфаќаат дека треба да простуваат и се принудуваат себеси да простуваат иако тоа во тој момент не го чувствуваат. Исто така аскетски бараат и прошка. Ова е задача и на оние што се наоѓаат на степенот на просветлување, со тоа што најчесто тие не си замислуваат дека некој ги напаѓа и повредува туку нападот реално се случува од надвор, преку луѓе, и најчесто без сериозна причина. Кај оние што го имаат дарот на умносрдечната молитва, како што знаете, демонот нема простор да нападне од внатре затоа што нивното срце е доволно очистено од страстите и квантитативно и квалитативно. Господ допушта однадвор напад врз нив за тие да се восовршат во две крстовидни насоки: и во дејствителна љубов кон непријателите односно кон ближните, преку чинење добро, пред сѐ молитвено; и во дејствителна љубов кон Господ, не дозволувајќи умот заради повредената суета да ја прекине својата заедница со Него во срцето која се случува преку умносрдечната молитва. Без дејствителна љубов и кон непријателите, нема премин од просветлување на умот кон обожение. А ова се делата на оние што се дел од светот, а коишто велат за себе дека се христијани, но кои неправилно се подвизуваат (да не кажам нешто пострашно): не се во конкретно послушание на духовен отец, туку неподготвени се самораководат во духовниот живот; го озборуваат, се самооправдуваат, го обвинуваат, го судат и го осудуваат оној што мислат дека ги повредил; и, ако сето тоа не им се види доволно, измислуваат големи лаги и јавно ги шират само за да му наштетат, а себеси да се оправдаат. Забораваат, заслепени од одмаздољубието или од користољубието, дека колку е поголема лагата толку е таа полесна за проверување и толку и тие самите, наместо веродостојни, излегуваат во очите на оние пред коишто лажеле многу сомнителни. Таквите никогаш не бараат прошка. Знам дека треба да помине време за сето ова да се освести, но човек треба да работи на себе и да се покае на дело, а не уште повеќе да заглавува. Оној што сè уште се самооправдува и ги осудува другите, не може вистински да простува и да бара прошка. За оние, пак, што се посветиле на Бог, ваквиот начин на живот значи страшно губење на време, голема неплодност и промашување. |
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Од денеска започна Сиропусната недела, односно недела со која започнува Великиот Пост. Сиропусна значи, дека од исхраната се отпушта сирење, т.е. млеко, јајца и млечни производи. Оваа недела уште се нарекува и недела на простувањето.
На вечерната богослужба доаѓаат сите свештеници од парохијата, и сите се простуваат еден со друг, а исто така бараат прочка и од народот. Исто така, и народот се простува еден со друг, а бараат прочка и од свештениците. Сакам да ви ја пренесам беседата на владиката Наум, кажана денеска на вечерната богослужба во Струмица: Деца, влегуваме во периодот на Големиот пост. Почнуваме со „тримерот“. Во Црквата Божја ова не е само период со некој посебен ред и правила, ова е пред сè период на посебна благодат. Знаеме дека овој период на радост е Божји дар во кој целиот наш подвиг полесно го доживуваме. Полесно постиме, полесно се молиме, полесно простуваме, полесно ја живееме тајната на севкупното покајание. Кога некој би побарал од мене со еден збор да го опишам овој период, а посебно првите три дена, јас би го употребил за таа цел зборот „слобода“. Тоа е чувството што ме прозема и што го доживувам секој пат на почетокот од светата Четириесетница. Без слобода нема ни личност, ни личносни односи. Без слобода нема ни љубов. Најнапред треба да се ослободиме од ропството на нашите страсти, односно да се ослободиме од ропството на гревот, смртта и ѓаволот. Ова сите го знаеме. Но видете го овој предвкус на слободата што ни го дарува Бог во првите три дена. Видете ја оваа радост. Повеќето од нас ниту нешто јадеме, ниту нешто пиеме. Кога светот ќе слушне за ова, просто не верува дека е ова возможно. Но дали е сè во нејадењето и во непиењето? Нормално не е. Постот е пред сè во смирението. Сите што имаме опит од „тримерот“ знаеме дека колку повеќе од времето поминуваме во исполнување на послушанието од нашиот духовен отец и колку повеќе од времето поминуваме во молитва и читање на светите Отци, толку полесно и порадосно ги поднесуваме гладот и жедта. И обратно, колку повеќе сме расеани и зафатени со обврските од овој свет, толку потешко ни паѓа телесниот пост. Оние пак што се вратиле во домот на својот Небесен Отец, односно оние кои молитвено влегле во своето срце, можат да ви посведочат дека ниту жед ниту глад чувствуваат, и не само во тие три дена туку многу повеќе. Богочовекот Христос вели: „Човекот не ќе живее само од леб, туку од секој збор што излегува од устата на Бога“ (Матеј 4, 4). Тоа значи дека вистинскиот живот на човекот произлегува од благодатта Божја. Благодатта Божја била главното јадење и пиење и облека на Отците од пустината на чии неверојатни подвизи се восхитуваме. Ги имаме примерите во житијата на светите Отци. Во нашите денови, го имаме примерот на преподобниот Отец Гаврил, Епископот Велички. Но, пред сè го имаме примерот на нашиот Господ Богочовекот Исус Христос, Кој четириесет дена ништо не јадеше во пустината (види Лука 4, 2; Матеј 4, 2). Значи, деца, послушанието и молитвата, посебно за нас монасите, се единствена основа на која се крепи нашиот подвиг на постот како севкупно ослободување од страстите (и од славољубието и од среброљубието), а не само како ослободување од телесните страсти (од сластољубието). Тоа е одликата на вистинскиот пост. Инаку сè друго мириса на суета и демонска гордост. Затоа кога учениците Го молеа да јаде, Христос им одговори: „Јас имам храна за јадење што вие не ја знаете“. А кога учениците зборуваа помеѓу себе: „Да не Му донел некој јадење?“, Исус им ја открива тајната: „Мојата храна е да ја исполнувам волјата на Оној, Кој ме прати и да го извршам Неговото дело“ (Јован 4, 32-34). Тоа е и Христовата и нашата вистинска храна. А Божјото, односно Христовото дело е спасението на човекот и светот, кое Тој го извршува и го извршил во и преку Своето Тело – Црквата, преку нас христијаните. И затоа полнотата на креативноста на секој христијанин се состои во посовршено исполнување на Божјата волја и во посовршена молитва за целиот свет. Во тоа се состои и соборната димензија на подвигот на постот. Гледате, деца, од сето ова погоре кажано, колку подвигот на „тримерот“ личи и одговара на моментот кога пред светото Крштение се одрекуваме од сатаната и од сите негови мисли, зборови и дела, од сета негова гордост и од сите негови помошни сили. Гледате ли колку подвигот на „тримерот“ го објаснува монашкото одрекување од светот како смрт за овој свет, до добивањето на дарот на умносрдечната молитва. Гледате ли колку периодот на „тримерот“ е и икона на Царството Небесно каде што Богочовекот Христос на сите им е сè, па дури и вистинско јадење и пиење. Затоа, деца, подвигот на „тримерот“ значи и возобновување на заветите што сме ги дале при светото Крштение, значи и возобновување на монашките завети и подвиг и значи возобновување на надежта на Царството Небесно внатре во нас. Христос воскресе! |
|
nelson
Сениор НАИВЕН НА МАЈКА Регистриран: 11.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 6313 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
naaa tie so postat
|
|
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нека ни е лесен, благословен и радосен постот
Изменето од Опитен - 01.Март.2009 во 17:52 |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сиропустна (Бела) недела Драги форумџии, денес е празник Недела Сиропоустна („Прочка - Поклади“). Овој ден во Црквата Христова е од големо значење. Денес, секој со секого, треба да се измири за да можеме, растоварени, да го започнеме Великиот Велигденски пост. Низ овој период, верувам, секој од нас различно ќе се однесува. Секојдневните обврски, и општо, животот продолжува. Во него ние сме активни чинители. Што ќе рече, од нас многу работи ќе зависат. Добро и богоугодно би било ако тоа биде во согласност со Одредбите на Црквата. Сè треба добие правилно насочен тек. „Двигателот“ (нашиот разум) треба сите наши делови да ги насочува кон Севишниот - сите да Му служат Нему. И стомакот, и рацете, и ноѕете, и ушите, и очите - сè. Ако, пак, малку „подзаборавиме“ на храната (телесна) нема ништо (телесно) да изгубиме, а, живеејќи согласно Божјите заповеди, ќе можеме да се издигнеме над себе си. Тогаш ќе се увериме дека Бог прави чуда, дека лесно можеме да ги направиме нашите (телесни) потреби да бидат движечка сила во обезбедувањето на „подобри позиции“ на нашата, од Бога дадена, душа. На сите членови на Форумов, припадници на Светата Православна Христова Црква, што се подготвуваме да го започнеме подвигот на постот, Семилостивиот Господ Бог да ни помага подготвени да го дочекаме Христовото Воскресение. Ги молам сите форумџии што, во изминатиот период, на било кој начин, сум ги растревожил или навредил да ми простат. Господ нека биде со сите нас. Изменето од Miki_P - 01.Март.2009 во 19:00 |
|
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Истиот заклучок сакам да го изведам и за оние што Страшниот суд ги затекнува во грев и пад. Со тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно (одете од Мене, проклети), не се работи за ништо друго освен што Тој на сите им дава само уште една можност за покајание. И наместо да признаат дека ја заслужиле казната и да побараат прошка и милост од Семилостивиот Христос и да се спасат во последен момент, тие се самооправдуваат и Го обвинуваат Господ и на самиот Страшен суд: „Господи, кога Те видовме...“ О, безмерно безумие!? О, демонско непокајание!? Со еден збор, сите оние што во текот на целиот свој живот се самооправдуваа и ги обвинуваа другите што друго знаат освен и пред Христос на Страшниот суд истото тоа да го повторат. Остануваме неми пред Твојата љубов и долготрпеливост Христе, Боже наш... Кој сакаш сите да се спасат... Но време е да се приземјиме малку со уште две практични поуки кои произлегуваат од толкувањето на денешното евангелие. Доколку не сте го направиле тоа на еден од овие најмали браќа, Мене не сте Ми го направиле. Ајде сега да ги погледнеме овие зборови и од аспект на љубовта спрема непријателите и да се потсетиме на нешто што и порано сме го чуле... Имено, кога ние се трудиме аскетски да ги љубиме оние што нас нè мразат и кога се трудиме да не им враќаме со зло на злото што ни го прават, тогаш на таквите им оставаме простор за покајание. Само Господ знае кога ќе им истече времето за покајание, но исто така и нема да дозволи тие бесконечно да ни причинуваат зло. Нашиот подвиг не треба да е втемелен врз нашето очекување да им помине времето за покајание и да им се случи некое зло, туку врз надежта дека тие навистина ќе се покајат и ќе се спасат. Кога, пак, овие зборови ги поврзуваме со делот од Евангелието во којшто се вели „Кој ве прима вас Мене Ме прима, а кој Ме прима Мене, не Мене Ме прима, туку Оној Којшто Ме прати“, тогаш тие се однесуваат на нашиот однос кон оние што Господ ги поставил да управуваат со Црквата, а меѓу другото тие се однесуваат и на односот на оние што живеат во манастир кон нивните настојатели. Што значи дека, ако вие што живеете во манастир не ја примате сестрата или не го примате братот што јас сум ги поставил за старешини, тогаш немате ништо со мене којшто сум ги поставил на тоа место. Ако не ме примате мене, тогаш немате ништо со Христос и со нашиот Отец Небесен. Инаку, страшен Суд, пред страшниот Суд, е секоја средба со нашиот ближен. Страшен суд, пред страшниот Суд, е секое наше застанување на молитва, особено кога нашиот ум ќе застане пред престолот на нашето срце, пред Господ. Страшен Суд, пред страшниот Суд, е и секоја Света Литургија, како веќе и уште не: спомнувајќи си ја сега оваа спасителна заповед, а и сето она што заради нас стана – крстот, гробот, тридневното воскресение, вознесението на Небесата, седнувањето од десно на Тебе Бог и Отецот како и второто и славно Христово пришествие – Твои дарови од Твоите на Тебе Ти принесуваме за сите и за сѐ... |
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Деца, отсекогаш моето внимание, во денешново евангелие, најмногу го привлекувале зборовите: Господи, кога Те видовме гладен и Те нахранивме, или жеден и Те напоивме? Кога Те видовме странец и Те прибравме, или необлечен и Те облековме? Кога Те видовме болен, или во затвор, и Те посетивме?
Од една страна, се восхитував на смирението на оние што застанаа од десно на Господ, а од друга страна се чудев на лудоста и на дрскоста, пројавена преку самооправдувањето и окривувањето, и тоа на Господ, на оние што се најдоа на левата страна. Ова е само уште еден пример дека самооправдувањето секогаш оди заедно со префрлување на вината на другиот (па макар тоа бил директно и Господ) и со отпаѓање од Бог. Да се вратиме на однесувањето на оние што Господ ги оправда. Интересно е и полезно да знаете што значат зборовите „Господи, кога Те видовме...“ на оние што Страшниот суд ги затекнува на секој од степените на духовниот развој, поодделно: Оние што Страшниот суд ги затекна на степенот на очистување на срцето од страстите ги велат гореспоменатите зборови затоа што и покрај подвигот да ги исполнат Христовите заповеди во пракса, живеејќи во грижите на светот, не Го видоа Господ во своето срце преку дарот на умносрдечната молитва. Оние што Страшниот суд ги затекна на степенот на просветлување на умот ги велат гореспоменатите зборови затоа што и покрај подвигот на умносрдечната молитва и на љубовта кон непријателите, најчесто заради пастирски обврски во светот, не Го видоа Господ во своето срце и надвор околу себе преку дарот на гледање на несоздадената светлина. Оние што Страшниот суд ги затекна на степенот на обожение ги велат гореспоменатите зборови затоа што и покрај подвигот на непрестајната молитва и на плачот за целиот свет, заради злоупотреба на слободата од страна на оние што сами себе се ставија на левата страна, не Го видоа Господ и во нив. Господи помилуј...! Со еден збор, сите оние што во текот на целиот свој живот се смируваа, што друго знаат освен и пред Христос на Страшниот суд да се смират. Интересно е и полезно да знаете и што значат зборовите „Господи, кога Те видовме...“ на оние што Страшниот суд ги затекнува во грев и пад. За да сфатите полесно, прво сакам да ве потсетам на Адамовиот пад. Како што сите знаеме, откако Адам и Ева каснуваат од забранетиот плод, остануваат одголени од Божјата благодат и ја нарушуваат заедницата со Бог. Но, кога Бог ги прашува дали јаделе од забранетиот плод, наместо да се покајат Адам покажува голема гордост самооправдувајќи се и обвинувајќи ги за својот пад пред сè Бог (жената која ми ја даде Ти), а потоа и Ева (таа ми даде од плодот на дрвото и јас јадев). И Ева одговара гордо, самооправдувајќи се: змијата ме измами и јас јадев. Светите Отци велат дека само еден од нив двајцата да побарал прошка, и двајцата немало да бидат избркани од рајот, со сите последици што сите ние до ден денес ги гледаме и ги трпиме, како наследници на последиците од нивниот пад. Сакам да заклучам дека, со тоа што Бог ги бара нашите Праотци Адам и Ева и стапува во дијалог со нив, не се работи за ништо друго освен што и на двајцата им дал само уште една можност за покајание. |
|
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
AMIN, brate makarios! |
|
Внеси реплика | страница <1 23456 7> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |