IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Биди член на ЦРКВАТА ХРИСТОВА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Биди член на ЦРКВАТА ХРИСТОВА

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 22>
Автор
Порака Обратен редослед
Pravoslaven Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 705
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslaven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2009 во 23:25
makarios, сериозно те прашувам и очекувам сериозен одговор од тебе:
Kакви христијани биле апостолиоте Петар, Јаков, Јован и Павле?
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2009 во 21:34
Originally posted by izvoren izvoren напиша:

Originally posted by makarios makarios напиша:


Истото важи и за Ев (кој се појавува на форумот со литија).Признајте си дека сте баптисти, па ќе разговараме. Во спротивно, каков збор и да кажете, колку и да е вистинит, ја губи силата затоа што лажно се преставувате.


Не можам да ве разберам зошто упорно не дозволувате некој да се нарече христијанин?

Доколку вие не се чувствувате како христијани ( бидејки се декларирате како православни ) немојте да им го спорите тоа право на тие што се чувствуваат како христијани така да се идентификуваат.


Кажете се какви христијани сте! Во која регистрирана верска заедница во Македонија припаѓате. Никој не ви оспорува да се нарекувате христијани. Ама, има православни христијани, римокатолички христијани, протестантски христијани и баптистички христијани.

Кажете во која верска деноминација (официјално регистрирана во Македонија) припаѓате, и муабетот ќе биде подруг.

Додека се криете под зборовите „изворни“ и „библиски“, ќе сметаме дека лукавствувате.
Кон врв
izvoren Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 700
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај izvoren Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2009 во 16:45
Originally posted by Miki_P Miki_P напиша:



Originally posted by izvoren izvoren напиша:

Не можам да ве разберам зошто упорно не дозволувате некој да се нарече христијанин? ...



Знаеш, пријателу, не е проблем во тоа што сте, туку во тоа што се претставувате во тоа што не сте. Какви се тие христијани што го немаат Христа!? Гледаш ли што направивте!? Го искривоколчивте учењето Христово. Христа Го претворивте во стихови и цитати. Уште ли не знаеш што е кривоверие!?!?!?




Кога збориме за искривување на Христовото учење, тоа се однесува на вас православните кои преку светите отци и нивните житија плус надополнувањата од секој поп индивидуалец, добивте една каша од сите светски религии.

И добро е што не се нарекувате христијани!
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2009 во 16:35


Originally posted by izvoren izvoren напиша:

Не можам да ве разберам зошто упорно не дозволувате некој да се нарече христијанин? ...



Знаеш, пријателу, не е проблем во тоа што сте, туку во тоа што се претставувате во тоа што не сте. Какви се тие христијани што го немаат Христа!? Гледаш ли што направивте!? Го искривоколчивте учењето Христово. Христа Го претворивте во стихови и цитати. Уште ли не знаеш што е кривоверие!?!?!?


Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
izvoren Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 700
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај izvoren Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2009 во 15:55
Originally posted by makarios makarios напиша:


Истото важи и за Ев (кој се појавува на форумот со литија).Признајте си дека сте баптисти, па ќе разговараме. Во спротивно, каков збор и да кажете, колку и да е вистинит, ја губи силата затоа што лажно се преставувате.


Не можам да ве разберам зошто упорно не дозволувате некој да се нарече христијанин?

Доколку вие не се чувствувате како христијани ( бидејки се декларирате како православни ) немојте да им го спорите тоа право на тие што се чувствуваат како христијани така да се идентификуваат.
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2009 во 15:42




За доближувањето кон Бога преку оддалечувањето од светот

Никој не може да Му се приближи на Бога ако не се оддалечи од светот. Оддалечување од светот ја нарекувам не преселбата (на душата) од телото, туку оддалечувањето од световните дела. Во тоа и се состои добродетелта, човекот во својот ум да не се занимава со светот. Сè додека сетилата се занимаваат со надворешни работи, срцето не може да престојува во тишина ниту да биде без фантазии. Телесните страсти не можат да се умртват ниту лукавите помисли можат да се уништат без пустинување [оддалечување во пустината]... (Слово 1)

Твојата молитва треба да биде како твојот живот. Бидејќи оној што е приврзан за земното не може да го достигне небесното, и оној којшто е зафатен со светското не може да го бара божественото. Зашто, желбата на секој човек се покажува преку неговите дела. Кој го сака она што е големо, тој не се занимава со она што е безначајно (Слово 5).

Браќа мои, би требало да знаете дека во сецелото наше служење Бог ги сака и надворешните форми, одреденото (конкретно) почитување и видливите начини на изразување на богобојазливост – не заради Себеси, туку заради нас. ...Имено, многумина во своите помисли го запоставија сето тоа и си вообразија дека за Бога е доволна само молитвата на срцето. Велат тие, дека кога лежат на грб или седат во недолична положба, доволно е божем само внатрешното сеќавање на Бога...

Не ја зедоа предвид силата на противникот, поради што и паднаа во прелест и се препуштија на нејзините дејства. Тие не разбраа дека се смртни и дека ги придвижува нивната душа, на која ѝ е својствено да отстапува, дека сè уште не ја достигнале духовната состојба, дека сè уште не (им) се случило воскресение и дека сè уште не стекнале непоколебливост.

Како што целото мноштво закони и заповеди што Бог им ги даде на луѓето ја имаат за граница (крајна цел) чистотата на срцето, така и сите родови и видови на молитва со кои луѓето Му се молат на Бога ја имаат како граница чистата молитва. А после оваа граница ќе биде восхит, а не молитва, затоа што сè молитвено престанува, настанува одредено созерцание и умот не се моли со молитва. Свети Исаак Сирин.





Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2009 во 02:04
Братче, ниту си покажал, нити си докажал.

Јас пак би те советувал, ако не ти одговара нешто не ја читај темата. Можеш комотно да пишуваш на друга тема тоа што сметаш дека е арно.

Ако ова ти смета, зошто не кажеш на која деноминација и припаѓаш? Да лукавствуваш е ѓаволска работа. Се претставуваш како православен со икона од Пресвета Богородица за аватар, а збориш против тоа. Истото важи и за Ев (кој се појавува на форумот со литија).

Признајте си дека сте баптисти, па ќе разговараме. Во спротивно, каков збор и да кажете, колку и да е вистинит, ја губи силата затоа што лажно се преставувате.


Изменето од makarios - 11.Февруари.2009 во 02:16
Кон врв
Pravoslaven Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 705
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslaven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2009 во 01:50

makarios, не јас, туку вие, доколку сакате да блогирате православни книги/спамови, тогаш отворете си православен блог или (бидејќи вие е веќе дозволено) отворете си православна тема и во неа блогирајте си ги вашите православни спамови, а не истите да ги блогирате на една ваква тема насловена како "Биди член на Црквата Христова", затоа што "Црквата Христова" според многумина на форумов е нешто многу поразлично од "Православната Црква".

Веќе докажавме дека односот на Христос и апостолите кон Марија е нешто дијаметрално спротивно од односот кој православните го имаат кон неа. Покажавме и докажавме дека Христос воопшто не ја издигнал Марија над другите жени, додека денешните православци и даваат Божествени титули, ја воздигнуваат како "Најголемата", ја нарекуваат: Владетелка, Господарка, Спасителка и што уште не.
Видовме дека Исус во евангелијата не ја нарекувал ни "мајко" (туку "жено"), додека пак "мајка" ги нарекол Своите ученици.
 
Исто така познато ни е дека Христос и апостолите не практикувале некакви листи на молитви (за пред јадење, за пред учење, за пред спиење, за пред бричење, за пред туширање, за пред четкање заби итн) и дека таквата пракса воопшто не е позната во Црквата Христова, туку е пракса на православието.
 
Оттаму сметам дека сето ова што го пишувате е крајно погрешна слика за Христовата Црква и како Христов следбеник должен и обврзан сум да ги разобличувам таквите, според мене лажни, претстави за истата.
 
Затоа, или префрлете си ја вашата православна пропаганда на некоја православна тема и таму блогирајте си ги вашите текстови, или пак немојте да ми кукате кога и јас ќе си го искажувам своето видување на тоа што се пишува тука.
Поздрав!
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2009 во 17:21
Цитирај [Pravoslaven] ... Зарем има нешто понедолично од отварање на БЛОГЕРСКА тема и пишување оф-топик на неа????


Мислам дека си крајно невоспитан и вулгарен. Се прашувам, што бараат кривоверци на оваа тема. Ти можеш да биде враг, но не и христијанин. Со мали исклучоци, во ова си ги уверил сите на Форумов.

Оваа тема (која ја отворив јас) имаше и има задача преку неа, сите членови и заинтересирани, да се утврдиме во вистинското и спасително учење на Господа и Бога и Спасителот наш Исус Христос. Покрај други теми и разговори, постираме и молитви. Тие се наш постојанен сопатник во настојувањата да се соединуваме со Христа, т.е. да го умилостивиме нашиот Спасител и Господ да се смилува над нашите многубројни прегрешенија.

Не разбирам, зошто сме of-topic!? Со ова покажуваш дека е можно да си of-разум.
Ги молам сите членови на Црквата да ми простат за овој „излет“, зашто мислам дека е многу тешко да се комуницира со овој член на Форумов. Тој, се што ни е свето го погани. Треба да не му го дозволиме тоа.

Ги молам модераторите нека ја „смират“ оваа персона.

Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2009 во 15:22
Ај да не изигиравам модератор, ама, навистина, ако не ти чини - не читај. Отвори си твоја протестантска тема и постирај си свои текстови.
Кон врв
Pravoslaven Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 705
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslaven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2009 во 14:12

Апостолот Павле сведочи за молитвата, ама не ЗУЦНУВА ниту збор за некакви молитвеници, за некакви листи на молитви за пред јадење, за после јадење, за пред туширање, за после туширање, за пред голема нужда, за после тоа, за пред качување во автобус, за пред купување билет, за пред седнување на столчето итн. Ништо од ова нема допирни точки со Црквата Христова, ниту пак со нејзиното "членство" како што говори насловот на оваа блогерска тема.

Зарем има нешто понедолично од отварање на БЛОГЕРСКА тема и пишување оф-топик на неа???? збунетост
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2009 во 14:04
Originally posted by Pravoslaven Pravoslaven напиша:

А имате ли некоја молитва за пред бричење? (за да не се исечеме со бричот) Или некоја за пред голема нужда? (запек да не не фати среќа)
 
Извинете што сум малку саркастичен ама горново спамирање го сметам за поголем сарказам од било што. Каква врска имаат овие извадоци од некој православен молитвеник со тоа да се биде член на Црквата Христова? Зарем апостолите и првите христијани имали вакви листи на молитви? (за пред учење, пред јадење, пред бричење, пред туширање и сл.)
Зошто не си отворите уште една БЛОГЕРСКА тема (како и сите останати) "Православен Молитвеник" и таму блогирајте си ги вашите молитвеници?


Ова недоличие е комбинација од братљубе и евангелос. Се разбира, недоличието на братљубе, а констатацијата за спамирање и блогерство на евангелос.

Ама, и самото повторување на ова е спамирање. Значи, престанете да спамирате и да делите правни поуки до администраторите. Ако нешто не е во склад со темата, админите си знаат како да го средат.

Да, и молитвите значат да бидеш дел од Црквата Христова. Затоа што ние кои сме во Црквата Христова, практикуваме молитви постојано и во секаква прилика, и се надеваме дека Господ ќе ни се смилостиви, ќе не` очисти од страстите, ќе ни го просветли умот, и ќе ни даде сили да имаме непрестајна молитва -онаква, за која сведочи Свети апостол Павле.
Кон врв
Pravoslaven Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 705
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslaven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2009 во 13:31
А имате ли некоја молитва за пред бричење? (за да не се исечеме со бричот) Или некоја за пред голема нужда? (запек да не не фати среќа)
 
Извинете што сум малку саркастичен ама горново спамирање го сметам за поголем сарказам од било што. Каква врска имаат овие извадоци од некој православен молитвеник со тоа да се биде член на Црквата Христова? Зарем апостолите и првите христијани имали вакви листи на молитви? (за пред учење, пред јадење, пред бричење, пред туширање и сл.)
Зошто не си отворите уште една БЛОГЕРСКА тема (како и сите останати) "Православен Молитвеник" и таму блогирајте си ги вашите молитвеници?
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2009 во 10:52
МОЛИТВИ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ


Молитва пред почетокот на секоја работа

    Господи Исусе Христе, Сине Единороден на беспочетниот Твој Отец, Ти си рекол со Твојата пречиста уста: Без Мене не можете да правите ништо. Господи мој, со вера го примам ова што си го рекол. Ти се молам, помогни ми започнатото дело успешно да го завршам, во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух. Амин.

Молитва пред одење на училиште

    Милостив Боже, Ти си вечната премудрост и изворот на духовната светлина и на знаењето. Испрати ми ја благодатта на Твојот Свет Дух, за да се просвети мојот ум и моето срце и да биде отстранета од мене секаква духовна мрзливост. Со Твојата благодатна помош полесно ќе го усвојувам полезното знаење, ќе го разбирам учењето што ни се предава, ќе бидам добар ученик, нема да се расејувам и нема да ги заборавам моите должности. Нека мојата душа биде секогаш отворена за добрата наука и за вистинското знаење. Со нив да го збогатам мојот ум, да го облагородам моето срце, да Те познавам Тебе - вистинската Мудрост и Добрина, и да им послужам на блиските и на народот мој. Амин.

Молитва пред учење

    Преблаг Господи, испрати ја благодатта на Твојот Свет Дух што ги просветува и окрепува нашите душевни сили: да внимаваме што ни се предава, та да бидеме радост на нашите родители, да бидеме од полза на нашата Татковина и на Светата Црква. Амин.

Молитва пред ручек

    Господи Исусе Христе, Боже наш, благослови ни го јадењето и пиењето нам, на Твоите чеда и умножи го во овој дом по молитвите на Твојата Пречиста Мајка и на сите Твои светии. Амин.

Молитва по ручекот

    Ти благодариме, Христе, Боже наш, што нè насити со Твоите земни блага. Не лишувај нè од Твоето небеско царство, но како што си дошол меѓу Твоите ученици, давајќи им го Твојот мир, така дојди и кај нас и спаси нè.
Молитва пред вечера

    Ќе јадат сиромасите и ќе се наситат, и ќе го прослават Господа оние што го бараат, нивните срца ќе живеат во вечни векови. Амин.

Молитва по вечерата

    Господи, Ти нè развесели со Твоите созданија; се радуваме на делата од Твоите раце. Господи, се покажа светлината на Твоето лице и на нас; Ти го развесели моето срце повеќе отколку што ќе се развеселеше од пченица, вино и елеј. Во мир ќе заспијам и ќе се успокојам, зашто Ти си со мене, Господи, моја единствена надеж.

Молитва по учење

    Ти благодариме, Создателу, што нè удос тои со Твојата милост да можеме внимателно да ја слушаме науката што ни се предава. Спаси ги и помилуј ги нашите старешини, родители и учители, кои нè водат кон познавање на вистината, а нам дарувај ни сила да можеме да го продолжиме полезното учење.

Молитва по завршувањето на секоја работа

    Христе мој, Ти си исполнување на сите мои желби, исполни ја со радост и веселба мојата душа и спаси ме, зашто си многумилостив.

Молитва по завршување на работниот ден

    Ти благодарам, Господи Исусе Христе, Боже мој, што ме удостои да се вратам здрав и неповреден од работа, та со бодро и благодарно срце да Ти пеам и да Те славам. Ти, божествениот Работник, не сметаше дека трудот унижува, туку со Твоите пречисти раце трудот го освети. Дај да се одморам од работата, со која ја исполнив Твојата волја. Пресвети Владико, Ти си рекол: Мојот Отец досега работи, и Јас работам. Со ова си ни оставил заповед усрдно и послушно да се трудиме во Твое име. Ти благодарам уште, премилостив Боже, затоа што ми даде сили, трпение и желба за работа, што не позволи да се вгнезди во мене мрзливоста, незадоволството и негодувањето, ами милостиво ме награди со радост од работата и ме исполни со признателност кон Тебе за Твојата постојана помош. И сега, кога Ти принесувам благодарствена песна, Ти се молам и во останатото време од мојот живот да ми бидеш крепок помошник во секое добро и на Тебе угодно дело, та и во вечноста да ја добијам наградата, приготвена за сите што се труделе во Твое име. Амин.
    Милосрден Господи и Владико на мојот живот, Ти си рекол: Дојдете при Мене сите изморени и оптоварени Јас ќе ве успокојам. Ете, доаѓам при Твојата благост и моето срце го приклонувам под Твоето меко крило, дарувај им мир на мојата душа и на моето тело, изморени од тешката дневна работа. Да се одмори моето срце, мојата душа да се успокои во Тебе, мојот Господ и Спасител, за да ја видам и јас, недостојниот Твој слуга, вечната светлина на Твојата вистина и да го прославувам секогаш Твоето пресвето име, името на мојот Благ Господ и Закрилник. Амин.
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 22>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.