|
Дали фрлањето по крстот е христијански чи |
Внеси реплика | страница <1 23456> |
Автор | ||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ај да расчистиме некои непотребни недоразбирања тука...
Тоа што во некои цркви е организирана лицитација за крстот, не го гледам како проблем - едноставно е нешто што се прави во целиот свет (англискиот термин е "fundraising") за да се соберат средства за црквата, за одреден проект, за некоја иницијатива... Се поставуваат на лицитација икони, крстови, уметнички ракотворби... Ова е секогаш поефективен начин на собирање на донации и се применува пред се во неправославните цркви во САД - речиси секоја недела има такви иницијативи. Колку до к*рбанот... тоа е чиста грешка и грев на луѓето кои го прават. Но... не гледам како е тоа грешка на црквата, кога црквата јавно изјавила дека тоа не треба да се прави. Не само - ами никаде не видов поп да го благословува к*рбанот или нешто слично... Но - во контекст на тоа што претходно го зборував - погледне ги изјавите на луѓето кои учествувале во к*рбанот. Начинот на кој е извршен и начинот на кој се опишува влече корени во исламот. Не заборавајте дека 500 години имало исламско влијание во тој крај! Повторно, ова само го докажува тоа дека црквата (иако бавно) се оддалечува од овие појави и се повеќе се обидува да го едуцира народот, но обичаи кои се наметнати и применувани со векови, тешко се елиминираат. Зарем треба црквата да ги проклне оние кои згрешиле? Или треба да ги поучи и да ги посоветува и да се надева дека следната година ќе бидат подобри... а ако не се - повторно ќе ги посоветува... се додека не научат самите. |
||
Do what is right, come what may...
|
||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не не не, во заблуда си. Изворните христијани не ги разобличуваат ересите и паганизмите во христијанството затоа што некои ткн. "свети отци" тоа го правеле, туку затоа што нивниот Господ и Учител Исус Христос Го правел тоа, затоа што истото го правеле и Христовите апостоли и затоа што тоа им за заповедано во Библијата
(2 Tимотеј 4)
проповедај го словото, настојувај во време и во невреме, изобличувај, прекорувај, охрабрувај со сета трпеливост и со поука.
А интересно е и продолжението на горенаведениот стих...
Зашто ќе дојде време, кога луѓето не ќе ја трпат здравата наука, туку според своите страсти ќе си насоберат учители, за да им ги скокоткаат ушите, 4 и ќе ги одвратат ушите од вистината, а ќе се свртат кон бајки.
|
||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
||
Pentakostalec
Сениор Регистриран: 11.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Nejkam da sudam samo sakam da go kazam mojto mislenje okolu ovaa tema...Frlajeto na krstot ne go svkjam kako paganska rabota tuku go svkjam kako blagoslov od BOG zosto toj so kje go fati bilo bil siromasen,bogat e eden blagoslov za nego kje dobie televizor,paricen pridones i drugi raboti sto svarno se blagoslov... e sea imam edno prasaje do pravoslavnite vernici od distanca da vidam samo sto mislat za ova znachi preeska slusav na vestite ova:
Vo Edno skopsko selo kolele ZRTVA tele li ne znam so za nivniot Sv.Jovan za srekja itn,Zaklanata ZRTVA ja nosele vo CRKVATA i tamu ja gotvele i jadele od toa jadeje potocno od ZRTVATA pridonesena...a crkvata seto ova go dozvoluva so izlez od ovaa situacija so recenicata ISUS bese poslednata zrtva ama pak se dozvoluva toes CRKVATA dozvoluva ova mene mi lici kako "Ne Treba da se Krade ama aj ako nemas opjackaj edna prodavnica nema vrska NEMAS" ne osuduvam samo sakam da vidam vie kako gledate na situacijava i Sakam samo da kazam toa za Raskata,Kredata e zborot mi e deka nie povekjeto od forumov se znaeme preku msn mn se retkite licno sto se poznavaat a nekoj dali i preku msn se znaat znaci nie nemame pravo na nekoj da kazeme izvadisija raskata od okoto ili kredata znaci nie ne znaeme on dali iskreno mu sluzi na tatkoto,kako sluzi,da li pravi dela toes ja pokazuva verata i mn drugi raboti Daj da ne go izgovarame slovoto naprazno a i nekogas bolat takvite stihovi mozes da se osetis gadno taka da bideme prepazlvi i nie treba da bideme primer na Edinstvo i mn drugi raboti za drugite clenovi od forumot sto ne se hristiani sto ne se posveteni na BOG itn... Изменето од Pentakostalec - 20.Јануари.2009 во 02:41 |
||
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
|
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Да, да... токму за тоа зборувам...
Затоа што токму луѓето кои тврдат дека не се како светите отци и дека се "изворни" - го прават истото... |
||
Do what is right, come what may...
|
||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
zidarski, зошто толку се возбудуваш кога некој критички разобличува одредена вера? Зарем тоа не го правеле и прават оние кои вие ги нарекувате "свети отци"? Дали ти се познати следниве дела:
Против Маркион
Против паганите
Против аријаните
Против манихејците
Против иконоборците
Против Несторие
Против луциферијанците
Против донатистите
Притив Пејагије
Против Евномије
Против... против... против!!
Од друга страна, сите вселенски собори официјалната тогашна црква ги свикала за да осудат некое еретичко учење, за критички да разобличат некоја ерес, а тебе те читам на секоја тема негодуваш затоа што некој го прави истото што го правеле и оние кои ти ги светкуваш како "свети отци"?
Како беше она со раската?
|
||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ете, имате можност, проповедајте... Наместо да хулите по други, зборувајте за тоа што вие го знаете и имате...
|
||
Do what is right, come what may...
|
||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Очекувано е пародијата да отишла и дотаму. Да не знае човек дали да се смее или да плаче кога ги гледа овие работи на вестите.
И после сето ова, свештениците ќе им речат на евангелистите: "Одете проповедајте го евангелието во Африка, а не тука. Тука луѓето одамна го слушнале евангелието и се упатени во христијанството!"
Или пак нашиот драг Опитен за Христовата заповед "одете и проповедајте го евангелието на сите народи", ќе рече:
Замислте, Опитен вели дека заповедта на Христос била премногу нападна, нетолерантна и асимилирачка, а нашиов народ што коле кyрбан и купива "сверт крст" на лицитација бил христијански народ, а не незнабожец
Би сакал да му упатан една порака на Опитен доколку ме чита:
Евангелието денес треба да се проповеда И СЕ ПРОПОВЕДА повеќе од било кога. А во Македонија евангелието прво треба да им се проповеда на архиепископот, владиците, свештениците, монасите, поповите, а потоа на секој жител во Македонија. И потоа, доколку го прифатат христијанството, дури потоа ќе може нашиот г.г. да каже "народе христијански...", а се додека колат кyрбани, скокаат по крстови, палат и благословуваат пагански огнови, вртат лепчиња со паричиња итн. срамота е да го спомнуваат и валкаат Христовото свето Име со овие обичаи чии корени се во паганството.
И јас ќе кажам како izvoren. Јас не сум против православните обичаи, но сум против тие да се поврзуваат со христијанството.
|
||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
||
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
прво ги сотревте огњевите
а сега и крстот појма немате шо сакате |
||
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
? ! ? ! ? ! ? ! ? ! ? |
||
Do what is right, come what may...
|
||
gospel
Сениор Регистриран: 01.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 405 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Навистина дека во него немаше и не се најде грев, но на него, на неговиот грб (плеќи)беше мојот и твојот, но и сите гревови од целиот свет. Стана грешник заради мене и тебе, за ние ПРЕКУ НЕГОда станеме праведници. Затоа и се крсти Драг мој Спиросе........не дека имаше некаква потреба од тоа да биде крстен...... Поздрав. |
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Изворен, јас воопшто не чувствувам потреба да го бранам Православието! Вистината се брани самата себе си.
Тоа што го пишав до сега е дека кај православните воопшто не постои забуна околу тоа што е православие, ниту пак имаат некакво недоразбирање, какво што многу често се обидува да им се препише... Има грешници, но има и праведници кои им помагаат да дојдат на прав пат. Какпо што веќе реков сосема скоро - со Љубов, Милост, со Вера и пред се, со Проштевање! Црквата е Вечна, како што е Вечна Божјата Љубов. На сила никој нема да се откаже од гревовите кои ги прави, а ќе се откаже преку трудот и љубовта од околните. Забуната и неразбирањето доаѓа токму од неправославните, па оттаму, поуката за реската и гредата е добро да се има секогаш на ум. |
||
Do what is right, come what may...
|
||
izvoren
Сениор Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Тоа за раската точно дека го кажал Христос, ама секогаш кога ке заглавите одма "раската".Ова безброј пати го имате пишувано на форумов кога треба да се одбраните,а немате со што.
|
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Конфузијата како и секогаш, не е во Православието, а во оние кои се обидуваат да докажат дека тоа не е во право.
Ако го викавме Крстовден, тогаш ќе замеруваа дека не го викаме Богојавление, затоа што тогаш се јавил Бог (како што кажа Спирос - на доста уникатен начин)... Имаше нешто таму за реската, гредата, окото... не се сеќавам... |
||
Do what is right, come what may...
|
||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Па сигурно дека се јавил БОГ на дотогаш (а и до ден денес) уникатен начин, при крштевањето на безгрешниот Спасител!? Јас сум сигурен дека некој од вистинските православци ќе може да ти го објасни тоа попрецизно! Лека ноќ до сите и БОЖЈИ БЛАГОСЛОВ! Изменето од spiros - 19.Јануари.2009 во 23:34 |
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
Внеси реплика | страница <1 23456> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |