|
Каков образовен систем сакате? |
Внеси реплика | страница <1 2345> |
Автор | ||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
...Mojata poenta beshe da se promenime site...od roditeli koi kje znaat shto sakaat... do ucenici/studenti koi kje znaat shto ocekuvaat..shto mozat i nastavnici/profesionalci. Za site ostanati faktori MON, BRO, lokalci...direktori...inspektori... ne zboruvam ...tie se nepogreshlivi...tie nikogash nema da se promenat... |
||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Вака кога ќе прочитам после некое време... и јас се согласувам со самиот себе...
Но со ова се согласувам многу повеќе... а многу малку се оние кои сакаат да се менуваат себе си... за да бидат способни да ги менуваат и другите... а нели е тоа целта на еден вистински педагог... Изменето од којсумјас - 16.Јануари.2009 во 18:00 |
||
Glenn
Сениор Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јас се имам како и многумина овде образувано во нашиот едукативен систем и до скоро еве и во странскиот едукативен систем.
Драги луѓе од моето досегашно искуство со едукација и тренинг, пракса можам само да кажам дека западњачките системи се многу поедноставни и доста внимание посветуваат на насочено знаење, конкретни предавања и главната цел е остручување и оспособување на луѓето за конкретна професија а не лов на дипломи, докторати магистратури. Тоа последователно си доаѓа како резултат на особено заинтересираните, мотивирани и способни поединци. Овде да се стекнеш за право на постдипломски треба да покажеш дека имаш прво работно искуство на тоа поле во согласност со претходните квалификации. Мислам дека луѓето на западот се малку повеќе практични од нас. Сега јасно увидувам дека многу се учи кај нас, многу години се поминуваат со гушење со теорија која е обемна а многу слабо нуди можност истата да се практицира. Што фајде тогаш од тоа? Од средно директно на факултет се оди и ништо помеѓу нема. И цела армија на луѓе излегуваат дипломирани после 4/5 години кои незнаат што со себе. И тука почнува борбата-секој со своја среќа, па едните ќе завршат ко таксисти а другите „посреќните„ со врски во нешто државно а други со информации од прва рака од „пријателче„ во тесно затворен круг на одредени приватни фирми. Ништо помеѓу нема, или пак има незнам. Доста е хаотично, многу е тешко да се стигне до вистинска информација и се се игра задкулисно. И сите сакаат нешто подобро а никој не сака да прави отстапки и да ги менува веќе проверените штетни методи. Останатите членови сите излегоа со свои образложувања и сите се во право на некој начин а со постовите на КојСумЈас се слагам 100%. |
||
polzavce
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
mamad........секоја чест за ова што го кажа.........
Јас цело време тоа го зборам.........да се тргне од себе....... |
||
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
- Dobro utro! Ooooo gledam site spremno za rabota... ajde ...ajde deneska kje naucime neshto novo... i nemojte da se sramite da prashate ako neshto ne vi e jasno...pa i jas bajagi se izmaciv dodeka ja razbrav zadaca taa i taa... i kje vidime mozebi e greshna...sakate da pocneme so nea... letaat race nagore...jas nastavnicke jas... ne e teshka...aaaa vaka se reshava... i zvonceto zvoni bez da se seti koga pominaa 40 min...
NASHATA REALNOST- ZEMI ILI OSTAVI... вакви наставници сакаме за своите деца ама пустото ретки се ко црнец претседател во америка
од сите наставници на син ми во петто одд, само еден е таков
а другите викаат дека новиве генерации ученици се невозможни
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
...i taka jas kje si pishuvam sporedbi... ama nikoj ne saka da prifati... deka ne treba da sakash..treba da menuvash...prvo sebe...pa najbliskite...pa okolinata...i taka po red...
|
||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Каков образовен систем сакам?!
Гледам, речиси сите во МК се критички настроени кон образовниот систем. Би рекол и со причина. Еве, само една забелешка од моја страна. Ова се случуваше за време на моите студии, додека студирав на Земјоделски, во далечната 1981-1986 година. (Леле, ама сум бил стар!) Дали сега е нешто променето незнам! Значи, тогаш учевме за разно овошје и, професорот усно ни’ ја кажуваше формата, бојата, изгледот, мирисот ... на соодветното овошје. Во најдобар случај ќе ни’ покажеше некоја слика, се разбира црно-бела. Во ретки случаи имаше во боја. Уште тогаш им велев на професорите: добро, зошто не се најде по некој примерок од наведената сорта овошје, да се стави во ладилник и да се покажува, а не овака ... единствен одгвор им беше - нема пари. Се мислам дали само во парите е проблемот? Дали ним вопшто им текнало дека може да се земе по некој примерок од соодветно овошје и да се даде на студентите да го видат ... Уф, абе сеуште се нервирам кога ќе се сетам на тоа А овој пример беше само по овоштарство ...! И тоа само од Земјделски факултет. А на другите факултети? Незнам како е денес? Има ли некоја промена или ... ? И, највеќе ме чуди една работа. Како што реков на почетокот, сите го критикуваме образовниот систем. Кога е оваква ситуацијата, тогаш како е можно нашиве кадри (како порано, така и денес), произлезени од ваков образовен систем, да се барани и ценети во странство? Ако вака е кај нас, каков ли е образовниот систем во другите држави? А од нив гледаме, учиме, и со нив се споредуваме?! |
||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
nekolku sporedbi... i prashanje zoshto?
slika 1: ,,,, na vrata zvoni prosjak i pocnuva... Da ti se zivi decata, gospod da ti dade ubavina daj mi 10 den i nekoi stari patiki...ako ne kje ti se sluci neshto losho... gospod kje te kazni... zatvarash vrata i ne mu davash 10 den... slika 2: ... ako imash da mi dadesh 10 den... i te gleda zasrameno... mu davash...20...50...100... bez komentar...i cel den te progonuva negoviot zasramen pogled... ------------------------------------------------------------------------ slika 1: vleguvash vo prodavnica da si ja castish dushickata...i voodusheveno komentirash- Lele shto e ubavo ova...Kolku koshta?...Namkjuresta prodavacka ti veli- Pishuva cena, pismena si , citaj...Si zaminuvash i ti odmiluva kupuvanjeto... slika 2; vleguvash vo prodavnica i od vrata te ceka nasmean pogled- Lele deneska kakvi modeli dobivme...bash ve ocekuvav...si milsev dali kje navratite...brgu kje se potroshat... I ti pocnuvash...i si zaminuvash so barem 5 raboti kupeni koi ne misleshe da gi kupish... --------------------------------------------------------------------------------- slika 1: na shalter vo poshta, plakjash smetka za telefon... gospozata si zbori...zbori ...zbori...na telefon.cekash...cekash...vriesh...vriesh.. neznam dali doceka da zavrshi i da platish... slika2: ... oooo dobar den..poveleta... a i pred da si odite... videte ...imame sega nekoi novi paketi so podobri uslovi...i pred da se svestish... pak zaglavi so novsemeen paket... neznaejki zoshto ti ekoga i dosegashniov beshe aren... -------------------------------------------------------------------------------- slika 1:. vo ambulanta.... cekash...vlezi eden na brzinka...cekash...vlezi druga so nekoj doktor pod raka...cekash... vlezi tret so nekoja sestra pod raka... i na kraj... doktorot..._ de bre lugje i za ova li doagjate tuka guzvi da pravite!? slika 2: samo shto vleguvash voambulanta... nasmeana doktorka...-Oooo dobar den...shto e ..ajde vednash kje sredime...more i taka ste tuka ajde da vi izmeram i pritisok...more ajde da napravime i edna krvna slika... i ova i ona... i bez da se svestish gi napravi site pregledi si odish doma zdrav/kuk*rek... --------------------------------------------------------------------- iiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiii slika 1: --- vo ucilnica... 100 pati sum vi rekla da ne me cekate pred vrata...shto majka barash vo kancelarija da me vikash ko jas sama neznam da dojdam...shto dusha li kje vi izleze... pa imam li jas pravo na 5 min odmor... sednete tamu i glas da ne cujam..otvorete od strana taa i taa... mamara...a pusti skazalki ne se mrdaat...nikako da zvoni...lele kolku se dolgi 40 te minuti... slika 2: - Dobro utro! Ooooo gledam site spremno za rabota... ajde ...ajde deneska kje naucime neshto novo... i nemojte da se sramite da prashate ako neshto ne vi e jasno...pa i jas bajagi se izmaciv dodeka ja razbrav zadaca taa i taa... i kje vidime mozebi e greshna...sakate da pocneme so nea... letaat race nagore...jas nastavnicke jas... ne e teshka...aaaa vaka se reshava... i zvonceto zvoni bez da se seti koga pominaa 40 min... NASHATA REALNOST- ZEMI ILI OSTAVI... |
||
polzavce
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ај........... |
||
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
за иста плата има професори кои децата ги обожаваат
и такви кои ги мразат ај едноставно да им ги удриме клоците на тие што ги мразат |
||
polzavce
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
И професорот мора да добие надворешен поттик за да прави посилни напори за поквалитетна едукација на децата........поголем поттик од зголемување на платата......што знам....... И свеста е важна апсолутно, но ако се остави само на свеста..........охооооо........го обравме бостанот.........( секоја чест на исклучоци на какви што имав чест јас да налетам човек да ми позавиди)....... |
||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
не е до платата Кејт,до свеста на тој што се одлучил да едуцира деца.
Сакам да кажам и дека една од најтешките и најодговорни работи е да бидеш Професор и сум за тоа да не може секој да стане личност кој ќе едуцира деца. |
||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
... pa vo mnogu slucai da... a ima i izuzetoci kade rabotat za ljubov...
|
||
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
сакам моето дете својот професор да го гледа како гуру
авторитет, идол поголем и од мама и од тато не да го мрази, кришум да го пцуе и да му бега од часови платата ли е клучот? |
||
Внеси реплика | страница <1 2345> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |