|
Молитва кон Пресвета Богородица |
Внеси реплика | страница <1 23456 23> |
Автор | |
ahmar1
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
најтопло препорачувам да ја прочиташ книгата на старецот силуан,па послем ќе праиме муабет дали го злоупотребува името на Светиот Дух.
јас имав прилика да ја прочитам книгата одамна(на српски),и просто ме шокира читајки за некој монах што повеќе личи на ангел во тело отколку човек.Како најискрено се ражалостува од тоа дека е многу грешен(одма ми дојде мислата ако он е грешен што ли сум тогаш јас?!)потоа кога плачејки во разговор му се обраќа на праотецот Адам. или кога им одговара на ревнивите православни дека не треба да се борат против непријателите на црквата туку да ги љубат бидејки Бог сите ги сака и трпи па како ли пак загубените овци. за попален и у "филм" влезен православен тинејџер тоа беше ептен ладен туш! п.с ако некој знае,дали може и каде да се најде книгата на старецот силуан на македонски? Изменето од ahmar1 - 30.Октомври.2008 во 12:45 |
|
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
|
izvoren
Сениор Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Одкаде заклучок дека точно Светиот Дух му посведочил?Прво и прво се молел пред икона а тоа не му е баш благопријатно на Светиот Дух. Друго одговорот може му е само една од многубројните човечки промисли кои поминуваат низ нашите глави. Немој да го злоупотребувате името на Светиот Дух во обидот да си го оправдате сопственото традиционално верување. |
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Св. Силуан Светогорец (1866-1938) за БОГОРОДИЦА
Мајката Божја никогаш не погрешила, ниту со една своја мисла и никогаш не ја губела благодатта, но и таа поднела големи маки овде на земјата. Нејзината болка додека седела под крстот била безмерна како океан, а нејзините душевни страдања биле неспоредливо поголеми од оние на Адама, после протерувањето од рајот, затоа што и љубовта на Мјаката Божја била неспоредливо поголема од Адамовата љубов во рајот. Таа можела да ги издржи сите тие страшни страдања само затоа што ја крепела силата Господова. Господ сакал таа да го види и Неговото воскресение, та по вознесението да остане како утеха и радост на апостолите и штотуку родените христијани. Ние не можеме да го достигнеме совршенството на љубовта на Мајката Божја и затоа не можеме да ја сфатиме нејзината болка. Љубовта на мајката Божја била совршена. Таа бескрајно го љубела Својот Син и Бог, а исто така ги сакала и луѓето. Што се она преживеала кога луѓето, кои толку многу ги љубела и на кои им сакала се надјдобро, Го распнале нејзиниот драг Син? Ние ова не можеме да го разбереме, затоа што малку го љубиме Бога и ближните. Многу чуда и дела на мислоста сум видел од Господ и Божјата Мајка. Еднаш, како млад послушник, се молев пред иконата на Мајката Божја и Исусовата молитва се всели во моето срце и почна сама од себе да се врши. Еднаш, пак, во црква за време на читањето од светиот пророк Исаија кај зборовите: Измијте се и очистете се (Ис. 1,16) помислив: „Можеби и Мајката Божја некогаш згрешила, макар само и со мисла“. И гледај, во срцето заедно со молитвата почуствував јасен одговор:„Мајката Божја никогаш не згрешила, дури ниту со помисла“. Така Светиот Дух во моето срце посведочи за нејзината чистота. Љубовта на Богородица била посилна и попламена од љубовта на серафимите и херувимите, и на неа и се восхитуваат сите небески сили, ангели и архангели. О, кога би знаеле колку Пресветата ги љуби оние кои ги исполнуваат заповедите Христови и како жали и тагува за оние кои не се поправаат. Ова лично го имам почуствувано. Таа благоизволи да ме посети и да ме вразуми веќе да не грешам, велејќи: „Тешко ми е кога гледам што правиш“. Поминаа повеќе од 40 години, но не можам да ги заборавам тие зборови и не знам што јас, грешниот, би и дал за таа нејзина љубов спрема мене, нечистиот, и како би се заблагодарил на благата и молостива Мајка Господова. Мајката Божја живее на небото и непрестајно ја глада славата Божја, но не не заборава ниту нас, бедните, и со своето милосрдие ја штити сета земја и сите народи. Таква Пречиста Мајка Своја ни дарува Господ. Таа е наша радост и потпора. Таа е наша Мајка по дух и блиска ни е како човек по својата природа. |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кога ќе го доживееш, само тогаш ќе знаеш што е вистина, а што не... така што - не суди некого без да знаеш низ што поминал...
|
|
Do what is right, come what may...
|
|
izvoren
Сениор Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
A be ova se religiozni casopisi koj za da go zgolemat tirazot pisuvaat i po nesto ekskluzivno.
|
|
Orthodul
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 157 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве ја книгата Чудата на Пресвета Богородица во пдф формат http://www.esnips.com/doc/694fb277-d3fc-48b9-b9f5-d77b2312f7aa/Чудата-на-Пресвета-Богородица само кликнете на download.
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Овде. На самата страница подолу имате линкови (поврзници ) од останатите делови.
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Da, osven toa ne bi go zloupotrebile so pastiranje citati, chisto za licna upotreba...
|
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Доколку е во контекст на темата можеш да поставиш линк. Не е убаво да се форсираат некои линкови непотребно, но да се постави линк со религиозна содржина е дозволено.
|
|
Do what is right, come what may...
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
A kade e toj link, Makarios?
Ako moze da go postiras, bi bilo super, jas knigata odamna ja imam citano no ne bese moja, rado bi ja imala bar elektronskata verzija.
|
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сакав да го напишам и чудото на Пресвета Богородица со човекот од Сирија, но видов дека тоа е веќе објавено. Третиот пост (не можев да се снајдам со пермалинкот на конкретниот коментар).
|
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во еден град близу до Рим живеел некој судија, кој материјално бил
многу богат, а со душевни добрини многу беден, бидејќи правел секакви
гревови и блудства. Меѓутоа, имал голема почит кон света Богородица и
помагал на сиромаси. Освен тоа, имал и добар обичај: кога требало да
оди на пат, прво застанувал пред иконата на Мајката Божја и Ја молел да
го чува од секое зло, поради што ѓаволот многу му завидувал.
Еден ден, откако се помолил по обичајот, излегол со коњ да се прошета надвор од градот, заедно со други богати луѓе. Кога преминале една длабока река, ѓаволот го уплашил коњот на судијата. Скокнал коњот и го фрлил судијата во водата, па потонал и се изгубил. Неговите другари кога го виделе тоа, многу се натажиле и плачеле, мислејќи дека се удавил, па се вратиле во градот да ги известат неговите роднини за станатото и да се подготват за погреб. Но брзата помошница на христијаните го избавила од душевна и телесна смрт. Тој, кога паднал во реката, извикал: „Помогни ми, Мајко Божја!" и потонал на дното. А Мајката Божја тој час се нашла таму, го фатила за косата, го извадила од водата и го однесла во неговиот дом, велејќи: „Ете, остана жив и здрав и отсега натаму немој повеќе да правиш гревови, но благодари Му на Бога и прави добри дела за да си ја спасиш душата". Домашните кога го виделе така воден и полумртов, се зачудиле. А тој се уште не можел да дојде на себе и да разбере каде се наоѓа. По некое време, дошле другарите, кои се вратиле за да известат за него и кога го виделе дома жив, се исплашиле и многу се зачудиле. Тој им кажал се што се случило со него и сите Го прославиле Бога и света Богородица. Тогаш владиката ги собрал сите христијани во градот и отслужиле во црквата благодарствен молебен во чест на света Богородица. Судијата се откажал од службата, го напуштил домот и жена му, се покајал, отишол во еден манастир и се замонашил. Таму и служел на света Богородица и наследил Царство небесно, за кое сите треба да се труднме, да го добиеме. Амин. п.с. Книгата од дедо Гаврил со чудата на Пресвета Богородица ги има на интернет, не знам колку е во согласност со правилата на форумот да се линкува сајтот? Модератори? |
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
Внеси реплика | страница <1 23456 23> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |