|
Пророкувањето и Божјата Волја денес |
Внеси реплика | страница <1 23456> |
Автор | ||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Зошто Бог од времето на Адам па до сопственото појавување на Земјата, постојано би праќал видовити луѓе и пророци, преку кои луѓето ги предупредувал и дури им ги откривал настаните кои ќе се случат во иднината, за потоа одеднаш да замолчи? - се прашува германскиот теолог Екл.
Јовановото Откровение - Апокалипсата ни дава сведоштво за пророчкиот Дух и по Исус од Назарет. На пр. таму се вели (Нов завет, Откр.22:7)„ Еве ќе дојдам наскоро: блазе си му на оној кој ги држи зборовите на пророштвото од книгата оваа.„ Значи Откровението не е обична посланица или евангелие, туку директен диктат од Христос до Јован(како преку телефон на пр.). Кога Бог говори преку пророците тоа е секогаш во прво лице еднина. Познатиот црковен историчар и протестантски теолог, швајцарецот Валтер Ниг(1903-1988) во својата книга „Пророчки мислители - Духот не згаснува„ издадена 1957год. за ставот дека Бог повеќе не се објавува и дека сите пророштва се завршени со Библијата вели: „Тоа необично мислење го застапувале само неколку теолози кои одгледуваа оправдан страв дека дејноста на пророците би можела да ги поремети параграфите на нивниот догматизам. Германскиот теолог проф.Норберт Лохфинк во едно од низата предавања 1971 кажа: „Ако се вбројуваме во луѓето кои се загрижени поради светот овдешен, тогаш нема потескобна работа од Божјиот молк.„ и потоа продолжи „Ако пророштвото не го сфатиме претесно, ќе го сретнеме и во нашево време. Не ни е познато во какви нови форми тоа ќе се појави на општа изненаденост по, на пр. две децении... Но мораме да сметаме на тоа дека таквите пророци можеби донесуваат пораки кои би требало да бидат објавени во рамките на Црквата, но кои поради нашата сопствена грешна закожуреност не можат да дојдат до Црквата. Што можеме во тој случај да направиме? Не смееме да си дозволиме да ни биде срам да отидеме до тие пророци и да учиме од нив.„ Изменето од Majkl - 04.Септември.2008 во 13:07 |
||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Постои. Цитат од Библијата кој ти го наведе. Имено цитатот е од Павле некогашниот Савле кој не го познавал Исуса од Назарет. Сепак тој си дава за право да каже дека дури и ако „ангел од небото„(!!!) објави нешто поинакво да биде проклет. Се` е јасно! Бог треба да молчи - оти ако не, ќе биде проколнат од моќната реч на Павле. Но Бог не молчел и не молчи, тој никогаш не прашува дали луѓето ја прифаќаат неговата Реч или не. Тој говори! Се согласувам со Месинџер дека Бог постојано им шепоти на своите чеда но дека честопати поради вревата на нашето претерано човечко т.е. егото, но ние не го забележуваме и не го слушаме неговиот глас. Затоа тој праќа пророци - еден вид божествени медиуми кои го пренесуваат понатака неговиот говор на луѓето. |
||
gospel
Сениор Регистриран: 01.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 405 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Па и во пишувањето на сите книги од Библијата Бог користел смртници, па велиме дека Библијата во потполност е Боговдахновена книга. Тоа што Бог некогаш дозволува некои работи, а вас ви изгледа дека Бог не можи да реагира, тоа не значи дека Бог е немоќен. Некогаш дозволува страшни работи за да се види на дело до каде ќе кулминира злото, а некогаш од милост и љубов да се покаеме и да го смениме патот, Бог ги трпи лоши работи, не би ли сме се раскајале. |
||
gospel
Сениор Регистриран: 01.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 405 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
А евангелието што го чувме од него и вам ви го предадовме... (1 Јованова 1:5) Тоа што слушнале од Исус тоа и ни предадоа. Како можи сега некој да кажи објава кога не ја слушнал од Бога, или да го дополни евангелието кога не видел и не слушнал? |
||
Karamazov
Сениор Регистриран: 20.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 144 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Pomesnite crkvi i pred Konstantin imale katalog na sveti knigi, od koi citale na liturgiskite sobranija. Po 330 g. samo e konstatiran i utvrden kanonot na Noviot zavet, koj site pomesni crkvi imale obvrska da go prifatat. ovoj katalog na apostolski spisi imal minimalni razliki kaj pomesnite crkvi (nekade go imalo, a nekade ne otkrovenieto, nekoi poslanija na apostolite i na nivnite ucenici itn.) |
||
tre, tri, tra
|
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Месинџер - дури и да ја прифатиме другата идеја - дека Библијата е постара и дека е директната Божја Објава, сепак останува прашањето - зошто сметаме дека со тоа завршува објавувањето на радосната вест?
Проповедањето не значи повторување на веќе кажаните зборови, а значи промовирање, утврдување, убедување на луѓето во вистинитоста на таа радосна вест. Кога луѓето решија дека тоа треба да се сведе само на она што е објавено до Откровенијата, и ништо друго, кога самиот Исус објаснува дека пророштвата завршуваат доста пред тоа - а потоа се е само проповед...? |
||
Do what is right, come what may...
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ne znam zoshto ja prifakjate teoloshkata maksima "ako Bog sakashe, togash tie pisanija ke bea vo Biblijata", neshto sto sveshtenstvoto go kreira samo da gi zatni usnite sto postavuvaat nezgodni prashanja. Ne bidete tolku naivni.
Pa ako odite so toj um, togash toa treba da vazhi za se sto se sluchuva so lugjeto i so Boga. Demek koga semokniot Bog nekogash saka lugjeto neshto da napravat uspeva da go stokmi tokmu taka, no ochigledno deka mnogupati Toj ist semokjen Bog nemozhe, pa nie naogjame opravduvanje velejki deka lugjeto "imaat slobodna volja". Prestanete da koristite dvojni arshini i slabostite da gi prekrivate so teoloshki demagogii. Biblijata e sostavena 330 godini posle Hristovoto raspetie od smrtnici kako nas, inicirani i potpomognati so Konstantinovata cvrsta volja da go napravi Hristijanstoto drzhavna religija. Изменето од Messenger - 04.Септември.2008 во 03:51 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не се вели - "нешто друго" а се вели "различно".
Не мора да е различно евангелие од она што го проповедале апостолите, а може да е негово дополнување... Имајте во предвид - евангелие е радосна вест. Значи - што ако се проповеда истата радосна вест, со додавање на нови елементи околу истата вест, ново разбирање, ново појаснување? Тоа не е различно. Дали завршува Божјето обраќање до луѓето?! Дали е воопшто можно да заврши Божјето обраќање?! |
||
Do what is right, come what may...
|
||
gospel
Сениор Регистриран: 01.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 405 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Но ако и ние, или ангел од небото, ви проповеда друго евангелие, различно од она што ви го проповедавме, да биде проклет!
(Галатјаните 1.8) Значи, освен тоа што апостолите го проповедаа, било кој нешто друго да ни проповеда нека биде Анатема. Бидејќи апостолите имаа како сите луѓе век ва живеење, со нивната смрт завршува и објавата која што Бог преку нив ја објави. Не заборавај дека сите посланија од апостолоте се и Божја објава. Зошто ниту еден ученик од апостолите не пренесе божја објава кон луѓето, или таа објава не е во канонот на Библијата. Што мислиш, ако Бог сакал во канонот на Библијата да влезат уште книги, не бил во можност Бог да ги стави тие книги? Дали постои сила која што можи да му пркоси на бог или да ја спречи неговата објава. |
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Госпел - не спорам за идејата која ја кажуваш за разните "пророци" денес - пророкувањето е завршено.
Но - проповедањето на радосната вест не е. Зошто тогаш луѓето го ограничуваат само на пренесување на веќе пишаните зборови? |
||
Do what is right, come what may...
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Dobra tema i dobar razgovor.
Jas povtorno ke recham: Bog nikogash ne zastanuva so svoeto shepotenje... samo skoro nikoj ne go slusha. Onie koi sepak ke uspeat da go pochustvuvaat toa, koi se dovolno elokventni i koi sakaat da go spodelat slushnatoto, se javuvaat i gi poklonuvaat svoite zborovi na tugjite ushi... no ushi koi ne go slushaat Bozhjiot shepot od sopstvenoto telo imaat pogolem problem so glasovite od nadvor, ushte poveke zatoa sto ima zagushliva vreva od mnogu koi vmesto Bozjeto shepotenje gi prenesuvaat svoite umstveni kreacii za Nego. A kriterijumot za odbiranje na vrednoto nikogash ne bil silna strana kaj lugjeto... |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Според зборовите на Исус - Јован е последниот пророк. Тоа значи дека апостолите не се пророци, туку само проповедници на Евангелието, односно, текстовите кои ги пишуваат се дефакто проповедање на Божјото Откровение пред нив.
Прашањето што сега следи е - дали само тие имале "право" на тоа откровение и дали тоа откровение завршува со нив? Ако е така - каде е тоа кажано и како се оправдува тој став, ако не е изнесен директно? |
||
Do what is right, come what may...
|
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ова треба да ми служи како непобитен аргумент дека објавата е завршена?!?!?! Стравот од другите не е причина да ја зацврстувам сопствената вера. Како што реков - целта на оваа дискусија е да навлеземе подлабоко во идејата зад Лука 16.16, затоа што тој стих остава многу отворени прашања... |
||
Do what is right, come what may...
|
||
gospel
Сениор Регистриран: 01.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 405 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ако објавата не е завршена, тогаш сите објави кои што ти ги сервира Мајкл и неговата пророчица ќе треба да ги прифатиш како божја објава кон луѓето но и кон тебе. |
||
Внеси реплика | страница <1 23456> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |