![]() |
|
Универзален Живот - Прахристијани |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 23456 26> |
Автор | ||
Majkl ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Невидливите светови вон Царството Небесно, кои Духот ги нарекува астрални светови и подготвителни подрачја се исто така составени од 7 сфери(настанале при падот на ангелите), но нивните духовно несовршени жители можат да се движат само во рамкитее на онаа димензија која и одговара на нивната свест. т.е. од пониските не умеат слободно да се движат во повисоките. Но од сите овие светови, доколку постојат соодветни услови, душите можат да се инкарнираат во тродимензионалниот свет на Земјата, односно да станат луѓе. Изменето од Majkl - 10.Јули.2010 во 08:58 |
||
![]() |
||
Џо ![]() Сениор ![]() ![]() Каубоец Регистриран: 17.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2121 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Каков е тој седмодимензионален свет? Каков е шестодимензионалниот? Петодимензионалниот? Четири?... ![]() Многу ме буни пасусов... ![]() |
||
sjena je od zastora kula na nebesima u našim je prsima |
||
![]() |
||
Majkl ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() ДЕЈСТВУВАЊЕТО НА ХРИСТОС БОЖЈИ И БОЖЕСТВЕНАТА МУДРОСТ извадок од описот на книгата: Авторите на книгата се еден новинар и еден поранешен евангелистички теолог. Кој или што е божествената Мудрост? Зошто е истисната од теологијата? Кој е Тешителот, која е „големата жена„ за која се зборува во Библијата? И зошто толку малце знаеме за пророците? Авторите преку широк лак го поврзуваат дејствувањето на Христос Божји и божествената Мудрост - од прапочетокот до денес. Книгата содржи и ДВД диск:Појдете со Габриеле, божјата пророчица за нашево време, во прошетка низ Земјата на мирот. Погледнете што е преку нејзе трансформирано од седмодимензионалниот свет во три димензии и што сè настана. Слушнете што современиците кои ја познаваат Габриеле имаат во врска со неа да кажат. Од содржината: Божествената Мудрост во Библијата; - жената која на Господа му ги подготвува патиштата - Повикот на пророчицата Божја - Исполнетите пророчки претскажувања - Доаѓањето на божествената Мудрост беше претскажан - Поголемиот дел од луѓето ништо не знаат за пророците - Изјави на браќата и сестрите кои долги години ја познаваат Габриеле, Божјата пророчица и пратеничка - Непријателите на пророчицата - Што сè уште можеше да настане? - „Како на Небото така и на Земјата„: Што е видено во духовниот седмодимензионален свет и што од тоа настана досега во тридимензионалниот свет - Го чекаме враќањето на Христос Божји - и тн... Книгата е достапна на хрватски јазик, околу 300стр. тврд повез, илустрирано, плус ДВД(околу 60мин.) Два линка кон извадоци од некои поглавиа од книгата(хрватски јазик): Според што се препознава божјата пророчица? Како се проверува пророкот? |
||
![]() |
||
Majkl ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Во последниов тип на исхрана се јадат само оние плодови со чие берење не се уништува трајно растението. На пр. со берењето вишни, дрвото кое ги дало плодовите не се уништува, тоа догодина повторно ќе може да роди.
Растенијата можат да се употребуваат за исхрана и други потреби, но тоа би требало да се одвива во склад со Божјите закони. Намерното, значи свесното оштетување или дури уништување на растенијата чисто од обест или ради профит(при што не се води сметка како тоа влиае на природата и животните) а особено нивно генетско модифицирање е спротивно на божествените закони, затоа што и растенијата чувствуваат, додуша во поинаков облик и интензитет отколку животните. Животните пак чувствуваат многу послично на луѓето, многу поголема болка но и тага. Затоа сечењето растенија и колењето животни не може да се изедначи. Односно обратно кажано, ако би се одело по логиката дека нема разлика меѓу убивањето животни и растенија, тогаш слободно може да се рече дека нема разлика ни меѓу колењето луѓе ако е за исхрана. На пр. ако погледнеш како комбајнот го собира житното класје или скинеш едно јаболко, тоа битно се разликува од колењето на едно јагне или крава која додека ја чуваат во штала е депресивно расположена а пред да ја стават под нож, се обидува да избега, а време на колењето рика од болка и прета додека не искрвари низ маки(имено смртта настапува не во моментот на сечењето на вртанта жила, туку кога најголемиот дел од крвта ќе истече). Изменето од Majkl - 03.Јули.2010 во 14:26 |
||
![]() |
||
Џо ![]() Сениор ![]() ![]() Каубоец Регистриран: 17.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2121 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Прахристијаните се вегетеријанци така?
Океј... Дали според нивната догма растенијата имаат душа? |
||
sjena je od zastora kula na nebesima u našim je prsima |
||
![]() |
||
Majkl ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() - духовни помошти за денот - Секој ден ни дарува изобилство на можности. Секој миг преку препознавање и очистување на грешки ни донесува енергија за промена, шанса да му дадеме на својот живот позитивна пресвртница. Својот ден и своите идни денови ги одредува секој поединец самиот. Во оваа книга со духовни помошти, секогаш за утрото, за пладнето и за вечерта, Габриеле ни покажува к а к о од својот ден можеме да го направиме најдоброто, како можеме да дојдеме до мир со самите себе и со нашите ближни и до еден однатре исполнет живот. Поттици, упатства и совет полн љубов - и охрабрувањето тие да се спроведат во дело. Книгата од неодмна е достапна на македонски јазик, 176стр. мека подврска, пластифицирани корици. Изменето од Majkl - 22.Јуни.2010 во 19:30 |
||
![]() |
||
Majkl ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() Змејко - малиот змеј На српски јазик од печат неодамна излезе сликовницата: Змејко, малиот змеј - приказна примена од Светлината. Змејко доаѓа на светот како дете на вистински змејови способни да блујат оган, но се развива сосема поинаку отколку што неговите родители тоа го очекуваа. Приказната ни раскажува како му успеа на овој мал змеј со големи идеали да биде сериозно сфатен и згора на тоа уште и да ја спаси татковината на змејовите. 32 стр. со колор илустрации, тврда подврска. |
||
![]() |
||
Majkl ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() Брошура која на околу 30стр. ги пренесува излагањата на Габриеле од еден семинар на тема: „Среќата и здравјето лежат во твоите раце„ - Едноставни објаснувања како можат да се постигнат задравјето и среќата, како може многу нешто да се смени кон позитивна насока бидејќи сето тоа всушност лежи во наши раце. Брошурата е достапна на германски и италијански јазик, но кој сака на македонски нека ми се обрати во лична порака. Изменето од Majkl - 08.Февруари.2010 во 19:42 |
||
![]() |
||
Majkl ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
од прахристијаните до луѓето низ целиот свет ![]() Не ги јадете малечките браќа и сестри, животните. Оставете ги да живеат, бидејќи тие го носат Здивот како и луѓето. Тој доаѓа од Бога. Не им правете зло, оти во спротивно се уништува дел од вашиот внатрешен живот кој во животните е убиен и изеден. Бог нам на луѓето ни ја подари природата и животните за преку нив повторно го пронајдеме Единството. Оти сè што Бог го создаде и создава, е дадено од големото единство на Љубовта, за низ тоа ние повторно да го најдеме единството. Божиќните празници, раѓањето на големиот Дух во детенцето Исус, треба да ни биде симбол: Тој им дојде на животните. Него го прифатиа животните, не луѓето. Да ги прифатиме животните во нашите срца! Да го оставиме животинскиот свет да живее, и ние искусуваме што значи Божиќната ноќ: Голем празник на Светлината. Голем празник на единството. Тогаш ќе ја запалиме свеќата и ќе погледнеме во светлината запрашувајќи се: „Што сака Бог?„ Тој сака ние да ги оствариме законите на Животот, да го најдеме патот кон Животот: заповедите Божји, учењето на Исус, Христос. Тогаш се шири срцето – исто така и за мајката Земја со нејзините бројни форми на живот, растенија и животни. Прахристијаните им посакуваат на нашите слушателки и слушатели едно чудесно време на адвент и спознанието: Исполнувањето на волјата Божја е нашата лична животна задача која нас нè прави среќни, слободни и етични.„ ![]() (извадок од: „Втор Адвент – Што би ни рекол Исус денес?„ една радиоемисија која беше емитувана низ целиот свет.) Изменето од Majkl - 06.Јануари.2010 во 14:52 |
||
![]() |
||
Majkl ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() Сам во партнерството и бракот? Сами во староста? Живот во единство! Ти не си сам - БОГ е со Тебе Од содржината: Пријатен живот меѓу двајца, мажот и жената-трајна среќа? - Немирот на срцето-во потрага по смислата на живеењето на Земјата - Кој му даде во наследство на човека лош генетски материјал? Дали се Адам и Ева криви за неговата судбина? - Падот-лудост и положување право врз тоа да се биде Бог самиот. Егоман, типичен противник на Бога - Следот инкранации врз основа на каузалниот закон: сличното привлекува слично - Богатство од рацете на темнината-кобна последица: најлоша зависност која трае со инкарнации - Зошто Бог не се вмеша? - Оди ли „светот„, таа творба на луѓето, во хаос? - Стани мирен, стекни тишина. Помош за да се сретне Бог: забележи ги импулсите на внатрешниот живот кои струјат кон тебе од сликата на природата - Испразни ги од себе небитните, себичните мисли. Бог е тишина. - Егоцентрикот не може да го доживее Бога - Во здивот е животот, Бог. Диши свесно! - Копнежот, трагањето по среќа, љубов, заштитеност и татковина има длабока причина. Никогаш нема да „пристигнеш„ во овој свет-бидејќи ти не си од овој свет! - и тн... Воопштено кажано, за нас луѓето животот на Земјата се состои од низа разочарувања. Се надеваме, копнееме, а сепак сме постојано незадоволни. Им посакуваме - воглавно на некој од нашите блиски - среќа, љубов и заштитеност. Понекогаш штотуку ќе си помислиме дека „стигнавме„, но очекувањата повторно не се исполнија - повторно сме сами. Габриеле ни покажува зошто на човекот во овој свет постојано му бега целта на неговите надежи: корените на неговите копнежи се подлабоки. Од тоа исто така се покажува каде може да се пронајде исполнение на неговата потрага. Секој кој тоа го сака може да ги следи овие длабоки Габриелини објаснувања од Божествената мудрост и на пр. да научи како да го доживее животот во единство, Бог, и доспее во внатрешната тишина за да би го сретнал Бога во себе и така ги стори чекорите кои што водат кон вистинската, трајната среќа. Книгата е достапна на српски јазик, а он-лајн бесплатно може целата да се чита на германски јазик под: http://www.das-wort.com/20/de/media/s367de_text.pdf Изменето од Majkl - 30.Октомври.2009 во 10:06 |
||
![]() |
||
DDarko ![]() Сениор ![]() ![]() Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Сега за сега тоа е од прашањата, благодарам.
![]() |
||
![]() |
||
Majkl ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Школувањата од Духот Божји на внатрешниот пат се однесуваат на духот, душата и телото. Затоа:
Доколку некој доброволно се реши да стапи на Внатрешниот пат(опишан и објаснет во детали во истоимената книга) кој почнува со подготвителните прахристијански медитацијски к у р с е в и, освен правилното запознавање со истиот, треба сериозно да испочитува и неколку предупредувања како на пр.: - јасна и искрена одлука за еден единствен духовен пат(т.е. да не меша други патишта и техники, дури и ако тие се нарекуваат христијански). Доколку претходно се практикувале било какви други медитации, спиритуални техники и патишта(на пр. јога, зен, ТМ, автоген тренинг, мантрање мантри и сл.) потребно е напуштање и пауза од истите, минимум 1-2 години. - да не биде зависник од дроги и алкохол - да не пати од душевни болести и пречки, во последните 3 години да не посетувал психијатријско лекување, - да не зема лекарства за смирување(лексилиум и сл.) и спиење - (за жени) во случај на бременост, одењето на патот треба привремено да се прекине. По породувањето може да се продолжи таму каде што се застанало. Доколку овие критериуми не се испочитуваат во целост, можат да настанат сериозни душевни и физички штети кај поденицеот(поединците), и за тоа религиозната заедница Универзален живот, издавачот на материјалите,(ниту јас кој пишувам за ова на форумов) не сноси никаква одговорност. Изменето од Majkl - 05.Јануари.2010 во 05:03 |
||
![]() |
||
Majkl ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
- Се седи со исправен р`бет и исправена глава(онолку колку што тоа здравствената состојба го дозволува). - Столот на кој се седи не треба да биде ни премногу тврд ниту премногу мек. - Двете нозе се една покрај друга, значи не прекрстени. - Обете стапала го допираат подот. - Дланките мируваат на бутовите свретни нагоре, левата на левиот а десната на десниот. Таквата положба на дланките овозможува отворен духовен тек. - Просторијата во која се прави прахристијанската медитација треба да биде тивка(исклучен мобилен, радио, ТВ и сл.) За разлика од медитирањето, во текот на молитвено вдлабочување положбата е иста, но дланките мируваат во скутот една во друга: десната во левата. Со таквата положба на дланките се затвора духовниот кружен тек. Но тоа не значи дека не можеме да се молиме(на пр. во хитни ситуации) и кога сме надвор, на планина или во возило и тн. туку дека таа положба е најсоодветна за длабока молитва. Изменето од Majkl - 05.Јануари.2010 во 05:00 |
||
![]() |
||
DDarko ![]() Сениор ![]() ![]() Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Postojat li telesni polozhbi na meditacija ili bilo kakvo e pozicijata, samo umot da se nasochi kon taa dejnost?
|
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 23456 26> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |