|
Апокалипса |
Внеси реплика | страница <1 23456> |
Автор | ||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Хм... доста атеистички поглед на работите... баш тогаш, на Судниот Ден, кога ќе престане се, токму тогаш ќе биде битно дали си направил добри или лоши дела... Тогаш ќе престане Се, и ќе почне Вечноста. |
||
Do what is right, come what may...
|
||
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Секако. Сигурно не се објавил преку мене Бог во сите времиња им се обраќал на луѓето преку пророци - просветлени мажи и жени кои го слушале гласот на Вечниот. Такви биле Мојсеј, Исаија, Савонарола, Мајстер Екхарт, Емануел Сведенборг(18 век), Јакоб Лорбер(19век) итн... Уште додека Христос бил присутен на Земјата како Исус од Назарет, тој на апостолите им порача: „Уште многу имам да ви кажам но сега тоа не бисте можеле да го носите. Но кога ќе дојде Тој, Духот на вистината, ќе ве воведе во сета вистина.„ - Јован 16:12 Ова претскажување се остварува во денешно време. Бог но исто така и неговиот првосоздаден син, Избавителот на сите души и луѓе Христос Божји - совладетелот на Небесата - како и некои други чисти духовно небесни битија се објавуваат преку пророчицата за денешно време на големи пресвртници кое е воедно и времето на крајот(на световните структури на моќ, не крај на Земјата и човештвото). Пророчицата носи земно име Габриеле и живее и делува во Вирцбург, Германија. Но таа како личност сама посебе е небитна, битна е пораката која Бог ја објавува преку нејзе, неговиот инструмент. Сега кај некои од вас веќе расте сомнежот, можеби и се шири насмевка или гласна смеа за ова што го прочитавте. Тоа е ваше право. Во тоа не би навлегувал премногу, ќе кажам само дека за мене не е логично Бог некое време да му се објавувал на човештвото на пр. преку библијските пророци за потоа речиси 2000 години да настане молк од духовниот свет. Пророштвото било составен дел од најраните христијански заедници, се јавувало низ вековите но секогаш темнината се обидувала да ги замолчи бидејќи луѓето биле подложни со своето погрешно мислење и постапување на нејзините влијаниа. Привидно замолчувањето било успешно, особено во текот на мрачниот среден век. Христос во повеќе наврати објави: „Кој може да сфати нека сфати, кој сака да прифати нека прифати! Кој не, тој нека остави!„ Самата пророчица претрпела безброј потсмеви и клевети од католичките и протестантските теолози, но сите вистински пророци го поминаа тој пат, така му беше дури и на Исус. Повеќето сведоштва за спалување на вештерки и еретици се всушност сведоштва за тоа како се обидувале да го замолчат Бога. Но Бог никој не можа да го замолчи. Тој не прашува дали луѓето сакаат да ја чујат вистината, дали таа се вклопува во нивните шеми на размислување, „свети списи„, традиции. Тој говори но му остава на секој поединец слободна волја да се одлучи за или против. Преку Габриеле од Вирцбург божествениот свет се објавува од 6 јануари 1975 година. Побитни духовни откровениа кои се појавиа и во форма на книги(првите три исто така достапни и на македонски јазик) се: ОВА Е МОЈАТА РЕЧ Алфа и Омега - Евангелие Исусово - Христова објава која светот не ја познава Големите Космички учења на Исус од Назарет до Неговите апостоли и ученици кои можеа да сфатат - Живот на луѓето навистина исполнети со Бога ВНАТРЕШЕН ПАТ ПРИЧИНА И НАСТАНОК НА СИТЕ БОЛЕСТИ - Што човек сее тоа тој жнее ТВОЕТО ДЕТЕ И ТИ - Животна школа на несебичната љубов и тн... Секако ваше право е со ова да се согласите или не се согласите - јас само одговорив на љубезно поставеното прашање. Изменето од Majkl - 25.Јуни.2008 во 01:07 |
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Месинџер (а воедно и Темплариус, ова би било одговор на твојата констатација) - пророштвото кое е дадено ќе се случи. Обидите да се подобри човештвото и сето она за кое зборував, не се за да се спречи Апокалипсата, а заради она кое следува по неа - Судот. За да може човекот да застане пред тој суд со сознание дека тој направил се што можел за да го подобри животот свој, на своето семејство, на оние околу него... дека помогнал без да биде тоа побарано од него, дека направил добрина без да има директна корист од тоа, дека внел малку светлина во мракот на другите... Секој од нас треба да се запраша - ако ова ми е последен ден, дали можам да погледнам наназад и да речам - во ред е, балансот ми е добар...?
Мајкл - би било убаво да кажеш од каде ги вадиш овие изјави, за кои тоа пророци, пророчици зборуваш и преку кого тоа Бог се обратил...? |
||
Do what is right, come what may...
|
||
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ne e rabotata vo malite raboti so niv samo se zalazuvame a golemi ne mozeme da pravime .....
|
||
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Каде и преку кого го објавил тоа Бог?
|
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Термините пророштво и претскажување не треба да се мешаат. Иако во некои пророштва се ословува и иднината како во Јовановото Откровение наречено и АПОКАЛИПСА. Апокалипса на старогрчки значи откровение, а тоа е нешто што Бог му го објавува на пророкот бидејќи тој го разбира светлосниот говор на Бога кој потоа го пренесува на луѓето. Пророкот може да се спореди и со звучник низ кој луѓето можат да го чујат Бога. Јовановото Откровение е според моето убедување жива вистина, додуша изразена во силни сликовни симболи. Една од ретките книги во Библијата за кои можеме навистина да кажеме дека Бог или Христос ги објавил, а не луѓето кои сакале да пропагираат свои представи ставајќи му на Бога во уста работи што не ги кажал. Бог 1997 година објави: „... И така сега се исполнува последниот дел од Јовановото откровение, од апокалипсата. А потоа ќе биде мир. ...„ И јас во тоа верувам, а секој може со тоа да се согласи, делумно го отфрли или воопшто не се согласи. Тоа е право на секој поединец. Изменето од Majkl - 24.Јуни.2008 во 00:12 |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Spored ova zakluchuvam deka ti ne veruvash vo apokalipsata kako na proroshtvo. Sto mislish za posledniot del na Noviot Zavet, za "Otkrovnieto na svetiot apostol Jovan Bogoslov" ?
|
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не случајно го наведов примерот со архитектот, тоа се` објаснува.
Зборот претскажување треба да се сфати во смисла на предупредување, силна тенденција нешто да се одигра доколку се` и сите останат на одреден колосек на размислување и постапување. Сите други видови претскажувања се всушност бладања, фантазирања, а ако се одиграат навистина тогаш се бесмислени доколку немале опоменувачка функција. Бог им дал на луѓето слободна волја, а кога би морало по секоја цена да се случи нешто што е предскажано тогаш значи дека луѓето и немаат слобода на избор. Еден од критериумите за вистинско откровение, објава односно пророштво(кога Бог користи поединец како инструмент да се обрати на луѓето)е токму тој дека Бог никогаш не соопштува точни датуми туку само обопштено ја ословува светската ситуација. Инаку глобално чаре веќе нема, тука и таму кај поединци евентуално може да се зборува. Чарето би била искрена доброволна промена на поединецот не во смисла на чукање во гради колку го носи на пр.Исус во своето срце и дека ја знае цела Библија, или Багавад Гита, или Quran-от на памет, туку практично следење на божествемите морално-етички принципи во секојдневието. Изменето од Majkl - 23.Јуни.2008 во 23:50 |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Pomalu ili poveke toa mu doagja isto - Bog preku proroshtvata blagovremeno porachuva deka nie ne gi pochituvame zakonite i leka poleka ke dojde apokalipsa, neli ? Moeto prashanje e: dokolku navistina im veruvate na svetite pretskazhuvanja deka apokalipsata ke se sluchi bidejki nie nema da se popravime, zoshto mislite deka ke najdete nekoe chare za sprechuvanje na istata, zoshto bi se obidele da odite protiv neshto sto e pretskazhano, sto bi zashtitile so toa i kakva e poentata od prezerviranje na tie neshta sto, spored pishuvanjata, treba da se zamenat so novo i podobro. Imeno, pretskazhuvanjeto za apokalipsata nemahe voopshto da postoi kako takvo, ako toa ne beshe pretskazhano deka ke se sluchi. Ne se pretskazhuvaat raboti shto nema da se sluchat. Za takvi neshta se veli deka se fantaziranja, sonovi i bladanja, a ne pretskazhuvanja. Sega izlaga deka ili toa pretskazhuvanje ne e pretskazhuvanje ili nie ne sme vistinski vernici, pa ne veruvame vo nego ili pak od pusti strav ednostavno ne sakame da go prifatime, pa zatoa se obiduvame da sprechime neshto sto sekako nemozheme da smenime. Kade se naogjate vie vo seto ova? |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Која е таа "пророчица за денешново време" преку која Христос "појаснувал" ?
|
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Крајот на светот не е нешто што ќе настапи поради тоа што во древните или новите прорштва е така кажано. Апокалипсата нема никаква врска со Бога. Бог само благовремено го опоменувал човештвото дека се движи во погрешен правец. Ако при изградбата на темелите на една зграда или водење на една фирма, архитектот или бизнис консалтингот утврдат дека работите се движат по погрешен к у р с и притоа добронамерно предупредат а нив другите ги исмеат дека непотребно креваат паника, тогаш порано или подоцна лошите или дури катастрофалните резултати ќе станат очигледни. Но катастрофата не се случила затоа што архитектот или консалтерот предупредиле дека ќе биде така. Тие едноставно дадоа информации кои можеа да се искористат како шанса. Исус предупреди: „Што човек сее тоа тој и ќе жнее!„, источните религии како хиндузам или будизам на пр. зборуваат за карма-законот, а современата наука вели дека на секоја АКЦИЈА и следи соодветна РЕАКЦИЈА. Каква е сеидбата на човештвото? Каква е неговата акција сето време, земено глобално? Доволно е да се пратат повремено вести на ТВ, радио или интернет. Не треба да се биде видовит дека на овој свет веќе јасно му се наѕира крајот. Притоа треба да се напомене дека крај на светот не значи и крај на планетата Земја. Во јануари 1996 година преку пророчицата за денешново време, Христос појасни: „Речта сега го изговара она Омега! Крај! Крај со овој свет. О Сфатете и препознајте ја разликата во вашите срца помеѓу зборовите, свет и Земја. Земјата е еден аспект Божји и таа нема никогаш да помине. Таа ќе се издигне во една повисока агрегатна состојба и постепено ќе се асимилира во она ЈАС СУМ. ...Светот е материјалот со кој луѓето ја облекле земјата. Овој материјал - светот - е полн со крпеници кои се повеќе се кинат. ...Тоа значи дека Земјата која лежи во грозница, се повеќе се тресе, глад, зарази, војни и многу повеќе - ќе ги посетат сите народи на оваа Земја. Зашто народите не ја слушаа Божјата Реч. Маса луѓе ги слушаа додворувањата на световните и црковните власти кои сеуште веруваат дека можат да ги покријат крпениците. Но како што е веќе кажано, материјалот - свет - повеќе не држи... „ Изменето од Majkl - 23.Јуни.2008 во 17:55 |
||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Темплариус - едноставни работи го прават животот на луѓето подобар. И не зависи од пари или од ништо друго. Едноставно зависи од нас самите и од вољата да помогнеме. Како на пример - одење еднаш неделно по два часа во народните кујни, каде што ќе помогнеш на луѓето... или еднаш неделно по два часа во дом за деца каде што ќе им читаш приказни или ќе помогнеш во средувањето на дворот и училниците... Или одење во болница каде што на стари луѓе ќе им читаш извадоци од весниците од изминатата недела или на деца ќе им читаш приказни или нешто слично... сосема едноставни работи кои ќе покажат на другите луѓе дека има добрина и дека не е се така црно во животот... и тоа во нивните најмрачни моменти. За потоа тие самите истото да го направат со други луѓе.
Или - посериозни работи - грижа за еко-средината, социјален и политички активизам и граѓански иницијативи. Се тоа се работи кои секој еден од нас може да ги направи вложувајќи не повеќе од 2 часа неделно... Ама зошто да ги правиме кога може да зјапаме во тв и да играме спортска...? |
||
Do what is right, come what may...
|
||
Внеси реплика | страница <1 23456> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |