Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Јуни.2008 во 23:30 |
РАБОТНИЧКИ ФЕРШПЕД НЕДЕЛАВА ЈА ЗАТВОРА ОВАА СЕЗОНА
"Шпедитерките" на одмор до август
Одбојкарките на Работнички Фершпед оваа недела ќе ја заокружат
натпреварувачка сезона. "Шпедитерките" и покрај тоа што не успеаја да
ја одбранат двојната круна годинава, со активна работа продолжија и
изминатиов период, а сега следува едномесечен одмор. Тренерот на
Работнички Фершпед, Светислав Пеица, ги ослободува своите играчи од
обврските кон клубот с$ до почетокот на август, кога ќе стартуваат
подготовките за новата натпреварувачка сезона.
"По завршувањето
на репрезентативните обврски на дел од одбојкарките екипата повторно се
комплетираше и работевме изминатиот период. Со лесни тренинзи оваа
недела ќе ја затвориме сезоната и девојките ќе добијат еден месец
одмор. Нивните обврски кон клубот ќе стартуваат на почетокот на август
кога и ќе почнат и подготовките за новата сезона. Раководството на
клубот треба да се состане во текот на следната недела и тогаш ќе го
направиме планот за целите, амбициите и измените кои евентуално би ги
имале во клубот следната година", изјави тренерот на "шпедитерките",
Светислав Пеица.
Засега нема најави за промена во играчкиот
состав на тимот, но тоа официјално ќе може да се потврди дури пред
почетокот на првенството.
"Екипата го задржа истиот играчки
состав и по завршувањето на сезоната, но за промените, евентуалните
заминувања или доаѓање на нови играчи е уште рано да зборуваме. Секако
Кијановиќ, која беше наше засилување во текот на вториот дел од лигата,
си замина. Единствена најава за повлекување може да се очекува од
капитенот Зафировска поради обновувањето на повредата на коленото, но и
тоа не е потврдено", додава Пеица.
"Шпедитерките" ќе имаа
доволно време да се одморат и да соберат енергија пред стартот на
подготовките за новата сезона, кога ги очекува тешка задача, враќање на
шампионската титула во свој посед.
В. Зарева
Зафировска се уште без одлука
Капитенот
на Работнички Фершпед, Андријана Зафировска, с$ уште нема донесено
одлука дали ќе прави операција на обновената повреда на коленото, што
ќе предизвика и повлекување од екипата или ќе се потруди со други
методи да ја санира повредата. Таа во моментов го води летниот камп за
подмладокот на клубот во Маврово, а конечното решение ќе го донесе по
враќањето во Скопје и по консултациите со раководството на тимот.
"Проблемите
со коленото продолжуваат, а единствена сигурна опција за санирање на
повредата во моментов е операција. Но, одлуката с$ уште не сум ја
донела, морам прво да се консултирам со раководството на клубот и
заедно да најдеме најдобро решение, потоа мора да направам уште неколку
контроли и лекарски анализи. Сакам да продолжат да играм, а од екипата
ќе се повлечам само доколку тоа е неизбежно. Повторувам конечната
одлука ќе мора да ја донесам наскоро, а тогаш ќе знам во која насока ќе
се движи мојата одбојкарска кариера", вели Андријана Зафировска.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Јуни.2008 во 18:15 |
МАКЕДОНИЈА СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ ОДГОВОРИ НА БАРАЊЕТО НА ЧЕШКАТА ФЕДЕРАЦИЈА ЗА ПРОМЕНА НА ТЕРМИНОТ
ОФМ во потрага по компромис
Одбојкарската федерација на Македонија во текот на следната недела
официјално ќе одговори на барањето на Чешката федерација, дали првиот
бараж натпревар за ЕП 2009 кој двете машки репрезентации треба да го
одиграат во Чешка викендот 5-6 септември ќе биде одигран три дена
подоцна на 9 септември. Чесите барањето за промена на терминот го
поставија поради поклопување со завршницата на Европското младинско
првенство, каде Чешка се јавува како организатор, како и со немањето
можност за ТВ пренос на бараж дуелот. Промената за Македонија е
прифатлива само доколку домаќинот на првиот меч се согласи да не прими
еден ден повеќе или, пак, натпреварот да се одигра на 10 септември.
Поради лошата комуникација со чешките официјални лица, како и
одбивањето на рецепроцитет со екстра денот, ОФМ ќе се потруди да донесе
најдобро решение и по пат на компромис да го реши настанатиот проблем.
Во спротивно ќе се придржуваме кон датумите пропишани од ЦЕВ и ќе
бараме баражот да се одигра во дадениот термин.
"Промена на
терминот е возможна, но зависи од соработката со Чешката федерација.
Поради лошата авионска конекција, побаравме ден повеќе да бидеме гости
на Чесите, а потоа и во реваншот тие да престојуваат екстра ден во
Македонија, но таквиот предлог за реципроцитет не беше прифатен. На
Конгресот во Дубаи и покрај настојувањето на нашиот претседател Јованов
да се воспостави комуникација и договор, наидовме на ладен однос од
страна на потпретседателот на Чешката федерација. Разгледувајќи ги
можностите ни одговара мечот да се одигра на 10 септември, но тоа
повторно зависи и од домаќинот. Доколку не успееме да дојдеме до
компромис, реално е да бараме да се задржи првичниот термин поставен од
ЦЕВ, бидејќи ние немаме никаков проблем со тоа, туку Чешка", н$
информираше селекторот на машката репрезентација, Александар Тасевски.
Канцеларијата
на ОФМ во моментов ги разгледува сите опции и се надева дека во текот
на деновиве ќе биде донесено најдоброто решение, со кое ќе одговорат на
барањето на Чешка.
"Ќе направиме неколку работни состаноци на
кои покрај мене ќе учествуваат и генералниот секретар, спортскиот
директор и селекторот и во заедничка консултација ќе донесеме решение
кое ќе сметаме дека е најдобро за нашата репрезентација, по што ќе
одговориме и на барањето на Чесите", вели претседателот на
Федерацијата, Марјан Јованов.
Бараж натпреварите според ЦЕВ
треба да се одиграат првите два викенда од септември, но доколку дојде
до промена на терминот дуелите меѓу Македонија и Чешка ќе се одиграат
со разлика од само пет дена.
Тасевски ја подготвува програмата
Селекторот Тасевски во полна пареа работи на програмата за подготвителниот период и бараж фазата од квалификациите за ЕП.
"Работам
на програмата за бараж фазата од квалификациите. Треба да се
консултирам дали да се соберат репрезентативците порано или да се
остане на првичниот датум, 5 август. Би сакал првата фаза и дел од
втората да одработиме надвор од Скопје, за потоа во нашата "база" да
преминеме на техничко- тактички план. Во зависност од можностите на ОФМ
да ни обезбеди спаринг- противник добро би било да одиграме неколку
контролни натпревари пред баражот", изјави Тасевски.
Словенија прв спаринг- партнер
Федерацијата
уште од сега активно работи на обезбедување противници со кои сениорите
ќе одиграат пријателски средби пред баражот со Чешка. Прв конк*рент е
Словенија, која би сакала со нас да одигра контроли кои би биле од
заемна корист и за двете селекции. Федерациите начелно ја договорија
соработката, но останува истата да се потврди и реализира во текот на
подготвителниот период.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Јуни.2008 во 17:14 |
ПОРАДИ ПОКЛОПУВАЊЕ НА ТЕРМИНИ ЧЕШКАТА ФЕДЕРАЦИЈА БАРА ПРОМЕНА НА ТЕРМИНОТ НА БАРАЖОТ
Чешка бара нов датум
Чешката федерација достави барање до ОФМ со кое бара одложување на
датумот кога треба да се одигра првиот натпревар од бараж фазата на ЕП
2009, меѓу нашата и чешката машка репрезентација. Причината за ова
барање е поклопувањето на термините, односно викендот 6-7.09 кога треба
да се одигра првиот меч, Чешка треба да биде домаќин и на завршницата
на младинското Европско првенство во Брно. За нов датум е предложен 9
септември, а само пет дена подоцна, на 14, треба да се одигра вториот
дуел. Пропозициите велат дека доколку се постигне договор меѓу
федерациите тогаш ЦЕВ и покрај тоа што ги има веќе определено термините
нема да прави проблеми. Чешка чека одговор од ОФМ, кој треба да биде
доставен по враќањето на претседателот Јованов од Конгресот во Дубаи.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Јуни.2008 во 17:13 |
ШАМПИОНОТ ЈА ПРОДОЛЖУВА СОРАБОТКАТА СО ДВАЈЦА СТАНДАРДНИ ПРВОТИМЦИ
Модев и Трајчевски остануваат во Работнички Фершпед
Интернационалецот Христо Модев и Влатко Трајчевски се двајцата
одбојкари кои најверојатно и следната сезона ќе ја продолжат
соработката со досегашниот клуб Работнички Фершпед. Двајцата стандардни
првотимци на "шпедитерите" веќе преговараа со раководството на клубот и
според информациите и од двете страни останува само договореното да
биде пренесено на хартија. "Имав состанок со раководството на
Работнички Ф. и преговаравме за условите и за продолжување на договорот
за уште една година. Сакам да останам во клубот уште една сезона, но
засега постигнат е само устен договор, а за да се официјализира
работата, мора се да се стави на хартија", изјави еден од носителите на
играта на шампионот минатата сезона, Влатко Трајчевски. Христо Модев веќе неколку сезони наназад настапува за Работнички Фершпед, а соработката ќе ја продолжи и оваа година. "Доколку
останат условите за кои преговарав со управата во изминативе денови,
тогаш нема двоумење, останувам во Работнички Ф. и следната сезона.
Единствено што преостанува е и официјално да се потпише договорот",
вели интернационалецот Христо Модев. Покрај разговорите со овие
двајца играчи, раководството на Работнички Фершпед преговара и со
другите одбојкари кои беа дел од минатогодишниот состав бидејќи тоа е
приоритет за "шпедитерите", да се задржи костурот на ланскиот тим. "Приоритетно
за клубот е да се задржи основата на тимот од минатата година, па затоа
во моментов се почнати преговорите со одбојкарите. Имавме конструктивни
разговори со Модев и Трајчевски и с$ води кон тоа дека ќе останат во
екипата, додека со другите с$ уште се разговара. Со едно до две
квалитетни засилувања, а и во зависност од ждрепката во ЦЕВ купот, мора
посериозно да се размислува за евро- амбициите на екипата догодина", н$
информираше поранешниот тренер на Работнички Ф., Јошко Миленковски. Одбојкарите
на Работнички Ф. до крајот на месецот ќе тренираат по што следува пауза
од еден месец, за на 4 август да ги стартуваат подготовките за новата
сезона.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Јуни.2008 во 17:13 |
ИНТЕРНАЦИОНАЛНАТА ОДБОЈКАРСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА 31. КОНГРЕС ВО ДУБАИ ДОНЕСЕ НОВА "ИСТОРИСКА" ОДЛУКА
14 играчи и две либера во секој тим
На 31. конгрес на Интернационалната одбојкарска федерација, кој
изминативе денови (16-17) се одржа во Дубаи и на кој учествуваа над 200
национални федерации, Генералното собрание на ФИВБ донесе нова
"историска" одлука со која направи важни промени во одбојкарските
правила. Започнувајќи од 1 јануари 2009 година, во секој тим бројот на
играчите ќе се зголеми од 12 на 14 одбојкари, од кои во составот ќе се
најдат и две либера, а правилата дозволуваат само еден од нив да биде
на теренот. Конфедерациите и националните федерации новото правило ќе
можат да го имплементираат веднаш по завршувањето на Олимписките игри
во Пекинг.
Покрај оваа одлука Конгресот исто така го
разгледуваше и го одобри предлогот наметнат од Бордот на ФИВБ за
користење на топка со помал притисок со цел да се зголеми должината на
сервисот и МВА 200 да биде официјална топка за Олимпијадата оваа година.
Конгресот
ја потврди одлуката на Бордот која се однесува на интернационалните
трансфер сертификати (ИТЦ) со цел да ги заштити домашните играчи, како
и идентитетот на националните лиги, со што ќе се запре и монополот на
финансиски моќните клубови. Од сезоната 2010- 2011 клубовите ќе имаат
право во својот тим да имаат колку сакаат странски играчи, но на
теренот во истовреме може да се најдат само двајца. ФИВБ им дозволува
на националните федерации сами да одлучат дали на своите клубови ќе им
дозволат уште еден странски играч во полето.
Генералното
собрание за следната сезона определи рок од седум месеци, од 15
октомври до 15 мај, за комплетирање на натпреварувањето во националните
лиги.
ФИВБ со нов претседател
Актуелниот
претседател на ФИВБ, Рубен Акоста, на 31. конгрес на Федерацијата го
најави своето повлекување од позицијата, поради приватни причини, а на
неговото место едногласно беше избран досегашниот прв потпретседател на
ФИВБ, Жижинг Веи.
Акоста е втор претседател на Светската
федерација и 24 години одлично ја вршеше својата функција промовирајќи
ја одбојката во светски рамки и правејќи спектакуларен развој на овој
спорт.
Јованов на конгресот во Дубаи
Претседателот
на ОФМ, Марјан Јованов, заедно со селекторот на машката репрезентација,
Александар Тасевски, присуствуваа на 31. конгрес на ФИВБ во Дубаи.
Нашата делегација на овој собир покрај воспоставувањето на нови
соработки и продлабочување на старите исто така успеа начелно да се
договори со претставниците на словенечката федерација, за заемна
соработка во текот на подготвителниот период на машките репрезентации
за баражот за ЕП 2009.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 18.Јуни.2008 во 17:12 |
НАЈТРОФЕЈНИОТ МАКЕДОНСКИ СТРАТЕГ ЈА ПРЕКИНА СОРАБОТКАТА СО ЦРНОГОРСКИОТ ПРВОЛИГАШ
Миленковски ја напушти Будванска Ривиера
* "Поради
"замрзнувањето" на функцијата на досегашниот спортски директор на
клубот, Раденко Маровиќ, со кого и ја почнав мојата соработка, сметав
дека најкоректно е со меѓусебен раскин на договорот да се повлечам од
позицијата тренер на Будванска Ривиера", вели Миленковски.
Нашиот најтрофеен тренер и поранешен селектор на машката
репрезентација, Јошко Миленковски ја прекина соработката со
црногорскиот прволигаш Будванска Ривиера со кој минатата сезона се
најде на третото место во европскиот ЦЕВ куп. Причини за напуштањето на
Миленковски на оваа позиција има повеќе, но приоритетна е
"замрзнувањето" на функцијата на досегашниот спортски директор на
Будвани, Раденко Маровиќ со кого нашиот стратег и ја почна соработката
во црногорскиот клуб. Разделбата е направена во меѓусебен пријателски
договор, со можности во иднина квалитетната соработка да биде обновена.
"Поради
'замрзнувањето' на функцијата на досегашниот спортски директор на
клубот, Раденко Маровиќ, со кого и ја почнав мојата соработка во
клубот, сметав дека најкоректно е со меѓусебен раскин на договорот да
се повлечам од позицијата тренер на Будванска Ривиера. Маровиќ
комплетно ја поддржуваше мојата работа изминатава сезона, па оваа
постапка може да се каже дека е од лојалност кон него и од големото
заемно почитување. Секако оставен е простор во иднина да ја обновиме
соработката. Пресудно беше и тоа што морам да се вратам на обврските
кои ги имам како професор на Факултетот за физичка култура, како и кон
екипата Работнички Фершпед", изјави Јошко Миленковски.
Нашиот
најдобар стратег во моментов на прво место ги става работните обврски
кои ги има кон факултетот, но воедно посветува големо внимание и на
клубот Работнички Фершпед. Миленковски со успехот кој го постигна
изминатава година го привлече вниманието на реномирани европски
клубови, но засега тој само ги разгледува понудите.
"Во моментов
сум посветен на обврски кон факултетот, а работам и во конструирањето
на екипата на Работнички Фершпед за следната сезона. Градењето на
кариерата како одбојкарски тренер во иднина многу зависи од договорот
со ФФК. Имам неколку конкретни понуди од екипи кои настапуваат во
Лигата на шампионите, што за мене претставува голем предизвик, но
засега само ги разгледувам понудите. Доколку не успеам да се договорам
со нив, како опција секогаш останува Работнички Фершпед, што воедно
одлично се усогласува и со моите работни обврски како професор", додава
Миленковски.
Јошко Миленковски во последните две сезони, прво
како тренер на Работнички Фершпед стигна во фајнал-форот на Топ тимс
купот, а лани како предводник на Будванска Ривиера го постигна
најголемиот успех во историјата на црногорската одбојка, освојувајќи го
третото место на завршницата во ЦЕВ купот.
В. Зарева
Вуковиќ на тренерското место
Селекторот
на машката репрезентација на Црна Гора, Веселин Вуковиќ, ќе биде новиот
тренер на Будванска Ривиера. Новото раководство на клубот има
долгорочни цели и планови, меѓу кои будванската екипа догодина да биде
составена само од црногорски одбојкари и да претставува расадник на
сениорски репрезентативци.
Маровиќ: "Задоволство ми беше да работам со Јошко"
Досегашниот
спортски директор на Будванска Ривиера, Раденко Маровиќ потврди дека
станува збор за пријателска разделба, која се надева дека во иднина ќе
има можност да се обнови.
"Заминувањето на Миленковски е
поврзано со моето 'замрзнување' на функцијата спортски директор на
клубот поради здравствени причини. Бидејќи Јошко и јас бевме еден тим
кој квалитетно функционираше, тој реши да се повлече заедно со мене,
што го ценам како особено пријателски гест, па токму поради тоа и
нашата разделба беше таква, пријателска. Морам да напоменам дека
Миленковски одлично ја одработи својата задача, му донесе на клубот
еден голем, историски успех и ми беше задоволство да работам со еден
таков човек и стратег како него", ни рече во телефонскиот разговор
спортскиот директор на Будванска Ривиера, Раденко Маровиќ.
Максимално посветен на Работнички Ф.
Миленковски
овој период максимално е посветен на формирањето на екипата на
Работнички Фершпед и играчите со кои ќе настапува тимот следната
сезона. Нашиот стратег се надева дека ќе успее да се зачува костурот на
екипата од минатата година бидејќи тоа ќе биде добро не само за клубот
туку и за машката репрезентација во која настапуваат поголем дел од
одбојкарите на шампионот. Миленковски смета дека треба да се заборават
личните несогласувања и да се работи за едно општо добро на одбојката,
со што и најдобро ќе се искористи шансата до која се изборија
репрезентативците, бараж натпреварот кој води на ЕП.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Јуни.2008 во 19:37 |
ПРВОТО КОЛО ОД СВЕТСКАТА ЛИГА 2008, ВО ЗНАКОТ НА ШАМПИОНОТ
Бразил го обележа "мечот на неделата"
Првиот натпреварувачки викенд на Светската лига 2008 помина во
знакот на актуелниот шампион Бразил, САД, Русија, Бугарија и Франција,
кои имаа одличен старт и со две победи во разигрувањето со противниците
го затворија првото коло.
Бразилците во "натпреварот на
неделата" успеаја на двете средби, пред својата публика да слават со
3:2 против Србија. "Кариоките" откако ја забележаа првата победа, во
вториот меч им преостануваше да ја потврдат добрата игра, но Србите беа
решени да го возвратат ударот.
Домаќинот имаше предност 10:7 во
стартниот сет, но Србија изедначи на 14:14, по што следуваше долга
борба и игра поен за поен с$ до завршницата, 21:21. Со фантастична игра
на мрежата, особено во блокот, Србија во финишот дојде до минимално
водство 23:21, кое го задржа до крај искористувајќи ја втората сет
топка за 25:23. Бразилците доминираа во вториот сет и без поголеми
проблеми со 25:19 изедначија на 1:1. Стабилната игра "кариоките" ја
задржаа во продолжението, што им донесе водство од високи 16:9. Србија,
која како да ја бараше својата играта во тие моменти, успеа да излезе
од кризата, изедначувајќи на 23:23, а подоцна прави и комплетен пресврт
освојувајќи го сетот со 26:24. Србите со силна иницијатива го почнаа
четвртиот сет и имаа 4:0 на стартот, но Бразил многу брзо се
стабилизира и ја презема работата во свои раце, и со 25:23, се избори
за тајм-брејк. Домаќинот решеноста за победа ја покажа во петтиот сет,
кога со одлична игра го неутрализираше отпорот на конк*рентот и со
15:11 го реши натпреварот во своја корист.
Во вториот дуел од
"А" групата Франција запиша две победи против Венецуела. Во групата
"Б", Куба и Италија имаат изедначен скор, една победа и еден пораз,
додека Русија двапати ја совлада Кореја. Фаворитите во "Ц" групата, САД
и Бугарија немаа проблеми во мечевите со противниците. Најинтересна
група викендов беше "Д" каде се одиграа четири неизвесни натпревари, во
кои конк*рентите ги поделија бодовите.
Второто коло од Светската лига 2008 се игра следниот викенд.
СВЕТСКА ЛИГА 2008
1. КОЛО
ГРУПА "А"
Бразил - Србија 3:2/3:2
Венецуела - Франција 2:3/0:3
ТАБЕЛА:
1. Франција 2 2 0 6:2 4
2. Бразил 2 2 0 6:4 4
3. Србија 2 0 2 4:6 2
4. Венецуела 2 0 2 2:6 2
ГРУПА "Б"
Куба - Италија 3:2/1:3
Кореја - Русија 2:3/1:3
ТАБЕЛА:
1. Русија 2 2 0 6:3 4
2. Италија 2 1 1 5:4 3
3. Куба 2 1 1 4:5 3
4. Кореја 2 0 2 3:6 2
ГРУПА "Ц"
Финска - САД 1:3/0:3
Бугарија - Шпанија 3:0/3:1
ТАБЕЛА:
1. САД 2 2 0 6:1 4
2. Бугарија 2 2 0 6:1 4
3. Финска 2 0 2 1:6 2
4. Шпанија 2 0 2 1:6 2
ГРУПА "Д"
Египет - Полска 3:2/1:3
Кина - Јапонија 2:3/3:2
ТАБЕЛА:
1. Полска 2 1 1 5:4 3
2. Кина 2 1 1 5:5 3
3. Јапонија 2 1 1 5:5 3
4. Египет 2 1 1 4:5 3
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Јуни.2008 во 19:36 |
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦОТ ЈОВИЦА СИМОВСКИ НАЈВЕРОЈАТНО И СЛЕДНАТА СЕЗОНА ЌЕ НАСТАПУВА ВО БЕЛГИСКАТА ЛИГА
"Засега останувам во Авербоде"
Нашиот интернационалец и еден од предводниците на репрезентацијата,
Јовица Симовски, најверојатно и следната сезона ќе остане во својот
досегашен клуб, белгискиот Авербоде. Симовски иако изминатава недела
имаше понуда и сериозни преговори со третопласириот тим во белгискиот
шампионат, Асе- Леник, не успеа да го оствари трансферот бидејќи
сегашниот клуб за раскинување на договорот бараше висока отштета.
"Имав
интересна понуда од третопласираната екипа во Белгија, Леник, да
преминам во нивниот тим, а во текот на преговорите во целост беа
прифатени моите барања. Но, Авербоде не сака да ме пушти да заминам од
клубот и за раскинување на договорот бараат висока отштета. Во
договорот кој го имам со нив стои дека доколу имам понуда од некоја
екипа која настапува во Лигата на шампионите, нема да ми прават никакви
проблеми и ќе ме пуштат да заминам, но бидејќи тоа не е случај со
Леник, управата на Авербоде се труди да ме задржи. Засега останувам во
клубот, но доколку во текот на летниот период се појават и други
интересни понуди, тогаш можно е да ја сменам и средината", вели Јовица
Симовски.
Популарниот "Гума" изминатава сезона беше најдобар
поентер во белгиската лига и е еден од клучните играчи на Авербоде, па
оттука сфатлива е и реакцијата на клубот кој се труди да го задржи
својот најдобар играч. Симовски на 1 август почнува со подготовките со
екипата, а во истиот период треба да стартува и подготвителниот циклус
на машката репрезентација за баражот за ЕП. Интерналецот уште од сега
најавува дека нема да може да биде дел од комплетните подготовки
бидејќи Авербоде ќе му дозволи отсуство од само една недела.
Повредата санирана
Повредата
на скочниот зглоб која Симовски ја доби во квалификациите за ЕП е
санирана. Отокот е комплетно повлечен, а Јовица се надева дека нема да
има никакви проблеми до стартот на новата сезона и бараж натпреварот
кој ја очекува репрезентацијата.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|