Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Gorazd777
Сениор
Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 16.Април.2015 во 22:15 |
Неписмени кецароши и копуци со купени дипломи,а сега докажани мафијаши и клептомани,не можат да воведат паушални реформи во образование како што ќе им текне. Ете на пример на почеток од оваа учебна година на мала врата без транспарентност им текна воведоа во деветтолетка предмет ИНОВАЦИИ. А,знаете каков е тој систем исто како во комуњарско време кога сите се псремаа да ги прават да бидат инженери,па учеа познатото ОТО(општо техничко образование)и да се надоврзам од тие генерации кои завршивме,доста и не одбраа таков позив во животот,значи за ташак ми беше потребен тој предмет,Така и со Иновации,предмет со СМЕШНО име,а се предава некаква безврска програма каде нема учебници,даскалот им носи ,поточно им праќа по и мејл материјал како се правела ЦВ-биографија и какво производство имало монополско и корпорациско. Така дечки има многу уште да се нведува за ова БОЛНО и невоспитано образование кое го дотолчија овие неписмени мафијаши продавајќи магла дека знаат нешто,ама тие и толку не се виновни,еден ден тие или нивното поколени еќе си го добие своето.Нека се подзамислат оние кои без размисла го поддржуваат ова зло.
|
ВОЈНАТА Е МИР СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
|
|
fiks
Администратор
ПРАВДОЉУБЕЦ
Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 16.Април.2015 во 19:58 |
Не знам што го интересира Меси, ама според мене има две опции. Да ги искористи средношколците во моменалнава политичка калаК*рница или второ да произведеме генерации на дегени и идиоти во догледно време кои ќе им послужат како марионети во иднина.
|
Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
|
|
Messenger
Администратор
Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet
Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 16.Април.2015 во 16:09 |
Очигледно е дека тој што ги шилка на ова го интересира само како да ги искористи да дојде на власт, а не како да ги направи подобри ученици и да осигура подобра иднина за општеството.
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
fiks
Администратор
ПРАВДОЉУБЕЦ
Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 16.Април.2015 во 13:32 |
Супер, еве сега не сакаат математика, за некоја година физика и хемија ќе дојдат на ред, и на крај ќе полагаат за матура физичко, музичко и како се аплодира слика на фејсбук и секако ќе имаме генерации на дегени за десетина години. Алооо дечки, луѓето не се раѓаат идиоти, околината ги прави. Нека не ве чуди што на глупави математички задачи на интернет од типот на 2+2x2 добивате одговор дека е 8 место 6........нека тераат бе, меѓутоа тој што ги шилка на ова нека се замисли кој ќе го услужува за некоја година кога ќе појде во некоја институција.
За информација за членовите, средно кога се запишував 1992 година полагав примен испит кој се состоеше од полагање на Математика и Физика, за матура исто Математика, Електроника со практична настава и Македонски јазик а исто така и на првиот факултет кога се запишав Математика и Физика.
Спремете се за неколку години да гледате генерации на дегени и идиоти во однос на образование.
|
Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
|
|
Gorazd777
Сениор
Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 15.Април.2015 во 18:49 |
Целиот нормален живот во земјата е уништен од партиско-мафијашкото влијание на власта,затоа можеби и учениците станаа посвесни за својата иднина,дека неможе КЕЦАРОШИ и оние СО КУПЕНИ дипломи да им наметнуваат образование од типот на ресавска препишувачка школа,со неопремени училишта за изведување на настава(физика,хемија,биологија..) и со многу проблеми кои се влечат од бившото комунистичко време,можеби затоа ,па веројатно нешто повеќе дознаваат за животот од ИНТЕРНЕТОТ,каде во паметните земји како Шведска,Норвешка,веќе и има пилот проекти да се напушти стариот систем на школување кој е производувач на ЗАОСТАНАТИ и ПОСЛУШНИ ДЕГЕНЕРИЦИ спремни само за бацирака,нема тоа повеќе,секоја поткрепа на сите нивоа на образование охрабрете се за вистински промени,ако веќе морате да трпите неписмени да ви кажуваат и да ве враќаат едно и повеќе столетија назад. Но исто така вреди да се спомене и ова http://libertas.mk/нема-пари-за-меѓународни-натпревари-з/
Изменето од Gorazd777 - 15.Април.2015 во 19:00
|
ВОЈНАТА Е МИР СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
|
|
Messenger
Администратор
Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet
Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 14.Април.2015 во 20:24 |
Кога учениците да диктираат какво образование ќе имаат и дозволија да бидат манипулирани од партијски интереси, тогаш повеќе од јасно е дека сме го достигнале најниското ниво.
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Анастеа
Администратор
ПИПИ долгиот чорап
Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 14.Април.2015 во 18:55 |
Не знам сега зошто бојкотираат, ама еве и јас се прашувам: Македонските ученици се речиси на дното
од речиси сите ранг листи на светските организации кои го мерат
знаењето на математика.
|
|
|
Angel-Miranda
Сениор
Регистриран: 24.Март.2015
Статус: Офлајн
Поени: 143
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Април.2015 во 20:52 |
Ова со праќањево на писма и вршење притисок е навистина е претерано од нивна страна.Со кој памет им праќаат писма и им вршат притисок?Во едно од моите мислења имам споменато дека поголемиот дел од средношколците не знаат зашто бојкотираат.Тоа не го поддржувам.Кога веќе се бојкотира,треба да се знае зошто се бојкотира.
|
|
Ninja 35
Модератор
Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Април.2015 во 18:59 |
Затоа наместо вести, прашај некого што има дете средношколец, така ќе бифеш најточно информирана. Јас имам пријатели со деца што им е вршено притисок.... Од друга страна на еден другар син му не знаеше ни да ми каже зошто бојкотираат
|
|
Angel-Miranda
Сениор
Регистриран: 24.Март.2015
Статус: Офлајн
Поени: 143
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Април.2015 во 18:10 |
Веќе не знам во што да верувам.На едни вести слушам едно,а на други вести слушам друго.Еванџелин ако е вистина ова тогаш ова веќе е претерано од страна на тие што и го испратиле тоа писмо.
|
|
evangeline
Модератор
Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Април.2015 во 17:40 |
Не верувам дека некои деца можат да испратат било какво писмо, со потпис и печат од директор...
Иако како што слушам деновиве, не е единствени. Во многу училишта вршеле притисок, дури и ги заплашувале децата.. Штета и срамота за "демократијата"
|
|
|
Angel-Miranda
Сениор
Регистриран: 24.Март.2015
Статус: Офлајн
Поени: 143
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Април.2015 во 22:24 |
И на вести слушнав и од моите роднини во Македонија слушнав дека поголемиот дел од средношколците не ни знаат за што протестираат.Унијата на средношколците се договорила со МОН математиката да не биде задолжителна,односно да биде како алтернатива или да биде задолжителна на матура само за тие што одбрале ПМА во гимназија или за тие што учат во економско-правни средни училишта,економски смер.Еванџелин што се однесува до твојата сосетка,тие писма можеби и ги праќаат некои деца кои сакаат да си поиграат или некој кој сака да се збогати на нечесен начин,можат да ја казнат само ако ќерка и има над 25 неоправдани изостаноци.
Изменето од Angel-Miranda - 12.Април.2015 во 18:03
|
|
evangeline
Модератор
Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Април.2015 во 21:22 |
Што се случува стварно во образованиево? Прееска една комшивка ме сретна пред влез и цела изреволтирана почна да си ги кажува маките.. Има ќерка, средношколка. Им праќале писма дома, да одат во училиште и да потпишат дека детето ќе им полага математика. Оваа не отишла затоа што не сака да полага математика ќерка и, после третото писмо и стигнала опомена дека треба да плати огромна казна. Со кое право бе? Казна за што?
|
|
|
Ninja 35
Модератор
Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Април.2015 во 21:10 |
НА ЧЕТВРТИОТ ДЕН ОД БОЈКОТОТ Прекинот на наставата се шири низ земјата, притисоците кон средношколците им даваат дополнителен мотивИако се изложени на притисоци и закани од дел од професорите и директорите, учениците не отстапуваат од барањата за средба на заедничка маса со министерот Адеми, за да го врати стариот модел на државна матура и да ги укине електронското и екстерното тестирање За бојкот на наставата денеска се решија илјадници средношколци од Скопје, Тетово, Куманово, Велес, a во Охрид обединетите ученици излегоа и на протести. Беа единствени во барањата и извикуваа „Стоп за лошите реформи“. Вчера „пленумците“ регистрираа бројка од 12.700, но, како што информираат, сега се близу 18.000 средношколците од Македонија што одржуваат вонучилишни, алтернативни активности. Дел се излезени во училишните дворови, а дел во холовите и ходниците. Насекаде се извадени клупите. Се дружат, организираат дебати, друштвени игри... „Не отстапуваме од барањата. Одржуваме различни активности, но постојано професорите и управата не ‘потсетуваат’ дека губиме вредни часови, лекции, дека ни се ‘множат’ неоправданите изостаноци, дека образованието е веќе на високо ниво... Тоа се ситни, но постојани притисоци. Сепак, наидувавме и на закани од типот ‘ ќе добиете исписница’, а некаде бараат да потпишеме дека се согласуваме да полагаме математика. Е, тоа е навистина срамно!“, вели скопски гимназијалец. Негов другар тврди дека притисоците не се ништо ново, ниту очекуваат да запрат. Но, истовремено, како што вели, расте мотивот за нивна борба и сплотеност против лошите и краткорочни мерки во средното образование. „Што ќе направиме ако се откажеме сега? Нема да се замолчат. Дури и нашите родители ги принудуваат да присуствуваат на вонредни средби, да плаќаат казни за нашето отсуство, со цел да нè ‘убедат’ да прекинеме со бојкотот“, вели ученик од „Георги Димитров“. Денеска редовна настава не се држеше ниту во струмичките училиште „Јане Сандански“ и „Никола Карев“. Битолскиот Средношколски пленум, пак, дискутираше дали да се приклучи на бојкотот со останатите разграноци на пленумите низ земјава. Од вчера „пленумците“ објавија и мапа со точните локации каде се бојкотира.
|
|