Алексанадaр Федорович Ритих познат руски научник – славист, татко на П.А. Ритих и двајцата промотори и почитувачи на посебноста на македонскиот народ.
Ритих - постариот уште од крајот на XIX век и почетокот на XX век, ја пренесува својата студиозност и непристрасност каква барала вистинската наука и на својот син. Особено остро ги отфрла тогашните пропаганди и машања во историјата и правото на Македонците. А.Ф.Ритих во 1887 г. заедно со М.Ф. Маркович ја издаваат “Етнографската карта на словенските народности”, a самиот е автор на “Словенски свет” (1885 г.) и “Славјанските наречја од XX век во Југозападна Европа“ (1901 г.) во која подвлекува дека Македонците треба да се третираат како засебен словенски народ.
Tој испраќа и едно интересно писмо до Димитрија Чупоски, кое е објавено во весникот – “Македонски глас” во С. Петербург во последниот – 11 број од 20 ноември 1914 г., под наслов – “Моето мислење за Македонците”. Изразувајќи на почетокот сочувство за ситуацијата во Македонија но и солидарност во напорите за конечна посебност на оваа “храбра земја”, Ритих го запознава Чупоски со своите активности на промоција за правата на македонскиот народ. Така го известува за предавањето кое го одржал уште на 03.12.1901 год. во Офицерското друштво на Армија и флотата и издавањето на трудот “Словенските наречја на XX век во Југозападна Европа”, со прилог карта. Меѓу Словенските земји и племиња, Ритих Македонија ја означил како засебна географска целина, а Македонците – “како за самостојно племе што има свој јазик”. По ова Ритих му ја опишува историјата на македонскиот народ за кого смета дека како Словенско племе први дошле на Балканот а дури подоцна Србите и Бугарите. Населувајќи ја Македонија, која уште се нарекувала – Склавинија (Берзитија) и која со границите го потсетувала на Русија, авторот... |
http://www.macedonium.org/Macedonium.aspx?jazik=2&kid=7&pid=26&ppid=229&tid=794
П.С.
Фердинанд бил шваба???
Изменето од Vladimir88 - 27.Април.2008 во 22:43