IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - За моралот
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

За моралот

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
Автор
Порака Обратен редослед
Kali Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Storyteller

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4947
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kali Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2008 во 11:30
Често низ темиве на вероисповед, се спомнуваат моралните квалитети, моралната доблест на еден верник ( особено кога кликнав на пребарувај во потфорум вероисповед- со главно зборче морал, сите одговори што ми ги даде, беа поврзани со жената. Имаше за облекување, што смее и не смее, што е дозволено и што не, дали тие што носат танги се сметаат за морални и за христијанки, итн. Да се замисли човексреќа)
Всушност, и цивилизациски гледано, религијата е таа која му го донела моралот на човекот.

За среќа на човекот и животот, императив на самото постоење, битисување е развојот. Во сеопшта смисла.
Па така и моралот.
Од биолошко психолошки сознаен аспект, човекот во својот живот минува повеќе развојни фази...новороденче, рано и средно детство, пубертет и адолесценција, рана и средна зрелост, стареење итн.


(Се надевам, доволно ни е јасно дека фактичката возраст не одговара секогаш на развојно очекуваната психолошка и сознајна зрелост.)

Така, и моралноста има свои фази, стадиуми на развој.

Прво, постои хетерономна и автономна моралност.
1. Првата одговара унилатерално почитување и послушност на она што авторитетот ( пр, родителот, законот) го вели.

2. Втората е типична за адолесцентите. Преиспитување на она што авторитетот го вели, за да се создаде свој систем на она што е морално правилно. Се развива соработка, почитување, се согледуваат мотивите и намерите, и се развива субјективна одговорност.

3. На овој стадуим, на моралноста се гледа како начин да се води сметка за другиот, се постапува по паролата, прави им го на другите она што сакаш тебе да ти го прават. Главно е зачувување на хармонијата меѓу односите, или избегнување на конфликти.

4. Се почитуваат формално одредените правила и норми, фокусот е на законот и редот. Битно е што словото на законот вели, а не што вели душата на законот.

5. Тука, се развива апстрактното мислење и одмерување на алтернативите. Се постапува според општествениот договор, но и според основните етички принципи, се одмеруваат последиците, се одлучува по демократски пат, имајќи ја на ум релативноста на контекстот. Битно, одлучувањето за она што е морално исправно, е контролирано одвнатре, не однадвор преку притисоци и очекувања.

6. Ова е највисокиот стадиум на развој на моралноста. Однесувањето е одредено од сопствената совест, внимавајќи на етичките принципи, со тоа што  делата се резултат на инвидивуалниот избор, и свест. Индивидуалните искуства ја носат смислата на доброто и лошото.

Моето прашање е:

Како вашите светите книги ја дефинираат моралноста?
Дали и како е тоа во согласност со она што научниците, социолози, психолози, го утврдиле како развојни законитости од проучувањето на развојот на човекот?
На кој начин вашата религија ве води, поучува, помага да ја развиете вашата моралност?

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,344 секунди.