|
Дали патриотизмот е христијанска наука? |
Внеси реплика | страница <1 23456> |
Автор | ||||
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Прво да треба да е патриот СЕКОЈ човек...тоа значи да си ја сака својата татковина. Второ да исправно е да вее знаме и да пее за својата татковина. И трето да, и војската е работа, т.е. војниците се чувари на својата татковина и не може секој да си ја чува и сака својата земја. И не значи дека секој војник гине, ако на тоа се колнат не значи дека ке загинат. многу простачки од твоја страна. Тоа е мојот став. |
||||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ova prasanje za patriotizmot e mnogu insteresno. Tocno e deka Isus rekol da go svrtime drugiot obraz koga ke ne udrat, no sepak dal i druga mnogu vazna zapoved a toa e deka nema pogolema ljubov od taa da se dade zivotot za prijatel ili blizen svoj. Pa taka ako branitelite go polozuvaat svojot zivot za site nas mislam deka nema nisto loso vo toa da ja odbranat svojata tatkovina a i da ja ispolnat zapovedta za ljubovta, so toa sto ke go dadat svojot zivot za nas.Od ova proizleguva deka nema nisto loso da si patriot,se dodeka se sledat ovie zapovedi.
Pozdrav |
||||
trebo.r.a
Сениор Регистриран: 24.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
|
||||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
ajde vo politika ... ovdeka sme off topic .....
|
||||
trebo.r.a
Сениор Регистриран: 24.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Изменето од trebo.r.a - 29.Јули.2008 во 11:46 |
||||
trebo.r.a
Сениор Регистриран: 24.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Изменето од trebo.r.a - 29.Јули.2008 во 11:47 |
||||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
voobicaen odgovor vo nedostig na vistinski ...... i kako sto kaza g-nitot zidarski , tema za razgovor no vo nekoj sosema drug podforum .... i da , zidarski e vo pravo koga veli " Како што ти зборуваш за исклучоци, така и јас сосема слободно ќе ти кажам дека оние со поинаква вера од "нас христијаните" кои навистина се грижат за Македонија се исклучоци. Затоа што кога истата таа земја беше нападната, тоа беше сторено од муслимани. " ....... tuka li baras povod , vo taa vistina za da nekogo obvinis za naciJonalizam i sovinizam ? .....
|
||||
trebo.r.a
Сениор Регистриран: 24.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Изменето од trebo.r.a - 29.Јули.2008 во 11:24 |
||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Како што ти зборуваш за исклучоци, така и јас сосема слободно ќе ти кажам дека оние со поинаква вера од "нас христијаните" кои навистина се грижат за Македонија се исклучоци. Затоа што кога истата таа земја беше нападната, тоа беше сторено од муслимани.
А ако ми одговориш дека се тоа само луѓе со муслимански имиња, исто ќе ти одговорам дека и оние кои воделе војни се луѓе со христијански имиња. А ако кажеш дека кај нас има повеќе такви, само ќе те потсетам дека бројката на оние со муслимански имиња кои војуваа против истата таа држава и кои се против нејзините основни институции се мнозинство од муслиманите (па ти дали ги признаваш за такви или не). Не навлегувај во теми што се политички и што немаат врска со религијата. Ако можеш да најдеш оправдување во ставот дека "ама тие не се муслимани" - истото секогаш применувај го и за другата страна. |
||||
Do what is right, come what may...
|
||||
misterX
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Што се однесува за патриотизмот јас го одобрувам и мислам дека малку е измешана темава затоа што да бидеш патриот и да одиш во војна не е исто иако најголем дел од “патриотите“ својот патриотизам го докажуваат за време на војни. Тоа е погрешно и мислам дека има многу подобри начини да и се помогне на својата држава. Патриотите не ја ограбуваат својата земја, не ги продаваат фабриките и индустриските капацитети за да се богатат. Патриотите се секојдневно активни во изградбата на подобар систем на една земја, тие учествуваат во волонтерски акции за помош на своите хендикепирани и болни сограѓани, за изградба на патишта и други објекти, прават добротворни акции и сл. Патриотите едноставно знаат како и кога на некој свој му треба помош. Еден таков беше и Тоше но за жал таквите многу бргу си заминуваат од овој свет. Ги копирав вашите текстови затоа што во нив најдов едно потврдување на многу мои тези во повеќе дискусии досега. Тоа што христијаните имаат задача да го свртат другиот образ кога некој ќе ги удри, а го вртат само кога се бричат е еден реален одговор кој дава реална слика за денешните христјани и практикувањето на исусовите зборови. Јас секогаш тврдев и ќе тврдам дека нема христијанин кој е спремен да му го сврти другиот образ на оној кој ќе го удри. Самото постоење на темпларските витешки редови, и на уште какви не крстоносни редови е доказ дека “христијаните“ веќе одамна не го спроведуваат ова начело кое би било многу важно за човештвото. И денес исто како и порано христијаните одат во војни, црквите ги благословуваат војниците иако тоа според исус е забрането. Некои од вас сматаат дека тоа е крајно неисправно а јас сметам дека тоа со тек на време поради појавата на крстоносните и други поробувачки војни станало исправно доколку гледате од аспект на исламската религија- и доколку престанете да се удирате во гради дека христијанството денес е чисто и дека не се злоупотребува. Потребата од измени на одредени правила во религиите доаѓала со самиот развој на цивилизациите. Првите луѓе живееле во една заедница а потоа почнале да се делат и да осниваат племиња, поголеми заедници па подоцна и држави. Државите дури и во денешно време ја шират или ја губат својата територија во војни и оние кои се нападнати имаат право да се бранат. Според многумина на оваа и на многу други теми муслиманите кои според исламот имаат право да водат војни доколку се нападнати, се поистоветуваат со терористи. Сега кога се зборува дали еден христијанин може да погине под знамето на државата во нејзина одбрана наеднаш некои кои претходно на други места тврделе дека христијаните не го прават тоа, оп еве ти двоен аршин или сега сметаат дека тоа треба да се прави. Секоја чест на оние кои остануваат доследни на изворното учење на исус но за жал од нив останаа само малку. Јас не одобрувам никакви војни и сум против напаѓање на одредени земји за да им се одземе нешто. Но јас сум патриот за својата земја и би погинал за неа доколку биде нападната и доколку моето семејство биде во опасност. Тоа како право и обврска го наследувам и од мојата религија но многумина од вас неможат и не сакаат да го разберат ова. Вие македонсците со христијанска религија сеуште не можете да разберете дека тука има и некои други поинакви од вас кои се спремни заедно со вас да се борат за да и помогнат на земјата која од срце ја сакаат. Вие треба само да се однесувате онака како што Исус ви порачувал, да не ги менувате своите ставови според секојдневните потреби и да немате двојни аршини. |
||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Телесниот човек за жал го одбива Духовното и со тоа се противи на своето спасение!
...каде нема веќе Грк ни Јудеец, обрезание и необрезание, варварин *, Скит, роб, слободен, туку Христос е сe и во сe! (До Колосјаните 3:11) * Античкиот грчки говорник Демостенес ги наречуваат античките македонци дури полоши од варвари! Исус вели: „Вистина, вистина, ти велам, ако некој не се роди одозгора, тој не може да го види Божјото Царство.” Кој е навистина одозгора роден, во него нема повеќе нити индивидуален, нити колективен егоизам. А што всушност друго е и разлогот за сите наши човечки маки? Колку е прекрасна Мудроста БОЖЈА! Изменето од spiros - 29.Јули.2008 во 00:34 |
||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Благодарам за објаснувањето - многу е на место...
За жал, во современата култура, многу зборови со позитивно значење, под влијание на одредени настани добиле негативна конотација. |
||||
Do what is right, come what may...
|
||||
moira
Сениор ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Погрешна дефиниција за национализам! Национализмот претставува идеологија која ја поставува нацијата за основа на човековиот и општествениот живот и која за одржување на истата дава предност над било кои останати политички или општествени принципи! ...И тоа го сметате за грев...?...или придобивка...? Она за кое адра говори во својот пост и го смета за национализам, а не е само таа/тој со погрешна дефиниција и претстава за терминот национализам, претставува шовинизам, односно екстремен вид на национализам, кој е примитивна, трибалистичка идеолошка и политичка доктрина која ја сочинуваат екстремно позитивни предрасуди за вредноста на сопствената нација и негативни предрасуди кон останатите нации, создавајки ксенофобична клима која ги подгрева ирационалните страсти насочени кон "непријателските " нации! Затоа правете разлика помеѓу национализам и шовинизам или националшовинизам! Национализмот е позитивна идеологија, шовинизмот негативна! ...се извинувам за оффтопиков во врска со национализмот и шовинизмот но морав да објаснам, затоашто постојано се мешаат овие два термина...! |
||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Секој човек е повикан од Господа да го жртвува својот индивидуален (вертикално) и колективен егоизам (хоризонтално) и да го следи Него (Исуса Христа)!
Тоа е КРСТОТ ХРИСТОВ! Вертикално + хоризонтално! Не како некои што го негираат едното или другото или пак двете! Нека ГОСПОД ни даде сите нас сила да ги следиме неговите стапки. Тој Кој поради на сите се потеше со крвави капки! АМИН |
||||
Внеси реплика | страница <1 23456> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |