![]() |
|
Дали Марија имала деца после Исус? |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 23456 12> |
Автор | ||||||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
О чеда на Ишмаил, доколку имате нешто да кажете на темава (Дали Марија имала деца после Исус) бујрум, а доколку не, ве молам поштедете ја оваа тема од вашите оф-топик ајети |
||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||
![]() |
||||||
Sandokan ![]() Група ![]() Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 47 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
47. О вие, на кои Книгата ви е дадена, поверувајте во ова што го објавуваме – она што го потврдува како вистинито она што веќе го имате – пред да ги избришеме цртите на лицето и ги вратиме назад(како што беа првпат), или пред да ги проколнеме како што ги проколнавме оние кои саботата не ја почитуваа. – А Аллаховата заповед мора да се изврши.
48. Аллах нема да прости, некој друг рамен на Него да се смета, а ќе ги прости помалите гревови од тоа, кому Тој сака. А оној кој друг смета дека на Аллах му е рамен, измислувајќи лага, чини голем грев. 49. Зар не ги гледаш оние кои себеси се сметаат дека се чисти од гревови? Меѓутоа, Аллах го ослободува од гревови оној кој Тој сака, и никому нема, ни колку една тронка, неправда да му се направи. 115. Оној кој на Пратеникот ќе му се спротивстави, а познат му е вистинскиот пат, и кој појде (тргне) по патот кој не е пат на верниците, ќе го пуштиме да прави што сака, и во џехеннем ќе го фрлиме, - а ужасно живеалиште е тоа! 116. Аллах, сигурно, нема да прости, некој на Нему рамен да се смета, а ќе прости, кому сака, она што е помало од тоа. А далеку заталкал оној кој смета дека на Аллах некој му е рамен.(еднаков) 117. Тие, мимо(покрај) Аллах, наженски кипови (статуи) се клањаат, а не се клањаат на никој друг туку на шејтанот – бунтовник (пркосник), 157. и поради зборовите нивни: „Ние го убивме Месија, Исаа, синот Мерјемин, Аллаховиот пратеник…А ниту го убија ниту го распнаа, туку само им се причинило. Оние кои во размислувањето за него се раздвојуваа(поделија), тие самите за тоа во сомнеж беа; за тоа ништо сигурно не знаеја, само нагаѓаа; а сигурно е дека не го убија, 158. туку Аллах го воздигна кон (кај) Себе. – А Аллах е силен и мудар. 159. И нема ниеден следбеник на Книгата кој, кога ќе умира, нема како што треба во него да поверува, а на Судниот ден тој против нив ќе сведочи. |
||||||
![]() |
||||||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Ова ти е веќе 4ти ил 5ти пост и јас сеуште не го прочитав твојот став. Но меѓу редови прочитав дека според тебе Марија немала деца после Исус, а како аргумент го наведе: доволно ми е да ја прифатам догмата на мојата црква.
Овој аргумент го употребувал и народот во времето кога римокатоличката црква вршела инквизиција, продавала прошталници, индулгенции, ги заплашувала луѓето дека ако не платат ќе горат во пеколот, тврдела дека Земјата е плоча околу која врти сонцето, наредувала спалување на научниците кои го тврделе спротивното (Галилео, Коперник, Бруно) итн, а неинформираниот народ по овие прашања одговарал слично на тебе: "Да така е, ја прифаќам догмата на мојата црква", а римокатоличката црква го злоупотребувала нивното непознавање на Библијата и ги влечелела за нос каде ќе посакала, им го збирала и последниот динар од џебот, градејќи си ги своите раскошните катедрали. Тажно, но вистинито.
Мила connected, твоето битие не може истовремено да го почитува Писмото и ставот дека Марија немала деца после Исус, бидејќи Писмото не вели така. Подоле ќе ти наведам што вели Писмото.
Не знам за каква "моја црква" збориш, но досега јас во мојот став не употребив никаква догма од нечија црква, туку се служев верно само со библиски цитати, со Божјиот Збор.
Повели да прочиташ што вели Божјиот Збор за мојот став:
"Не е ли Овој син на дрводелецот? Мајка Му не ли се вика Марија, а Неговите браќа: Јаков, Јосиф, Симон и Јуда? И Неговите сестри не се ли сите со нас?"
(Матеј 13:55) "Додека Тој уште им зборуваше на мноштвата, ете, мајка Му и браќата Негови стоеја надвор и сакаа да Му зборуваат. И некој Му рече: „Еве, мајка Ти и Твоите браќа стојат надвор и сакаат да Ти зборуваат.” А Тој во одговор му рече на оној, кој му кажа: „Која е Мојата мајка, и кои се Моите браќа?” И ја протегна Својата рака кон Своите ученици и рече: „Еве ја Мојата мајка и Моите браќа; зашто, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата, тој Ми е брат, и сестра, и мајка.”
(Матеј 12:46-50) "А некој друг од апостолите не видов, освен Јаков, братот Господов."
(Галатјаните 1:19) "Зашто ни Неговите браќа не веруваа во Него."
(Јован 7:5) "Потоа слезе во Капернаум, Тој и мајка Му, и Неговите браќа, и Неговите ученици, и останаа таму неколку дена. "
(Јован 2:12) "Тогаш Неговите браќа Му рекоа: „Замини оттука и оди во Јудеја, та и Твоите ученици да ги видат делата, што ги вршиш;"
(Јован 7:3) "И (Јосиф) не се доближи (сексуален однос) до неа (Марија), додека таа не Го роди својот првороден Син и Го нарече Исус."
(Матеј 1:25) "И кога влегоа во куќата, се искачија во горната одаја, каде живееја: Петар и Јован, Јаков и Анрдеј, Филип и Тома, Вартоломеј и Матеј, Јаков Алфеев и Симон Зилот, и Јакововиот брат Јуда. Сите овие еднодушно и постојано беа во молитва, заедно со некои жени и со Марија, Исусовата мајка, и со Неговите браќа."
(Дела 1:13,14) А што вели Божјиот Збор за твојот став?
Поздрав
![]() Изменето од EvAngelos - 27.Јануари.2008 во 14:30 |
||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||
![]() |
||||||
Sahih Bukhari ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Декември.2007 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 389 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Bez da svatite kako navreda ili umeshuvanje, ali sakam da vi dadam edna druga gledna tocka:
Maryam (Marija) ili Evrejski ke mu dozvolam Evangelos da se proiznese.... kako prvo nese slozuvam da bide narekuvana Bogorodica, Kako moze zena da go rodi Boga???? Mozebi ke mi vrtite so simbolika, ali zborot e mnogu jasen BOGOrodica (zenata koja go rodila Boga) apsolutno nelogicno neprifatlivo i kontra zdrav razum. Nejse, nemora za vas da znaci deka morate da smenite mislenje, vashe si e pravoto. E sega spored Islamot Maryam e zenata koja go rodila Isus (Bozjiot glasnik) Bez mashka intervencija. Merjem e zenata koja e odbrana nad site drugi zeni od site nacii i vreminja, Merjem vo k*ranot ima najpocesno mesto megu site ostanati zeni, ima cela surah koja go nosi imeto Maryam i vo koja surah se objanuva zivotot i znacenjeto na Maryam. Nesakam da go polnam forumov so cela surah, ali ako nekoj izrazi zelba rado bi ja postavil surata da se uoci shto znaci davanje pocest. Maryam e isto taka zenata na koja i e ZAGARANTIRAN dzennet (raj) od Allah s.w.a se slozuvam so Coneccted deka za Maryam treba dase zboruva so odbrani zborovi so golema pocit i so golema neznost!!! |
||||||
OUR DIGNITY IS IN ISLAM!!!
|
||||||
![]() |
||||||
connected ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 17.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 2787 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
ев срцко, колку и да ти реплицирам верувам дека од мене нема да научиш ништо ново
ти веќе имаш определен став околу ова прашање кој не е ист со мојот и затоа мислам дека нема никаква цел ако цело време се вртиме во круг го почитувам писмото ев, но моето битие едноставно не прифаќа да ја перципирам дева марија како што налага твојата црква или таа интерпретација на писмото мило ќе ми биде ако правам таков грев поздрав ![]() |
||||||
![]() |
||||||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Значи после долго пребарување низ моите постови, ти најде за сходно ова да го наведеш како навреда.
Мила connected, кој сме јас и ти или г.г.г.г.г. Стефан да ја дефинираме Марија? Зарем таа не е доволно дефинирана во Божјиот Збор?
Бог е Небесен Татко на Марија, а Бог е и мој Небесен Татко. Јас и Марија имаме еден ист Небесен Татко и штом имаме ист Татко, логично е таа да ми е сестра. Како може таа да ми биде мајка? Зарем таа мене ме родила? Тоа веќе ја навредува мајка ми
![]() Кој сум јас да и давам поголемо значење на Марија, ако тоа не го направил Мојот Господ Христос?
Како може јас да се осмелам да богохулам и да ја воздигам над сите луѓе, над херувимите итн, кога Христос рече дека таа не е поголема ни од Јован Крстителот?
"Вистина ви велам, меѓу родените од жени не се подигнал поголем од Јована Крстител;" (Матеј 11:11)
Дали Марија е родена од жена? Да.
Дали таа е поголема од Јован? Согласно Христос, Не.
Извини connected, но Христос ни нареди на нас христијаните да немаме друг Господ, туку да бидеме браќа (сестри), а вие православните како сакате.
"А вие не наречувајте се учители - зашто е Еден вашиот Учител - Христос, а вие сите сте браќа" (Матеј 23:8)
Јас длабоко сочувствувам со вас, но тоа не значи дека треба да ја прифатам и вашата догма. Меѓу човечкиот збор (преданието) и Божјиот Збор (Библијата) јас решив да го изберам Божјиот Збор. Сочувстувај и разбериме и ти мене, сепак тоа беше мојот избор, како и тебе твојот.
Ова прашање е многу битно срцко.
Не знам дали имаш деца, но замисли утре да имаш 6 деца и никој да не ти ги признава дека се твои, некои да велат дека тие се од друга жена и твојот маж пред да се земете, или дека тие се деца на твојата сестра, а не твои итн. Важно е да и се признаат децата на Марија и да не и се додава непотребна титула Дева Марија, кога таа била девица само пред да го роди Исус, а и толку било и потребно, тука завршува нејзината улога, впрочем таа беше избрана од Бог за девствено да го роди Спасителот, и таа тоа успешно го направи
![]()
Тоа веќе одговара многу прашања
![]() Што ако се родеше во некоја мормонска заедница, од мормонски родители, дали и тогаш ќе ја прифатеше догмата од твојата мормонска црква за полигамија?
![]()
И јас му верувам на изборот на Бог, но во случајов, Бог не ја избрал Марија за да биде вечна девица, туку за девствено да го роди Неговиот Син.
Ти можеш да ја перцепираш Марија како сакаш, но тоа не значи дека тоа право ти го дава Бог.
Да тоа им доликува на секој православен и католик кои се водат по преданијата, но тоа не му доликува на никој христијанин кој се води по Божјиот Збор - Библијата.
Изменето од EvAngelos - 27.Јануари.2008 во 13:22 |
||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||
![]() |
||||||
connected ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 17.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 2787 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
ев срцко,
за мене е навреда кога ти ја дефинираш мајката божја како твоја сестра по вера, навреда е што не и даваш поголемо значење, навреда е што неможеш да сочувствуаш со нас како ние ја доживуваме неа треба ли уште да ти цртам или незнаеш пак што зборам? ваквите прашања срцко, мене не ме засегаат воопшто и не ми е ни битно, не ни сакам да се замарам дали имала или немала деца, доволно ми е да ја прифатам догмата на мојата црква доволно ми е што знам дека таа е личноста која Бог ја избрал да биде мајка на неговиот син и нашиот Бог јас ев му верувам на изборот на Бог, и не верувам дека Бог работи случајно и баш тоа ми дава за право да ја перципирам Дева Марија како што му доликува на секој православен и католик, како што треба да ја доживува секој христијанин за жал ев, тоа никогаш нема да го разбереш, и затоа нема потреба што да зборам повеќе со тебе, едноставно затоа што не сме на исто рамниште по ова прашање |
||||||
![]() |
||||||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
connected, воопшто не барам да ми се извиниш за навредата, но би те замолил, ако имаш време, да ги разгледаш моите постови на оваа тема и да ме цитираш каде тоа јас сум ја навредил Марија на оваа тема.
Се надевам дека навредата ти беше основана и дека ќе го направиш тоа.
Зошто не би се осмелила? Забрането ти е да размислуваш на ова прашање?
Ирелевантно е дали човек ќе појадува бурек со сирење или пица бурек и сметам дека секој може да се осмели да размисли околу овој избор кога ќе влезе во бурекџилница, но не знам зошто ти не се осмелуваш да размислуваш околу ова прашање.
Тука си во право. Јас ја доживувам Марија онака како што ја презентира Божјиот Збор - Библијата, како моја блажена и благословена сестра по вера, додека сард, православните и католиците ја доживуваат Марија онака како што им ја презентираат преданијата, како една општа Мајка за сите (и се обраќаат со Мајко), вечна девица, пославна од херувимите, најголема меѓу луѓето (дури и од Јован Крстител за кој Христос рече дека нема поголем човек од него), безгрешна, беспрекорна, спасителка (т.е. ко-спасителка заедно со Христос), слушателка на молитви итн итн.
conneced, јас можеби тебе не те разбирам и не разбирам како ти ја доживуваш Марија бидејќи досега само оф-топик пишуваш на темава и немаш храброст да го напишеш и твојот став (особено не аргументирано), а православните и католиците сосема ги разбирам како тие ја доживуваат Марија, сум џвакал доста на ова прашање, верувам дека подобро и од тебе ги разбирам православните како тие ја доживуваат Марија
![]() |
||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||
![]() |
||||||
connected ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 17.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 2787 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
не ми се верува колку добар христијанин е сард што се осмелил да ви реплицира на оваа тема (фала Богу сте го смениле и насловот, ама не и вашиот изопачен ум кој незнае да почитува свети), јас лично никогаш не би се осмелила да размислувам на ова ирелевантно прашање
и друго што е многу важно а треба да го знаете неможе Евангелос никогаш да го разбере сард и таквите како сард само затоа што не ја доживува Богородица како што ја доживуваат православните и католиците вашата сестра по вера Евангелос за нас православните е нешто повеќе од тоа, нешто што ти никогаш нема да го разбереш и затоа ве разбирам тебе и Лолита кои немате друга попаметна работа отколку да отварате вакви глупави теми и затоа подобро ќе биде да ја затворите темата ![]() |
||||||
![]() |
||||||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
АМИН |
||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||
![]() |
||||||
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Господ нека пресуди...
|
||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||||||
![]() |
||||||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Ти сарде го кажа тоа што имаше да го кажеш не како христијанин, туку како православен согласно твоите свети преданија и догмите на православна црква.
Јас го кажав тоа што имав да го кажам како христијанин, согласно Божјиот Збор - Библијата, и согласно Мојот Господ и Учител - Исус Христос, чии учења се запишани во таа Света Книга.
|
||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||
![]() |
||||||
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Она кое како христијанин бев поттикнат и должен да го кажам го кажав. Нема повеќе да коментирам за да не ве предизвикувам и да не бидам виновен за уште повеќе да грешите. Од тука натаму Бог Самиот ќе се погрижи за кажаните зборови за личноста на Богородица.
|
||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||||||
![]() |
||||||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Значи според тебе, Божјиот Збор (Библијата) не е дециден, а Човечкиот Збор (преданието) е дециден.
ц ц ц ц, покај се мил пријателе додека имаш време.
Мило ми е што призна дека во Библијата нема категоричен став за твојата догма.
А тоа што ние христијаните го тврдиме и те како го пишува во Библијата. Еве ти само неколку примери:
"Не е ли Овој син на дрводелецот? Мајка Му не ли се вика Марија, а Неговите браќа: Јаков, Јосиф, Симон и Јуда? И Неговите сестри не се ли сите со нас?"
(Матеј 13:55) "Додека Тој уште им зборуваше на мноштвата, ете, мајка Му и браќата Негови стоеја надвор и сакаа да Му зборуваат. И некој Му рече: „Еве, мајка Ти и Твоите браќа стојат надвор и сакаат да Ти зборуваат.” А Тој во одговор му рече на оној, кој му кажа: „Која е Мојата мајка, и кои се Моите браќа?” И ја протегна Својата рака кон Своите ученици и рече: „Еве ја Мојата мајка и Моите браќа; зашто, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата, тој Ми е брат, и сестра, и мајка.”
(Матеј 12:46-50) "А некој друг од апостолите не видов, освен Јаков, братот Господов."
(Галатјаните 1:19) "Зашто ни Неговите браќа не веруваа во Него."
(Јован 7:5) "Потоа слезе во Капернаум, Тој и мајка Му, и Неговите браќа, и Неговите ученици, и останаа таму неколку дена. "
(Јован 2:12) "Тогаш Неговите браќа Му рекоа: „Замини оттука и оди во Јудеја, та и Твоите ученици да ги видат делата, што ги вршиш;"
(Јован 7:3) "И (Јосиф) не се доближи (сексуален однос) до неа (Марија), додека таа не Го роди својот првороден Син и Го нарече Исус."
(Матеј 1:25) "И кога влегоа во куќата, се искачија во горната одаја, каде живееја: Петар и Јован, Јаков и Анрдеј, Филип и Тома, Вартоломеј и Матеј, Јаков Алфеев и Симон Зилот, и Јакововиот брат Јуда. Сите овие еднодушно и постојано беа во молитва, заедно со некои жени и со Марија, Исусовата мајка, и со Неговите браќа."
(Дела 1:13,14) А кој е вашиот библиски стих дека Марија немала деца после Исус?
Овој ли:
![]()
Не е точно! Во символот на верата пишува дека Исус се отелотворил преку Светиот Дух и девицата Марија и станал човек. Но тоа се однесува за раѓањето на Исус, и не вели дека Марија и потоа останала девица.
Хехехе да си жив и здрав сарде ме насмеа. Како може да се браќа и сестри на Исус, а да не се родени од Марија? Ако тие биле од друга некоја жена на Јосиф тогаш тие би биле полубраќа.
Во Црна Гора за братучеди велат браќа, но ниту Јосиф, ниту Марија не биле црногорци, туку евреи
![]() ![]()
Ако на вас православните преданијата ви ја толкуваат Библијата, тогаш кој ви ги толкува преданијата? ![]() Изменето од EvAngelos - 26.Јануари.2008 во 15:40 |
||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 23456 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |