IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ФРАГМЕНТИ ОД ЕДНА УБАВА КНИГА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ФРАГМЕНТИ ОД ЕДНА УБАВА КНИГА

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 7>
Автор
Порака Обратен редослед
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2008 во 11:31

Д-р Вајцман учтиво се насмеа на мојот испад и го сврте разговорот на друга тема.

Не бев задоволен од исходот на своето посредување.

Секако, не очекував било кој од присутнитенајмалку самиот д-р Вајцман да се определи за моето уверување дека ционистичката идеја е мошне ранлива од морален аспект; но се надевав дека мојата одбрана на арапската кауза барем ќе предизвика некој вид непријатност кај ционистичкиот водачнепријатност која би можела да доведе до малку повеќе самокритика и на тој начин, можеби, до поголема подготвеност да се признае постоењето на можното морално право во спротивставувањето на Арапите... Ништо од тоа не се случи. Наместо тоа, се најдов пред безличен ѕид на искокорени очи: остро осудување на мојата непромисленост, дека сум се осмелил да се посомневам во неспорното право на Евреите на земјата на нивните предци...

Како е можно, се прашував, луѓе надарени со таква креативна интелигенција како што се Евреите да мислат за ционистичко-арапскиот конфликт само од еврејски аспект? Зар не сфаќаат дека проблемот на Евреите во Палестина може на крајот да биде решен само преку пријателска соработка со Арапите? Зарем беа толку безнадежно слепи кон болната иднина што нивната политика мора да ја донесе? – кон борбите, горчливоста и омразата во кои еврејскиот остров, дури и ако привремено биде и успешен, ќе остане засекогаш изложен среде арапското море?

И колку е чудно, си помислив, дека нацијата, што има претрпено толку многу неправди во текот на својата долга и несреќна дијаспора, е сега подготвена, во тесноградиот стремеж кон својата сопствена цел, да й нанесе тешка неправда на друга нацијаи тоа на нацијата која е недолжна за сите минати еврејски страдања. Таквата појава, знаев, не й беше непозната на историјата; но тоа, сепак, предизвика во мене тага гледајќи дека се случува пред мои очи.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2008 во 11:24

Зборуваше за финансиските тешкотии кои го мачат сонот за еврејската национална татковина и за недоволниот одговор за овој сон меѓу луѓето во странство; имав вознемирувачки впечаток дека дури и тој, како и многуте други ционисти, е наклонет моралната одговорност за сето што се случува во Палестина да му ја префрли нанадворешниот свет“. Тоа ме натера да ја прекинам понизната тишина во која сите пруисутни го слушаа и да прашам:

А што со Арапите?“

Мора да сум постапил нетактично, внесувајќи толку нехармонична нота во разговорот, бидејќи д-р Вајцман полека се сврте кон мене, ја спушти чашата што ја држеше во раката и го повтори моето прашање:

Што со Арапите...?“

Па како инаку межете да се надевате од Палестина да направите своја татковина наспроти жестокото противење на Арапите кои, сепак, се мнозинство во оваа земја?“

Ционистичкиот водач ги спушти рамениците и одговори суво: „Очекуваме дека тие нема да бидат во мнозинство по неколку години.“

Можеби е така. Вие се занимавате со тие прашања со години и мора да ја познавате ситуацијата подобро од мене. Но, сосема независно од политичките тешкотии кои арапската опозиција може или не може да ги постави на вашиот патзарем никогаш не ве вознемирува моралниот аспект на тоа прашање? Зар не мислите дека е нечесно од ваша страна да го прогоните народот кој отсекогаш живеел во оваа земја?“

Но тоа е наша земја“, одговори д-р Вајцман, кревајќи ги веѓите. „Ние само го земаме назад она од што неправедно сме биле лишени.“

Но, вие сте биле надвор од Палестина речиси две илјади години! Пред тоа сте владееле со оваа земја, и тоа одвај со целата земја, помалку од петстотини години. Зар не мислите дека и Арапите, со истото оправдување, би можеле да ја побараат Шпанија за себебидејќи, најпосле, тие владееле во Шпанија речиси седумстотини години и сосема ја загубиле пред само петстотини години?“

Д-р Вајцман стана видливо нетрпелив: „Бесмислица. Арапите само ја покориле Шпанија; таа никогаш не била нивна вистинска татковина, и најпосле и било правично да бидат протерани од Шпанија“.

Простете“, возвратив јас, „но изгледа дека тука постои еден историски пропуст. Впрочем, Евреите исто така дошле во Палестина како освојувачи. Долго време пред нив имало многу други семитски и несемитски племиња населени овдеАморејците, Едомитите, Филистејците, Моабитите, Хетитите. Тие продолжиле да живеат тука откако Римјаните ги протерале нашите предци. Тие и денес живеат тука. Арапите, кои се населиле во Сирија и Палестина по нивното освојување во седмиот век, секогаш биле само мало малцинство во населението; остатокот на она што денес го нарекуваме палестински и сирискиАраписе, всушност, само арабизираните автохтони жители на земјата. Некои од нив станале муслимани со текот на вековите, другите останале христијани. Муслиманите, секако, стапувале во брак со своите истоверници од Арабија. Но зар можете да негирате дека делови од народот на Палестина, кој зборува арапски, без оглед дали се муслимани или христијани, се директни потомци на изворните жители, изворни во смисла дека живееле во оваа земја пред доаѓањето на Евреите во неа?“



Изменето од DAIJA - 11.Јануари.2008 во 11:26
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2008 во 14:07

Иако и самиот имам еврејско потекло, од почетокот остро му се противев на ционизмот. Покрај моите лични симпатии кон Арапите, сметав дека е неморално доселениците, со помош на странските големи сили, да доаѓаат отстрана со очигледна намера да постигнат мнозинство во земјата и така да го исфрлат народот кому таа земја му припаѓала од памтивек. Според тоа, бев наклонет да застанам на страната на Арапите кога и да доаѓаше до расправа за еврејско-арапското прашањекое, секако, се случуваше мошне често. Овој мој став беше несфатлив практично за сите Евреи со кои доаѓав во контакт во текот на оние месеци. Тие не можеа да разберат што гледав во Арапите кои, според нивно мислење, се само маса на заостанат народ на кој тие гледаа со чувство не многу поинакво од она кое го имаат европските доселеници во Централна Африка. Не беа ни најмалку заинтересирани за тоа што мислат Арапите; речиси никој од нив не се потрудил да го научи арапскиот јазик; секој, без какво било испитување, го прифаќал принципот дека Палестина е законско наследство на Евреите.

Сè уште се сеќавам на кусата дискусија која поради ова ја имав со д-р Шаим Вајцман (Цхаим Њеизман), неспорниот водач на ционистичкото движење. Тој беше дошол на една од своите периодични посети на Палестина (мислам дека негово постојано живеалиште беше Лондон), а го сретнав во куќата на еден пријател, Евреин. Моравте да бидете импресиониран од неговата неизмерна енергијаенергија која дури се манифестираше во неговите телесни движења, во долгите, еластични чекори со кои одмерено чекореше горе-долу низ собатакако и со силата на умот која се открива во широкото чело и во остриот поглед на неговите очи.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2008 во 13:37
Кога влегов во друштвото на д-р Риза Теуфик-беј, емировиот главен со­вет­ник, во шаторот затекнав само еден слуга, црнец, богато облечен во бро­кат, со златна кама 

на појасот. Риза Теуфик-беј беше Турчин, по­ра­не­шен универзитетски професор, а во текот на три години, пред Ке­мал Ататурк, бил Министер за образование во турската влада. Емирот Аб­ду­лах, ми рече тој, ќе се врати за неколку минути; токму сега заседаваше со некои бедуински поглавари во врска со последната  инвазија од Неџд во јужна Трансјорданија. Оние вехабии од Неџд, ми објасни д-р Риза, играат во исламот улога слична на улогата на пуританските реформатори во христијанскиот свет, со оглед на тоа дека остро му се противат на секакво обожување на светците и на многуте мистични празноверија кои се вовлекле во исламот во текот на вековите; тие се исто така и непомирливи непријатели на шерифското семејство, чијшто главатар бил таткото на емирот, Кралот Хусеин од Хиџаз. Според мислењето на Риза Теуфик-беј, религиските погледи на вехабиите не можат лекомислено да се отфрлат; тие, всушност, повеќе му се приближиле на духот на к*ранот отколку на гледиштата кои преовладуваат во масите на повеќето други муслимански земји, па затоа со време би можеле да имаат поволно влијание врз културниот развиток на исламот. Меѓутоа, крајниот фанатизам на овие луѓе донекаде им отежнал на другите муслимани целосно да го оценат движењето на вехабиите, а овој недостаток, истакна тој, би можел добро да му дојде нанекого“, за кого можното обединување на арапските народи е страшна веројатност.

Малку подоцна влезе емиротчовек стар околу четириесет години, со среден раст, со куса руса брадачекорејќи меко во малите, црни влечки од лакирана кожа, облечен во лежерна облека од шушкава бела свила со речиси проѕирна бела волнена абај преку неа. Тој рече:

Ехлен ве сехлен“ – и тоа беше првпат да го слушнам овој елегантен арапски поздрав.

Постоеше нешто привлечно и речиси восхитувачко во личноста на емирот Абдулах, човек со голема смисла за хумор, со топлина во изразот и со подготвеност за духовитост. Не беше тешко да се види зошто во тоа време беше толку популарен кај својот народ. Иако мнозина Арапи не беа задоволни од неговата улога во бунтот против Турците кој го водеше династијата Шариф, а поттикнат од Британците, и тоа го сметаа за предавство на муслиманите, тој сепак добил определен углед со своето заземање за арапската кауза против ционизмот; допрва требаше да дојде денот кога искривоколченостите и пресвртите во неговата политика ќе го направат неговото име омразено во целиот арапски свет.

Сркајќи кафе од малите филџани кои ни ги понуди црниот слуга, разговаравмесо повремена помош на д-р Риза, кој течно зборуваше францускуза административните тешкотии во оваа нова земја,  Трансојрданија, каде што секој е свикнат да носи оружје и да им се покорува само на законите на своето сопствено племе. „Но“, рече емирот, „Арапите имаат доволно здрав разум; дури и бедуините сега почнуваат да сфаќаат дека мораат да ги напуштат своите стари беззакони патишта ако сакаат да бидат слободни од странската доминацијата.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2008 во 13:35
Иако оваа пустина сум ја преминал повеќепати во повеќе насоки, не би имал доверба во себеси да го најдам патот низ неа, и затоа сум среќен што Зејд е со мене.

Оваа земја е негова татковина: тој му припаѓа на племето Шамар кое живее на јужните и на источните рабови на Големиот Нуфуд, и кога обилните зимски дождови ненадејно ќе ги претворат песочните дини во бујни ливади, тие ги пасат своите камили во неа неколку месеци од годината. Расположенијата на пустината се во Зејдовата крв и неговото срце чука со нив.

Зејд е веројатно најзгодниот маж кој било кога сум го познавал: со широко чело и стројно тело, со среден раст, убаво граден, полн со жилава сила. Преку тесното лице со боја на жито со остро обликувани коски на лицето и со остри и во исто време сензуални усни стои онаа достоинственост полна со очекувања, толку карактеристична за пустинскиот Арапдостоинство и смиреност споени во интимна хармонија. Тој е среќна комбинација од чистата бедуинска раса и на градскиот живот на Неџд, со зачувана бедуинска сигурност на инстинктот, без бедуинската емоционална непостојаност, со здобиената практична мудрост на граѓаните без подлегнување на нивните искривоколчености. Тој, како и јас, ужива во авантурата, но без да трча по неа. Уште од најраната младост неговиот живот бил исполнет со доживувања и возбудувања: како момче-коњаник во нередовните корпуси камили регрутирани од страна на турската влада за нејзината кампања на Синајскиот Полуостров за време на Големата Војна; како бранител на својата татковина Шамар против Ибн Сауд, како кријумчар на оружје во Персискиот Залив; како горешт љубовник на многу жени во многуте делови од арапскиот свет (секако, со сите законски женет во ова или во она време, а потоа исто така законски разведен); трговец на коњи Египет; платеник во Ирак; и, конечно, во текот на речиси пет години, мој придружник во Арабија.

И сега, на крајот од летото 1932 година, ние јаваме заедно, како што тоа го правевме често во минатото, извивајќи се по нашиот самотен пат меѓу песочните дини, запирајќи на некој од ретките бунари, а одморајќи се ноќе под ѕвездите; непрекинатото чкрипење на топлиот песок под нозете на животните; понекогаш, за време на маршот, песната на Зејдовиот зарипнат глас во ритамот на одот на камилите; ноќното кампување, варењето на кафето и оризот и по некоја разуздана игра; свежото дувкање не ветерот преку нашите тела додека лежиме ноќе на песокот; изгревот на сонцето над песочните дини, кое избива црвено, ненадејно како огномет; а понекогаш, како денес, чудо на животот кое се буди во растението што е случајно полеано со вода.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2008 во 13:34

Домаќинот ме седна на својата десна страна на диванот, а еден босоног слуга ми подаде кафе на малиот послужавник од месинг. Чадот од наргилите што шумолеа се мешаше со воздухот намирисан со мирис на роза и пловеше во облачиња кон засенетите свеќи што се палеа, една по друга, долж ѕидовите и меѓу темното зеленило на дрвјата.

Друштвотосите мажибеше мошне разновидно: луѓе во кафтани од ригеста, шушкава дамаска свила или кинеска сурова свила со боја на слонова коска, во широки џубиња од пастелно обоена фина волна, со злато извезени бели турбани преку црвените тарбуши; луѓе во европска облека но очигледно удобна со вкрстени нозе на диванот. Ноколу бедуински главатари од степата со својата придружба беа тука; со црни и горделиво живи очи, со мали црни бради околу слабите, мургави лица. Нивната нова облека шушкаше при секое движење, а сите носеа сабји со сребрени корици. Тие беа негрижливи и сосема релаксирани; вистински аристократисамо што нивната релаксираност, за разлика од онаа кај европските аристократи, не беше мек сјај одгледуван со генерации на предадена грижа и добро живеење, туку како топол оган кој произлегува од сигурноста на нивните сфаќања. Добар воздух, сува и чиста атмосфераистиот воздух што еднаш навистина сум го почувствувал на работ од  пустината; ве прегрнува во својата невиност, но не се наметнува. Тие беа како далечни пријатели, како минувачки посетители на ова место; нивниот слободен живот, животот без цел, ги очекуваше на друго место.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2008 во 13:32

Таква куќаедноставна и неукрасена од уличната страна, богата и прекрасна однатреза мене беше нешто сосема ново; но со време разбрав дека тоа е типичен начин на живеење на богатите не само во Сирија и во Ирак, туку исто така и во Иран. Ни Арапите ниту Персијците на почетокот не водеа сметка за фасадите; куќата беше наменета да се живее во неа и нејзината функција беше ограничена на нејзината внатрешност. Ова беше нешто сосема поинакво од изнудениотфункционализампо кој толку многу се стреми во модерната западна архитектура. Западните луѓе, заплеткани во некој вид превртен романтизам, несигурни во своите сопствени чувства, и ден-денес градат проблеми; Арапите и Персијците градатили барем до вчера граделекуќи.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2008 во 13:30

Стигнавме“, чукајќи на вратата со тупаницата.

Вратата се отвори со чкрипање, еден старец со беззабо мрморење ни посака добредојде, „ехлен, ехлен ве сехлени низ кусиот ходник со две свртувања вдесно влеговме во дворот на куќата која однадвор одвај личеше на колиба облепена со кал.

 

Дворот беше широк и светол, поплочен како огромна шаховска плоча со бели и црни мраморни плочки. Во нискиот, осмоаголен базен во средината во весела игра прскаше фонтана. Лимоновите стебла и грмушките со олеандер засадени во отворите во мраморниот под ги даваа своите процутени и со плодови натежнати гранки насекаде по дворот и долж ѕидовите на куќата, кои од врвот до дното беа прекриени со најфино изработени рејлефи од алабастер, покажувајќи заплеткани геометриски форми и листовидни арабески, прекинати само со прозорците со широки тантелени рамки во мермер. На едната страна на дворот ѕидовите беа вдлабнати така што, на височина од еден метар над земјата, е формирана длабока вдлабнатина во ѕидот со големина на широка соба, до која се пристапува преку широките мраморни скали. Долж трите ѕида на оваа вдлабнатинанаречена ливанпоставени се ниски дивани прекриени со брокат, а на подот се наоѓаше скапоцен килим. Ѕидовите на вдлабнатината беа обложени со огромни огледала до височина од околу пет метри, така што целиот двор со своите дрвја, со својот црно-бел под, со своите релјефи од алабастер, со мраморните отвори на прозорците и со изрезбаните врати кои водат во внатрешноста на куќата, како и со шаренилото на гостите кои седеа на диваните или шетаа околу фонтанатасето ова беше удвоено во огледалата од ливанот. А кога ќе погледнете во нив, откривате дека спротивниот ѕид на дворот е покриен со слични огледала по целата своја широчина, така што целата глетка се рефлектира двапати, четирипати, стотинапати и се претвораше во магична, бескрајна лента од мрамор, алабастер, фонтани, безбројно мнозинство луѓе, шума од лимонови стебла, грмушки олеандербескрајна земја на сништата што блескаше под вечерното небо сè уште црвеникаво од зраците на Сонцето што заоѓа...

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2008 во 13:28
Иако таквите проблеми често го преокупираа мојот дух, тие, всушност, не ми пречеа. Никогаш не сум бил премногу наклонет кон метафизичките размислувања или кон свесното трагање по апстрактнитевистини“. Моето интересирање повеќе се движеше во насока на нештата кои се гледаат и се чувствуваат: луѓето, активностите, односите.

Токму тогаш почнав да ги откривам односите со жените.

Во општиот процес на распаѓањето на утврдените општествени обичаи што настапи по Светската војна, многуте ограничувања меѓу машкиот и женскиот пол попуштија. Мислам дека она што се случи не беше толку бунт против претераната строгост на деветнаесеттиот век, колку пасивно бегање од состојбата на работите во што определените морални стандарди беа сметани за вечни и несомнени во условите во кои сè беше оспорувано: нишањето на нишалото од вчерашното утешно верување во континуитетот на човековиот подем до горчливото разочарување на Шпенглер, до моралниот релативизам на Ниче и до духовниот нихилизам поттикнат од психоанализата. Гледајќи назад на оние рани повоени години

чувствувам дека младите луѓе и жените кои со толку многу ентузијазам зборуваа и пишуваа заслободата на телото“, беа многу далеку од зовриениот дух на Пан што толку често го повикуваа: нивните воодушевувања беа премногу самосвесни за да бидат обилни, а премногу толерантни за да бидат револуционерни. Нивните сексуални односи имале, по правило, некаков случаен карактеропределена обмислена благост која често водела до промискуитет.

Дури и да се чувствував врзан за остатоците на конвенционалната моралност, ќе беше извонредно тешко да не бидам повлечен во трендот кој стана толку распространет. Како стоеја работите јас, како и толку други од мојата генерација, повеќе му се восхитував на она што се сметаше забунт против празните конвенции“. Флертуавањата полека преминуваа во поблиски односи, а некои од нив во страсти. Меѓутоа, не мислам дека бев слободоумен, бидејќи во сите мои младешки љубови, колку и да беа  површни и краткотрајни, постојано постоеше проблесокот на надежта, нејасна но постојана, за да може таа страшна изолираност, која толку очигледно ги разделуваше луѓето, да биде разбиена со спојувањето на еден маж и една жена.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2008 во 13:26

Во одделна личност оваа етичка лабилност можела да води или кон целосен морален хаос и цинизам или, кон алтернативно, кон потрага по креативниот, личен приод кон она што би можело да претставува добар живот.

Ова инстинктивно сфаќање можело, индиректно, да биде причина за мојот избор на историјата на уметноста како главен предмет на универзитетот. Насетував дека вистинската функција на уметноста е и тоа да создава визија на кохерентен, унифицирачки модел што мора да биде во основата на фрагментарните слики на настаните кои ни ги открива нашата свест и кои, ми изгледаше, само на несоодветен начин можат да бидат изразени со концептуални мисли. Како и да е, предавањата на кои присуствував не ме задоволуваа. Моите професоринекои од нив, како Стржитовски и Дворжак, истакнати во своите подрачја на студиитеизгледаа повеќе преокупирани со изнаоѓање на естетските закони кои управуваат со уметничкото создавање отколку со откривањето на неговите најдлабоки духовни импулси: со други зборови, според мене, нивниот пристап кон уметноста беше премногу тесно ограничен на прашањето на формите во кои таа се манифестира.

Заклучоците на психоанализата, која ја запознав во оние денови на младешката збунетост, ме оставија, иако поради некои други причини, незадоволен. Без сомнение, психоанализата во тоа време беше интелектуална револуција од прв ред и бевме сосема сигурни дека широкото  отворање на оваа досега заборавена врата на сознанието треба да има длабоко влијание врза можеби и сосема да го изменичовековото мислење за себеси и за неговото општество. Откривањето на улогата што ја играат несвесните поттици во формирањето на човечката личност отворија, без никакво сомнение, патишта за подлабоко саморазбирање отколку што ни нудеа псохолошките теории од поранешните времиња. Бев подготвен да го признаам сето ова. Всушност, стимулот на идеите на Фројд беше исто толку опивачки за мојот млад дух колку и силното вино, и бројни беа вечерите поминати во виенските кафеани во возбудливи расправи меѓу некои од раните пионери на психоанализата како што се Алфред Адлер, Херман Стекл и Ото Грос. Но, додека вистински не ја оспорував валидноста на нејзините аналитички принципи, бев вознемирен од интелектуалната ароганција на новата наука, која се обидуваше сите тајни на човековото Јас да ги сведе до серија од неврогенетски реакции. Философскитезаклучоцидо кои дошле нејзините основачи и следбеници некако ми изгледаа премногу измазнети, самосвесни и премногу поедноставени за да можат да бидат дури и блиску до конечните вистини; и тие навистина не укажаа на некој нов пат кон добриот живот.

 

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2008 во 13:24
...Почетните децении од дваесеттиот век беа во знакот на духовен вакуум. Сите етички вредности на кои Европа со векови беше свикната, станаа безоблични под страшниот удар на она што се случи меѓу 1914 и 1918, а никаква нова група вредности сè уште не беше на повидок. Чувството на горчливост и несигурност беше во воздухотпретчувството за општествените и интелектуалните пресврти што предизвика сомнежи дали некогаш може да постои каква било постојаност во човековите мисли и настојувања. Сè изгледаше дека небаре се разлева во безобличност, а духовниот немир на младината никаде не можеше да најде потпирка. Во отсуството на какви било сигурни морални стандарди, никој нам, на младите луѓе, не можеше да ни даде задоволувачки одговори на многуте прашања што нè збунуваа. Науката велешезнаењето е сè“, но забораваше дека знаењето, без етичка цел, може да води само кон хаос. Општествените реформатори, револуционерите, социјалиститесите оние кои, без сомнение, сакаа да изградат подобар и посреќен светмислеа само во рамките на надворешните, општествени и економски   околности. За да го премостат тој недостаток, тие ја изградија својатаматеријалистичка концепција на историјатана ниво на некој нов вид антиметафизичка метафизика. Традиционално религиозните луѓе, од друга страна, не знаеја ништо подобро отколку на својот Бог да му припишуваат својства извадени од нивните сопствени навики во размислувањето, кое веќе одамна станало круто и бесмислено; а кога ние, младите луѓе, видовме дека овие божемни божествени особини често беа во остра спротивност со она што се случуваше во светот околу нас, самите  себеси си рековме: „Двигателните сили на судбината се очигледно различни од својствата кои му се припишуваат на Бога, затоаБог не постои“.
 

Само на неколкумина од нас ни падна на ум дека причината за целата оваа бркотница можеби би можела да лежи во самоволноста на чуварите на верата кои себеси се сметале за доблесни и кои си го земаат правото да годефинираатБог и, облекувајќи го со својата сопствена облека, Го разделувале од човекот и од неговата судбина.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2008 во 13:04

ЗА ВРЕМЕ од околу две години по крајот на Првата светска војна студирав, по малку на површен начин, историја на уметноста и философија  на Виенскиот универзитет. Моето срце не беше во тие студии. Не ме привлекуваше мирната академска кариера. Чувствував копнеж да се фатам во бескомпромисна борба со животот, да влезам во него без ниедна од оние внимателно замислени, вештачки заштити кои околу себе сакаат да ги изградат луѓето со духот свртени кон сигурноста; сакав самиот да најдам приод кон духовниот поредок на нештата кој, тоа го знаев, мора да постои, но којшто сè уште не можев да го разберам.

Не е лесно со малку зборови да го објаснам она што тие денови го подразбирав поддуховен поредок“; секако не ми паѓало на ум за проблемот да размислувам во конвенционални религиски поими или, од тие причини, воопшто за какви било поими. Мојата неодреденост, да бидам праведен кон себеси, не беше мој сопствен производ. Тоа беше неснаоѓање на целата генерација.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2008 во 12:51

Наспроти сето ова расцутување на религиската мудрост, или можеби токму поради тоа, кај мене речиси се разви чувство на презир кон многуте поставки на еврејското верување. Секако, јас не ги негирав учењата за моралната праведност толку силно нагласена во еврејските списи, ниту возвишената свест за Богот на еврејските пратеници, но мене ми изгледаше дека Бог, според Стариот Завет и според Талмудот, е претерано загрижен за ритуалите со кои Неговите верници треба да Го обожуваат. Исто така ми дојде мислата дека овој Бог е чудно преокупиран  со судбината на еден одделен народ, Евреите. Самата градба на Стариот Завет, како историја на Аврамовите (Ибрахимовите) потомци, се стреми да го претстави Богане како оној што го создава и го одржува целото човештво, туку повеќе како племенско божество кој сето создавање го приспособува кон потребите наодбраниот народ“; наградувајќи го со победи ако е праведен, а казнувајќи го со рацете на неверниците кога ќе  скршне од пропишаниот пат. Гледан во светлината на овие основни недостатоци, дури и етичкиот жар на подоцнежните пратеници, како Исаија и Еремија, изгледал лишен од универзалната порака.

Иако ефектот на моите поранешни студии беше спротивен од намератаоддалечувајќи ме од религијата на моите предци повеќе отколку да ме приближат кон неачесто мислам дека тие во подоцнежните години ми помогнаа да ја сфатам основната суштина на религијата, каква и да била  нивната форма. Меѓутоа, во тоа време, моето разочарување со јудаизмот не ме водеше во потрага кон спиритуалните вистини во други насоки. Под влијание на агностичката средина, се свртев, како и мнозина од момчињата на моја возраст, кон прозаичното отфрлање на институционалните религии; бидејќи мојата религија никогаш не ми значеше повеќе отколку серијата рестриктивни прописи, не се чувствував лошо поради тоа што се оддалечив од неа. Теолошките и философските идеи сè уште вистински не ме засегаа; она на што се радував не се разликуваше многу од очекувањата на мнозина други: акција, авантура, возбудувања.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2008 во 12:34
Во согласност со традицијата во нашето семејство, преку приватните учители дома примив совршена основа од еврејските религиски науки. Ова не беше како резултат на некаква јасна религиозност на моите родители. Тие й припаѓале на генерацијата која, додека со празни зборови го изразувале припаѓањето во ова или во она религиско верување кое ги  обликувало животите на нивните предци, никогаш не направиле ни најмал обид да го усогласат својот практичен живот, или дури својата етика и мислите, со тие учења. Во такво општество и самата идеја за религијата била сведена на една од двете работи: здодевниот ритуал на оние кои со навикаи само со навикасе врзувале за своето религиско наследство, и циничната рамнодушност на ониелибералнитекои ја сметале религијата за застарено празноверие со кое пенекогаш можеме, формално, да се  согласиме, но од кое тајно се срамиме, како од нешто интелектуално  неодбранливо. Судејќи според сè, моите родители й припаѓаа на првата категорија, но понекогаш имав нејасно насетување дека татко ми барем се стремел кон второто. Сепак, за разлика од својот татко и од тестот, тој инсистираше јас да поминувам долги часови над светите списи. На тој начин во тринаесеттата година, не само што со леснотија можев да читам на хебрејски туку и го зборував течно и покрај тоа сум добив пристојно познавање на арамејскиот јазик (на кој веројатно треба да му се заблагодарам за леснотијата со која подоцна го совладав арапскиот). Во оригинал го проучував Стариот Завет. Мишна и Гемарт.е. текстот и коментарот на Талмудотми станаа блиски. Можев со многу самодоверба да расправам за разликите меѓу вавилонскиот и ерусалимскиот Талмуд, се продлабочував во заплетканотисте на библиските егзегези, наречени Таргум, токму како да сум предодреден за рабинска кариера
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,375 секунди.