IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3738394041 68>
Автор
Порака Обратен редослед
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2007 во 01:37

Преподобен Амон

Родум Мисирец, а по знимање лозар. Неговите роднини го оженија против неговата волја , но тој не сакаше да живее со жена му како со жена , туку од првиот ден ја нарече сестра и ја посоветува заедно да си ја сочуваат девственоста заради вишните богатства на небесата. Потоа, по договор, жената основа женски манастир во нивниот дом , а Амон отиде  во Нитриската пустина, каде што се предаде на пустински подвиг . Заради чистотата на срцето од Бога прими големи дарови на чудотворност и проѕорливост. Едни маж и жена му го доведоа нивниот побеснет син  за да го излечи со молитва . Но Амон никако не сакаше.  По долго навалување на родителите Амон рече: „Во вашите раце е болеста и здравјето на вашето дете. Вратете ѝ го на онаа вдовица (и ѝ го кажа името) волот што ѝ го украдовте  и ќе ви оздравее синот. Ужаснати од оваа проѕорливост на светителот родителите веднаш го исповедаа својот грев и ветија дека штом ќе си отидат веднаш ќе го вратат украдениот вол. Тогаш Св. Амон Му се помоли на Бога  и детето оздраве . Амон му беше близок другар на Св. Антониј Велики. Кога тој се упокои во Нитрија околу 350 година, Св. Антониј од својата келија ја виде Амоновата душа во висините  и им рече на браќата: „Денес се престави авва Амон, еве, ја гледам неговата света душа како ја носат ангелите на небото .



Изменето од ACELERA - 18.Октомври.2007 во 00:22
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2007 во 01:22

Свети Стефан Штиљановиќ

Деспот српски. Управувал со српскиот народ во многу тешки прилики, борејќи се храбро против Турците и Латините.  Божји праведник и родољуб, овој прекрасен кнез може да се спореди со Св. Александар Невски или со Светиот крал Јован Владимир. Се упокои во почетокот на 14 век (според некои во 1515 г.). На неговиот гроб ноќе се појавуваше светлина , според која и се пронајдени неговите Свети мошти кои долго време почиваа во Фрушкогорскиот манастир Шишатовац, па за време на Втората светска војна беа пренесени во Белград и положени во Соборната црква покрај телото на Св. кнез Лазар. Неговата жена Елена, откако ги виде нетлените мошти Стефанови и чудата што извираа од нив  се замонаши и се предаде на подвиг до смртта.



Изменето од ACELERA - 18.Октомври.2007 во 00:21
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2007 во 01:09

Светиот свештеномаченик Еротеј

Другар на Св. Дионисиј Ареопагит. Верата ја прими од Св. апостол Павле малку после Дионисиј. Подоцна овој апостол го постави за епископ Атински. Во времето на успението на Пресвета Богородица и Еротеј се јави во Ерусалим и учествуваше во погребот. Со своето Божествено пеење мнозина ги приведе кон срдечно умиление и се покажа себеси како маж вдахновен одозгора. Многу се потруди во делото на Евангелието, многубројни незнабожци ги обрати кон вистината, добро го управуваше своето словесно стадо, и најпосле заврши маченички за Христа, Кој[to му даде двоен венец во Царството Небесно: венец на јерарх и венец на маченик.


 


Изменето од ACELERA - 18.Октомври.2007 во 00:21
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2007 во 09:21
The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/10-3-16.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.  

Светиот свештеномаченик Дионисиј Ареопагит

Се вбројува во Седумдесеттемина помали апостоли. Овој прекрасен маж беше од угледно нензабожечко семејство од Атина. Откако заврши фиолсофска школа во Атина, отиде во Мисир за да учи уште. Во тоа време еден ден на Крстот издивна Господ Исус Хр8стос и сонцето се помрачи и во Мисир беше темно три часа. Тогаш Дионисиј возвикна: „Или Бог, Создателот на светот страда или овој свет завршува.“ Кога се врати во Атина се ожени со Дамара и со неа имаше синови. Беше член на највисокиот суд кај Грците, наречен Ареопаг, заради што и го доби називот Ареопагит. Кога апостолот Павле го проповедаше Евангелието во Атина, Дионисиј со целиот свој дом се крсти. Од Павле беше посветен за епископ Атински, бидејќи ги остави жената и децата и положбата во општеството заради љубовта Христова. Доволно долго патуваше со Павле и ги запозна останатите Христови апостоли. Отиде во Ерусалим со цел да Ја види Пресвета Богородица и средбата со Неа ја опиша во едно од своите дела. Беше и на погребот на Пречистата заедно со другите апостоли. Кога неговиот учител Св. Павле пострада маченички, Дионисиј посака и за себе таква смрт. И отиде да го проповеда Евангелието меѓу варварите во Галија, заедно со презвитерот Рустик и ѓаконот Елефтериј. Многу претрпе, но и многу успеа. За неговиот труд многумина незнабожци се обратија кон верата Христова. Во Париз Дионисиј изгради малечка црквичка во којашто Му служеше служба на Бога. Кога имаше деведесет години, го фатија и го мачеа за Христа, заедно со Рустик и Елефтериј, додека најпосле не ги убија со меч сите тројца. Отсечената глава на Свети Дионисиј отскокна на големо растојание и падна пред една христијанка Катула, којашто заедно со неа чесно го погреба и телото. Тој пострада во времето на Дометијан во 96 година. Напиша значајни дела: за таинственото богословие, за небесната и црковната хиерархија, за Пресвета Богородица.


Свети Исихиј Хоровит

Беше прво негрижлив кон спасението на својата душа. Но се разболе тешко и умре и се врати од смртта и беше здрав. Тоа наполно го измени. Се затвори на Света Гора во една келија и со никого ништо не прозборе дванаесет години. Пред смртта му ја отворија монасите келијата и го замолија да им каже некоја поука. Тој само рече: „Кој помислува на смртта, не може да згреши.“ Неговото име се поврзува со т.н. исихасти, коишто молчењето, богомислието и умствената молитва ги истакнуваат како совршено дејствување на вистинските монаси. Тие имаа посебен Скит на „исихасти“, или „безмолвници“, на Света Гора. Се раскажува дека Св. Григориј Богослов на пример, Великиот Пост го минувал во непрестајно безмолвие.


ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2007 во 02:50

Свети Исихиј Хоровит 

Беше прво негрижлив кон спасението на својата душа. Но се разболе тешко и умре и се врати од смртта и беше здрав, Тоа наполно го измени. Се затвори на Света Гора во една келија и со никого ништо не прозборе дванаесет години.Пред смртта му ја отворија монасите келијата и го замолија да им каже некоја поука. Тој само рече: „Кој помислува на смртта, не може да згреши.“Неговото име се поврзува со т.н. исихасти, коишто молчењето, богомислието и умствената молитва ги истакнуваат како совршено дејствување на вистинските монаси.Тие имаа посебен Скит на „исихасти“, или „безмолвници“, на Света Гора. Се раскажува дека Св. Григориј Богослов на пример, Великиот Пост го минувал во непрестајно безмолвие.




Изменето од ACELERA - 18.Октомври.2007 во 00:27
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2007 во 02:42

Преподобен Дионисиј Печерски

Јеромонах и затворник. На Воскресение во 1463 година кај него се случи ваков настан. Со крстот и кадилницата тој ги обиколуваше пештерите за да ги покади моштите и гробовите на упокоените светии. Па преисполнет со воскресна радост влегувајќи во една пештера возвикна: „Христос воскресе!“ Во тој миг од гробовите екна глас силен како гром: „Ваистину воскресе!“




Изменето од ACELERA - 18.Октомври.2007 во 00:26
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2007 во 02:41

Преподобен Јован Хозевит

Мисирец. Се подвизуваше во Хозевитската обител во времето на царот Јустинијан. Кога и да служеше литургија во олтарот гледаше небесна светлина. Во негова близина се подвизуваше старецот Ананија. Смирението на овие светители беше чудесно. Еден човек му го доведе на Ананија својот полуден син за да го исцели со молитва. Ананија го испрати кај Свети Јован како кај поголем од себеси. Јован пак, не можеше да не го послуша старецот, но возвикна: „Во името на Исус Христос ти заповеда Ананија а не јас, да излезеш од ова момче!“ И момчето веднаш оздраве.




Изменето од ACELERA - 18.Октомври.2007 во 00:25
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2007 во 02:40

Светиот свештеномаченик Дионисиј Ареопагит

Се вбројува во Седумдесеттемина помали апостоли. Овој прекрасен маж беше од угледно нензабожечко семејство од Атина. Откако заврши фиолсофска школа во Атина, отиде во Мисир за да учи уште. Во тоа време еден ден на Крстот издивна Господ Исус Христос и сонцето се помрачи и во Мисир беше темно три часа. Тогаш Дионисиј возвикна: „Или Бог, Создателот на светот страда или овој свет завршува.“ Кога се врати во Атина се ожени со Дамара и со неа имаше синови. Беше член на највисокиот суд кај Грците, наречен Ареопаг, заради што и го доби називот Ареопагит. Кога апостолот Павле го проповедаше Евангелието во Атина, Дионисиј со целиот свој дом се крсти. Од Павле беше посветен за епископ Атински, бидејќи ги остави жената и децата и положбата во општеството заради љубовта Христова. Доволно долго патуваше со Павле и ги запозна останатите Христови апостоли. Отиде во Ерусалим со цел да Ја види Пресвета Богородица и средбата со Неа ја опиша во едно од своите дела. Беше и на погребот на Пречистата заедно со другите апостоли. Кога неговиот учител Св. Павле пострада маченички, Дионисиј посака и за себе таква смрт. И отиде да го проповеда Евангелието меѓу варварите во Галија, заедно со презвитерот Рустик и ѓаконот Елефтериј. Многу претрпе, но и многу успеа. За неговиот труд многумина незнабожци се обратија кон верата Христова. Во Париз Дионисиј изгради малечка црквичка во којашто Му служеше служба на Бога. Кога имаше деведесет години, го фатија и го мачеа за Христа, заедно со Рустик и Елефтериј, додека најпосле не ги убија со меч сите тројца. Отсечената глава на Свети Дионисиј отскокна на големо растојание и падна пред една христијанка Катула, којашто заедно со неа чесно го погреба и телото. Тој пострада во времето на Дометијан во 96 година. Напиша значајни дела: за таинственото богословие, за небесната и црковната хиерархија, за Пресвета Богородица.




Изменето од ACELERA - 18.Октомври.2007 во 00:25
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2007 во 01:23

Светите маченици Давид и Константин

Христијански кнезови од Аргвент. Беа осудени на смрт за Христа во Имеретија од калифот Емил-ел-Муменим и потопени во река во 730 година. Пред смртта Му се молеа на Бога да им ги прости гревовите на сите коишто ќе го призиваат нивното име во молитва на помош. Откако ја завршија својата молитва пукна гром и се чу глас од небото дека молитвата им е услишена. Моштите им почиваат во Грузија, во манастирот Моцамети.




Изменето од ACELERA - 18.Октомври.2007 во 00:25
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Isis Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

CATALYST

Регистриран: 19.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5871
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Isis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2007 во 01:08
...


Изменето од ACELERA - 27.Мај.2010 во 19:40
Кон врв
Isis Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

CATALYST

Регистриран: 19.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5871
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Isis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2007 во 01:08
.

Изменето од ACELERA - 27.Мај.2010 во 19:40
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2007 во 16:33

Преподобен Јован Кукузел

Словенин од Драч. Како момче беше земен во музичката школа во Цариград, каде што стана омилен певец на царскиот дворец. Плашејќи се од човечките ласкања и пофалби побегна на Света Гора и се пријави во Лаврата како овчар. Како овчар и монах се подвизуваше извонредно. На двапати му се јави Пресвета Богородица. Се упокои во 12 век.




Изменето од ACELERA - 18.Октомври.2007 во 00:24
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2007 во 16:32

Преподобен Роман Слаткопоец

Родум од сирискиот град Емес. Служеше како еклисијарх најпрво во Бејрут, а потоа во соборната црква во Цариград, во времето на патријархот Ефтимиј (490 г. – 504 г.). Беше неписмен и невешт во пеењето, заради што некои клирици му се потсмеваа. Свети Роман плачејќи Ѝ се молеше на Пресвета Богородица и Таа му се јави во сон, му пружи некој голем свиок хартија и му рече да го проголта. Утредента осамна Божик и Роман излезе на амвонот и со ангелски глас испеа „Дјева днес...“ Сите беа восхитени од содржината на песната и од гласот на певецот. Откако го прими од Пресвета Богородица поетскиот дар, Роман испеа над илјада кондаци. Како ѓакон на големата црква се упокои во 510 година во Цариград и се пресели меѓу ангелските хорови.




Изменето од ACELERA - 18.Октомври.2007 во 00:27
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2007 во 16:30

Св. апостол Ананија

Еден од Седумдесеттемина. Беше епископ во Дамаск. Според едно Божјо јавување (Дела 9), тој го крсти новодојдениот Савле, којшто го доби името Павле. Наспроти сите гонења храбро го проповедаше Евангелието, заради што го каменуваа во градот Елефтеропол. Неговите свети мошти ги пренесоа во Дамаск, а подоцна во Цариград.



Изменето од ACELERA - 18.Октомври.2007 во 00:24
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3738394041 68>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.