|
Писмени состави,семинарски... |
Внеси реплика | страница <1 3637383940 113> |
Автор | ||
Crouly
Нов член Регистриран: 17.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 3 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
FAlaa za corbadzi teodos i begalka
|
||
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13942 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
,,,,,,,,tuuuu jas mislev si mu ja pushtil betka od prilepa grada,,,, |
||
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
||
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ех таа Цвета...Како не еве линк
|
||
uros
Нов член Регистриран: 03.Април.2011 Статус: Офлајн Поени: 17 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
здраво,може ли некој да ми помогне,Ми треба состав на тема
Цвета симбол на непокорност и безусловна љубов кон татковината и својот народ. ако на некому му се наоѓа ваква тема ќе го замолам нека ми пише во порака. Благодарам, |
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
|
Бегалка (или „Ленче Кумановче“) е пиеса во пет чина од македонскиот драмски писател Васил Иљоски. Дејството се случува во првата деценија на ХХ век во Куманово и ги претставува патријархалните и конзервативни односи во семејствата во тој период. ДејствоДејството во пиесата ја прикажува љубовта на убавата Ленче која била таксана за Досе, син на богат трговец. Но, таа била вљубена во младиот занаетчија Бошко. Тој бил убав и не и пречело што е сиромав. Бидејќи нејзиниот татко, Аџи-Трајко, се спротивставувал на нејзината желба, таа одлучила како бегалка да живее со Бошко. Таткото бил скршен, немоќен и чувствувал голем срам и бес затоа што бил погазен неговиот збор и токму поради тоа се плашел да прости. Во тоа време била голема срамота мома да се мажи на своја рака. Сепак, прочуениот чорбаџија Аџи-Трајко, за ја одбрани честа на ќерка му и да го спаси семејството, по многу негодувања, на крајот морал да ја прифати љубовта на Ленче кон Бошко. Приказот на темата во пиесата преку градбата на драмското дејство со постојана испреплетеност на настани, кои се движат од комични кон трагични и обратно, овозможува таа да е актуелна и денес. Авторот за делотоСамиот автор објаснува дека пиесата ја напишал за народот, за широките народни слоеви, со особено настојување на сите да им биде поблиска и разбирлива. Во неа се ја прикажува борбата против надживеаните и штетни традиции, обичаи и општествени стеги, како и жртвувањето за народот, за општото добро и напредокот, трагиката на животните тешкотии, бремето на социјалните судири и на економските кризи. Според Иљоски, народот сакал на сцената да види победа на вистината над лагата, на доброто над злото, победа на социјалната правда и човечноста. Изменето од Valerija - 17.Мај.2013 во 18:15 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
|
ЧОРБАЏИ ТЕОДОС, Васиљ Иљоски
Комедија во три чина ЛиЦа: ТЕОДОС, богат трговец и лихвар; КЕВА, неговата жена; ТОМЧЕ, негов син; СПИРО И НАЦА, маж и жена, слуги на Теодос; СТОЈАНКА, сиромашна девојка; АРСО, бакал... Во дидаскалиите автрот подробно ги опишува ситуациите и состојбата на ликовите. Драмата започнува во простор исполнет со ред и чистота, рано изутрина пред да изгрее сонцето. Но и покрај сиот склад и гламур во домот, со самото појавување на Кева, се чуствува зачмаеноста. Таа е покорна, остарена, се плаши да го разбуди својот маж. Нивниот однос е сосема подреден, таа робува на неговата бесчуствителност. Во разговорот со Спиро и Наца, узнаваме за проблемите на тогашниот живот. Се провлекува проблематиката на материјалното со она на љубовното, односно проблемот на патријахартот преку однапред склучените бракови без прашање на главните ликови во него. Судбината се поигрува, како што ниту Теодос не е прашан во младоста дали би сакал да се ожени со Кева, а ниту пак таа, така сега ниту Томче не се прашува за неговата иднина. Од разговорот помеѓу Ефка, тетката на Стојанка, и Кева, узнаваме дека тие се вљубени, но дека нивната љубов не му годи на Теодоса, за него таа е Циганка, со црнки под ноктите. Ефка и Кева имаат намера да наместат средба на нивата помеѓу Теодоса и Стојанка, сакаат таа со нејзиното воспитание малку да го омекние, за да се предомисли. Комиката е присутна, Спиро е како еден вид нејзин стожер, неговиот поглед на сетот е низ призмата на смеењето, а тоа се гледа најдобро во ситуациите околу стравот да се разбуди газдата. И Томче е исплашен. Доцнат со будењето, со што откако Теодос станува ги куди сите. Вториот чин се одвива на отворено. Најпрвин Разговараат Ефка, Стојанка и Томче за настаните. Стојанка е понижена од однесувањето на теодос, а нејзиниот сакан не може да ја одбрани. Ефка го советува Томчета да се опијани пред разговорот, нешто по кое овој ќе ја изговори репликата: „Или да се опијам, или да се убијам...“ Потоа на сцената се појавува Арсо, кој го чека Теодоса и ги приметува циганите. Тие бараат нов кум, а адетот е да им биде кум тој што прв ќе налета на нив. Арсо, поигрувајќи се со останатите, ги мести настаните така што Теодос прв доаѓа. Тој најпрво се противи, но Арсо успева да го убеди. Теодос се опива од ракијата притоа гадејќи се од шишето и од навиките на циганите. Тој не може да се помири со несреќата. Третиот чин продолжува во лозјето на Арсо, тој всушност иако му е борч на Теодос, не сака да му го достави лозјето, сака, за парите, Теодос да го почека уште малку, но Т. Не се согласува. Но сега Теодос е во други маки, а доаѓа и Томче. Тогаш на Арсо му текнува како да ќари од настаните, како да ги прескокне нечовечкото во чорбаџијата. Се договараат Томче да го преземе кумството ако му биде дозволено да се ожени со Стојанка, а и лозјето да остане не гибнато. Теодос се согласува, тој ги прекршува своите принципи поради своите недостатоци, нему му е пречка сликата на граѓаните за него, тој по микоја цена не смее да биде цигански кум. Доаѓа до прекин на патријахалното кобно однесување- за љубовта да одлучува третиот, неискрениот и нељубениот. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Григор Прличев (1830-1893) бил поет, преведувач, беседник,
хроничар,
прозаист, просветител, народен деец, борец, јазикознаец и еден од
најголемите творечки гении од Македонија во 19 век. Автор е на неколу
дела, меѓу кои Сердарот, Скендербег, Автобиографија, препев на
Хомеровата Илијада и многу други.
На 25 мај 1960, Григор Прличев со поемата Сердарот ја однел првата награда за најдобра поема на традиционалниот книжевен конк*рс што се одржувал секоја година во Атина. Тој станал овенчан поет и бил наречен Втор Хомер подвиг кој дотогаш никој не го направил. Наградата не останува долго во негови раце, затоа што одбива да се изјасни како Грк, и да ја прифати стипендијата за студии во Берлин или Оксфорд. Во основа, во Сердарот се раскажува за смртта на македонскиот херој Кузман кој ги заштитувал селаните од бандите на Гегите. Дејството во оваа поема се случува кон средината на 19 век, во Западна Македонија. Поемата е составена од стихови во јамбови петнаесетерци што се заменуваат со осмерци. Поради тоа заменување по ред на бројот на слоговите (15 и 8) и на местото на метричкиот акцент, кој во непарните стихови паѓа на претпоследниот слог, додека пак на парните паѓа на последниот слог и со тоа Прличев успеал да ја избегне монотонијата во ритмот. Други два елемента што внесуваат варијаци се трохејските стопи со кои започнуваат многу стихови како и пречекорувањата што ја менуваат строгата звучна шема на стиховите. Последен важен елемент за одбележување на стихотворната способност на поетот е квалитетот на римата. Зборовите со еднаков звук на крајот, ретко спаѓаат во истиот граматички вид на зборови. По правило тие се од разни зборови и во различни падаежи, што е мошне тешко да се постигне. Структурата на оваа поема е навистина структура на угледно уметничко дело. Прличев успеал на еден драматичен начин да ги кондезира сите детали од поемата во еден чуствителен момент, потчинувајќи го вистинското време, на барањето на уметничката инспирација. Сета поема се движи во рамките на едно попладне, но Прличев успева во тие рамки да вклучи се што му претходело, достигнувајќи до претците ан херојот, и уште се што престои да се случи, благодарение на заклетвата што мајката на херојот им ја наложува на албанските напаѓачи, а исто така и благодарение на овековечувањето на неговиот спомен што го прикажува како личен план (со секојдневната посета на свршеницата на гробот на херојот), така и на општествен план (со годишната процесија на девојките од Река, кои се собираат околу гробот за да ги воспеваат и прославуваат неговите подвизи, и уште на духовен план, со народниот пеач, кој е слеп и ја пее епиката, одејќи низ разни краишта. Базирана врз мотивот на народната песна за Кузман Капидан, темата на поемата се развива во девет делови. Првиот дел, од девет четиристишија, со рима по двоики (по два стиха) е веста. Известува за смрта на херојот и битката. Во вториот дел се јавува мјката на Кузман Капидан и таа очекува да се врати нејзиниот син. Таа е вознемирена, зашто сонувала како и се руши куќата. Во третиот дел, непријателите ги носат посмртните на херојот и започнува плачот и се слушаат пискотници од Галичник во Река (алузија на жалоста на народот):
а тоа ги потресува и непријателите. Во четвртиот дел е прикажана борбата на Кузман кој ги растераал напаѓачите и неговата смрт. Во петиот дел напаѓачите му одаваат почит на Кузман со тоа што се заколнале дека нема да го напаѓаат неговиот дом. Мајката на Кузман ја отфрла заклетвата и бара од напаѓачите да не го напаѓаат повеќе народот на Река. Непријателите се согласиле на барањето. Во шестиот дел е оплкувањето на мајката на Кузман и преку неа се дознава родословното дрво на херојот. Во овој дел се забележуве лицето на калуѓерката Цвета, која без солзи го мие и кити херојот, како спротивен елемент на ликот на мајката.
Во седмиот дел е мајката на Кузман нредува да се донесат и другарите на херојот и тие да се закопаат со сите почести. Во осмиот дел сцената се одвива во домот на свршеницата на Кузман. Обичаите и налагале да се воздржи од лелеци поради загинувањето на херојот пред нејзиниот татко. Но штом таа останала сама и плачот одекнува горчлив и девојката се откажува од се овоземно за да стане калуѓерка. Деветиот дел е крајот на делото, во која се истакнува овековенчената слава на Кузман во иднината, преку посетите на неговиот гроб од страна на неговата свршеница и преку пеењето на слепиот пеач.
|
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Crouly
Нов член Регистриран: 17.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 3 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ke ve zamolam dali mozebi nekoj ima tema za :
Negativnite i pozitivnite karakteristiki na likovite vo dramata begalka alcnosta i necovecnosta nasproti ljubovta i pozrtvuvanosta vo dramite begalka i corbadzi teodos ??????????? Ve molam ako mozete vo najkus vremenski period da mi gi pratite ... Fala odnapred ! |
||
Crouly
Нов член Регистриран: 17.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 3 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ke ve zamolam dali mozebi nekoj ima tema za :
Negativnite i pozitivnite karakteristiki na likovite vo dramata begalka alcnosta i necovecnosta nasproti ljubovta i pozrtvuvanosta vo dramite begalka i corbadzi teodos ??????????? Ve molam ako mozete vo najkus vremenski period da mi gi pratite ... Fala odnapred ! |
||
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ако му го напишам МОЕТО размислување воопшто нема да му се допадне ....
|
||
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
||
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13942 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
,,,,hahahaha,,,,ako ti neznaesh shto razmisluvash,,,,,koj drug ke znae ,,,shto ima vo tvojot mozok,,, |
||
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
||
daniel12345
Нов член Регистриран: 17.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
dali moze da mi napisete sostav so tema moeto razmisluvanje za ponatamu
|
||
cobra12
Нов член Регистриран: 16.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ми треба состав за писмена работа насловот е Климент Охридски и неговата улога во писменоста
|
||
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Де бре тоа е барем лесно...Поучен од последните избори,
фино лепо ќе си напишеш СО ДЕЛА ЌЕ ПОКАЖАМ |
||
Внеси реплика | страница <1 3637383940 113> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |