![]() |
|
ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 3435363738 68> |
Автор | |
connected ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 17.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 2787 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Светата маченичка Параскева (Петка) Родена е во градот Иконија од родители богати и христољубиви. По смртта на своите родители како девојка почна да им го раздава својот имот на бедните и на неволните, во името на Господ Исус Христос. Кога настана гонењето во времето на царот Диоклецијан, Параскева беше изведена на суд пред кнезот на таа земја. Штом кнезот ја праша за името, таа рече дека името ѝ е христијанка. Кнезот ја укори зошто не си го кажува своето обично име. А Параскева му рече: „Требаше прво да ти го кажам името на вечниот живот, а потоа на привремениот“. Откако ја биеја кнезот ја фрли во затвор, каде што ѝ се јави ангел Господов, ја исцели од раните и ја утеши. Со молитва ги урна сите идоли во незнабожечкиот храм. После долги и лути маки ја убија со меч.
Свети Атанасиј, патријарх Цариградски Противник на унијата со Рим, наспроти неговиот претходник Јован Векка (1275 г. – 1282 г.). Од детството беше аскет и молитвеник. Беше омилен кај народот, а заради својата морална строгост го предизивика негодувањето на некои свештеници. Се повлече во неговиот манастир на гората Ган, каде што се подвизуваше уште построго од порано. Му се јави Самиот Господ Исус Христос и благо го укори зашто им го остави стадото на волците. Кога го прорече денот на земјотресот во Цариград, царот Андроник повторно го врати на патријаршискиот престол и против неговата волја. Но потоа тој повторно тајно се оддалечи на подвиг. Се упокои во стотата година од животот. Беше чудотворец и проѕорливец. Свети Димитриј, епископ Ростовски Голем јерарх, проповедник, писател и подвижник. Се роди близу Киев во 1651 година, а се упокои на молитва во 1709 година. Покрај многуте славни поучни дела особено се прочу со преводот и изданието на Житијата на Светиите. Ја предвиде својата смрт три дена порано и се упокои на молитва. Големо светило на Руската Црква, т.е. на Православната Црква воопшто. Имаше небесни виденија за време на животот. Му послужи ревносно на Господ и се пресели во Небесното Царство.
Изменето од connected - 15.Ноември.2007 во 14:45 |
|
![]() |
|
strurcence ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 31.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 124 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Преподобен Нестор Летописец Во својата седумнаесетта година стапи во Киево-Печерскиот манастир, уште додека беше игумен Св. Теодосиј. Ја напиша првата историја на рускиот народ, во којашто ја вплете и историјата на руското подвижништво. Се одликуваше со необично смирение и кротост. Во своето славно книжевно дело често се нарекува себеси недостоен, груб, незнајко, преисполнет со секаков грев. Но Бог Којшто ги познава човечките срца, го прослави овој свој прекрасен угодник. Кога Нестор се упокои, на 27 октомври 1114 година, од неговите мошти се извршија многубројни чуда. Свети Андреј, кнез смоленски Од љубов кон Христа ја напушти светската слава и чест, се скри во еден манастир и преоблечен и непознат служеше како еклисијарх (клисар) триесет години. Се упокои во Господ мирно во 1390 година. Моштите му беа преку чудотворство пронајдени во 1540 година. |
|
Сега знам дека нисто незнам!
|
|
![]() |
|
strurcence ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 31.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 124 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Светиот маченик Нестор Во времето на страдањето на Св. Димитриј Мироточивиот во Солун живееше еден млад човек Нестор, којшто на верата се научи од самиот Св. Димитриј. Во тоа време христоборниот цар Максимијан приредуваше разни игри и веселби за народот. А љубимец на царот му беше еден вандалин по име Лиј, со голијатски раст и сила. Како царски гладијатор Лиј секојдневно ги предизвикуваше на мегдан луѓето и ги убиваше. Крволочноста на овој Лиј го развеселуваше крволочниот идолски цар. За борбите на Лиј царот направи особена сцена, како една тераса на столбови. Долу под терасата имаше забиено копја со остриците устремени нагоре. Кога Лиј ќе победеше некого во борење, ќе го фрлеше одозгора од терасата врз цела една шума од исправени копја. Наоколу стоеше незнабожечкиот народ со својот цар и се развеселуваше кога некое бедно човечко суштество ќе се виткаше во маки на копјата сѐ додека не издивне. Меѓу невините жртви на Лиј беа и многумина христијани. Зашто во деновите кога никој доброволно не се пријавуваше за борба со Лиј, тогаш по царска наредба насилно ги довлечкуваа христијаните на борилиштето. Гледајќи ги тие ужасни разоноди на незнабожечкиот народ, на Свети Нестор му се кинеше срцето од болка. И тој реши самиот да излезе во борба со џиновскиот Лиј. Но претходно отиде во затворот кај Св. Димитриј за да побара од него благослов за тоа. Свети Димитриј го благослови, го прекрсти со знакот на крстот на челото и на градите и му прорече: „Лиј ќе го победиш, но за Христа ќе пострадаш.“ Младиот Нестор значи му излезе на мегдан на Лиј. Беше присутен и царот со толпа народ; и сите го жалеа младиот човек зашто ќе загине и го одвраќаа од борбата. Но Нестор се прекрсти и рече: „Боже Димитриев, помогни ми!“ И со Божја помош го совлада Нестор Лиј, го собори и го турна врз копјата, каде што тешкиот џин брзо умре. Тогаш сиот народ викаше: „Голем е Бог на Димитриј!“ А царот се посрами пред народот, се нажали по својот љубимец Лиј и многу се разгневи на Несотр и на Димитриј. Па овој свиреп цар нареди и Нестор го убија со меч, а Димитриј го избодија со копја. Тогаш го заврши својот овоземен живот славниот христијански јунак Нестор, во 306 година, кога се пресели во Царството на својот Господ |
|
Сега знам дека нисто незнам!
|
|
![]() |
|
strurcence ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 31.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 124 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Преподобниот маченик Јоасаф Ученик на Св. Нифонт, цариградскиот патријарх. Се подвизуваше на Света Гора. Имаше толку љубов кон Христа, што сите подвизи му се сторија недоволни, заради што сакаше да пострада од љубов кон својот Господ. Затоа отиде во Цариград, каде што јавно пред Турците ја исповеда својата вера во Пресвета Троица и во Синот Божји. Огорчени Турците му ја отсекоа главата на 26 октомври 1536 година. Спомен на големиот земјотрес Во времето на царот Лав Исавријанин имаше страшен и долготраен земјотрес во Цариград во 140 година. Народот тоа го сфати како казна Божја за гревовите и Ѝ се молеше на Пресвета Богородица и на Свети Димитриј со големо покајание, додека Бог не се смилува и земјотресот не престана.
|
|
Сега знам дека нисто незнам!
|
|
![]() |
|
strurcence ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 31.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 124 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Светиот великомаченик Димитриј Овој славен и чудотворен светител се роди во градот Солун од благородни и благочестиви родители. Измолен од Бога од бездетни родители Димитриј беше син единец, заради што беше воспитан и однегуван со големо внимание. Татко му беше војвода солунски, па кога умре татко му го поставија Димитриј за војвода наместо неговиот татко. Кога го постави за војвода, христоборниот цар Максимијан особено му препорача да ги гони и истребува христијаните што беа во Солун. Но Димитриј не само што не го послуша царот туку напротив, јавно Го исповедаше и Го проповедаше Христа во градот Солун. Кога слушна за тоа царот Максимијан многу се огорчи на него, па еднаш враќајќи се од војна, царот сврати во Солун посебно за да ја испита оваа работа. Го повика, значи, војводата Димитриј и го испитуваше за верата. Димитриј јавно пред царот призна дека е христијанин и го изобличи идолопоклонството на Максимијан. Разјарен, царот го фрли Димитриј во затвор. Знаејќи што го чека, Димитриј му го врачи сиот свој имот на својот верен ученик Луп за да го раздаде на сиромасите и отиде во затворот весел, зашто му претстоеше страдање за Господа. Во затворот му се јави ангел Божји и му рече: „Мир на тебе, страдалецу Христов. Биди храбар!“ По неколку дена царот испрати војници во затворот за да го убијат Димитриј. Војниците го најдоа Божјиот Светител на молитва и го избодија со копја. Неговото тело тајно го зедоа христијаните и чесно го погребаа. Од телото на Христовиот страдалник потече исцелително миро, со коешто мнозина болни се излечија. Наскоро над моштите беше подигната малечка црква. Еден илирски војник, Леонтиј, беше болен од неизлечлива болест. Им притекна на моштите на Св. Димитриј со молитва и стана наполно здрав. Од благодарност му подигна на Св. Димитриј црква многу поголема од старата. Светителот му се јави двапати. Кога царот Јулијан сакаше да ги пренесе моштите од Солун во Цариград, од гробот скокнаа пламени искри и се чу глас: „Застанете и не гибајте!“ И така моштите на Св. Димитриј останаа засекогаш во Солун. Како заштитник на Солун Св. Димитриј се јавуваше многупати и многупати го спаси Солун од големи неволји. Неговите чуда се навистина безбројни. Русите го сметаат и за покровител на Сибир, којшто го освоија и го присоединија кон Русија во 1581 година. |
|
Сега знам дека нисто незнам!
|
|
![]() |
|
mali simo ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 1132 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
|
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ
![]() |
|
![]() |
|
mali simo ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 1132 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
|
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ
![]() |
|
![]() |
|
strurcence ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 31.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 124 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ
Денеска е Св.апостол Јаков Брат Господов. Овој Јаков се нарекува Брат Господов затоа што е син на Јосиф, свршеникот на Дева Марија т.е Богородица од неговиот претходен брак. Тој е еден од 70-те апостоли. Се нарекува Брат Господов уште и заради неговата посебна приврзаност кон Господ Исус Христос. По воскресението, Христос нему му се јавил, како што сведочи апостол Павле. Бил епископ во Ерусалим и ја составил првата Литургија. Евреите го почитувале многу заради неговиот свет живот, па го нарекле Јаков Праведниот. Но, истите Евреи го фрлиле од покривот на храмот, затоа што ја исповедал верата во Христовата божественост. Свети Јаков пострада за Христа во првиот век. |
|
Сега знам дека нисто незнам!
|
|
![]() |
|
strurcence ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 31.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 124 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Свети Иларион Мегленски Роден е од угледни и побожни родители. Неговата бездетна мајка долго Му се молеше на Бога да ѝ даде едно дете и по нејзините молитви ѝ се јави Пресвета Богородица и ја утеши со зборовите: „Не тагувај, ќе родиш син и тој многумина ќе обрати кон светлоста на вистината.“ Кога Иларион имаше три години, од неговите усни непрестајно се слушаше песната: „Свјат, Свјат, Свјат Господ Саваот!“ Добро школуван, тој се замонаши во својата осумнаесетта година и основа манастир со типикот на Св. Пахомиј. Трновскиот архиепископ Евстатиј во 1134 година го ракоположи за епископ Мегленски. Св. Иларион речиси сиот живот водеше голема борба против богомилите и против ерменските еретици. Но со својата духовна ученост и со својата светост неспоредливо ги посрами сите и мнозина од нив ги приведе кон Православието. Се упокои мирно во Господ во 1164 година. Преподобен Филотеј Роден е во Хрисопол во Македонија. Турците го грабнаа од мајка му којашто беше вдовица и заедно со уште еден негов брат ги фрлија во затвор. Од затворот чудесно ги спаси Пресвета Богородица и ги пренесе во еден манастир во Неаполис Малоазиски. Подоцна неговата мајка ги најде своите синови како монаси, па и самата се замонаши. Филотеј премина на Света Гора, каде што се подвизуваше најпрво во манастирот Дионисијат, а потоа во пустина. Беше чудесен подвижник и победник над демонската сила. Се упокои мирно во осумдесет и четвртата година од својот живот. Нареди да не го погребуваат, но да го фрлат неговото тело на шумските ѕверови и птици. Подоцна ноќе еден рибар виде некоја голема светлина во шумата и бидејќи беше премрзнат појде за да се огрее, зашто мислеше дека е оган. Но светлината доаѓаше од чудотворните мошти на Св. Филотеј. |
|
Сега знам дека нисто незнам!
|
|
![]() |
|
strurcence ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 31.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 124 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Преподобен Иларион Велики Како што розите растат на трнливо стебло така и овој прекрасен светител се роди од родители незнабожци, во селото Тавата близу Газа Палестинска. Родителите го дадоа на науки во Александрија, каде што како надарено момче брзо ја прими и светската ученост и духовната мудрост. Штом Го позна Христа и се крсти, посака целосно да Му се предаде на служба на Господа. Со таа желба во срцето Иларион појде и го посети Св. Антониј во пустината и стана негов ученик. Потоа се врати во својата татковина и се подвизуваше близу Мајум, кај Газа. Демоните го плашеа со разни застрашувања, но со молитва кон Бога и со знакот на крстот постојано ги победуваше и ги изгонуваше. Околу него се собраа мноштво љубители на духовниот живот и за Палестина Св. Иларион стана она што за Египет беше Св. Антониј. Како Божествен учител, нерасслаблив подвижник, прекрасен чудотворец, Иларион беше уважуван не само од христијаните туку и од незнабожците. Но плашејќи се од човечките пофалби и говорејќи си со плач: „Тешко мене, ја примив на земјата својата плата!“, тој бегаше од место во место само за да се скрие од луѓето и да остане сам со својата душа и со Бога. Така се населуваше и извесно време живееше во Мисир, во Сицилија, во Далмација и најпосле на Кипар, каде што го заврши својот земен живот околу 372 година, кога имаше осумдесет години . Неговиот ученик Исихиј чудотворните мошти на Св. Иларион ги пренесе во Палестина и ги положи во манастирот што го основаше тој. |
|
Сега знам дека нисто незнам!
|
|
![]() |
|
strurcence ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 31.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 124 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Преподобниот маченик Игнатиј Од Ески-Загора во Бугарија, од онаа славна Загора којашто на Црквата Божја ѝ даде многубројни свети подвижници и маченици. Се подвизуваше во Скитот на Свети Јован Предвесник на Атон. Драговолно им се предаде на Турците на мачење заради Христа . Го обесија во Цариград на 8 октомври 1814 година. Моштите му се чудтворни. Неговата глава се чува чесно во манастирот на Св. Пантелејмон.
|
|
Сега знам дека нисто незнам!
|
|
![]() |
|
strurcence ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 31.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 124 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Денеска е и Преподобен Герасим Нови Од Трикали во Пелопонез, од славната фамилија Нотарас. Роден е во 1509 година. Се подвизуваше на Атон, потоа во Палестина, каде што постеше четириесет дена. Потоа се насели на островот Кефалонија, каде што основа еден женски манастир. Со молитва низведуваше дожд, исцелуваше болни и проѕираше во иднината. Се упокои во Господ на 15 август 1579 година. Чудотворец за време на животот и после смртта. |
|
Сега знам дека нисто незнам!
|
|
![]() |
|
strurcence ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 31.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 124 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Денеска е и Светиот праведен Артемиј Роден е во 1532 година. Син на руски селани, Козма и Аполинарија, од селото Веркол, во Дивинскиот округ. Уште од петтата година се разликуваше од другите деца со својата необична побожност и кротост. Кога имаше тринаесет години како момченце одеше по својот татко низ некоја голема шума. Од силна бура и невреме Артемиј умре во шумата и неговиот нажален татко не можејќи да копа гроб го покри телото со гранки и замина. По дваесет и осум години некој човек виде во таа шума необична светлина, ѝ пријде и го најде нераспаднато и нетлено телото Артемиево. Многумина болни се исцелуваа докоснувајќи се до телото на Свети Артемиј. Неговите свети мошти почиваат во еден манастир близу Пинега во Архангелската губернија. |
|
Сега знам дека нисто незнам!
|
|
![]() |
|
strurcence ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 31.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 124 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Денеска e Светиот великомаченик Артемиј Овој славен светител беше родум Мисирец и прв војвода на царот Константин Велики. Кога на царот Константин му се јави победоносниот крст, поверува во Господ Исус Христос и се крсти. Подоцна, во времето на царот Констанциј овој цар го испрати Артемиј во Елада за да ги пренесе моштите на Св. Андреј од Патрас и на Св. Лука од Тива во Цариград, а ова војводата Артемиј го изврши со радост. Потоа беше поставен за августалиј и царски намесник во Мисир и во овој чин остана и во времето на Конастанциј, Константиновиот син, а извесно време и при Јулијан Отстапник. Кога овој богоотстапен цар тргна во војна со Персијанците, запре во Антиохија и му нареди и на Артемиј да дојде со својата војска во Антиохија. Артемиј дојде. Во тоа време царот удри на маки двајца христијански свештеници, Евгениј и Макариј. Кога го виде тоа Артемиј се возмути со сето срце и излезе пред царот и му рече: „Зошто цару толку нечовечно ги мачиш невините и на Бога посветени мажи и зошто ги присилуваш да се откажат од верата православна?“ И уште Артемиј му прорече на царот: „Твојата погибел е близу.“ Разјарен царот ги испрати оние двајца чесни свештеници на прогонство во Арабија, каде што набрзо се упокоија, а војводата Атемиј го расчини и нареди да го растргнуваат и бијат. Сиот ранет и раскрвавен Артемиј го фрлија во затвор, каде што му се јави Самиот Господ Исус Христос, Кој го исцели и го утеши. Потоа царот нареди, та го спростреа на еден камен, а со друг тежок камен го притиснаа така што телото на Артемиј го здробија и го сплескаа како штица. Најпосле му ја отсекоа главата во 362 година. А царот Јулијан отиде на бој против Персијанците и срамно загина, како што му прорече Св. Артемиј. |
|
Сега знам дека нисто незнам!
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 3435363738 68> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |