IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3435363738 138>
Автор
Порака Обратен редослед
cupeto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 19.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 206
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај cupeto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2009 во 11:06
        Stolica   

Me prasuvaat zosto sedam na dve stolici,
dali ponudeniot prostor mi e mal,
dali zadniot atribut toa go bara ,
ili ne sakam nikoj do mene da shara ,

Nikoj ne se prasuva za taa detska igra,
sto se vrtevme okolu stolici kako cigra,
i koj nema da sedne vednas ,
vo momentot od igrata begas,

Taa detska igra ima svoja pouka,
denes vo zivotot se e uka ,
zbuneta nikogas nema da bidam,
idninata so uspeh ke ja zidam,

Sve si ima svoja trajnost,
koga ke se skrsi ednata ,
ili ke stane labilna ,
ostanuvam vo zivotot stabilna

    
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2009 во 17:23

Трилер Кармен 

Пред некое време, мојон комшја, тој бре од мезазимо, ми вика- Еј комшјо набавив 4 карти за  Кармен, па да се култивираме, нешо у последње време зариѓавме.

Го гледам, ко да паднал на Марс, Ти то озбилно?? Да, бе, јас имам 4 карти а ти понеси семки и одиме во тој Драматуршки театро, денес вечер. Океј - му рекох, и помислив дека немам баш време психијски да се припремам за тоа, де.

Отидовме и го утнавме театрото не бил тој Драматуршки него Народен и малкуцка закаснивме. Пази богати, палтата си ги оставивме во таа гарде роба и ни дадоа бројчиња, додека стигнавме во салана си купивме и Либредо, таму прочитахме шо ќе се случује со таа Кармен.

Мене ми дојде ко тие прераскажувачи на филмои шо ќе ти кажат пред време шо ќе се деси и ќе ти го расипаат филинго, и така дознав дека убиецот ќе биде Донхосе , да ти ибам тоа либредо, а уше го плативме по 100 ка помад.

Седнавме ,се стемни, и почна, тие почнаа нешо да пеат на музика и одвај чекав кога ќе заврши таа уводната шпица. но никако да почне. После приметих горе бре турија некои титли, па таа мојана ми рече дека тоа е превод. Пази бре к*рафте техник , почнаа и песните да ги преведуваат.

После сат и кусур заврши, но џабе се радувах, оти ми рекоа дека е прва пауза, а и чудно ми беше дека до сега никој не ја утепал кучкана. После пауза нишо ново, пак пејат, оно пеењето било чудно, некако ко да се пренемагаат. Мислам дека повеќе треба да учат това пеење, това Цеца неучена многу, а сепак лепо пева, се е до дифрагмата.

Еден доктор ми кажал дека дифрагма била мембрана еластичка, која ги дели болестите на градниот кош од болестите на пробавниот трактор, па затоа знам шо значит дифрагма.

Да се вратам на Кармен , таа го остај тој Донхозе да труне у затвор, не дека сфатив од тоава нивното певање, но прочитах во това либредо за 100 ден комад, а таа се фана со тој Ескамил шо ги тепал бикоите, а и беше подобар шизик, да ви кажам право.

Жените не ми дадоа да ги извадам семките оти не е к*ртулорошки ни по бонитон, па ми останаа за утре, за утакмица на ТВ канал 5.

Имало уште една пауза, многу бре тоа тегнат питу, но после паузата се уверих, дека навистина убиецот бил Донхозе, ами испадна дека това не бил трилер оти по цело време не се појавил ни еден дедектив, кој ќе го истражува убиството. а и одма од како и го кркна ножов, заррши.

Јас и комшјата највише апла аплајдиравме и бевме среќни, дека се култивиравме, од 20 до 24 00, четири сати бре, тоа се две утакмици.

Сега сме култивирани за долг период, се додека на тој мојон комшја од мезазимот не му текни пак некоја идиотска идеја на умо. 

поздрав

SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2009 во 02:23
Ne sakam princezi, sekogas mi bilo sprotivno od toa sto sum i toa sto go posakuvam, ne sakam ni da si princ, zasto cvrsto stojam na realnosta. No vecerva bev tvojata Pepelaska vo 2 casot. Ti priznavam, ne ocekuvav, ti priznavam, se tresev kako dete vo tvoite race. Ti priznavam....sakav da ne go recam toa sto go rekov. No morav. I ti toa go znaes...i sto e najdobro od se...i vo toa se soglasuvame...kako i vo tolku mnogu drugi raboti.  Mozebi pokvarenosta na svetot ne spoi, moze toj strav ne spoi...moze se drugo ne spoi...no znam samo edno...deka ne sakam nisto da ne razdeli...
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2009 во 13:25
ПРИКАЗНА ЗА ПРКОСНИЦИТЕ


Со крв дива – мастило
на пергамент од црни времиња
јарки светлини нанизи
место слатко за добросување
кога векот ќе го отвориме
и ќе се населиме
за да продолжиме

Точило од бури изделкано
пркосот ли им го острел...

А знаеле:
и ал трндафил на градите
пред венчавка китнеж да си стокмат
во планините,
по дубравите
за жетварките и жетварите
синџирот што ги јадел…

На штрек карпа прекутрупа
сонот така го засониле
- мек килим за нозете ни …

Од почит калта да си ја избришевме
колку да ги испочитуваме...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2009 во 18:34
ЛОШ БЕЛЕГ
(митарлеска песна - вон категорија)

Ти ги скратив лагите
со срп за жнеење ветер и магла
божемски по грешка
божемски да ти покажам
како може неважното важно да биде
па сега ти штрчат
како поткастрени мустаќи на мачка
и те издаваат од далеку
па никој не сака да игра со тебе
ниту ти самата
кога се огледуваш пред огледалото
оти се почнува да ти пречи
и сопствената насмевка
и сопствениот поглед
и фризурата што сама си ја буштравиш
за да мислат дека со некој
ја делиш празната постела
и мирисот на изветрано задоволство
во црвените ти очи -
кога ли последен пат си го сетила
се плашиш и самата да одброиш наназад
километражата трипати ќе ја превртиш
а сите мајстори што ги познаваш
на други лимузини им менуваат свеќичките
застарен тип си, ти велат
се е запечено на тебе и во тебе
туку, офарбај си ја каросеријата
со лаги од помодерен тип
може сеуште постојат слепци
што ќе наседнат на твојата беспомошност
ако некој до сега не ги научил
како правилно се користат очила за кусогледост
и преди како вистинска мачка
а не како фраза од шеесеттите
на која никој повеќе не паѓа
или продолжи да си ја буштравиш косата
и да си веруваш дека некој сепак ја дели
празната постела со тебе...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2009 во 11:06
ПРИКАЗНА ЗА СОНОКРАТЦИТЕ

Бистрини кога заматуваа
матна врз матна натрупаа
крајот да не се знае...



Преку дедо од прадедо
завештание ми е пратено
сонот да им го протолкувам

Црни птици од три страни довјасале
црни војски со смрт накитени
- црни молскавици во очите стрвни...

Планините волци се наполниле:
во исто дувло искотени
со три млека задоени...

Сал крвта глас имала за да пропишти...

Пишти крвта и во мене
и во тебе
од немоќ сонот да го протолкуваме...

Изменето од zenmaster - 18.Јули.2009 во 17:33
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
cute_girl Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 27.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај cute_girl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2009 во 04:00
Најсветла ѕвезда од небото господ ми подари. Свесна бев дека ни ѕвездите не се вечни...и тие умираат.Не сакав тоа да го прифатам бидејќи не е тоа за мои години.Сеуште сум малечка за да размислувам за тоа, па целиот живот е пред мене.Во животот добив човек кој гледајќи ме мене го гледаше сонцето, најубавото девојче,најубавото нешто што Бог го створил. Неговата насмевка едноставно предизвикуваше топлина во моето срце што додека пишувам сеуште се сеќавам на тоа.Знаеше да ме расположи тој лик на кој се гледаа многу изминати години од животот на тој човек. Збрчканото лице секогаш знаеше да понуди што повеќе радост, мир и спокој од себе. Во неговите широки прегратки секогаш добивав она што моите родители никогаш не ми го дале. Понекогаш се сеќавам на неговиот џеб од неговата униформа во кој секогаш се наоѓаше мојата омилена чоколада. Но, еден ден гледајќи многу луѓе во дворот и мислејќи дека се подготвува некоја забава видов нешто што силно го притисна и скрши моето мало срце. На ѕидот на куќата беше потпрен ковчег, а до него со бели букви на крстот беше испишано неговото име.”Дедооооооооооо....Дедиичкоооооооо, не ме оставај те молаамммм..Те сакаам “. Никој не го очекуваше моето присуство бидејќи никој не се осмели да ми каже. Ги прашував збунето “зошто господ ми го одзеде единственио човек кој ја гледаше мојата вредност, човекот кој несебично ми даваше љубов каква што никој не ми пружил.Никој не знаеше што да ми каже, сите ги веднеа главите.Една баба ми пријде и ми рече:Исплачи се мило, сите го сакавме...но, со солзи не можеме да го вратиме.Влегов под масата каде што седеа луѓето и не сакав да излезам од таму.Го однесоа него, а јас останав уште под масата.Немаше никој освен бабата која ме тешеше.”Стани мило, го однесоа, сами сме сега”.Истрчав во собата и таму останав цел ден.Па сеуште бев малечка, а и сега сум малечка додека со полни очи го пишувам ова...Поминаа седум години.Во куќата стои слика која виси во дневната.Секогаш кога одам таму спијам на креветот каде порано уживаше да одмара заедно со мене и да ми кажува приказни.Мислев дека таму е неговата душа па затоа често седев на тој кревет. Ја галев празната постела со години. Последниот пат кога бев на неговиот гроб темнината ги криеше моите солзи. “Дедичко, јас пораснав, но во душата сум она твое мало девојче кое секогаш ќе те сака бидејќи многу и недостигаш.Порано кога бевме на распуст често те посетував...а сега го посетувам твојот гроб кој се наоѓа многу далеку и осамен на ридот...Не те заборавив а нема ни да се осмелам да го направам тоа. Вечно ќе те чувам во моите сеќавања и во моето срце бидејќи ќе останеш единствениот човек за кој секојдневно ќе ронам солзи...Те сакам!



Уште еден мој текст....
Кон врв
cute_girl Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 27.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај cute_girl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2009 во 03:37

Идеален пар на кој сите му завидуваа...Кога ги гледаа заедно, луѓето гледаа едно нешто, една љубов вгнездена во две души и две тела.Бог не створил ништо почисто и поневино на Земјата од нивната љубов. Секојдневно можеа да ги забележат во паркот каде се среќаваа после часовите. На нивните лица секогаш имаше насмевка и радост...Всушност насмевките беа огледала на нивната среќа и на тоа колку тие се сакаа и колку уживаа кога беа заедно. Дури ни мракот неможеше да им ја затемни љубовта, ниту темните облаци кои надвиснуваат кога се спрема бура неможеа да им ја замрачат љубовта. Едноставно нивната љубов беше во два правци, повратна. Но, со тек на време работите стануваа поинакви какви што не се очекуваа. Односите се заладија, меѓу нив одненадеш почна да се гради некој чуден ѕид. Матеј се трудеше секој нов ред од ѕидот да го сруши, но на Ана воопшто не ја интересираше тоа. Беше слепа пред тажните лица на Матеј, беше глува за неговите очајни воздишки, не беше ни тука кога нему му требаа прегратки и бакнежи. Нивните планови за нивната толку посакувана венчавка веќе изумреа..никој не се осмелуваше да ги спомне посебно Матеј кој толку се плашеше за нивната иднина.”Душичке јас те сакам”-и велеше често пати, а таа на неговите зборови враќаше со насмевка. Сето тоа нему му делуваше збунувачки. На МСН само ќе разменеа по некој збор и ништо друго. Со ноќи и денови Матеј очајуваше размислувајќи како да ја пробуди нежноста во нивната врска која одамна заспала. Неговата депресија која се гледаше во неговото однесување и тело Ана не ја забележуваше. А, на пораки не ни одговараше.Кога и се јавуваше секогаш беше недостапна...Една ноќ во викендичката далеку од градот страста беше победникот. Незамислива ноќ поминаа која колку и да сакаат нема да ја заборават.Ноќта ги гледаа ѕвездите. Матеј ја праша:”Мислиш ли дека после смртта луѓето одат на небото?”.”Па можеби”- му одговори.”Кога мене ќе ме нема јас ќе одам на онаа ѕвезда”- и покажа кон најсветлата.. “ и ја бакна...Мила дали ме сакаш?”-ја праша пред таа да се качи на велосипедот. “Не”-му одговори и се качи на нејзниот велосипед и замина. Матеј остана на скалите да плаче и страда. Душата му се раскинуваше, а срцето му умираше.”Па таа е мојот живот, сега без нејзината љубов јас сум никој и ништо. Без мојата душичка мојот живот веќе не вреди.” Во викендичката на масата најде еден полузгужван лист.Го исправи малку и и напиша писмо кое го остави на масата.”Те сакам”-го бакна писмото и веднаш истрча надвор.Близу викендичката се наоѓаше мост кој беше на висина од 30 метри од големата река која постојано брануваше. Со солзи во очите трчаше кон мостот и без запирање ја прескокна оградата и скокна. Скокајќи извика колку што може:”Анааааа те сакаамм”...Одеднаш само се слушна звук кој значеше дека телото е под вода. Подоцна во куќата на Ана некој дојде. Тоа беше сестрата на Матеј. “Брат ми почина...со полни очи и кажа...се фрли од мостот близу викендичката и оставил писмо за тебе...збогум”. Како ремен од трња да го превитка нејзиното срце. Остана нема и неподвижна пред вистината. “Господе зашто? Јас го сакав...тоа што го правев цело време беше за да видам дали навистина ме сака, сакав со моето студенило да видам дали ќе се бори за мене...а, сега го нема за да му кажам дека го сакам и дека сето тоа беа мои залудни глупости! “ Бесно ја кубеше косата и удираше по ѕидот обвинувајќи се дека таа е убиецот. Го зема писмото:
“Мила моја
Мојот живот го носеше твоето име, Ана. Но, откако името се изгуби мојот живот немаше смисла да се живее без име. Безимените работи се безвредни. Се што беше во мои раце да ја вратам љубовта и нежноста меѓу нас, направив, но не беше доволно. Ти посакувам со друг да бидеш посреќна бидејќи денес јас заминувам далеку од овој свет. Од таму ќе те чувам и ќе внимавам на тебе. Верувај ми дека беше љубовта на мојот живот и дека и после смртта дури и таму горе на небото ќе те сакам. Навечер погледни во нашата ѕвезда, таму сум јас душичке. Збогум.Засекогаш ќе те носам во срцето кое иако мртво ќе лежи во реката и ќе те чува тебе во него.Те сакам!.”
Отиде до реката без размислување. Ја пикна раката во неа. “Те сакаамм душичкее!!Прости ми што бев толку глупава и што се однесував така.Прости ми, не сакав така да биде...Прости ми...Како ли ќе живеам без твојата прошка, како ќе го носам на душата овој товар?”
По 9 месеци од нејзниата утроба се роди нивниот син кој потполно личеше на него. Го крсти Матеј. Детето живееше со неговата млада 18-годишна мајка. Кога стана повозрасно и кога почнуваше да ги сфаќа работите ја праша:”Мамо зашто умре мојот татко?” “Бидејќи на Земјата се родило тоа чуство-студенило кое им наштетува на луѓето...”-му одговори таа...
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2009 во 00:15
ПРИКАЗНА ЗА СВЕТЛОЗРАЧНИТЕ

А сите подеднакво те љубеле
со мислата им светлозрачна
но во различен сон те сонувале...



Век немало да не дотече -
црни солзи реки набликнувале
раните да ти ги измијат...

Колку деца ти се удавиле
кај да фатат кога не знаеле

- на сретпат матната ги стрефила

Со зрак од кама кандило
на светци пред слава им палеле
светлини се престориле...

Црнилата пак останале
други да ги растегнуваат...

- ни крај ни почеток не им знаеле...

Скаменети крици низ горите
крв со крв закрвена
а една мајка ги раѓала...

И во крикот наш денешен
крвишта огној разгореле

- та чии сме ако свои не сме...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
cupeto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 19.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 206
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај cupeto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2009 во 13:03
Dozd , sneg , vetar

Site tvoi stogodisni tragi ,
so pesna ke ti gi pokrijam ,
za da gi izbrisam ne ke mozam,
,,sve toa ke pokrie ruzmarin, snegovi i sas ,
istoriskoto belo dugme ,
dozdot ke te osvezi ,
snegot ke te osvesti,
a veterot ke ti go prenese,
mojot baknez
na tvoeto nasolzeno lice ,
jas tebe togas ke te voskresnam      
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2009 во 12:54
ТРАГИ

Сите траги што ги оставив
Сто жиивоти малку ќе се
За да ги избришиш
Сите трагови што не ги остави
Во солзите ги бараш
А не се пресликуваат... 





Изменето од zenmaster - 26.Јуни.2009 во 00:22
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
cupeto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 19.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 206
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај cupeto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2009 во 12:25
PETEL

Naviknav da go slusam ,
kako kuk*rika od daleku ,
ne znam ni kako izgleda ,
ni od koja strana ide ,
ama vidi go ti nego ,
tolku prodorno ,
sto i sega
vo niedno vreme na nego mislam,
no ne so cel da go ispecam ,
i da se nasladam na negovite kopani,
tuku da go pogalam ,
na negovata tocnost ,
i prodorno i interesno kuk*rikanje,
navistina e opasno majstorce   
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2009 во 11:41
ПИЛЕ

Навикнав да варам кокошки,
мисирки
и гуски:
искубени,
износени,
витосани,
а ти - пиле блескаво
па страв ме фати да не те преварам
па да не се распаднеш
од ковчињата кревки,
крцкави,
како за кавурма со лук
и триста други зачини,
а поубаво си многу
така голичко
а недопрено
само малку потпечено
заруменето
од очи лиги
на сите да потечат...

a kaj mi e zbunetiot... lele me prifati negoviot stil...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2009 во 00:44
ПРИКАЗНА ЗА ЉУБОВТА

Ако Оче наш не ја научив,
да те љубам можам посилно од сите свештеници
во молитвите што те спомнале...



Мојата љубов си ја мери силата со врутоците
на времињата што те престигнувале
- со крикот на унесреќените растечена
место песна заспивалка...

Колку високо да ги изѕидам столбовите
за да си ги бакнам корените

И благослов за семето
и клетва за сеачот си
- постојбино на исконските страданија...

Кој ли братоубиец писанието го напиша
со крвата на убиените браќа
та зборот ветрот ни го враќа
како сува плунка во лицето...

Од сортата на пирејот сме биле
А трски на лик
- танчерки на ветрот дабје што корни...

Приказната за Самсон во коренот ни е сплетена
- зар самите да си ја расплетеме...

И благослов за семето
и клетва за сејачо си
- во каква песна да се надживееме
да се соѕидаме...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3435363738 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,313 секунди.