IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - БИБЛИЈАТА И НАУКАТА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

БИБЛИЈАТА И НАУКАТА

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3233343536 63>
Автор
Порака Обратен редослед
Ateist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јуни.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 757
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ateist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2007 во 19:18
Аџија, смири хормони и дочитај ги моите постови. Ова што Евангелос го напиша е доказ??????

Изменето од Ateist - 15.Јуни.2007 во 19:19
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2007 во 19:16
кажа ли ти тоа некој аргумент атеисте??? уште чекаме, еве не мора вака детална листа, дај ни два-три доказа дека Бог не постои... само галамиш, а за џабе...
Кон врв
Ateist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јуни.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 757
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ateist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2007 во 19:13
Кажа ли ти тоа некој аргумент Аџија или ?????
Не обвинувате нас дека преку тоа што го негираме бог, сме го докажувале непостоењето на бог. А погледнете се вие самите. Единствен доказ ви е во празнините кои постојат во науката (а тоа не значи дека вечно ке останат такви) да претставите дека не е можно научно објаснување, па следно велите па добро штом не може науката тогаш МОРА да е бог.

Изменето од Ateist - 15.Јуни.2007 во 19:18
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2007 во 19:11
да го додадеме тука и законот за биогенеза... т.е. живот настанува само од живот...
 
мислам вагата превагната...и тоа ептен превагна...Wink
Кон врв
Ateist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јуни.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 757
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ateist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2007 во 19:03
Цитирај А Бог по дефиниција е Вечен и нема почеток! Па така не му е потребна причина за Неговото постоење.
Тој е самобитен, Својата причина е во Самиот Него.


прикаски за мали деца. Според која тоа дефиниција или кој закон???? Ќе пукнам од смеење, те молам не ме смеј, вицеви имаш на друга тема.
Ако тој ваш бог е вечен, што му е мисијата, мора да постои причина за невото постоење. (Твојот прв закон за каузалност)
Ако е тоа така, што правел тој бог до пред 6000 год.

Цитирај Ти си напрвил некаква машина и си ја изгубил Јас ја наоѓам и не можам да си ја објаснам како работи, па затоа си претпоставувам еден куп неосновани и смешни претпоставки.

Да баш така. Првата претпоставка не ти држи бидејки не знаеш дека јас сум ја направил. Според тебе ти би претпоставил дека е божјо дело? Само и само заради тоа што не ти е познат творецот на таа машина и што твојот интелектуален ум е на толку ниско ниво за само и да сватиш како таа работи, а камоли да ја конструираш а потоа и да ја направиш. (Не мислам лично на тебе туку на човекот кој го посочи како пример, да не дојде до заблуди)

А за тебе е единствениот доказ во постоењето на бог?
Значи со својот став ТИ ДОКАЖУВАШ дека човек го створил бога. Значи за да си објасните како целиот жив свет и универзум го створивте бог како Аксиома. Тој е вечен и вечно постоел и ќе постои, спротивно на сите „твои“ закони кои ги спомна. Не ми даде одговор зошто баш тогаш му текнало да створи се. И кога веќе го направил сето тоа која е причината да и ден денес постои? Тој си ја одиграл својата улога, што сега прави? Некои други планети? Некои нови сончеви системи и универзуми? Некои нови животни, растенија и луѓе?

Патем можеше и ти таму во таа тема да го ставиш твојот пост, јас и повекето овде, претежно зборувавме за она што стои во Библијата.

Изменето од Ateist - 15.Јуни.2007 во 19:12
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2007 во 18:17
Originally posted by Ateist Ateist напиша:


Многу убаво, си ги изврте сите аргументи, како тебе ти одговара.
Прочитај што си напишал под бр. 3.
Велиш најдоброто објаснување е во постоењето на бог. Да ти укажам само на една работа. Од најдамнешни времиња. од праисториски времиња па до денес, секогаш необјаснивите појави си ги објаснувал со постоењето на некаков си бог. Значи тоа е доказ дека бог е човечка творба, а не обратно.
 
Тоа е доказ? LOL Тоа што некои луѓе не знаеле да си ги објаснат необјасивите појави и си цртале некакви богови-идоли за да им ги објаснат воопшто не го оспорува постоењето на Вистинскиот и Реалн Бог.
Еве ти една илустрација:
Ти си напрвил некаква машина и си ја изгубил Јас ја наоѓам и не можам да си ја објаснам како работи, па затоа си претпоставувам еден куп неосновани и смешни претпоставки.
Дали со тоа докажав дека ти не постоиш?
Дали со тоа е оспорено твоето создавање на "машинката"?
Какви се не "докази" човек ќе се изначита во вашето макотрпно мачење да најдете барем еден единствен доказ дека Бог не постои Smile
 
 
Originally posted by Ateist Ateist напиша:


Сите тврдења се и повеќе од смешки. По „твојот“ закон на каузалноста, исто доаѓаме до прашањето: А која е причината да се создаде Бог? Кој него го створи?
Зошто да верувам во „Најдоброто објаснување“
Веројатно до толку јазикот мајчин доволно си го познаваш за да не можеш да речеш дека објанување е исто што и доказ.
 
Прочитај го уште еднаш, ама полека и ќе ти се одговори прашањето.
Се што почнува да постои има причина (материјата, енергијата)
А Бог по дефиниција е Вечен и нема почеток! Па така не му е потребна причина за Неговото постоење.
Тој е самобитен, Својата причина е во Самиот Него.
 


Изменето од EvAngelos - 15.Јуни.2007 во 18:17
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Ateist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јуни.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 757
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ateist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2007 во 18:05

Многу убаво, си ги изврте сите аргументи, како тебе ти одговара.
Прочитај што си напишал под бр. 3.
Велиш најдоброто објаснување е во постоењето на бог. Да ти укажам само на една работа. Од најдамнешни времиња. од праисториски времиња па до денес, секогаш необјаснивите појави си ги објаснувал со постоењето на некаков си бог. Значи тоа е доказ дека бог е човечка творба, а не обратно.
Сите тврдења се и повеќе од смешки. По „твојот“ закон на каузалноста, исто доаѓаме до прашањето: А која е причината да се создаде Бог? Кој него го створи?
Зошто да верувам во „Најдоброто објаснување“
Веројатно до толку јазикот мајчин доволно си го познаваш за да не можеш да речеш дека објаснување е исто што и доказ.

Изменето од Ateist - 15.Јуни.2007 во 19:05
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2007 во 17:29
Originally posted by goor goor напиша:


a za toa sto kako edinstven dokaz za postoenjeto na bog ja zemate biblijata ne e na arno.
 
Goor, ако не примети, има посебна тема "Дали постои Бог" која изобилува со вон-библиски доказе за постоењето на Бог, а за жал, истата тема е оскудна со "докази" за непостоењето на Бог Smile
 
Сепак, доколку те мрзи да шараш низ таа тема, еве ќи ти пастирам неколку од доказите за Божјото постоење и тука (се надевам Просветителот нема да ми замери)
 
Хмм ова ќе биде доооолго...
 
Теистички аргументи:

  1. Законот за Каузалност
  2. Заклучоци од Контингентноста
  3. Бог е најдобро објаснување за почетокот
  4. Eh nihilo, nihil fit
  5. Прецизно поставени параметри
  6. Плански создадена планета
  7. Од каде потекнува животот ?
  8. Мини Биг Бенг
  9. Антрополошко-Психолошки сведоштва



    1. Законот за каузалност


Секоја последица има своја причина или, што е еквивалентно,
нема последица без причина.
Причина за моето постоење се моите родители.
Јас сум последицата.
Причина за нивното постоење се нивните родители итн.
Причина за постоењето на дрвената маса е некое дрво, тоа пак од
некоја семка, семката пак од некое друго дрво итн. На овој начин
се создаваат каузални низи и бидејкји од една причина може да
произлезат повеќе последици, кои потоа исто така стануваат причини
за некои други последици, всушност добиваме едно огромно
причинско-последично дрво (станува збор за симболично дрво).
Ако погледнеме во коренот на ова дрво, доаѓаме до една прапричина
(првопричина) за постоење на се друго, освен на првопричината, која
мора да биде независна од сите творби, надвор од нив и над нив.

Како што кажавме теистите веруваат дека прапричината е Бог,
а атеистите материјата. Може ли материјата да биде прапричината?


    2. Заклучоци од Контингентноста (условеност на постоење):


Контингентни се оние нешта кои не се самобитни т.е. причината за
нивното постоење не е во самите нив, туку надвор од нив.Основни
својства на контингентност се:

  • Променливост
    Ако некоја творба се менува, таа нема внатрешна самобитност.
    Материјата се менува, значи таа неможе да биде самобитна.
    Таа е контингентна.

  • Временост
    Кога нешто постои во даден облик, форма или вид само определено време,
    тоа се одликува со временост.
    Секој конкретен вид и облик на материјата е привремен.
    Бидејќи материјата не постои континуирано во еден ист вид, облик,
    туку се менува, таа се одликува со временост, а не со вечност.
    Тоа важи и за целата Вселена. Затоа таа ниту била, ниту ќе биде
    вечна, самобитна.

  • Конечност, Ограниченост
    Се што постои во одредена големина, а би можело да биде и поголемо,
    е конечно и ограничено. Секој вид и облик на материја е токму таков,
    конечен и ограничен. Ако секој дел од материјата е таков, тогаш и
    целината е таква (целината не може да биде поголема од збирот на деловите).
    Алберт Ајнштајн во општата теорија на релативноста одредува дури и
    приближни вредности за радиусот и масата на целата вселена.
    Р = 1000....0 м (26 нули) ; М = 1000....0 Кг (53 нули)

    Се разбира не можеме да очекуваме висока прецизност на овие вредности,
    но од поголем интерес за нас е тоа што овие вредности, колкави и да се,
    се конечни.

    Значи, целата вселена, сиот материјален свет е контенгентен, а не
    самобитен, од променлив, конечен и временски карактер, а не од постојан,
    бесконечен и вечен карактер. Таква е и материјата.
    Јасно е дека и бесконечна низа на контингентни творби не може
    да ја одигра улогата на првична прапричина за нејзиното постоење,
    а таа прапричина да не биде контингентна. Такво својство по дефиниција
    може да има само вечниот, непроменливиот и самобитен Бог.


      3. Бог е најдоброто објаснување за почетокот на Универзумот.


       1) Се што почнува да постои мора да има своја причина.
       2) Универзумот има свој почеток. (15-20 милијарди години)
       3) Затоа Универзумот има своја причина

  • Првата премиса следи дирекно од законот на каузалноста. Последицата е
    почетокот на новото постоење.Но дали може Причината да произведе
    Последица, ако таа Причината сеуште не постои?

  • Втората премиса е добро позната.Универзумот не е вечен. Спротивното
    тврдење се судрува со Вториот Термодинамички Закон. Тој вели дека
    со текот на времето ентропијата(мерка за неред) расте, а потенцијалната
    енергија со која може да се изврши некоја работа се намалува. Па така
    ако универзумот би бил вечен, сите ѕвезди, вклучувајќи го и нашето Сонце
    би требало могу многу одамна(бесконечно минато време) да согореле
    т.е. топлотната смрт требала да се случи многу одамна. Но не е така,
    Сонцето и уште милијарди други ѕвезди сеуште светат.
    Без конк*ренција, една од најпознатите и најприфатените теории за
    настанокот на универзумот е теоријата Биг Банг (Големата Експлозија)
    Теоријата вели дека таа експлозија се случила пред 15-20 милијарди
    години, иако е тоа пред огромно време, сепак е конечно.

  • Третата премиса е логичка импликација од првите две.


      4. Eh nihilo, nihil fit


    Аксиомата "Од ништо произлегува само ништо" е фундаменталена за
    природните закони. Но за жал таа не е фундаментална за атеистите,
    некои од нив, на пример Питер Еткинс, пробуваат да не убедат дека
    и покрај огромната големина и разновидност, Вселената претставува
    едно усовршено и привлечно преуредување на ништото, пробува да не
    убеди дека Ништото се претворило во Материја, која потоа си создала
    природни закони, кои ја натерале да се шири и да се организира, за да
    биде она што е денес. Сега ќе разгледаме колку требало да бидат
    прецизни параметрите на природните закони кои си ги создала
    "Интелегентната Материја"


      5. Прецизно поставени параметри



    1) Полнежот на протонот и електронот е совршено еднаков.

    2) Ако односот на масите на протонот и електронот (1836 : 1) беше
    значително поинаков, не би можеле да се образуваат неопходните
    молекули, па ни би имало ни хемија, ни живот, ни физичари кои би
    го истражувале тоа.

           Релативниот однос меѓу четирите основни сили во природата:

    3) Односот меѓу релативните јачини на електромагнетната и гравитационата
    сила е фасцинантен. И двете сили играат неопходна улога во формирањето
    и градбата на ѕвездите.Тие се држат меѓу себе со помош на
    гравитационата сила, а енергијата која ја зрачат е во вид на
    електромагнетно зрачење. Физичарите укажува дека доколку гравитацијата
    би била различна за само еден илјадити дел, тогаш ѕвезди како
    нашето сонце воопшто не би постоеле, а сосема сигурно не би постоеле
    и облици на живот кои за свое одржување зависат од ѕвезди-сонца.

    4) Исто така односот помеѓу Јаката и Слабата нуклеарна сила во
    атомот е фасцинантен. Овие две сили ги определуваат заемодејствата
    помеѓу протоните, неутроните и електроните во атомот.

  • Физичарите укажуваат дека доколку Јаката нуклеарна сила би била
    само малку послаба, атомите кои во своите јадра содржат повеќе од
    еден протон, никогаш не би можеле да се образуваат.
    Во таков случај целата вселена би се состоела од водород,
    кој има само еден протон во своето јадро.
  • Од друга страна ако Јаката нуклеарна сила би била малку појака,
    целокупниот водород во раната вселена би се претворил во хелиум,
    а без присуство на водород во подоцнежната фаза, не би можеле да
    се формираат ѕвезди.
  • И најмали промени во Слабата нуклеарна сила би имале погубно
    дејство врз животот, но таа е токму на потребното ниво кое
    овозможува водородот да гори бавно и со иста брзина во огнената
    внатрешност на ѕвездите.
    Стивен Хокинг го нагласува значењето на прецизната
    урамнотеженост меѓу основните сили и заклучува:
    Станува јасно дека има релативно мал избор на бројни вредности кои
    овозможуваат развиток на каков било облик на интелегентен живот.

    5) Стивен Хокин вели дека: Ако експанзијата на универзумот би била
    само сто илјади милиони милионити дел побавна, целиот универзум
    би колапсирал многу рано. А ако експанзијата би била појголема за
    еден милионити дел, тогаш галаксии, ѕзвезди и планети немаше
    никогаш да се формираат.

    6) Ако резонантното ниво на Јаглерод 12 беше за 4% пониско,
    Јаглеродот немше да се формира. А ако пак беше за 0.5% повисоко,
    тогаш речиси целиот Јаглерод би бил "исчистен", што би значело дека
    не би се соединувал со хелиумовите јадра за да создаде кислород.
    А ако нема јаглерод ќе не нема ни нас.
    Јаглеродот, Кислородот, Азотот и други потешки елементи потребни за
    живот, сите зависат од ова.

    7) Земјата е поставена на оптимална оддалеченост од сонцето,
    за да добива соодветно количество на топлина и светлина.

    8) Наклонетоста на Земјината оска од 23.45° во однос на
    рамнината на нејзината орбита, игра голема улога во климатските
    промени на земјата, а уште поинтересно е што нашата месечина ја
    обиколува Земјата по орбиталната рамнина, додека секоја друга
    месечина во Сончевиот систем кружи околу својата планета по
    екваторијалната рамнина. Иако овој феномен останува мистерија за
    астрономите, знаеме дека само ваквата конфигурација ги овозможува
    појавите на плима и осека на Земјата, кои играат важна улога
    за животот на земјата.

    Ова што досега го изложивме е само дел од индикациите дека
    создавањето на космосот, галаксиите, ѕвездите, планетите,
    атомите, молекулите, животот и неговото одржување на земјата е
    строга, планска и високо интелегентна космичка функција,
    која бара крајно сложени и прецизно поставени параметри.



      6. Плански создадена планета



    Научниците се уште трагаат по докази за евентуално постоење на живот и на
    други планети, а не само на Земјата. Тоа е во ред, но во меѓувреме да се
    потсетиме какви се уникатни и строги услови треба да исполнува една планета,
    за да поддржува живот, и колкава е реалната веројатност да најдеме живот на
    друга планета.

  • Потребна е погодна галаксија - Само спиралните галаксии, каква што е
    нашата, можат да поседуваат услови за живот. А такви галаксии во вселената
    има само 5%. Преостанатите 95% од галаксиите се или елиптични или со
    неправилен облик. Кај елиптичните галаксии, образувањето на ѕвездите
    завршува уште пред да се образуваат доволни количества од потешките хемиски
    елементи во меѓуѕвездениот простор. А за да има услови за живот, неопходно е
    збогатено присуство на овие елементи. Проблемот, пак, со галаксиите со
    неправилен облик е во тоа што кај нив постојат активни јадра од хемиски
    елементи, кои со своето нуклеарно зрачење го уништуваат животот.

  • Потребна е посебна ѕвезда (сонце) - Познатите научници, Шкловски и Саган,
    пресметале дека ѕвездата, која би овозможила живот на планетата во нејзина
    близина, би морала да биде со строго определена маса. Ѕвезда која би имала
    поголема маса од нашето Сонце, би горела премногу брзо и енергично, со што
    би оневозможила постоење на живот на соседната планета. Од друга страна,
    таа ѕвезда (сонце) не би смеела да биде ни со премногу мала маса, сашто
    во таков случај, планетата би била премногу близу до своето сонце и нивната
    меѓусебна интеракција би била таква што нема да овозможи услови за живот.

  • Потребни се погодни планети-придружнички - Во 1993 , истражувачот на
    планети Џорџ Ведерил (Георге Њетхерилл) од Институтот Карнеги во
    Вашингтонг, преку компјутерска симулација дошол до интересно сознание за
    нашиот Сончев систем. Имено, без планетата Јупитер, и тоа токму со таква
    димензија и токму на тоа растојание, планетата Земја би била 1000 пати
    почесто погодувана од комети и кометски материјал.

  • Погодна Месечина - Нашата месечина е уникатна меѓу небесните тела по тоа
    што е релативно голема во однос на својата планета (Земјата). Резултат од
    тоа е релативно силната гравитација на Месечината врз Земјата.
    А благодарение на тоа, крајбрежните води на океаните се прочистуваат,
    водата се меша (во спротивно ќе се усмрди, како некоја бара).

  • Погодна ротација на планетата - Ако една планета ротира премногу бавно,
    разликите во температурите преку ден и преку ноќ би биле многу големи.
    Од друга страна, ако една планета ротира многу брзо, брзината на ветровите
    би била катастрофални за каква било форма на живот. На пример, дури и еден
    мирен ден на Јупитер (ротира за 10 часа) создава ветришта со брзини од
    неколку илјади километри на час!

  • Гравитацијата на Земјата е идеално погодна. Ако е поголема, во атмосферата
    ќе има премногу метан и амонијак, кои би ги отруле лугето и животните,
    а ако е помала, ќе се изгуби неопходната вода во атмосферата.

  • Растојанието на Земјата од Сонцето е идеално погодна. Кога Земјата би била
    подалку од Сонцето, температурите на Земјата би биле премногу ниски за
    постоење на живот. Кога Земјата би била поблиску до Сонцето, температурите
    би биле премногу високи за живот.

  • Магнетното поле на Земјата е идеално за живот. Ако е поголемо, би имало
    силни електромагнетни бури; ако е послабо, озонската обвивка и животот на
    површината на Земјата не би биле соодветно заштитени.

  • Дебелината на кората на Земјата е идеална. Кога би била поголема, премногу
    кислород би преминувал од атмосферата во кората; кога би била помала, би
    имало премногу вулкански ерупции и тектонски пореметувања.

  • Односот меѓу вкупната и рефлектираната светлина што паѓа на Земјата е
    идеален за живот. Ако е поголем, ќе има многу голем ефект на стаклена
    бавча; ако е помал, ќе настапи замрзнување.

  • Озонската обвивка околу земјата е идеално димензионирана.
    Нејзината дебелина изнесува само околу 3-4 милиметри, а сепак таа е
    најодговорна за евектот на стаклена градина кој е од суштинско значење
    за одржување на климата на Земјата во рамките на дозволените граници
    за да истата може да подржува живот.
    Кога таа би била 2 пати потенка, температурите на земјата би биле над 70°Ц,
    би имало премногу ултравиолетово зрачење и Сонцето би не испржило.
    Исто така и ледените слоеви на половите би се одмрзнале и скоро сите острови
    и полуострови би биле збришани. И Холандија нема да биде исклучок.
    А доколку таа би била 2 пати подебела температурите би биле далеку под нулата.
    Штетното влијание на озонските дупки, кои по површина се минимален процент од
    целата озонска обвивка, се само еден предвесник и доказ за оваа прецизно
    поставена заштитна обвивка од Создателот на нашиот дом - планетата Земја.

  • Количеството на јаглерод диоксид во атмосферата на Земјата е идеално
    погоден за живот. Ако е поголем, ќе има многу голем ефект на стаклена
    бавча; ако е помал, ќе нема доволно фотосинтеза.

  • Бојата и  интензитетот на светењето на Сонцето треба да е погодна.
    Ако брановата должина на зрачењето е повеќе од црвената боја, ќе нема
    доволно фотосинтеза. Истото би се случило и ако бојата е поместена кон
    сината боја.

  • Наклонетоста на Земјината оска од 23.45° во однос на рамнината на нејзината
    орбита, игра голема улога во климатските промени на земјата, а уште
    поинтересно е што нашата месечина ја обиколува Земјата по орбиталната
    рамнина, додека секоја друга месечина во Сончевиот систем кружи околу
    својата планета по екваторијалната рамнина. Иако овој феномен останува
    мистерија за астрономите, знаеме дека само ваквата конфигурација ги
    овозможува појавите на плима и осека на Земјата, кои играат важна улога
    за животот на земјата.

    Меѓу преостанатите параметри кои мораат да бидат многу точно погодени,
    ќе ги споменеме уште:

  • проѕирноста на атмосферата
  • атмосферскоит притисок
  • минерализација на почвата
  • сеизмичките активности
  • температурниот градиент на атмосферата
  • соодносот меѓу океаните и континентите
  • локацијата на белите џуџуња и нивната честота на појавувања
  • густината на планетата, и многу други параметри.

    Ова што досега го изложивме е само дел од индикациите дека создавањето на
    галаксијата, ѕвездата, планетата, животот и неговото одржување е сложена,
    строга и високо интелегентна космичка функција, која бара крајно сложени и
    прецизно поставени параметри. Нема да си играме со бројките за да одредиме
    која е веројатноста да најдеме живот на друга планета, но нема да бидеме
    субјективни ако кажеме дека таа веројатност е многу мала.

    Прашање до атеистите:
    Ако веројатноста да се најде живот на друга планета е екстремно мала,
    зошто нашата планета е исклучок? Кој ги поставил условите погоре?


      7. Од каде потекнува Животот ?



    Дали може животот да потекнув од неживата неинтелегентна материја?
    Дали јас и ти, еден комарец и еден слон е можно да сме само една
    случајна рекомбинација на материјата, која заедно со природните
    закони се само една случајна трансформација на Ништото ?
    Ако  земете едно парче месо (не зготвено) и го фрлите во двор,
    а потоа за неколку дена го набљудувате ќе видите многу мали црвчиња
    во него. Порано некои луѓе сметале дека мртвото месо, само од себе
    си создавало црви за да го изедат потоа. Сега со ова тврдење тешко
    може да се положи испит по биологија. Денес јасно се знае дека црвите
    не потекнуваат од мртвото месо туку од ларвите заробени во него,
    кои навлегле во него додека било живо (на пример преку исхраната).

  • Милеровиот експеримент

    Повеќето атеистички научници сметаат дека животот настанал случајно
    во една прабиотичка супа, каде случајно се нашле потребните зачини и
    потоа громовите, брановите и ветровите ја мешале оваа супа од која
    произлеговме денес јас, ти и се живо околу нас.
    Како и да е, пред околу 53 години Опарин, Милер, Широно и други
    излегоа со фасцинантни идеи за тоа како се готвела оваа супа,
    со фасцинантни планирани драми за одигрувањето на оваа случка.
    Во строго определени лабараториски услови овие научници се обидоа
    да ја одиграат таа драма и добија неколку амино киселини. Избрзано се
    израдуваа и му соопштија на светот дека живот може да се добие во
    лабараторија. Но кога Милер продолжи да го унапредува експериментот,
    неговиот оптимизам спласна.

    1) Од околу 100 познати аминокиселини, само 20 се користатат во
    протеините и сите од нив се левораки. Аминокиселините кои они
    ги добија беа половина левораки, половина деснораки.
    Односот бил 50 : 50 . Тоа е смртоносна комбинација. Кога би се
    вметнала макар и само една деснорака аминокиселина, би го разурнала
    целиот сиџир од аминокиселини.


    2) Постои и концепски проблеми. На пример: нема причина да веруваме
    дека произволното соединување на аминокиселините ќе образува нешто
    корисно, а доколку ги спомнеме можните комбинации, броевите (како што
    подоле ќе видиме) се од редот на бројот на честици во целата
    вселена, па и далеку поголем од него.

    3) Случајните настани и неинтелегентното создавање го заменаа со
    лабараториски услови и со интелегентни научници. Творецот натажено
    ги гледаше овие научници како се обидуваат да го имитираат.
    Но гласовите замреа, 53 години поминаа, а напредок нема.
    Франкенштајн остана во филмовите.

    4) Колкви се броевите?

    Големи се.
  • Информациите што ги содржи еден хромозом кај човекот се
    еквивалентни на 500 милиони зборови. Со просек од 400 зборови по
    страница, би биле потребни 5435 книги од по 230 страници за да се
    запишат овие зборови, а цела библиотека од 250000 книги за да се
    запишат информациите кои се содржат во 46-те хромозоми кај
    оплоденото човечко јајце.

  • Франсис Крик ја пресметал веројатноста за спонтано образување
    на една најпроста протеинска компонента од само 200 аминокиселини
    (нешто многу попросто од една ДНА молекула)
    Тој добил 1 : 10000...0 (260 нули).
    Бројот на честици во вселената изнесува околу 1000..0 (80 нули)
    Ако овој број го помножите три пати сам со себе, бројот погоре
    сепак ќе биде околу сто милиони билиони пати поголем од овој производ.

  • Во своето дело "Еволуција од Вслелената", познатиот британски
    астроном Фред Хојл и Викрамасинге пишуваат дека веројатноста
    животот да настанал случајно изнесува 1 од 1000...0 (40 000 нули)
    За споредба, бројот на честиците во Вселената би требало сега
    500 пати да го помножиме сам со себе за да дојдеме до овој број.
    Хојл вели: Кога ќе размислите дека еден типичен ензим има синџир
    од можеби 200 врски и дека има 20 можности за секоја врска, лесно е
    да се увиди дека бројот на бескорисни комбинации е огромен, поголем
    од бројот на атомите во сите галаксии видливи со најголемите
    телескопи. Тоа е само еден ензим, а има преку 2000 такви кои служат
    за многу различни цели.
    Оттука, како дошло до оваа ситуација која ние сме ја затекнале ?
    Хојл додал: Наместо да ја прифатиме извонредно малата веројатност
    дека животот настанал преку слепите сили на природата, изгледа дека
    би било подобро да претпоставиме дека потеклото на животот бил
    еден промислен интелектуален чин.

    5) Атеистите најчесто велат дека Времето е херојот на драмата,
    ако има доволно време, се може да се случи, невозможното станува
    веројатно, а веројатното станува сигурно. Но дали е навистина така?
    Како што видовме, Универзумот има свој почеток, минатото е огромно
    (15-20 милијарди години според Биг Банг), но сепак тоа е конечно,
    атеистичкиот херој е конечен.
    Научникот Франк Салсбери вели:
    Замислете си сто милиони билиони планети и на секоја од нив по
    еден океан длабок 2км и збогатен со присуство на погодни
    делови од ДНА кои се размножуваат 1000 000 пати во секунда,
    со присутни мутации во секоја последователна репродукција.
    Под вакви услови, Салзбери пресметал дека би биле потребни билиони
    вселени за да има реални шанси да се развие еден ген во текот
    на 4 милијарди години, дури и ако 1000...0  (100 нули) различни
    ДНА молекули би можеле да ја извршуваат истата генетска функција.


      8. Мини Биг Бенг


    Ајде да направиме еден мал експеримент. За момент замисли си дека
    во десната рака имаш динамит, а во левата имаш неверојатно добар
    микроскоп. Еве за момент биди Бог и запали го динамитот и создади си
    свој Универзум, а потоа појди на местото на експлозијата и со помош
    на микроскопот трагај по живот. Дали веруваш дека некаде ќе најдеш
    човек како седи пред компјутер и чита теистички аргументи?
    Или човек што се обидува во лабараторија да се создаде самиот себеси?
    Кога и не би ти успеало, не очајувај. Можеби во првиот обид се
    одиграла неочекуваната ситуација. Еве замисли си уште еден динамит,
    па обиди се повторно. Па повторно, па повторно...па повторно...
    Ти ја подарувам вечноста. Но тебе не ти треба тоа, ти имаш разум,
    за разлика од материјата.



      9. Антрополошко-Психолошки сведоштва


    Материјата не е свесна за своето постоење, не знае што е тоа
    интелегенција, не знае ни колку букви содржи тој збор.
    Материјата нема емоции. Гравитацијата ги привлекува честичките,
    но дали е таа клучна во привлекувањето кај нас луѓето?
    Тешко дека искрено заљубен човек ќе го убедите дека љубовта е
    создадена од материјата.
    Кај материјата не постојат морални и етички норми, не постои
    чувство на вина. Протонот не се срами од неутронот. Фотонот не
    плаче, ниту се смее. Електроните не играат оро околу јадрото.
    Зарем е можно кога размислуваме за сите овие работи,
    да мислиме дека размислувањето е само продукт на некои хемиски
    реакции во нашата глава. Многу е тешко да се биде атеист.

    Да се навратиме на почетокот. Рековме дека и Теистите, и Атеистите
    почнуваат од една иста почетна основа, од темелот на верата.
    Зошто би избрал да верувам во неверојатното?
  • Поздрав,

    EvAngelos
     
    Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
    Кон врв
    brza Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 06.Февруари.2006
    Локација: vidiFOTOupotpis
    Статус: Офлајн
    Поени: 34534
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2007 во 01:33
    fala,fala,..!
    Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
    Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
    Кон врв
    anakin Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    Unidentified Flying Object

    Регистриран: 08.Август.2005
    Локација: Machku Pichku
    Статус: Офлајн
    Поени: 18535
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2007 во 01:29
    Originally posted by brza brza напиша:

    a,be vie dvajca,...vishe veruvate deka ne postoi,....nego shto ovie drugive veruvaat  deka postoiLOL


    ClapClapClapClap
    SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

    Кон врв
    аџија Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 25.Октомври.2006
    Статус: Офлајн
    Поени: 5474
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2007 во 01:18
    Originally posted by brza brza напиша:

    a,be vie dvajca,...vishe veruvate deka ne postoi,....nego shto ovie drugive veruvaat  deka postoiLOL
     
     ClapClapClapClapClapClapClapClapClapClapLOLLOLLOL
    Кон врв
    brza Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 06.Февруари.2006
    Локација: vidiFOTOupotpis
    Статус: Офлајн
    Поени: 34534
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2007 во 01:12
    a,be vie dvajca,...vishe veruvate deka ne postoi,....nego shto ovie drugive veruvaat  deka postoiLOL
    Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
    Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
    Кон врв
    goor Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 08.Јуни.2007
    Статус: Офлајн
    Поени: 844
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај goor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2007 во 00:48
    ej i zamisli vo celata kniga ne se spomnuva postanokot na gavolot nitu bilo sto za negoviot nacin na rabota odnosno na pravenje zlo toa ti e isto kako da pisuvas kniga za ilindenskoto vostanie a nikade da ne gi spomnes turcite
    Кон врв
    anakin Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    Unidentified Flying Object

    Регистриран: 08.Август.2005
    Локација: Machku Pichku
    Статус: Офлајн
    Поени: 18535
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2007 во 00:35
    mislam koja e razlikata
    mozebi ova:

    toj sto napisal naucna kniga dobro se namachi
    toj sto ja napisal biblijata dobro se zabavuval
    SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

    Кон врв
     Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3233343536 63>
      Сподели тема   

    Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

    Страницата е генерирана за 0,844 секунди.