IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - ЦАР САМОИЛ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ЦАР САМОИЛ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3233343536 50>
Автор
Порака Обратен редослед
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2009 во 09:57
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Но Самуил го ничкосува и последниот од ТуркоМонголското племе(Роман) и ја зема Бугарската круна за себе но претходно веке е крунисан како Славјански цар( во Рускиот псалтир го именуваат како цар на Македонска склавинија)голема%20насмевка


Се бара извор. Дај да го видиме тој псалтир или барем нешто пишано за него.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2009 во 02:44
Но Самуил го ничкосува и последниот од ТуркоМонголското племе(Роман) и ја зема Бугарската круна за себе но претходно веке е крунисан како Славјански цар( во Рускиот псалтир го именуваат како цар на Македонска склавинија)голема%20насмевка
Кон врв
Logos Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Септември.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 67
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Logos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2009 во 23:28
Една од причините зошто Самуиловото царство го нарекуваат и бугарско царство е тоа што идеолошки царството било поврзано со старото бугарско царство,бидејки традициите на царство и на партријаршија,освен во Византија постоеле само уште и во Бугарија.Самуил ги прифатил тие традиции и го презел(узурпирал)престолот на Симеоновото и царството на Петар,кое паднало под ударите на Византија.Всушност неговото царство се разликувало од царствата на Симеон и Петар,и според карактерот и според составот фактички тоа било ново царство кое тежиштето било поместено на југозапад и Македонија го чинела неговото јадро.


Дека тоа било ново царство кажува фактот дека првобитната престолнина била Преспа ,а подоцна се преселува во Охрид.

второ цар Самуил воопшто или незначително бил заинтересиран за старите бугарски територии по заземањето на Византија,туку неговата експанзија била завртена на југ.

И последен факт дека бил узурпатор на бугарскиот престол,а не негов легитимен наследник е тоа што малтене цело време на неговото владеење кај него го држи во заробеништво или го заштитува од Византија легитимниот бугарски наследник Роман кој наводно бега(нарочно пуштен од Византија да го заземе бугарскиот престол по смртта на цар Петар)од Константинопол,врз кого Самуил го градел својот углед и презентација на владетелскиот престол.

А во 991г. по неговото(Роман)враќање во цариградскот затвор почнува самостојно да владее во Македонија.
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2009 во 14:09
Буги не ги врти исти глупости измислени од некој кој мисли дека читателите се глупи и ќе му веруваат.

1. По псалтирите такви работи не пишува.
2. Како ќе се познати во 963 браќата, кога ми тврдеше дека се дојдени од Ерменија и при тоа со војски на Василиј Втори кој може да има војска од 976, кога ќе стане император.
3. Никола е КОМИТ, а не комитопул, КОМИТОПУЛИ се неговите синови.
4. Радуле не е никаков историчар, ниту пак Васил Ивановски е историчар.
5. Во Зографската историја убаво си пишува за Давид како бугарски цар, тоа тврдење „Бидејќи македонските господа не можеа да го трпат мирот, започнаа лошо да зборуваат (против Давид, з. м.). Кога тој разбра за тоа, доброволно се откажа од царствиото и замина во манастир.“
може да го напише човек, кој мисли дека читателите на неговиот пасквил никогаш нема да ја видат Зографската историја.
Сега секој може да види дека авторот е ЛАЖГО И ФАЛСИФИКАТОР
ЗОГРАФСКА ИСТОРИЈА
6. Лага е и тоа за Иван Геометар, убаво си пишува каков е Самуил
7.Да не зборуваме дека и за Дуклјанскиот презвитер пак лаже летопис попа дуклјанина
8. Самуиловото царство има најмалку 2 кавхани познати по име, а Георги Војтех од Скопје исто бил од родот на комханите.


Аман од глупости.

Дај да се вратиме на потеклото на Самуил и дали уште тврдиш дека е Ерменец.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2009 во 12:27
Во Рускиот Псалтир од 16 век пишува вакаголема%20насмевка

Значи Симеон е наследен од својот роден син, бугаро-азијатскиот цар Петар и во негово време Бугарија значително ослабнува. Во 963 година во Македонија се крева востание од комитопулот Никола и неговите синови Давид, Арон, Мојсеј и Самоил, кои се отцепуваат од Бугарија. Во 968 година избувнува војна помеѓу Русија и Бугарија. Рускиот кнез Свјатослав во истата година ја пустоши Бугарија, но бргу се повлекува поради нападот на Печенегите на Русија. Ослабеното Бугарско Царство е принудено да се помирува со Византија, а како залог за мирот, царот Петар ги дава своите двајца синови Борис и Роман во Цариград. Но, во 969 година умира цар Петар, што доведува до безвластие во Бугарија. Византија го враќа синот на Петар Борис II за да ја превземе царската круна, но тој набргу се свртува против Византија. Сега Бугарија е сојузник на Русија против Византија, но доживува пораз од византиската војска, која бргу ја освојува бугарската престолнина Преслав. Несомнено дека Бугарија доживува пораз и поради нејзината ослабеност од претходното востание во Македонија. Царот Борис II е заробен и одведен во Цариград, каде јавно му е симната круната и истата е дадена на чување кај Црквата. По ова Бугарското царство е завземено од Византија.
На новата македонска држава прв владетел е комитопулот Никола, кој владее со оваа држава до 968 година. Од 968 до 977 на чело на државата е неговиот син Давид, но по неговата смрт, како и по смртта на Арон и Мојсеј, на чело на државата застанува Самоил.
Но дали има потврди дека комитопулот Никола и неговите синови го кренале своето востание против Бугарите? Мнозина историчари сосема јасно го потврдуваат ова.

Мислам дека ваквите сведоштва треба што повеќе да се експонираат во нашата поширока јавност. Така на пример, македонскиот историчар Васил Ивановски споменува една стара плоча најдена во Поречието, на која пишувало дека народот од тој крај го прогласил Никола за светец затоа што ги избавил од бугарското ропство!
Македонскиот историчар од Бугарија Ѓорѓи Радуле во својата книга Историја на Македонија (Софија, 1997) го цитира Енциклопедискиот словар (Брокгауз-Ефрон, Санкт Петербург), објавен во далечната 1896 година, каде пишува: Во 963 година во Македонија избувнало востание, кое завршило со прогон на Бугарите и со основање на сопствена држава.
Историчарот Марин Дринов пишува: Денешна Македонија се отцепи од царството на Петар и се формира како одделна држава на чело со Самоил. Значи, нема сомнение дека Самоил и неговите браќа со татко им го кренале своето востание во Македонија токму против турко-монголските Бугари, т.е. против бугарската окупација на нашата земја.
Подоцна, поради ова востание, Бугарија бргу пропаѓа под налетот на Византија. Во врска со Самоиловото царство ќе наведеме уште едно македонско детерминирање поврзано со него. Имено, во древната Зографска историја, за несогласувањата помеѓу братот на Самоил Давид со останатите браќа пишува: Бидејќи македонските господа не можеа да го трпат мирот, започнаа лошо да зборуваат (против Давид, з. м.). Кога тој разбра за тоа, доброволно се откажа од царствиото и замина во манастир.
Во еден претходен напис веќе спомнавме дека поетот Иван Кириотес уште во тоа време ги споменува Македонците како жители на Самоиловото Царство, а Дукљанскиот презвитер Самоил го нарекува како македонски цар!
Но да се вратиме на хронологијата. Натамошните настани зборуваат дека царот Самоил ја проширува Македонија и таа завзема поголем простор од Балканот. Според историчарот Радуле границите на Самоиловата држава во голема мера се поклопуваат со границите на античка Македонија од времето на Филип II.

Самоил во Преспа создава силен религиозен центар, кој подоцна е преместен во новата престолнина Охрид. Тоа е познатата Охридска архиепископија (која според некои историчари тогаш била на ранг на Патријаршија). Нејзин прв поглавар бил Герман, а името на вториот поглавар е Филип. Официјално писмо во Самоиловото царство е кирилицата. Самиот Самоил бил крунисан со благослов на папата Григориј V... Co крунисувањето Самоил стекнал меѓународно признавање. Тој ја наследил бугарската круна(ја освоил), а можна причина за тоа е што македонската круна веќе е зафатена од страна на Василиј II. Сепак, ако Самоил бил етнички Бугарин, припадник на турко-монголските Бугари, кои дотогаш владееле со Бугарија, тој својата престолнина би ја сместил во Плиска или Преслав, т.е. меѓу "своите етнички браќа". Понатаму, неговиот татко не би ја носел титулата комитопулот, туку некоја од тогашните турко-бугарски титули (кавхан, боил и сл.).


Изменето од Boogie - 18.Октомври.2009 во 12:28
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2009 во 12:21
Дај да ги видиме документите!

Стефан Таронски зборувајќи под 985 г. за изгорувањето на севастијскиот митрополит от “блгарските цареви”, тој продолжува: “Тие биле двајца браќа, кои биле наречени комсадцаги; името на постарииот било Самаел ..., императорот Василиј ги беше довел со наемните војски во Македонија, за да војуваат против блгарите. Но при удобно време тие избегале од грчкиот цар и преминале кон блгарскиот цар, кој бил скопец и поради својата храброст тие се високо издигнале. По тоа грчкиот император Василиј отворил војна со блгарскиот цар, скопецот-евнух. Но комсадцагите, кои [во сушност] властвувале над блгарската земја, влезнале во сериозна борба против грчкиот император, за кое ние ќе кажеме во свое време.” Des Stephanos von Taron armenische Geschichte. Aus dem altarmenischen bersezt von H. Gelzer und A. Burckhardt, Leipzig, 1907, S. 185—183.

Види кај

Златарски

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2009 во 12:04
Неможе да е Бугарин бидејки Бугарските активности се доста поэнати во тоа време - сепак тој е од Ерменско потекло населен во Македонија со семејството од страна на Виэантијскиот император кој го эадолжил Никола баш да војува со Бугарите
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2009 во 11:56
Точно Ерменец не може да биде!
Сведоштвото за тоа што биле 2 браќа преселени од Ерменија не се поврзува со останатите извори.
Активности на Самуил се познати многу пред Василиј да стане император, каде ќе биде комит Никола, некаде во Ерменија?
Или подобро Ерменец одколку Бугарин?

Да, ама не!
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2009 во 11:50
Originally posted by ADVISOR ADVISOR напиша:

Sto bil Car Samoil a sto Vasilie IIзбунетост, da utvrdimeсреќа


Цар Самуил е Ерменец но Македонски Цар а Василиј е Македонец но Виэантиски цар
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2009 во 10:03
Originally posted by Македон Македон напиша:

Одличен текст колега


Кој му е авторот? Малку нешто поизмислувал?

„И бидејќи Владислав беше таен богомил, намисли да се ослободи од христољубивиот крал Владимир“

Кон врв
ADVISOR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1026
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ADVISOR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2009 во 00:12
Sto bil Car Samoil a sto Vasilie IIзбунетост, da utvrdimeсреќа
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2009 во 23:22
Одличен текст колега, ама Свети Јован Владимир е прогласен за светец од страна на Охридската Архиепископија, во XV или XVI век.
Истотака Јован Владислав не стои зад тоа убиство лично, туку сопругата негова Марија, најубавата жена во Преспа, која ја убила и Ирина, жената на Гаврил Радомир, а и ги кроела плановите за убиството на самиот Гаврил Радомир. Се смета дека Јован Владислав бил слаб владетел и дека сите позначајни потези ги влечела царицата Марија.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2009 во 23:11
Владимир и Косара живееја во голема љубов, слога и светост, искрено служејќи му на Бога и на народот.

-Лето Господово 997, цар Самуил со силна војска ја нападна Дукља, со која владееше младиот крал Владимир, кој уште од детството се одликуваше со голема светост, мудрост и праведност. Кога му предложија да се предаде, тој ги собра поданиците и им рече:

“Премили браќа, потребно е на себеси да ја почувствувам евангелската изрека: ‘Добриот пастир душата своја за овците свои ја полага’. Така што, подобро е, браќа, јас душава моја да ја положам за сите вас и да го предадам телото свое да го колат и убиваат, отколку вие да страдате од глад и меч”, и се предаде. Цар Самуил веднаш го испрати во својот дворец во Преспа, а тој го нападна утврдениот град Дулцињ (Улцињ), но не успеа да го освои, па страшно се разлути и ги разруши, ограби и запали градовите Декатар (Котор) и Лаузиј (Дубровник), ги опустоши селата, така што изледаше дека земјата нема жители. Па стаса до градот Јадар (Задар) и со голем плен се врати во својата престолнина, крај Преспанското Езеро.

Во Преспа, кралот Владимир лежеше во окови во заточение. Деновите и ноќите ги минуваше во постојан пост и молитва. Еден ден, ќерката на цар Самуил, боговдахновената и милосрдна принцеза Косара, како вистинска христијанка побара од татка си да и одобри заедно со слугинките да слезе во темните ќелии и на окованите затвореници да им ги измие главите и нозете. Тогаш личната и учена Косара за прв пат го сретна Владимир. И оставија впечаток неговата понизност, кроткост и скромност, но и убавиот изглед. Забележа дека е полн со знаење и мудрост Божја и долго разговараше со него. Многу го засака во срцето свое и од жал за неговата младост и светост, кога слушна дека е од кралска лоза, намисли како да го ослободи. Клекнувајќи пред нозете на цар Самуил, му рече: “Татко мој и господару мој, знам дека, според обичајот, ќе ме мажиш. Но, ако е по волја на твоето величество, дај ми го за маж кралот Владимир, кого го држиш окован. Знај дека сум поподготвена и да умрам, отколку да се мажам за друг!” На стариот цар му се допаднаа овие думи и бидејќи многу ја сакаше ќерка си, а и затоа што знаеше дека Владимир е од кралски род, и ја исполни молбата. Нареди да го ослободат Владимир и откако го искапија и го облекоа во кралско руво, гушкајќи го, им го претстави на бољарите. По раскошната венчавка, царот Самуил му ја врати во владеење на Владимир земјата на неговите прадедовци.

Владимир и Косара живееја во Краина, крај Скадарското Езеро, во голема љубов, слога и светост, искрено служејќи му на Бога и на народот. Кога на царот Самуил Ромеите му ги ослепија војниците, тој, не можејќи да ја поднесе страшната глетка, издивна во тврдината крај Варош. На престолот стапи син му Гаврил Радомир. Еден ден, новиот цар Гаврил Радомир појде во лов на елени со својот прв братучед Јоан Владислав, кому пред повеќе години му го спаси животот, тогаш кога цар Самуил го уби сопствениот брат Арон, таткото на Владислав. И одненадеж, Јоан Владислав наместо во еленот, стрелаше во Гаврил Радомир и така се зацари на неговото место. И бидејќи Владислав беше таен богомил, намисли да се ослободи од христољубивиот крал Владимир. Испрати во неговиот дворец пратеници, да го канат на посета во Преспа, но верната кралица Косара списка: “Мој господару, немој да одиш, за да не ти се случи истото што и на брат ми. Пушти ме мене да отидам и да видам како ќе се однесува царот. Нека ме погуби мене, само ти да не загинеш”. И замина кралицата за Преспа, а царот Владислав ја дочека со најголеми почести. И повторно дојдоа пратеници, носејќи златен крст на подарок. Кралот Владимир го врати подарокот со зборовите: “Знаеме дека нашиот Господ Исус Христос не беше распнат на златен крст, туку на дрвен, така што, ако твојата вера е искрена, а зборовите вистински, испрати ми по луѓе духовни крст дрвен, па со верата и силата на нашиот Господ ќе дојдам, надевајќи се на животворниот крст”. Царот Владислав му испрати дрвен крст по двајца владици. Пред крстот кралот Владимир длабоко се поклони до земи, го целива и со мала придружба тргна на пат кон Преспа. Уште по пат му беа поставени заседи, но, по Божја промисла, кралот безбедно стаса во престолнината. Веднаш, заедно со духовниците влезе в црква да се помоли, но набргу војници ја опколија црквата. Владиците од срам ги наведнаа главите, а кралот, откако се помоли и се исповеда, се причести и држејќи го в раце крстот, рече: “Молете се за мене и овој чесен крст заедно со вас нека биде сведок на денот Господов, дека умирам невин!” Го целива крстот, се прости со духовниците и додека сите ронеа солзи, не испуштајќи го крстот од раце, излезе од црквата, а војниците му ја отсекоа главата пред црквената порта, на (22 мај) 4 јуни 1015 г. Духовниците го сохранија телото во црковниот двор и на гробот, од кој зрачеше необична светлина, набргу почнаа да се случуваат чудесни исцеленија. Кралицата Косара со денови неутешно плачеше. Кога царот Владислав ги виде чудесните дела на гробот на маченикот Владимир, се уплаши и и дозволи на роднината своја да го земе телото и да го погребе каде што сака. Косара го однесе во Краина и го погреба во манастирот Пречиста Богородица. Таа се замонаши и како монахиња Теодора живееше побожен и свет живот, а кога се упокои, по сопствена желба, беше погребена крај нозете на мажот. Царот Владислав живееше во постојан страв заради злоделото што го изврши, а набргу во страв и умре затоа што многу често му се чинеше дека го гледа кралот Владимир како со исукан меч стои пред него.

Маченикот свети Јован Владимир, како и многу други светии, никогаш официјално не беше канонизиран за светец, но неговиот култ, произлезен од волјата на самите верници, набргу од Дукља се рашири и во Далмација, Албанија, Македонија, Света Гора и Бугарија. Неговиот лик е живописан на иконостасот во манастирот Св. Наум, а парче од неговите свети мошти се чува во кивотот во манастирот Св. Јован Бигорски.
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2009 во 11:52
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Мострич и кирилица


Да бе, Буги! Не ти се верува нешто?
Види


Originally posted by Boogie Boogie напиша:

збунетостзбунетостзбунетостзбунетостзбунетостзбунетостзбунетостзбунетостзбунетостзбунетостзбунетостзбунетостзбунетостБугарски војсководец Мострич од 9 векМатеријалната култура на
првото бугарско царство (до 971 г.) е чисто турска, со елеменит
присутни во сите останати култури од турскиот каганат: дванаесетгодишен
животински календар, култ кон Тангра, итн. (Б е ш е в л и е в, В.
Първобългарите. Бит и култура. С., 1981; Р а ш е в, Р. Дунавска
България и Централна Азия. - Втори международен конгрес по
българистика. Доклади. Т.6. С., 1987, с. 205-210). Замислете, во турци
Бугарите го вклучуваат и Цар Самоил!АрхеологијаСудејки по
археолошките остатоци, кои се и најмеродавни, бугарите на балканскиот
полуостров се населиле само во североисточна Бугарија и северна
Добруџа. За средновековните бугари од денешна Бугарија и Волга
(Татарстан, Чувашија) специфично е целосната деформација на черепите на
главите, деформирајки си ги главите самоволно со еден вид менгеме.
Своите мртви ги закопувале на специфичен начин, ориентирани север-југ,
горејки ги телата на упокоените со оган (исчистување), легнати попреку,
додека позицијата на нозете на покојниците биле скрстени (турски начин
на седење). Идентични некрополи со карактеристичните бугарски ритуали
на закоп и деформирани черепи се најдени и во Долна Волга, со што се
заклучува дека правите бугари биле турки народ, истиот оној кој ги
населува денешни Татарстан и Чувашија. Антрополошки, Бугарите од
волшката низина и од североисточна Бугарија и северна Добруџа биле
монголска група на народ, како и денешните наследници на вистинските
Бугари- болгаростанците, татарстанците и чувашите [В. М и к о в.
Последни могилни находки. — В: Мадара, I,1934, 429-438; Ст. С т а н ч е
в, С т. И в а н е в. Некрополът до Нови пазар. С., 1958; Ж. В ъ ж а р о
в а. Славяни и прабългари (по данни от некрополите.VI—XI в. на
територията на България). С., 1976, 86-140, 141, 167, 169, 172: Ж. В ъ
ж а р о в а. Двуобреден езически некропол край с. Бдинци, Толбухински
окръг. — ИНМВ, 1981, XVII (XXXII), 77-109; Вл. З и р р а. Двуобрядный
могильник раннефеодальной эпохи в Капул Вийлор — История. — Dacia, VII,
1967, 355-412; G. S i m i o n. Necropola feudal — timpurie de la
Nalbant (Judetul Tulcea). — PEUCE, II, 1971, 221-248; Д. Ил. Д и м и т
р о в. Новооткрит български некропол при Девня (предварително
съобщение). — ИНМВ, VII (XXII), 1971, 57-76; Д. Ил. Д и м и т р о в.
Раннобългарски некропол № 3 при гр. Девня. - ИНМВ, VIII (ХХIII), 1972,
45-67; Д. Ил. Д и м и т р о в. Двуобреден раннобългарски некропол при
Варна. — В: Сб. Преслав, II, С., 1976, 107-125; Д. С т а н ч е в.
Ранносредновековен некропол до гара Табачка. - ГМСБ, Х, 1984, 33-42; Д.
С т а н ч е в. Ранносредновековен некропол до с. Батин, Русенски окръг.
— ГМСБ, XI, 1985,45—54; Д. С т а н ч е в. Прабългарски компоненти в
погребалния обряд и инвентара на ранносредновековните некрополи в
Рубенско. — В: Проблеми на прабългарската история и култура. С., 1989,
241— 254; Ив. В а с и л ч и н. Двуобреден езически раннобългарски
некропол при с. Черна, Толбухински окръг. — В: Проблеми на
прабългарската история и култура. С., 1989, с. 213; Р. Р а ш е в, Ст. С
т а н и л о в. Ранносредновековен некропол при с. Ножарево,
Силистренски окръг. — АОР за 1984, Сливен, 1985, С. 265; Р. Р а ш е в,
Ст. С т а н и л о в, Г. А т а н а с о в. Старобългарски езически
некропол и селище при с. Ножарево, Силистренски окръг, АОР за 1985, В.
Търново, 1986, 184-185; Р. Р а ш е в, Ст. С т а н и л о в, Г. А т а н а
с о в. Ранносредновековен некропол при с. Ножарево, Силистренски окръг.
- АОР за 1986, Разград, 1987, с. 258; Р. Р а ш е в, С т. С т а н и л о
в, Г. А т а н а с о в. Ранносредновековен некропол при с. Ножарево,
Разградска област АОР за 1987, Благоевград, 1988, с. 206; Р. Р а ш е в,
Ст. С т а н и л о в, Г. А т а н а с о в. Старобългарски некропол при с.
Ножарево, Разградска област. — АОР за 1988, Кърджали, 1989, 158-160; Р.
Р а ш е в, Ст. С т а н и л о в. Раннесредневековый могильник у с.
Ножарево, Силистренский окрут (предварительное сообщение). — В:
Проблеми на прабългарската история в култура. С., 1989, 214— 220; Р. Р
а ш е в, Ст. С т а н и л о в, Г. А т а н а с о в. Ранносредновековен
езически некропол при с. Ножарево, Разградска област. – АОР за 1990.
Ловеч, 1991, с. 170; Р. Р а ш е в. Средновековен некропол при с.
Караманите, Варненска област. - АОР за 1988, Кърджали, 1989,160-161; Р.
Р а ш е в. Ранносредновековен некропол в с. Караманите, Варненска
област. — АОР за 1989, Кюстендил, 1990, с. 123; В. Й о т о в.
Раннобългарски некропол при с. Хитово, Толбухински окръг. — В: Проблеми
на българската исгория и култура. С., 1989, 221-230; В. Й о т о в.
Ранносредновековен некропол Хитово — 3. — В: Проблеми на прабългарската
история и култура. II. С., 1991, 101—108: М. Д и м и т р о в.
Старобългарски некрополи в Балчик (VII—IX в.). — В: Проблеми на
прабългарската история и култура. 2. С., 1991, 87—100. ].



Изменето од Boogie - 17.Октомври.2009 во 23:13
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3233343536 50>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.