|
Целта на Масонството |
Внеси реплика | страница <1 3233343536 62> |
Автор | |
nikolabitola
Сениор Регистриран: 05.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 150 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Единствен против аргумент против Кекеновски ти е дека човекот не знаел латински, а остатокот од текстот кој го препишував кажува кои се целите на масонството и на каков начин сакаат да завладеат со светот, за него ништо не спомна, рече само дека многу луѓе го спомнувале терминот Нов Светски Поредок, најмоќната влада е масонска а тоа е САД а и самите гледаме што прават тие, сакаат на се да имаат контрола, арно Македонија нема нафта иначе и тука ќе ни ги навртеа бомбардерите ако не им ја даевме. САД е масонска долги години уназад, јас не знам колку видеа и текстови имам пастирано шо ги имаш преќутено или само онака имаш речено дека се невистинити.
Зошто САД се во вечна војна со Русија ? Русија е најголемата православна држава во светот, и самите Руси знаат точно што луѓе се масоните и која е нивната цел. |
|
nikolabitola
Сениор Регистриран: 05.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 150 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Масони - слуги на злото
Нивна цел - да го одделат човекот од Бог Нивни бог - Луцифер, ангелот на светлината избркан од Рајот, сега попознат како Сатана. |
|
nikolabitola
Сениор Регистриран: 05.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 150 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
На литургија можиш да учествуваш слободно, литургијата се прави во Негова чест, и зад олтар нема да те пуштат ако си женско. А тоа Cornerstone појќе ми личи на маскенбал отколку на нешто сериозно, тоа се некој средби шо вие ги организирате колку да им замачкате очи на јавноста. А твоите докази и факти каде се? Ти се негираш само со збор и очекуваш некој да ти верва. Велиш дека немате тајни обреди и тајни средби, велиш дека масонството работи во корист на човештвото без да приложиш ниту еден од штетните фактори кои произлегуваат од нивните пронајдоци. Преќути и за ѕверот со слика и тон а без душа, преќути и за масонските симболи на доларот, се што не е во ред и што е поврзано со масонеријата ти само го негираш и нарекуваш измислица и монтажа. Твојте негирања не се факти. Не кажваш оти ОКОТО го ставате на врв од пирамида, масонеријата не потекнува од Рузвелт, тајните друштва постоеле многу одамна, теоријата на Дарвин е масонско дело, и за тоа има докази. |
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Каква врска имаат литургијата со Cornerstone церемонии?!
Тоа се две сосема независни работи и човек без проблем може да оди и на двете... тие не се исклучуваат една со друга. Мирославе - факти... ајде со факти... |
|
Do what is right, come what may...
|
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
celta na masonstvoto ........... kontrola na covestvoto od senka .........
|
|
nikolabitola
Сениор Регистриран: 05.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 150 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Skull&Bones еден од симболите на масонеријата, абе се вие поврзано, сегде имате испуштено пипци како октопод.
Овие средби шо ми ги покажуваш мене ми личат на режирани работи за мачкање очи. Пак не ми покажа ништо од ТАЈНИТЕ собири. Ете тоа Cornerstone го зирнав и не видов зошто би отишол на тоа не на литургија. |
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве неколку јавни масонски церемонии:
Cornerstone Wreath Cornerstone 2 Ложа во Филипини Торонто Ова е само набрзина што најдов по нет... има стотици вакви видеа, и јавни церемонии. Дури и масоните во Бугарија веќе одржуваат одвреме навреме јавни церемонии. Тоа што останува тајно е само процесот на посветување, затоа што тоа треба да остане привилегија на членовите (како што е на пример привилегија на свештенството влегувањето зад олтарот. Не го поистоветувам, само давам аналогија за да е појасно...). |
|
Do what is right, come what may...
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Буш се членови на Skull&Bones. Тајно друштво, но со сосема различни цели и начин на функционирање од масонството. Не е дел од масонството и никогаш не било. Основачот го формирал, затоа што сметал дека масонството премногу ограничува со тоа што забранува да се зборува за политика, а тој сметал дека тоа е потребно.
Тоа со печатот е доказ дека треба понекогаш да се чита историја и да се принаучи малку латински, пред да се прават обиди да се толкуваат вакви работи. |
|
Do what is right, come what may...
|
|
nikolabitola
Сениор Регистриран: 05.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 150 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А тоа со печатот само е доказ дека масонството во САД има длабоки корени, слугите на злото не дојдоја на земјата со прогласувањето на Буш за претседател, тие се мнооооооогу одамна тука.
|
|
nikolabitola
Сениор Регистриран: 05.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 150 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Значи сите оние кои направиле анализа на масонството на секаков начин ги поврзуваат Бушовци со масонството само ти велиш дека не биле масони? Е ај докажи зошто така мислиш? Како можи толку новинари и други луѓе кои се решиле да чепнат во оваа тема дури имаше и едно директно прашање во една емисија на телевизија до Буш помладиот кога тој НЕ НЕГИРАШЕ дека е во овие организации, само ти она смирено велиш дека тие двата не биле масони и толку, крај. Кој е луд нека ти верва. |
|
nikolabitola
Сениор Регистриран: 05.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 150 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А што прави масонството јавно ? Ајде де кажи што прави масонството јавно ? Не даде ниту еден релевантен доказ дека не се случуваат верски обреди кај масоните, се се сведува само на збор, значи има огромен број на докази, емисии, документарци, биографии од масони кои сведочат за таквите верски обреди, само ти онака чисто на збор треба да ти веруваме дека тоа се измислици, е не можи така. И ако сум јас свештено лице можеби ќе ми биди дозволено да одам зад олтар, ама не сум, ама барем учествувам на литургија, а во масонски собир не можи никој слободно да влези, значи не можи воопшто да учествува, и посочи барем еден масонски собир кој ете и јавно бил пренесуван низ светот. И престани да се глупираш со тоа со Стариот Завет, ти едноставно мене не ме сфаќаш шо сакам да кажам па камоли стариот завет, сакам да кажам дека од толку погрешни толкувања до тој степен застранил човекот што морал да дојди Исус и да ни го покажи правиот пат, ама очигледно луѓето како тебе застраниле до тој степен што им нема спас. Ама ем шо ме ме сфаќаш шо сакам да кажам дури и ми ги извртуваш зборовите, и во твоите одговори го прескокнуваш се она што не ти оди во прилог. Масонеријата сака да го придобие човештвото на своја страна, на страната на Луцифер, за таа цел користи материјални добра, ветува лесен живот, слично како што змијата им ветувала на Адам и Ева, така сака да воспостави контрола врз човекот, еве јас ви го олеснив животот, направив да имате струја дома, тоа не го направи Господ, е така масонеријата сака да ја уништи верата на човекот и неговата душа да ја испрати во пеколот. Само што јас не правам слика и идол од ништо на земјата и небото, вашите средтва за подобар живот ги користам ама не им се поклонувам оти знам дека после овај живот следува вечноста која сакам да ја поминам со својот Бог Исус Христос, а за да бидам со него треба да правам она што тој рекол, а тоа е да не правам слика и идол од она што ѓаволот ми го подметнува. Откако ќе го изгаснам овај компјутерот што вие го измисливте ќе се прекрстам и помолам пред икона и тоа ќе ме направи да се чувтсвувам многу поубаво од сите ваши авиони, автомобили, телевизори, компјутери итн .... па на крај краева никој не умрел ако во животот не застанал пред телевизор. А за тоа какво влијание имаат тие работи, а посебно ЅВЕРОТ КОЈ ИМА СЛИКА И ТОН А НЕМА ДУША имам многу видеа пастирано кој ти ги премолчи. |
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нов Светски Поредок - е филозофија која ја пропагираат многу американски конзервативци, а првиот американски претседател кој ја застапуваше беше Џорџ Буш (Стариот). Тоа е реалност и никогаш не сум рекол дека не е. Но - Џорџ Буш (Стариот), како и неговиот син, никогаш не биле масони.
Кекеновски целата своја теза ја заснова на тоа дека САД се масонска конспирација и дека ете тоа е видливо уште од самото формирање, заради слоганот кој е ставен на доларот - Novus Ordo Seclorum. За жал, Кекеновски повторно (многу пати ова му се има случено) излегува смешен и недоволно упатен, затоа што написот на доларот воопшто не значи Нов Светски Поредок, туку нешто сосема друго (прочитај неколку постови наназад, детално опишав што точно значи), а тоа лесно се проверува од било кој кој има основно познавање по Латински. Патем - уште една лекција по историја... Novus Ordo Seclorum, не се појавува прв пат на доларот, туку е дел од Американскиот Печат (The Great Seal), што е во улога на официјален грб на државата и е создаден во 1782 година. Така што - каква врска тоа со Новиот Светски Поредок?! |
|
Do what is right, come what may...
|
|
nikolabitola
Сениор Регистриран: 05.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 150 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Инаку целата своја теза не ја базира според банкнотата од 1 долар. И кога веќе ни објасна за латинскиот превод ќе ни кажиш што точно значи натписот на банкнотата? Современиот односно денешниот концепт на новиот светски поредок на чело би биле САД теоретски бил формулиран уште пред педесетина години поточно 1957 од страна на Роберт Штраус Хупе, основач на американската наука и теорија за меѓународни односи и шеф на Институтот на истражување на надворешната политика на САД. Овој научник и долгогодишен американски дипломат во својата книга Рамнотежа на иднината истакнува дека најважно за САД е прашањето за унификација на глобусот под американско водство и создавање на американска универзална империја. Широка популаризација и актуализација оваа синтагма добива во говорот на американскит претседател Џорџ Буш постариот. Говорот е познат под името ВО ПРЕСРЕТ НА НОВИОТ СВЕТСКИ ПОРЕДОК и е одржан пред двата дома на американскиот Конгрес во 1990 кога Буш ликува за победата на западот во Студената војна со тогашниот пред распаѓање Советски сојуз. Шо значи зидарски, Јове Кекеновски својата колумна не ја заснова на банкнотата на еден долар, за Новиот Светски Поредок говорел и Буш постариот, или ќе речиш дека и тој не бил масон ? Ќе речиш дека тоа се измислици и Новиот Светски Поредок нема никаква врска со Масонеријата ? Ќе речиш и дека Рузвелт во чие владеење биле додадени овие масонски симболи на банкнотата не бил масон? Или ќе преќутиш како што правиш за се што не ти оди во прилог. |
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Никола - токму тоа е симболиката на Севидливото Око, како што е земена од Стариот Завет.
Тоа што го реков за Исус - е цитат од Библијата истотака - Исус го вели тоа - дека не дошол да го поништи Законот, туку да го исполни... само и тој цитат нешто не го препозна... Така што - Стариот Завет не престанува да постои, а неговите морални кодекси, пророштва и вредности се валидни и ден денес. Прашај било кој свештеник. Православната Црква има многу обреди кои не се достапни на јавноста и кои се само за посветени. Една од Светите Таинства е Тајната - Свештенство. Наменета е за оние кои се посветуваат на Црквата. Не е достапна за никој друг. Тоа таинство дава привилегии кои се достапни само на посветените. Дел од секојдневната литургија дури, не е достапен за сите верници, а е само за свештениците - делот кога одат зад олтарот. Таму имаат пристап само свештениците и никој друг. За да не ме негираш - следниот пат кога ќе одиш на литургија (можеш уште утре, в Недела), пробај да влезеш зад олтарот, да видиш дали ќе те пуштат. Исто - и без да има литургија - пробај помини зад олтарот, да видиш како ќе реагираат свештениците и што ќе ти речат. Масонството многу работи прави јавно и има многу церемонии што се јавни. Во Македонија сеуште нема јавни церемонии, од проста причина што има многу малку масони за да се одвиваат истите. Инаку во САД, тука во Канада, Франција, Англија, Италија, Германија, Шпанија, има доста јавни церемонии. Тоа што се случува зад затворени врати не е верски обред. Масонството е приватен клуб, приватна организација, каде само членовите имаат достап. Соодветно - зошто би пуштале некој друг да влегува?!?! Во една фирма, дали пуштаат некој кој не работи за истата таа фирма да влезе за време на состанок на бордот на директори?! Упорноста во тезата дека ние сме тука за да го уништиме светот се граничи со инает... Со што го уништуваат масоните светот? Ајде - дај ми еден факт, доказ, конкретно нешто, а не твои претпоставки! А јас ќе ти дадам факти и докази за спротивното, на пример со пронајдоците од страна на масони кои го унапредија човештвото и помогнале и спасиле милиони луѓе - пеницилинот, електричната енергија, електраните, автомобилот, авионот, компјутерот, парната машина, еден од основните закони на физиката (гравитацијата), организации како Црвениот Крст итн... Сега ќе тврдиш дека и овие работи се штетни и се со цел да се уништи човештвото? Изменето од zidarski - 12.Јули.2009 во 02:01 |
|
Do what is right, come what may...
|
|
Внеси реплика | страница <1 3233343536 62> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |