IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3132333435 68>
Автор
Порака Обратен редослед
connected Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2787
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај connected Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2007 во 20:18

Св.%20апостол%20Андреј

Светите маченици Гуриј, Самон и Авив     28/11/2007

Гуриј и Самон беа угледни едески граѓани. За време на едно гонење на христијаните се засолнија надвор од градот и живееја во пост и во молитва, храбрејќи ги правоверните коишто ним им притекнуваа за совет. Но ги фатија и ги изведоа пред судијата. Судијата им се закани со смрт ако не се покорат на царската наредба за поклонување на идолите. Светите Христови маченици му одговорија: „Ако ѝ се покориме на царската наредба ќе пропаднеме дури и ако ти не нѐ убиеш“. После лути маки беа фрлени во затвор, во којшто трпеа глад, темнина и тегобност од 1 август до 10 ноември. Тогаш повторно ги изведоа и ги мачеа, па бидејќи останаа непоколебливи во Христовата вера, беа осудени на смрт и убиени со меч во 322 година, за време на свирепиот цар Ликиниј. Подоцна и едескиот ѓакон Авив прими маки за својот Господ Исус Христос и го предаде духот свој во оган. Мајка му го извади неговото цело тело од огнот и го погреба во гроб заедно со Светите Гуриј и Самон. Кога престана гонењето, христијаните подигнаа храм во чест на тројцата маченици Гуриј, Самон и Авив и ги положија нивните чудтворни мошти во еден ковчег. Од безбројните чуда над моштите на овие прекрасни маченици се издвојува едно. Една вдовица во Едеса имаше ќерка со која се ожени еден Гот, војник на грчката војска. Бидејќи мајката се плашеше да ја даде девојката во далечна земја, тој Гот се заколна на гробот на тројцата маченици дека никакво зло нема да ѝ направи на нејзината ќерка, но дека ќе ја земе за своја законска жена, бидејќи, рече, е неженет. Всушност тој беше женет. Кога ја одведе девојката во неговата татковина ја држеше како робинка додека не умре неговата законска жена. Тогаш тој, во договор со останатите свои роднини, со мртвата жена ја закопа и својата жива робинка. Робинката им се молеше со плач на Светите маченици да ја спасат. И тие ѝ се јавија во гробот, ја зедоа и моментално ја пренесоа од Готската земја во Едеса, во својата црква. Утредента кога ја отворија црквата ја најдоа ќерката на онаа вдовица покрај гробот на Божјите светители и дознаа за нејзиното чудесно избавување.




e денес започнува Божиќниот постсреќа

Кон врв
connected Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2787
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај connected Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2007 во 20:17

Св.%20Венјамин

Свети Григориј Палама, архиепископ Солунски     27/11/2007

Татко му на Григориј беше висок чиновник на дворецот на царот Андроник II Палеолог. Откако надарениот Григориј ги изучи светските науки не сакаше да се зафати со служба на дворецот, но замина на Света Гора и се замонаши. Се подвизуваше во Ватопед и во Лаврата. Водеше борба со еретикот Варлам и најпосле го победи. Беше посветен за митрополит Солунски во 1347 година. Се прослави и како подвижник и како богослов, и како јерарх и како чудотворец. Му се јавуваа наизменично: Пресвета Богородица, Св. Јован Богослов, Св. Димитриј, Св. Антониј Велики, Св. Јован Златоуст, ангелите Божји. Со солунската Црква управуваше тринаесет години, од кои една година беше во ропство кај Сарацените во Азија. Се упокои мирно во 1360 година. Моштите му почиваат во Солун, во прекрасната црква што му е посветена.

 

Кон врв
connected Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2787
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај connected Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2007 во 20:16

Св.%20Дометиос

Светиот цар Јустинијан     27/11/2007

По потекло е Македонец од околината на Скопје. Словенското име му е Управда. Го наследи на престолот својот чичко Јустин. Големината на овој цар е неразделно поврзана со неговата длабока православна вера. Веруваше и живееше според верата. За време на Чесниот Пост не јадеше леб и не пиеше вино, а се хранеше со зелје и пиеше вода секој втор ден. Завојува со дунавските варвари само затоа што ги кастрираа заробениците. Ова е еден од знаците на неговото човекољубие. Беше среќен и успешен во војните и во работата. Изгради голем број прекрасни храмови, од кои најубав меѓу најубавите е Света Софија во Цариград. Ги собра и ги издаде римските закони. Самиот издаваше многу строги закони против неморал и распусност. Ја состави црковната песна „Јединородни Сине и Слове Божји“, којашто од 536 година почна да се пее на литургија. Го свика Петтиот Вселенски Собор во 553 година. Се упокои мирно на 14 ноември 565 година во осумдесеттата година од својот живот и се пресели во Царството на небесниот Цар.

 

Кон врв
connected Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2787
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај connected Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2007 во 20:15

Светиот апостол Филип     27/11/2007

Роден е во Витсаида крај езерото Галилејско, како Петар и Андреј. Од малечок научен на Светото Писмо, Филип веднаш се одѕва на повикот на Господ Исус и тргна по Него (Јован 1, 43). После слегувањето на Светиот Дух Филип ревносно го проповедаше Евангелието во многу краишта на Азија и Грција. Во Грција Евреите сакаа да го убијат, но со Своите моќни чуда Господ го спаси. Така еврејскиот архиереј којшто се устреми да го бие одеднаш ослепе и сиот поцрне. И имаше силен земјотрес и земјата се отвори и ги проголта злобните гонители на Филип. И многу други чуда се извршија, особено исцеленија на болни, заради што мнозина незнабожци поверуваа во Христа. Во Фригискиот град Јерапол Св. Филип се најде на заедничка работа со Св. Јован Богослов, со својата сестра Маријамна и апостолот Вартоломеј. Таму имаше некоја опасна змија, којашто незнабожците грижливо ја хранеа и ѝ се поклонуваа како на Бог. Божјите апостоли со молитва ја умртвија оваа змија. Со тоа врз себе го навлекоа гневот на помрачените луѓе. Озлобените незнабожци го фатија Филип и го распнаа на дрво главечки, потоа го распнаа и Вартоломеј. Тогаш земјата се отвори и го проголта судијата и мнозина други со него. Во голем страв луѓето притрчаа да ги симнат апостолите. Но успеаја да го симнат жив само Вартоломеј, Филип веќе беше издивнал. На крстените Вартоломеј им го постави за епископ Стахиј, когошто претходно тој и Филип го исцелија од слепило и го крстија. Стахиј беше слеп четириесет години. Подоцна моштите на Св. Филип се пренесени во Рим. Овој прекрасен апостол пострада во 86 година, во времето на царот Дометијан.

 

Кон врв
connected Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2787
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај connected Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Ноември.2007 во 01:03

Св.%20Венјамин

Преподобниот маченик Дамаскин     26/11/2007

Роден е во Галата во Цариград и прво се викаше Дијаманди. Во младоста живееше неморално, така и се потурчи. Тогаш доживеа горко покајание и замина на Света Гора, каде што како монах строго се подвизуваше дванаесет години во Лаврата на Св. Атанасиј. Но желен за мачеништво, заради очистување од гревовите, отиде во Цариград и почна да оди по џамиите, да се крсти и да вели дека Исус Христос е Господ и Бог. Беше заклан пред портата Фанара на 13 ноември 1681 година. Моштите му почиваат на Халка во манастирот на Света Троица.

 

Кон врв
connected Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2787
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај connected Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Ноември.2007 во 01:02

Св.%20Венјамин

Свети Јован Златоуст     26/11/2007

Патријарх Цариградски. Роден е во Антиохија во 354 година, од татко Секунд, војвода, и мајка Антуса. Изучувајќи ја грчkaта философија Јован се згнаси од грчкото незнабоштво и ја усвои христијанската вера како едиствена и целосна вистина. Крштение прими од Мелетиј, патријархот Антиохиски, а потоа примија Крштение и неговите родители. По смртта на родителите се замонаши и почна строго да се подвизува. Тогаш ја напиша книгата „За свештенството“ и тогаш му се јавија Светите апостоли Петар и Јован и му прорекоа голема служба, голема благодат, но и големо страдање. Кога требаше да биде посветен за свештеник се јави ангел Божји: истовремено и на патријархот Флавијан (после Мелетиј) и на самиот Јован. А кога патријархот го ракополагаше, сите видоа светол бел гулаб над Јовановата глава. Прославен заради мудроста, подвигот, и словото со голема власт, беше избран по желба на царот Аркадиј за патријарх Цариградски. Шест години управуваше со Црквата како патријарх со неспоредлива мудрост и ревност. Испрати незнабожечки мисионери кај Келтите и кај Скитите, ја сотре симонијата во Црквата симнувајќи мозина епископи-симонисти; ја рашири милосрдната дејност на Црквата; напиша посебен чин на Светата Литургија; ги посрами еретиците; ја изобличи царицата Евдоксија; Светото Писмо го растолкува со својот златен ум и јазик, на Црквата ѝ остави многу драгоцени книги со неговите беседи. Народот го прослави, завидливците го замразија, царицата двапати го испрати во прогонство. Во прогонство помина три години и се упокои на Крстовден, 14 септември, 407 година, во местото Коман во Ерменија. Пред смртта повторно му се јавија апостолите Јован и Петар, а и Светиот маченик Василиск (под 22 мај), во чијашто црква ја прими Светата Причест. „Слава Му на Бога за сѐ!“, беа неговите последни зборови и со тие зборови душата на златоустиот патријарх замина во Рајот. Од моштите на Св. Јован Златоуст главата почива во Успенскиот храм во Москва, а телото во Ватикан во Рим.

Кон врв
connected Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2787
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај connected Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2007 во 01:09

Св.%20апостол%20Петар

Преподобен Нил Мироточив     25/11/2007

Роден е во Мореја. Како јеромонах дојде на Света Гора заедно со својот чичко. Се подвизуваше како пустиник во пустото место наречено Свети Камења. Кога се упокои од него потече миро во такво изобилство, што од врвот на гората се слеваше во морето. Тоа чудотворно миро ги привлекуваше болните луѓе од секаде заради исцеление. Ученикот на Св. Нил му се пожали во молитва на својот духовен отец од мноштвото посетители. И мироточењето одеднаш престана. Свети Нил се подвизувал како ревносните светители во потполна смисла. Се упокои во 17 век.

 

Кон врв
connected Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2787
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај connected Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2007 во 01:08

Св.%20Пантелејмон

Преподобен Нил Синајски     25/11/2007

Најпрво беше префект во престолнината, во Цариград. Како женет човек имаше еден син и една ќерка. Гледајќи го порочниот живот во престолнината се договрои со жена му да се оддалечат од светот. Така и направија. Жена му со ќерката отиде во некој женски манастир во Мисир, а Нил со синот Теодул на гората Синајска. Полни шеесет години Св. Нил се подвизуваше на Синај. Напиша прекрасни книги за духовниот живот. Се упокои мирно околу 450 година, во осумдесеттата година на неговиот овоземен живот. Негово е светото слово: „Телесните страсти своето потекло го водат од телесните потреби и против нив е нужно воздржание; а душевните страсти се раѓаат од душевните потреби и за нив е нужна молитва.“

 

Кон врв
connected Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2787
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај connected Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2007 во 01:06

Свети Јован Милостив     25/11/2007

Патријарх Александриски. Роден е на осторвот Кипар во кнежевско семејство. Воспитан од детството како вистински христијанин. На настојување од родителите се ожени и имаше деца. Но по Божја Промисла се упокоија и децата и жена му. Прочуен заради милосрдието и благочестивоста, Јован беше избран за патријарх Александриски во времето на царот Ираклиј. Десет години управуваше со александриската Црква како вистински пастир, чувајќи ја од незнабожците и од еретиците. Беше пример на кротост, милосрдие и човекољубие. „Ако сакаш благородство“, велеше, „не барај го во крвта туку во добродетелта, зашто тоа е вистинското благородство“. Сите Свети се одликуваа со милосрдие, но Св. Јован ѝ беше предаден на оваа Света добродетел. Еднаш служејќи Литургија се сети патријархот на Христовите зборови: „Ако принесуваш дар на жртвеникот и таму се сетиш дека брат ти има нешто против тебе, тогаш остави го дарот таму, пред жртвеникот, па отиди и најнапред помири се со брата си, а потоа дојди и принеси го дарот“ (Матеј 5, 23, 24) и се сети дека еден од клириците е зловолен кон него; тој брзо ги остави Светите Дарови, му пријде на тој клирик , му падна пред нозете и го замоли за прошка. И дури кога се измири со човекот се врати пред жртвеникот. Еднаш пак одејќи кон црквата на Светите Кир и Јован се случи да го сретне една бедна вдовица и почна да му говори за својата беда. Придружниците на патријархот почувствуваа здодевност од долготрајната поплака на жената, па му рекоа на владиката да побрза в црква на служба, а жената би можел да ја слуша и после службата. Свети Јован им одговори: „А како ќе ме послуша мене Бог ако јас не ја послушам нејзе?“ И не сакаше да мрдне од местото дури не ја ислуша нејзината поплака докрај. Кога Персијанците удрија на Мисир, патријархот Јован седна во кораб за да се оддалечи од напаста. Патем се разболе и кога стигна на Кипар умре во својот роден крај, во 620 година. Неговите чудотворни мошти се пренесени најпрво во Цариград, а потоа во Будимпешта и најпосле во Пресбург.

 

Кон врв
connected Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2787
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај connected Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2007 во 01:00
 Светиот маченик Викентиј ѓакон    24/11/2007

Од Сарагоската епархија во Шпанија. Страшно намачен за Христа и најпосле го испекоа на железна решетка. Својот дух Му го предаде на Бога во 304 година. Телото му почива во Рим во црквата што му е посветена.

Кон врв
connected Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2787
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај connected Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2007 во 00:59

Светите маченици Виктор и Стефанида   24/11/2007

Виктор беше роден римјанин, а по занимање војник. Мачен за Христа во времето на царот Антонин. За време на неговото мачење една млада жена Стефанида изјави дека и таа е христијанка. Виктор го убија со меч, а Стефанида ја растргнаа врзана со едната нога за врвот на една палма, а за другата за врвот на друга.

Кон врв
connected Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2787
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај connected Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2007 во 00:59

Светиот маченик Стефан Дечански, крал српски

Син на српскиот крал Милутин и татко на царот Душан. По наредба од својот неинформиран татко беше ослепен, а по наредба на својот лекомислен син на старост беше удавен. При ослепувањето му се јави Св. Николај во храмот во Овче Поле и му ги покажа неговите очи велејќи: „Стефане, не плаши се, еве ги твоите очи на мојата дланка, во свое време ќе ти ги вратам“. Пет години помина во Цариград како заробеник во манастирот Пантократор. Со својата мудрост и со својот подвиг, со кротоста и благочестието предничеше не само пред монасите туку и пред сиот Цариград. Кога се навршија пет години повторно му се јави Св. Николај и му рече: „Дојдов да го исполнам ветувањето“. Светителот го осени слепиот крал со знакот на крстот и кралот прогледа. Од благодарност кон Бога го изгради Дечанскиот храм, едно ретко прекрасно дело на византиската уметност. Животот го проживеа и го заврши како маченик во 1336 година.

Кон врв
connected Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2787
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај connected Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2007 во 00:58

Св.%20Исакиј

Преподобен Теодор Студит     24/11/2007

Прочуен игумен на Студитскиот манастир, голем страдалник за иконите, мудар устроител на манастирскиот живот, боговдахновен учител на Православието и чудесен подвижник. Се упокои во Цариград во 826 година, во шеесет и осмата година од животот.

 

Кон врв
connected Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2787
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај connected Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2007 во 00:58

Св.%20Ахил%20Преспански

Светиот великомаченик Мина     24/11/2007

По потекло Мисирец и војник по занимање Свети Мина, како вистински христијанин, не можеше да го гледа одвратното жртвопринесување на идолите, па ја напушти војската и градот и луѓето и сѐ и отиде во пуста планина. Бидејќи на Св. Мина му беше полесно да живее со дивите ѕверови одошто со незнабожните луѓе. Еден ден светителот го проѕре од далечина незнабожечкото празнување во градот Катуанија, па се спушти во градот и пред сите ја објави својата вера во живиот Бог Христос, а ги изобличи идолопоклонството и незнабоштвото како лага и мрак. Кнезот на тој град, некој Пирос, го запраша Свети Мина кој е тој и што е. Светителот му одговори: „Татковина ми е Мисир, името ми е Мина, бев офицер, но кога го видов идолопоклонството се одреков од вашите почести. Сега дојдов пред сите да Го објавам мојот Христос како вистинит Бог, за и Он мене да ме објави како Свој слуга во Царството Небесно“. Кога го слушна ова Пирос го подложи Свети Мина на големи маки. Го биеја, го стружеа со железни четки, го гореа со свеќи и го мачеа со разни други маки, па најпосле го убија со меч. Телото му го фрлија во оган за да не го земат христијаните, но тие сепак спасија од огнот некои делови. Овие остатоци ги погребаа чесно, а подоцна беа пренесени во Александрија и таму ги погребаа и над нив изградија црква. Св. Мина пострада околу 304 година и се пресели во Христовото Царство. Тој беше и остана голем чудотворец во двата животи, и на земјата и на небото. На секого којшто го слави Св. Мина и во неволја со вера го повикува на помош, тој и му помогнал. Повеќепати се јавуваше како војник на коњ, за да им помогне на верните или за да ги казни неверните.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3132333435 68>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 1,469 секунди.