IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Љубов
  Активни теми Активни теми RSS - Љубовни СОВЕТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Љубовни СОВЕТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3132333435 62>
Автор
Порака Обратен редослед
MyWay Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Антиталенат на годината

Регистриран: 05.Септември.2008
Локација: Aruba
Статус: Офлајн
Поени: 23914
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MyWay Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2010 во 09:21
" Не трчајте по мажите за да не се судрите со оние кои бегаат од нив"да

Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2010 во 08:04
 

Понекогаш најдобрите дијалози... се водат во обострана тишина....

 
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јули.2010 во 22:33
moj sovet

vo ljubovta pripremete se na najneocekuvanoto, da ne bidete iznenadeni...postojano
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2010 во 13:56
10 совети да го задржите мажот до себе
 
Почетокот на секоја врска е тежок. Да изградите долга врска е уште потешко, а да го задржите мажот до себе си заинтересиран за вас во секој момент – најтешко. Но, не и невозможно. Потребна ви е само малку фантазија и желба. Еве неколку совети како да го постигнете тоа.
  1. Направете да се почувствува како маж. Од време на време подигнете му го егото. Најдобар начин да го направите тоа е да побарате совет од него за област во која знаете дека е добар. Може да побарате од него да ве научи да ја играте неговата омилена видео игра или да ви покаже спорт во кој е добар.
  2. Покажете интерес кон она што тој го сака. Тоа не значи да го лажете дека ги сакате работите што ги сака тој. Одберете една или две работи што можете да ги толерирате и правете ги заедно. На пример, можете да гледате филм што тој сака да го гледа.
  3. Разубавувајте се без тој да ве види. Не дозволувајте мажот до вас да ве види пред депилација или додека се депилирате. Мажите знаат дека се подлагате на безброј процедури за разубавување, но сепак сакаат да веруваат дека жената до нив има природна убавина.
  4. Поддржувајте го и менувајте го вашиот изглед. Кога излегувате на некое специјално место, направете си убава фризура, маникир и облечете секси облека. Тоа ќе направи да се почувствувате убаво и ќе добиете самодоверба, а мажот до вас нема да може да ви одолее.
  5. Направете специјален оброк. Згответе нешто што не сте го правеле до сега или пригответе го неговото омилено јадење. Внимателно аранжирајте ја масата и поставете свеќи. Нема како вашиот гест да остане неоценет.
  6. Живејте го својот живот. Продолжете да правите сè она што сте го правеле досега со вашето семејство и пријателите. Не ги заборавајте вашите хобија. Вашиот живот ќе биде поинтересен и поисполнет, а со тоа вие ќе бидете попривлечни за него и тој ќе се бори за вашето внимание.
  7. Не го лажете. Најдобро е секогаш да му ја кажувате вистината, затоа што ако некогаш дознае дека го лажете, тој никогаш нема да гледа на вас со истите очи.
  8. Не бидете љубоморни или наивни. Мажите сепак си ја сакаат својата слобода. Кога нешто не е забрането не е ни интересно нели?
  9. Бидете спонтани. На секој човек му станува досадно кога деновите му се повторуваат и сè е толку очекувано. Постојано изненадувајте го, било тоа да е едноставна интимна вечера без повод или нова долна облека. Направете тој секогаш да биде во очекување на ново изненадување.
  10. Зачинете го вашиот сексуален живот. Може и да се изненадите, но тоа со сигурност нема да го направи среќен само него.
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
pagane Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 13044
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pagane Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2010 во 22:01
Originally posted by Glenn Glenn напиша:

Епа која е таа погодна локација за раскинување тогаш?
На планина, на улица, каде?збунетост
Сум раскинувала и ми раскинувале на повеќето од овие места, по кафичи, дома, на одмор па никому ништо. Ќе си станеш, ќе си отидеш а на одмор-ќе се правиш на три-иполплазење


наj добрата локациjа е не седиш дома, телефонот звони...ти не одговараш...
Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2010 во 22:00
Епа која е таа погодна локација за раскинување тогаш?
На планина, на улица, каде?збунетост
Сум раскинувала и ми раскинувале на повеќето од овие места, по кафичи, дома, на одмор па никому ништо. Ќе си станеш, ќе си отидеш а на одмор-ќе се правиш на три-иполплазење
Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2010 во 17:00
10 најлоши места за раскинување

Кога планирате некому да раскинете ви дошло ли на памет дека постојат локации каде што тоа никако не е пожелно да се направи?! Еве ја листата на најлошите места за раскинување кои треба да ги одбегнувате:


Во вашиот дом

Вашиот дом несомнено е лошо место за да и ставите крај на вашата врската. Не само што е премногу приватно место, туку и ви ја одзема силата, односно ја елиминира физичката можност да си отидете од ситуацијата. Раскинувањето во вашите четири ѕида ја става контролата во рацете на партнерот за времетраењето на разговорот и било какви преговарања, па ако партнерот е чувствителен, раскинувањето може да трае со часови. Во случај ова да е единствената опција, направете го тоа во неговиот/нејзиниот дом, а не во вашиот.

Во ресторан

Доколку сакате да се ослободите од вашиот партнер, ресторантот не е соодветно место за разговор. Сепак, бидејќи ваквите места изгледаат цивилизирано и неутрално, луѓето најчесто ги избираат како идеално место за раскинување. Но ваквата одлука ќе ве стави во упадлива ситуација без никаква приватност. Тоа што на вашата маса ќе остане да се слуша само звукот на приборот за јадење, само ќе ја влоши ситуацијата.

Во кафуле

Кафулињата се едни од местата каде најчесто се раскинува, а тоа најверојатно е така заради улогата на алкохолот. Сепак, ова не е идеално место за прекинување на врската. Алкохолизираната состојба, која и самата може да претставува причина за раскинувањето, ги прави и дечковците и девојките склони кон правење драма. Во поголемиот број случаи, на крајот најчесто некој (ако не и двајцата) е замолен да го напушти локалот. А шлагот на тортата? Ноќта продолжува со уште поголеми количини на алкохол, па утрото е проследено со главоболка.

На работа

Земајќи ги предвид одликите на работната средина (јавност и професионалност) прекинување на врската во оваа арена е големо социјално табу. Покрај фактот што претставува лошо и неефикасно искористено работно време, просторот се полни со тензија со што се уништува атмосферата за колегите, иако во канцеларијата сте останале воздржан и присебен. Вашите колеги и шефот сигурно нема да останат несвесни за она што се случува, па затоа избегнувајте ги планираните раскинувања во работното време.

На одмор

Прекинувањето на врската на одмор е повеќе од нелогично. Тоа е високо контролирана средина во која и двајцата треба меѓусебно да трпите сè додека патувањето не заврши. И секако дека ќе треба да ја делите собата, а најчесто и креветот, па одморот ќе ви се претвори во вистински кошмар и на двајцата.

Во авион

Луѓето пробаат многу работи додека се над облаците, но верувајте, раскинувањето не треба да е една од нив. Тесниот простор на авионските кабини се дефиниција за лоша локација за раскинување. Покрај фактот што сте принудени да седите еден до друг, немате никаква приватност. Дури и малку повишен тон ќе го сврти вниманието на сите околу вас, па вашата загрозена ситуација само ќе ја зголеми анксиозноста и нервозата кај патниците.

Кај родителите

Вклучувањето на мама и тато во „забавата” ќе направи многу незгодна ситуација. Тие, случајно или намерно, ќе застанат на нечија страна и автоматски стануваат четворица луѓе вмешани во вашето раскинување. А да не ги споменуваме и советите од родителите кои секогаш мислат дека знаат сè, па уште повеќе ќе ја влошат ситуацијата.

На венчавка

Свадбите се сон на секоја девојка, а доколку ја откачите токму на ваков настан ќе биде најголемиот кошмар што досега го имала. Со самото тоа што венчавките по природа се романтични и среќни, и се разбира, јавни, вашата иницијатива за раскинување на ваква пригода несомнено ја покажува вашата малодушност. Исто така, тука е и веројатноста дека може да следи прилично незгодна сцена на која сведоци ќе бидат сите гости и секако, среќниот брачен пар, па и кај нив ќе се создаде чувство на анксиозност. И уште полошо, невестата повеќе нема да биде во центарот на вниманието.

Во автомобил

Раскинувањето во кола предизвикува вистински гнев и опасност на патот. Заради фактот што возењето треба да биде единствениот фокус, не треба да сте премногу интелигентни за да знаете дека ова е најопасното место за раскинување, особено кога доаѓа неочекувано.

Јасно е дека колите се одлично место за зближување, па нека останат само на тоа. Раскинувањето таму не треба да ви паѓа на памет.

Во виртуелниот свет

Секако дека откачувањето на партнерот преку порака, е- mail, Facebook пост на ѕидот и сл. е безболно, и станува сè повеќе практикувано, меѓутоа овој лесен излез не ве прави достојни и вредни за почит од нејзе/него и од луѓето запознати со вашата ситуација. Ова е премногу јавен и бесчувствителен начин за прекинување на една врска.

Ваквото раскинување е најнезрелата стратегија што може да ви падне на ум.

Оваа безопасна средина е само доказ дека во себе немате почит, храброст, а ниту пак самодоверба.

За крај, оставаме на вас да изберете дали ќе ги послушате овие практични совети и ќе изберете некоја погодна локација.

А на крајот на краиштата, зарем постои идеално место за раскинување каде што зборовите помалку ќе болат?

Кон врв
aldin67 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 06.Јули.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aldin67 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2010 во 16:17
daleku od oci,daleku od srce,ne se veli za dzabe
Кон врв
sanja-a Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Only God Can Judge Me!

Регистриран: 12.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 13457
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sanja-a Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2010 во 16:43
рецепат за долга љубав

1 литар љубов и насмевки
2-3 грама почит и разбирање
килограм бакнежи и прегратки...
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2010 во 12:33
љубовен совет ........
 
НЕ ЈА ТЕПАЈ И КОГА НЕ Е ВО ПРАВО ........ ќе попиеш пријава за семејно насилство ........... голема%20насмевка
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2010 во 11:55
..Сите сме ја почувствувале ..силата и моќта на љубовта ....
Љубовта е еден вид  ..зависност како ....  а кога веќе ја нема... мозокот реагира како да е во апстиненциска криза. Последиците од ова можат да бидат многу лоши.......
Кога ќе видите фотографија од бившиот партнер   за кого сеуште страдате... во мозокот се активираат три дела: областа која ја контролира мотивацијата.... областа која се поврзува со желбата и зависноста ..... и oбласта која се врзува со физичката болка и стрес.
Емоцијата.... која го опфаќа мозокот..... предизвикува хиперактивност во некои негови делови. Разделбата со љубениот..... предизвикува бурни реакции во мозокот кој во оделни случаи можат да предизвикаат наполно неконтролирани дела.

Затоа кога веќе сте решиле дека ќе ја прекинете врската... нема веќе потреба да се навраќате на она што било и поминало.....
Кон врв
TheHacker Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
I see you!

Регистриран: 07.Јули.2010
Статус: Офлајн
Поени: 155
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај TheHacker Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2010 во 12:00
1.   Гледајте го заоѓањето на сонцето заедно.
2.   Шепотете си еден на друг.
3.   Гответе заедно.
4.   Шетајте се на дождот.
5.   Држете се за рака.
6.   Купувајте си подароци.
7.   Купувајте си рози.
8.   Дознај кој и/му е омилен парфем и носи го секој пат кога сте заедно.
9.   Одете на долга прошетка на плажа навечер.
10. Пишувајте си песнички еден на друг.
11. Гушкајте се.
12. Кажи те сакам само ако го мислиш тоа и увери се дека партнерот знае дека го мислиш.
13. Секој пат купувај различни подароци, цвеќиња чоколатца...
14. Кажи и дека таа/тој е единственото нешто што го сакате. Не лажи!
15. Поминете ја секоја слободна секунда заедно.
16. Гледајте се во очи.
17. Многу нежно допрете се за брадата, погледнете се во очи, кажете си дека се сакате и бакнете се нежно.
18. Кога сте на јавно место само флертувајте еден со друг.
19. Ставај и/му љубовни пораки во џебот кога не гледа.
20. Купи и прстен; а ти на него нешто од тимот за кој тој навива.
21. Пејте си еден на друг.
22. Секогаш држете се околу половина прегрнати.
23. Одете на вечера.
24. Пишувајте си љубовни пораки на мобилниот секоја вечер за добра ноќ.
25. Држете се за рака, гледајте се во очи, бакни и/му ја раката и тогаш стави ја на твоето срце.
26. Танцувајте заедно.
27. Нека ти се допадне начинот на кој твојот партнер заспал со неговата рака во твојот скут. И тоа е романтично:)
28. Прави слатки нешта. Напиши те сакам на опаку така што ќе треба да погледне во огледало за да прочита:)
29. Наоѓај изговори за да се слушате секој 5 минути на телефон.
30. И да си зафатен/а со нешто, направи исклучок и јави и/му се да кажеш те сакам.
31. Јави се кога подолго време не сте заедно за да и/му кажеш дека цело време мислиш на неа/него.
32. Запамти ги твоите соништа и кажувај и/му за тоа.
33. Кажете си од што најмногу се плашите.
34. Биди принцот/принцезата „шарм“ кон родителите на партнерот.
35. Бушавете си ги косите.
36. Излегувајте со вашите другари.
37. Имајте почит еден кон друг.
38. Одете да гледате романтичен филм и запомни ги деловите што твојот партнер ги сака.
39. Учете еден од друг и не ги правете грешките по двапати.
40. Опиши ја радоста кога сте заедно.
41. Жртвувајте се еден за друг.
42. Сакајте се реално или пак не останувајте заедно долго време.
43. Нека нема ден да не помислиш на неа/него и увери се дека таа/тој тоа го знае.
44. Сакај се себе си пред да сакаш неког друг.
45. Научи да кажуаваш слатки работи и на други јазици.
46. Посвети и/му песна.
47. „Заспијте“ на телефон кога зборувате еден со друг (само немојте после мене да ме барате да ја платам сметката:))
48. Брани ја/го кога некој ја/го навредува.
49. Не заборавајте да се бакнете за добра ноќ и да си кажете „слатки сништа“.
50. Верувајте си еден на друг.
Кон врв
pagane Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 13044
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pagane Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2010 во 22:15
Originally posted by bijonse1 bijonse1 напиша:

Originally posted by valentina-pp valentina-pp напиша:

eve pojasno za da dobijam ubav sovet; na mojot partner pointeresni mu stanaa prijatelite od skype,msn,fb,a jas sum masala ubavka zena.E sto e toa sto tie preku kompj se tolku pointeresni?Dali ako ni se doma ke  gi delat site problemi pa da vidam dali ke se vazni?


ако не ти прави проблем во негово однесување кон тебе тогаш нема што да се секираш......сите машки па и женските кои се во подолга врска да не речам брак мораат да имаат некој издувен вентил....домашната монотоност , а и долгогодишното заедничко живеење си го прави тоа...
некој се прилагодува на та монотоност , а некој НЕ ...сакаат акција!!....
едноставно акцијата си ја дополнуваат седејќи дома , а сепак се на ПЦ......ете!! секоја забрана тоа да не го прави ...ризикуваш да излегува сам со друштво или едноставно неговата нервоза секојдневно ќе ја осетиш на твојата кожа......мој совет е да си најдеш и ти некоја своја занимација и да не внимаваш толку на неговата....



тоа си е ризик и без да седи пред ПС
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2010 во 18:44
валентина -пп .....ако тој е со сати на ПЦ како ти идеш сега на ПЦ и го пишуваш коментарот??и не можеш драга моја 24ч само ти со него и разговор и секс и тоа секој ден.......доволно ти се 3ч да ти посвети секојдневно....и јас мислам дека ги имаш ........немој сега да претеруваш мажи се тие дај им слобода....да

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3132333435 62>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,168 секунди.