|
Писмени состави,семинарски... |
Внеси реплика | страница <1 3132333435 113> |
Автор | |||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
||
Данте Алигиери, наречен уште il padre Dante , се смета за татко на
италијанската книжевост во целина...Најзначаен,најплоден и најдобар
автор кој италијанската книжевност воопшто некогаш го имала...Потекнува
од благородничко семејство од областа Тоскана а се смета дека е од
Фиренца...Младоста ја поминува со своите родители во Фиренца а уште кога
имал 10 години неговото семејство склучило нотарски договор за брак со
Гема Донати со која тој подоцна ќе има 3 деца...Уште како млад започнува
да се интересира за науките и за образованието па завршува теологија и
философија во Болоња и Падова...Сепак ,тоа не го привлекува многу иако
во неговите дела ќе зборува за теми што се многу блиску до овие 2
науки...Во поглед на политичката определба, неговиот татко бил благ
симпатизер на гвелфите кои во тоа време се залагале за превласт врз
Италија со помош на папата...Сепак, доаѓа до раздор во таа партија и во
времето кога Данте политички се активирал тие се делат на бели и на црни
гвелфи ...Данте застанува на страната на белите и додека е со нив тој
се активирал како еден од 6-те приори т.е. старешини на Фиренца,луѓе кои
што управувале со градот и кои имале доста големи овластувања...Сепак,
црните гвелфи биле посилни и успеале да ги поразат белите во неколку
борби во кои и самиот Данте учествувал...Во тоа време таа партија што ќе
дојдела на власт ги протерувала политичките противници па така било и
во овој случај и Данте се нашол во прогонство...Дотогаш успеал да собере
животно искуство и образование кои биле единствените нешта покрај
неговите книги кои ги земал додека бегал од политичките
противници...Патува претежно по Северна Италија и се засолнува на
дворовите на неколку благородници за кои работи како писар или пак
преговарач со другите дворски кралства...Умира од треска при едно
патување по таквите дворови ,тотално заборавен од сите и е погребан во
Равена...Се уште се водат полемики дали гробот на Данте треба да биде во
Равена каде што починал или пак во Фиренца која што го прославила ...
Творештвото на Данте не може да се класифицира во една гранка...Тој во младоста припаѓал на школата на Слаткиот Нов Стил и бил еден од нејзините основачи ...Пишувајќи претежно љубовна поезија насочена кон неговата вечна инспирација Беатриче во овој правец се прославува со делото Нов живот...Дело во кое опишува како ја запознал неа, како се заљубил во неа , како таа се однесувала кон него и се што е поврзано со неговата љубов кон неа...Се задржува структурата според која тој секогаш се раководел а исто така и симболиката со Светото Тројство која подоцна ќе биде еден вид на водилка во Комедијата...Имал 9 години кога за првпат ја видел Беатриче (3x3), по 9 години повторно ја видел и се заљубил во неа а всушност во ова дело тој прави своевидна апотоеза т.е. најава на тоа што ќе го опишува во Божествената Комедија...Делото е составено од 4 канцони(начин на пишување на песна која Данте сметал дека е најпогодна), 42 прозни поврзувања кои се во согласност со канцоните и 25 сонети на љубовта...Им се обраќа на жените кои умеат да ја разберат љубовта бидејќи само тие би можеле со своето благородно срце(стилновистички елемент) да разберат како тој се чувствува... Другите дела на Данте се поделени на тие што се напишани на народен јазик и оние што се напишани на латински јазик...Комедијата,Гозба,Епистолите се напишани на италијански волгаре и во нив тој сака да го приближи јазикот до народот а во тие што се на италијански да им стави до знаење на интелектуалците дека би требало да постои единствен италијански јазик кој ќе биде достапен за целото население а не само за свештенството... Божествената Комедија е најкапиталното дело на Данте...Со цврста структура од 100 песни и 3 дела по 33 песни ја поддржува средновековната симболика на бројот 3 кој го симболизирал светото тројство и 100-ката која била совршен број...Тројката се повторува како симбол и во тоа што има 3 земски лика,стихот е терцина, 3 дела на пеколот, 9 неба во рајот,9 круга во Пеколот....Во комедијата е опишан грешниот пат на човекот, на самиот Данте како човек кој бил изгубен во таа шума која била неговиот грешен живот...Тоа што е таму опишано има 2 значења...Едното е буквално а другото е алегориско т.е. преносно за кое треба да се има увид во целата тогашна ситуација и состојба во Италија.... Пеколот како посебно дело се обработува глеам...Пеколот се отвара како бездна во близина на Ерусалим и се спушта надолу преку 9 концентрични кругови се до центарот...Најпрвин се минува низ Портата т.е. низ предворјето каде што се сместени неодлучните т.е. оние кои што не заслужувале да се најдат ниту во Пеколот...Во првиот круг т.е. лимбот се сместени некрстените т.е. сите оние кои што живееле пред христијанството, во вториот се блудните души т.е. прељубниците и тука се споменати голем број на ликови од историјата...Во третиот круг се лакомците ,во 4-от расипниците и скржавците, во 5-от гневните и мрзливите , во 6-от се еретиците,безбожниците ,епик*рејците, во 7-от се насилниците,убијците, во 8-от се измамниците и тука тој претежно се осврнува на папите за кои смета дека се големо зло...Во последниот круг тој ги сместил предавниците бидејќи сметал дека предавството е најголемото зло кое може да се направи....Заедничка казна за сите што се во пеколот е што се лишени од надеж ,круговите се чувани од митолошките суштества ...На дното се наоѓал Луцифер а казните кои што требале да се извршат биле обратни на гревот...Во 33-те пеења Данте се осврнува на политичката состојба, на сопствените ставови во однос на многу работи, има тука приказни од антиката , средби со мртвите души кои се движат....Тоновите кои што преовладуваат се претежно темни,лоши,застрашувачки и Данте имал многу лоши моменти додека се наоѓал таму бидејќи неколку пати дури се онесвестувал од силината на болката што морал да ја претрпи....Се меша односот Данте-лик и Данте-поет... Од Пеколот Данте преминува во Чистилиштето...Со Вергилиј излегува на една плажа ,на остров од кој се пружа глетка на планина која е всушност чистилиштето кое треба да се помине за да се стигне до рајот...Чистилиштето е поделено на 3 дела, претчистилиште, вистински чистилиште и рај на чистилиште...Душите се прочстуваат на 3 начини , со казна обратна на гревот кои тие се способни да ја примат, со пеење на хорски молитви и со пеење на поучни песни од антиката...На овој начин и Данте се прочистува...Боите се различни од пеколот, тука преовладува сивило, неопределност и тука се има чувство за време бидејќи душите чекаат да се прочистат...Чувствата се носталгични,меланхолични, смирени за разлика од пеколот каде што владееше тотална несмиреност...Чистилиштето уште се нарекува и Книга на Дантеовите спомени и се смета за најава на Рајот, на совршенството каде е присутна Беатриче ... Рајот е најразличен од првите 2 дела бидејќи тука приказната прекинува за да се опише амбиентот кој владее , нешто што за Данте било најтешко да го направи...Тука душите се заедно , нема ликови бидејќи тие се опишани амбиентално , со елементи од природата ..Исто така, нема нарација...Владее светлина, божествена атмосфера во очекување на видението на Господ...Тука атмосферата е естетски совршена а поезијата е најсовршена поради сублимацијата на повеќе стилови и совршенствата...Структурално е слично како и претходните 2 дела а тука исто така се споменуваат голем дел на средновековните мислители како Тома Аквински...Се е подредено на очекувањето да се види господ, совршенството што сјае од сите страни и што никој и ништо не може да го засени...Ангелите се претставени како ликови со блескав сјај , пламени крилја, бела облека но сепак со сета своја светлина не успеваат да го засенат Господ...Тука Данте во недостиг на зборови да го опише тоа што го видел на помош го повикува Аполон а при крајот кога доаѓа до самиот господ нему му помага Св.Бернард кој ја моли Богородица да му помогне на тој што веќе стигнал до таму да го види Господ..... |
|||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||
Buzharovska
Нов член Регистриран: 23.Септември.2013 Статус: Офлајн Поени: 3 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ве молам ми треба состав итно..темата е: "Пеколот-хуманистички обид на Данте за морална и општествена промена"
Благодарам однапред :) |
|||
Andreevski
Нов член Регистриран: 08.Мај.2012 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ми треба кратка содржина за Разбој од Владо Малевски.Фала однапред
|
|||
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
================================================== ...„за разлика од постарите, кои добро сфаќаат ама не прифаќаат дека згрешиле“.... |
|||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Да, да гледам и читам. Така е. Ама исто така го читам и вториот дел, каде велиш дека е лоша навика да се попува кога некој греши ... А тоа не е убаво, нели? |
|||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
...pa pogornoto mozeshe i samiot (samata) da go ''izvadish'',...i toa taka , mnogu pobrzo ke ja dobieshe na raka...ili na monitor , seedno. ili mozebi sakate nekoj svoeracno da se nafati da vi napishe....shto ke vi tekne?
|
|||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
|
|||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
||
Григор Прличев - „Сердарот“
(1830/31-1893)
Роден е во Охрид, во сиромашно семејство. Татко му починал кога тој бил
шестмесечно бебе, па грижата за семјството паднала врз мајка му.
Неговиот дедо го научил да чита уште на четиригодишна возраст од некој
стар грчки буквар. Мајка му и сестра му аргатувале по куќи, а тој
продавал јајца, им давал часови на богаташките деца и препишувал книги.
Освен овие податоци, во својата „Автобиографија“ Прличев го опишува
основното училиште и тогашните учители, како и доаѓањето на Димитар
Миладинов за учител на кого „мед му течело од устата“ кога зборувал.
1850 година се запишал на Медицинскиот факултет во Атина што никогаш не
го завршил, но тогаш за првпат дознал за конкурсот за поема. По 10
години се вратил во Атина, да ги продолжи студиите, а всушност да се
пријави на конкурсот.
Со поемата „Сердарот“ („О Арматолос“) тој го освоил првото место,
ловоровиот венец, паричната награда и бил прогласен за втор Хомер
(1860). Во наградата спаѓало и студирање во Берлин или Оксфорд, но таа
награда можел да ја добие само ако се откаже од се словенско во него - и
тој ја одбил.
Следната година повторно се пријавил на конкурсот со поемата
„Скендер-бег“, но таа година по некој случајност, конкурсот не се
одржал.
Кога дознал за смртта на браќата Миладиновци, Прличев ја напуштил Атина и
се вратил во татковината за да се бори со владиката Мелетија
(виновникот за затварањето на Димитрија). Од тогаш, па сè до крајот на
својот живот, Прличев се борел со носителите на туѓото влијание во
неговата татковина. Тоа ќе биде причината тој да биде прогонуван, па и
затваран (во дебарскиот затвор).
Во 1871 година го објавил препевот на „Илијадата“, но бил жестоко
искритикуван, па дури и исмеан од бугарската критика. Причината била тоа
што тој пишувал на општословенски, а не на бугарски литературен јазик.
Тој се занесувал со идејата да направи општословенски јазик -
комбинација од словенските јазици, кој ќе го користат сите Словени
(словенски есперанто). За жал, таа идеја не била прифатена и реално била
неизводлива. Разочаран, се повлекол во Солун каде ја напишал
„Автобиографијата“. Во нашата литература ова е прво дело од ваков тип,
напишано во проза.
Последните години од својот живот ги поминал во родниот град, речиси сосема осамен и разочаран.
Сердарот
„Сердарот“ е историско-јуначка поема; историска балада.
Темата е борбата на Македонците против насилствата на Гегите, или поопшто, борбата за слобода.
Идејата - да го прикаже макотрпното минато на својот народ и стремежот за слобода.
Поемата е напишана на грчки јазик (бидејќи се пријавил на конкурсот за поема во Атина).
Мотивот, Прличев го зел од народната песна за Кузман Капидан, а бил
инспириран од тешкиот живот на Македонците од западните делови на
Македонија кои биле изложени на терор од страна на Гегите. Па дури и
турската власт за да го заштити населението од грабежи, за да може после
да им земе даноци, морала да организира заштитнички единици. Кузман
Капидан бил водач, сердар на една таква единица.
Поемата е сочинета од 228 строфи со по четири стиха (катрени), од кои
првиот и третиот стих се петнаесетерци, а вториот и четвртиот осмерци.
Во неа мотивот и версификацијата (градбата на стиховите) се под влијание
на народната македонска поезија, додека стилските особености -
сложените епитети, мотивите и ликовите од грчката митологија, опширната
епска нарација, описот на оружјето, на двобоите и градењето на ликовите
се под влијание на Хомер.
Содржина
„Сердарот“ започнува со потресна слика за положбата на македонското
население во Галичник и Река, каде е лоцирано дејствието на поемата.
Пискотници се слушаат од Галичник во Река,
Што тешка несреќа ги збра
и мажите, и жените, та гласи тажна ека
и навева сал коб и зла?
Дал’ град полињата житородни ги беше фатил?
ил’ рој од скакулци се вдал?
Дал’ султанот арачлии пред време беше пратил
да збира арач лут без жал?
Ни град полињата житородни ги беше фатил,
ни рој од скакулци се вдал,
ни султанот арачлии предвреме беше пратил
да збира арач лут без жал!
Та Кузман, јунак славен, падна убиен од Гега,
тој сердар прочут падна в бој,
и ќе ги гази пљачкашот планините ни сега,
и да ги брани нема кој...
Со познатата словенска антитеза, карактеристична за нашето народно
творештво (но и за Хомер, види го извадокот за разделбата на Хектор и
Андромаха - употребена е истата стилска фигура), Прличев нè воведува во
понатамошниот тек на поемата.
Гласот за смртта на јунакот се шири со голема брзина и тој предизвикува
болка и страв кај населението, зашто ќе нема кој да го заштитува.
Од тој ужас и немир што се шири меѓу селаните, Прличев се префрла на
тивкиот и мирен дом во кој мајката на Кузман - Неда е осамена и во
исчекување да се врати синот. Таа претчувствува нешто страшно, бидејќи
сонувала како се руши куќата и потпорната греда (Кузман) не издржува. Со
смирен тон и многу сликовито, Прличев ја опишува мајката:
На средна е доба; и јадра, сосема здрава,
кршна и херојски силна.
Извајана е амазонската нејзина става:
Вистинска личота милна.
Годините не ја намалиле нејзината убост;
на лице свежест се гледа,
младешката сочност не ја беше сменила грубост.
Таа е кутрата Неда!
Таа е последна која дознава за смртта на синот, сите се плашат да и ја
кажат кобната вест, но кога таа сепак допира до неа, Прличев го повишува
тонот и ги градира чувствата:
Да, како лавица што дрско ловците ја гонат
и плодот и го крадат прв...
А тогаш и најтврдиот од очи солзи срона:
го стигна жалта својот врв.
Мајката жали, испушта крици како лавица, ја фрла шамијата од главата, ги
кубе косите, но многу брзо се созема и им се обраќа на селаните
возвишено и гордо:
Доста му се ридањата, пискотите мои ледни
за награда во овој час.
Над ваш’те невести и ќерки плачете, о бедни
бидејќи за нив нема спас.
Но, Неда не е само мајка на загинат јунак, туку и борец, закрилник на
народот што ќе го земе мечот во својата рака за да го одмазди синот и ќе
ја продолжи неговата борба:
Но и други борци ќе воскресне Река и водач
нивни ќе излезам в гора.
По вашата трага ќе тргнам и по вас ќе одам...
Јас да ве уништам морам,
Ил, мртва ќе паднам. Зошто ми е животот кога
син ми неодмазден ќе е?
Во бојот ќе побарам смрт. Но, по желба на бога
може и триуф да грее!
Гегите (Албанците) се непријателите кои го пљачкосуваат и тероризираат
населението, но Прличев ги слика како поклоници на јунаштвото и
чесноста. Тие за да му оддадат почест на големиот јунак, сами на раце го
носат Кузмановото тело во домот на мајката, на тој начин искажувајќи ја
почитта и кон неа и нејзиното херојско и гордо однесување. Стариот
Албанец ќе каже:
И везден ти да плачеш, имаш зошто. Биди силна!
Ти загуби, о мајко, џин!
Народните ќе пеат колена со уста милна
за делата на твојот син...
Тој ќе ја опише борбата и невидената храброст и сила на Кузман кој убил
многу Албанци и двобојот меѓу Махмуд и Кузман во кој загинал. Ја опишува
Кузмановата смрт како најхеројска и достоинствена:
Од крвта ненаситен се уште водеше битка,
лутина гневна дишејќи;
од раните бликаше крвта, но се уште бритка
мавташе сабја, беснејќи.
Непријателот е воодушевен од јунаштвото и сака да ја утеши мајката:
...јас не сретнав појунак човек,
жено, од сина ти сакан.
И блажени нека се твоите гради се довек
што го отхраниле така.
Од голема почит, тој ќе вети дека Гегите никогаш нема да ја нападнат и
навредат мајката на јунакот, дека таа секогаш ќе биде заштитена. Но,
храбрата Неда не прифаќа да ја заштитат само неа, таа сака заштита за
сите Македонци.
Прличев потоа го опишува ритуалот на капењето на мртовецот, тажачката на
Неда, како и историјата на семејството, дека и Кузмановиот татко исто
така се борел и храбро загинал.
На крајот од поемата, сосема кратко, но многу сугестивно е прикажана
Марија, свршеницата на Кузман, која од силна љубов знае само за верност
до гроб. Таа го презира својот убав лик, ги распушта косите и фрла пепел
врз нив, сосема се отуѓува од животот и убавините што може да и ги
донесе, па затоа се закалуѓерува.
...Румената лика од болката свенала многу;
лицето — восок и стана...
И почна од луѓето да се отуѓува; веднаш
в мисли да потоне знае...
Си шепотеше сама...И сите ја сметаа, бедна,
за поулавена да е...
Гробот на Кузман е секогаш осветлен со кандило и на него цвеќе има,
бидејќи таа не го заборава, а не треба да го заборавиме ни ние.
Ликови
Со особено мајсторство и во хомеровски дух, Прличев ги насликал ликовите
во неговата поема. Сите ликови се длабоко сугестивни, силно впечатливи,
носители на возвишени, но и реални особини.
Неда е централен лик во поемата. Таа е мајка на јунакот, но и самата
јунак. Таа е храбра - гордо ја поднесува смртта на синот, бестрашно им
се спротивставува на непријателите, подготвена е и самата да се бори и
да ја поведе борбата - да стане водач. Јасно е изразена нејзината
решителност и чесност. Но, освен овие возвишени атрибути, таа е сепак
мајка, чувствителна, која безмерно го љуби своето единствено дете.
Нејзиниот крик и плач е мајчин, зашто нема ништо пострашно од смртта на
детето. Но, и во таа болка Неда не мисли само на себе, туку и на целиот
нејзин народ кој останал незаштитен и кој треба да преземе дел од таа
болка.
Во ликот на Неда, Прличев го насликал и ликот на својата мајка кон која чувствувал голема љубов и почит.
Кузман е загинат уште на почотокот од поемата, затоа за него дознаваме
преку раскажувањата на другите ликови, ретроспективно (преку навраќања).
Тој е олицетворение на возвишено јунаштво кое е почитувано дури и од
непријателот. Силен и храбар во борбите со него. Тој е заштитник на
народот и својот живот го жртвува за доброто на сите. И кај него се
гледаат обичните човечки особини како - љубовта и почитта кон мајката,
како и љубовта кон девојката Марија со која сакал да го минува животот и
да создаде семејство.
Гегите во поемата не се негативни ликови. Тие се непријатели - пљачкаши,
немилосрдни, убијци, но и тие ги носат возвишените атрибути на чесност -
носејќи го со сите почести мртвото тело на Кузман во домот на Неда,
ризикувајќи да бидат убиени од гневното и желно за одмазда население.
Тие и самите борци, имаат респект кон борецот, така ја покажуваат
својата човечност. Особено се истакнува стариот Албанец, со својата
мудрост и желба да ја утеши ужалената мајка, величајќи го неговиот
смртен непријател.
Марија, свршеницата на Кузман, иако е опишана сосема кратко, е исто така
впечатлив лик. Таа е достојна на љубовта на големиот јунак, верна до
гроб, бескрајно вљубена, тивка и искрена. По смртта на својот љубен, таа
нема повеќе за што да се радува, се повлекува во калуѓерство,
посветувајќи му се целосно на споменот на таа љубов.
„Сердарот“ има врвни уметнички квалитети. Поемата е симбиоза
(обединување) на фолклорот, Хомеровиот стил и сопствената силна
уметничка дарба на Прличев. Богатството на јазикот, стилските изразни
средства, силината на претставувањето на ликовите, фабуларниот тек (со
ретроспективни навраќања) ја ставаат оваа творба на највисоко место во
периодот на Романтизмот, но и денеска.
|
|||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||
Победаа
Нов член Регистриран: 10.Септември.2013 Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ми треба кус осврт за животот и значењето на Прличев
|
|||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
А што има лошо или страшно во тоа да се воочи грешката на некој? Не е грешка ако човек згреши, грешка е ако ја повтори грешката. Детево е младо и веројатно ќе сфати но и ќе ја прифати сугестијата, за разлика од постарите, кои добро сфаќаат ама не прифаќаат дека згрешиле. Претпоставувам дека ја знаеш онаа старата: „ Се учи теле, а не вол!“ |
|||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
-dobar sovet!
...iako ,izgleda deka ne moze da se odvikne od loshata navika da im popuva na onie koishto zgreshile, ...ali namerno ali ne (greshkite) ....ne e vazno .
|
|||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ќе ти кажам кога ќе видам дека си напишал/а: „Ајде кажете ми кои се ликовите во Сердарот, каков е јазикот и кои се стилските изразни сретства. Ми треба по македонски јазик. Многу ви благодарам.“ Ова го велам бидејќи ти треба по македонски јазик, а да ти требаше по биологија, ќе немаше да го барам ова од тебе. |
|||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||
Победаа
Нов член Регистриран: 10.Септември.2013 Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ајказетеми кој се ликови во сердарот каков е јазикот и кој се стилските изразни средства ми треба по македонски јазик
фала ви многу |
|||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
||
Изменето од Valerija - 10.Септември.2013 во 13:01 |
|||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||
Внеси реплика | страница <1 3132333435 113> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |