|
ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ |
Внеси реплика | страница <1 3031323334 68> |
Автор | |
чаир
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Светиот великомаченик Мерк*риј 07/12/2007 Кога царот Декиј еднаш војуваше против варварите, во неговата војска имаше еден војвода над ерменскиот полк наречен Мартензес. Тој војвода се викаше Мерк*риј. Во борбата на Мерк*риј му се јави ангел Божји, му даде меч во рацете и му рече дека тој ќе ги победи непријателите. И навистина, Мерк*риј покажа чудо од храброст косејќи ги непријателите како трева. По оваа славна победа царот Декиј го произведе за прв војвода во својата војска. Но некои завидливи луѓе го обвинија Мерк*риј дека е христијанин, а тој ова пред царот не го скри туку го објави. Беше мачен долго и тешко: од него со ножеви сечеа каиши, го гореа со оган. Но во затворот му се јави ангел Божји и го исцели. Најпосле царот изрече пресуда војводата Мерк*риј да се убие со меч во Кападокија. Кога го убија телото му стана бело како снег и од него излегуваше мирис на темјан. Од неговите чудотворни мошти се исцелија многумина болни. Овој прекрасен Христов војник пострада меѓу 251 и 259 година. |
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
чаир
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Светата великомаченичка Екатерина 07/12/2007 Ќерка на царот Конста. По смртта на татко ѝ живееше со својата мајка во Александрија. Мајка ѝ беше потајна христијанка, којашто преку својот духовен отец ја приведе кон Христовата вера и Екатерина. Во едно видение Света Екатерина прими прстен од Самиот Господ Исус, во знак на веридба со Него. Тој прстен до денес стои на нејзината рака. Екатерина беше многу надарена и добро школувана во грчката философија, медицината, реториката и логиката, а притоа беше и необично убава. Кога злочестивиот цар Максенциј им принесуваше самиот жртви на идолите и им наредуваше на другите да го вршат истото, Света Екатерина смело излезе пред царот и ја изобличи неговата идолопоклоничка заблуда. Кога виде царот дека е посилна од него во мудроста и во знаењето, повика педесетмина најмудри луѓе за да се препираат со неа за верата и да ја посрамат. Но Екатерина ги надмудри нив и ги посрами. Разјарен царот нареди сите педесетмина мудреци да се изгорат во оган. По молитвите на Света Екатерина овие мудреци сите пред смртта го исповедаа името Христово и се објавија себеси за христијани. Кога оваа маченичка беше во затворот, го приведе кон верата војводата Порфириј со двесте војници, а ја обрати кон Христа и самата царица (августа-василиса). Сите пострадаа за Христа. При мачењето на Света Екатерина ѝ се јави ангел Божји, го запре и го искрши тркалото на коешто беше мачена; а потоа ѝ се јави Самиот Господ Христос и ја утеши. После многу мачења ја убија со меч во нејзината осумнаесетта година, на 24 ноември 310 година. Од нејзиното тело истече млеко наместо крв. Чудотворните мошти на Света Екатерина почиваат на Синај. |
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
strurcence
Сениор Регистриран: 31.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 124 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Денеска е Св. Амфиолохиј Икониски.
Свети Амфилохиј се роди во Кападокиска Кесарија (Цезареја), меѓу 339 и 345 година. Татко му беше ретор. Подоцна и самиот стана ретор и адвокат во Константинопол. Во седумдесеттите години се врати во своето родно место и наскоро се замонаши. Беше избран за епископ на Иконија во 373 година, против неговата волја. Беше голем заштитник на Православието од тогашните ереси. Како сведок на верата за Азија” учествуваше на Вториот вселенски собор во 381 година. Се успокои во Господа кон крајот на четвртиот век. |
|
Сега знам дека нисто незнам!
|
|
чаир
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Воведение на Пресвета Богородица Кога Пресвета Дева Марија наполни три години од раѓањето, нејзините свети родители Јоаким и Ана ја доведоа од Назарет во Ерусалим, за да ја предадат, според своето ветување, на служба на Бога. Од Назарет до Ерусалим има три дена пат, но одеа на богоугодно дело и патот не им беше тежок. Се собраа и мнозина роднини на Јоаким и Ана за да земат учество во таа свеченост, во којашто невидливо учествуваа и ангелите Божји. Напред одеа девиците со запалени свеќи во рацете, потоа Пресветата Дева, водена од едната страна од Јоаким, а од другата од Ана. Беше украсена со царска благолепна облека и со украси, како што ѝ прилега на царска ќерка, на невеста Божја. Зад нив одеа многубројни роднини и пријатели, сите со запалени свеќи. Пред храмот имаше петнаесет скалила. Родителите Ја кренаа Дева на првото скалило, а Таа тогаш сама брзо се искачи на врвот, кај што Ја дочека првосвештеникот Захарија, таткото на Св. Јован Предвесник. Кога првосвештеникот Ја зеде за рака, Ја воведе не само во храмот туку и во Светињата на светињите, каде што никој никогаш не влегуваше, освен архиерејот. Св. Теофилакт Охридски вели дека Захарија бил „надвор од себеси и обземен од Бога“ кога Ја воведувал Дева во најсветото место во храмот, зад втората завеса, поинаку не би можела да се објасни оваа постапка. Во онаа прилика родителите на Дева Марија според Законот, Му принесоа жртви на Бога примија благослов од свештеникот и се вратија дома, а Пресветата Дева остана при храмот. Таа пребиваше во храмот цели девет години. Родителите Ја посетуваа често додека беа живи, особено блажената Ана. А кога нејзините родители беа повикани да се престават кај Бога, Пресветата Дева остана сираче и не сакаше до нејзина смртта да се оддалечува од храмот ниту да стапи во брак. Бидејќи тоа беше спротивно на Законот и на обичајот во Израилот, кога наврши дванаесет години му ја дадоа на Св. Јосиф, нејзиниот роднина од Назарет, за под вид на свршеница да живее со него во девственост и привидно да го задоволи Законот. Зашто во тоа време не се знаеше во Израилот девојките да се заветуваат на девственост до крајот на животот. Пресвета Дева Марија беше прва таква доживотно заветувана девојка и Нејзе потоа Ја следеа незнајно мнозинство девственици и девственички. |
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
connected
Сениор Регистриран: 17.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 2787 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Светите маченици Евстатиј, Теспесиј и Анатолиј 03/12/2007 Родени браќа од Никомидија, од незнабожни родители, Филотеја и Евсевиј, коишто подоцна ја примија вистинската вера од Св. Антим Никомидиски, заедно со своите синови. Филотеј беше ракоположен за презвитер. Кога тој со жена му се упокои, настана страшното гонење на христијаните под злочестивиот цар Максимијан и тројцата Филотееви синови беа изведени на суд. Беа судени, мачени, истизавани на разни начини и најпосле осудени на смрт. Повеќепати им се јавуваа во затворот ангели, па им даваа за храна манна и ги исполнуваа нивните млади срца со сила и храброст во трпењето. Кога ги изведоа на губилиштето им пријдоа двајцата другари, Паладиј и Акакиј и разговараа со нив. И додека уште разговараа, Светите маченици Му ги предадоа на Бога своите души. Тогаш војниците им ги отсекоа мртвите глави и ги однесоа за да му ги покажат на судијата. Пострадаа за Господ Исус Христос околу 313 година.
|
|
connected
Сениор Регистриран: 17.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 2787 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Свети Прокл, патријарх Цариградски 03/12/2007 Ученик на Св. Јован Златоуст. Во 426 година го посветија за епископ Кизички, во 435 година избран е за патријарх Цариградски. Управуваше со Божјата Црква како мудар архиереј. Во негово време се случија два значајни настани. Прво, преносот на моштите на Св. Јован Златоуст од Коман во Цариград, според желбата на царот и патријархот. Во тоа време царуваа Теодосиј Помладиот и сестра му Пулхерија. Второ, имаше голем земјотрес во Цариград и околината. Многу од најголемите и најубавите зданија попаѓаа од силен трус. Тогаш патријархот со царот и со многубројно свештенство, големци и народ излегоа на литија. И кога на литијата Му се молеа на Бога, се случи едно дете беше чудесно земено високо во воздухот, така што најпосле не можеше да се види со очите. Потоа се врати и се спушти лесно на земјата. Кога го прашаа каде беше, детето одговори дека беше однесено на небото меѓу ангелите и ги слушна како пеат: „Свети Боже, Свети Крепки, Свети Бесмртни помилуј нѐ!“ Кога го слушнаа ова сите луѓе во литијата почнаа да ја пеат оваа песна и земјотресот веднаш престана. Оттогаш оваа прекрасна песна се вплоти прво во литиите, а потоа во литургијата на Црквата. А детето наскоро се упокои и го погребаа во црквата на Св. Ирина. Свети Прокл послужи како архиереј дваесет години и во 446 година се упокои мирно во Господ. |
|
connected
Сениор Регистриран: 17.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 2787 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Преподобен Григориј Декаполит 03/12/2007 Роден е во Декапол Исавриски, од Сергиј и Марија, родители угледни и благочестиви. Кога заврши училиште родителите сакаа да го oженат, но тој побегна во пустина и се замонаши. Живееше по разни места: во Византија, во Рим, на Олимписката Гора. Каде и да одеше секаде ги восхитуваше луѓето со своите подвизи и чуда. Се случуваше да го огрее небесна светлина; да му се јават ангели Божји. Ја гледаше убавината на ангелите и го слушаше нивното умилно пеење. Поживеа долго и богоугодно и мирно се упокои во 9 век во Цариград, кога се пресели во радоста на својот Господ.
|
|
connected
Сениор Регистриран: 17.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 2787 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Преподобен Варлам и Светиот принц Јоасаф 02/12/2007 Индиски подвижници. Јоасаф беше принц, син на царот Авенир. По Божја Промисла него го посети старецот Варлам, го научи на верата Христова и го крсти. Потоа старецот се оддалечи во планината на подвиг, а Јоасаф остана да се бори со многубројните искушенија во светот и со благодатта Божја да ги победува. Најпосле Јоасаф успеа да го приведе кон Христа и својот татко. Откако се крсти царот Авенир поживеа четири години во големо покајание - зашто направи големи гревови гонејќи ги христијаните - па потоа го заврши својот земен живот и замина во бесмртниот. Младиот Јоасаф царството му го предаде на својот другар Варахиј, а самиот замина во пустина на подвиг на христијанско восовршување. Единствена желба на земјата му беше уште еднаш да се види со Старецот Варлам. И милостивиот Бог му ја исполни желбата, па еден ден Јоасаф застана пред пештерата на Варлам и возвикна: „Благослови, оче!“ Старецот Варлам се подвизуваше во пустината седумдесет години, а поживеа сѐ на сѐ сто години. Свети Јоасаф го остави царството во својата дваесет и петта година, тогаш замина во пустината, во којашто поживеа триесет и пет години. Обајцата имаа голема љубов кон Господ Исус, мнозина ги обратија во вистинската вера и се преселија во вечната радост на својот Господ. Изменето од connected - 02.Декември.2007 во 20:11 |
|
connected
Сениор Регистриран: 17.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 2787 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Светиот пророк Авдија 02/12/2007 Родум од селото Витахарамско од пределите Сихемски. Живеел на дворецот на царот Ахав; но кога царот отстапи од вистинското богопочитување и им се поклони на идолите, Авдија не тргна по примерот на царот, туку продолжи да му служи на единствениот вистински Бог. А кога злобната царица Језавела заради пророкот Илија крена хајка на сите Божји пророци, Авдија собра стотина од нив, ги скри во две пештери и ги хранеше до крајот (1 Царства 18, 4). Современик на големиот пророк Илија, Авдија многу го почитуваше Илија и го слушаше во сѐ како негов следбеник и ученик. Живееше 900 години пред Христа и се упокои мирно.
|
|
чаир
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Светите маченици Роман и Варул 01/12/2007 Свети Роман беше ѓакон на Црквата кесариска. Еднаш тој ревносно го проповедаше Евангелието во Антиохија. Па кога беше некој идолски празник и антиохискиот началник Асклипијад сакаше да влезе во незнабожечкиот храм за да принесе жртва, Роман застана пред него и му рече: „Началнику, грешиш кога одиш кај идолите; не се идолите богови туку Христос е единствениот вистински Бог“. Разјарен началникот го подложи Роман на маки, па светителот беше биен и стружен безмилосно. Во тој миг Св. Роман виде едно дете по име Варул и му рече на началникот: „И ова дете е поразумно од тебе иако ти си стар; тоа Го знае вистинскиот Бог, а ти не.“ Началникот почна да го испрашува Варул за верата и Варул ја изјави својата вера во Господ Исус Христос како во вистински Бог, наспроти лажните идоли. Тогаш Асклипијад нареди и малиот Варул го убија со меч, а Св. Роман го удавија во затворот во 330 година. Така обајцата го наследија Небесното Царство. |
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
чаир
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Светиот маченик Платон 01/12/2007 Од градот Анкира Галатиска. Роден и воспитан е како христијанин. Уште во младите години покажуваше големо совршенство во сите добродетели. Не ја криеше својата вера во Хиста, туку јавно ја проповедаше изобличувајќи ги идолопоклониците заради поклонувањето на мртви твари наместо на живиот Создател. Заради ова беше изведен на суд пред началникот Агрипин и беше многу малтретиран и мачен од него. Кога началникот почна да го советува да ја избегне смртта и да си го зачува животот поклонувајќи им се на идолите, Платон му одговори: „Има две смрти, привремена и вечна, но има и два животи, едниот е краткотраен, другиот пак бесконечен“. Тогаш Агрипин го удри на страшни маки. Меѓу другото нареди и му полагаа усвитени железни ѓулиња на разголеното тело; потоа од кожата му лупеа каиши. Маченикот му довикнуваше на мачителот: „Мачи ме уште посвирепо, за јасно да се види твојата бесчовечност и моето трпение“. Кога мачителот му го спомна на маченикот философот Платон како незнабожен философ, маченикот му рече: „Ниту јас сум му сличен на Платон ниту тој мене, освен по името. Јас поучувам и се учам на мудроста Христова, а тој е учител на онаа мудрост којашто пред Бога е лудост“. Потоа беше фрлен во затвор, каде што помина без храна и вода осумнаесет дена. Кога стражарите се восхитија дека може да живее гладувајќи толку долго, Платон им рече: „Вие се наситувате со месо, а јас со свети молитви, вас ве весели виното, а мене Христос, лозата вистинска“. Најпосле го убија со меч околу 266 година, кога прими венец на маченичка слава. |
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
connected
Сениор Регистриран: 17.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 2787 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Преподобен Никон Радоњежски 30/11/2007 Ученик и наследник во игуменството на Св. Сергеј Радоњежски. Кога варварите нападнаа на Русија, тој Му се молеше на Бога да ја отстрани таа беда од рускиот народ. Тогаш му се јави Св. Сергеј со Петар и Алексеј, упокоените московски митрополити и му рече да не тагува, зашто таа навала е Божјо допуштение заради некое добро, таа ќе помине и мирот повторно ќе се зацари. Го обнови манастирот на Света Троица и на мнозина им послужи за пример во подвижништвото. Се упокои на 17 ноември 1426 година.
|
|
connected
Сениор Регистриран: 17.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 2787 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Свети Григориј Чудотворец, епископ Неокесариски 30/11/2007 Божји човек и силен чудотворец, нарекуван втор Мојсеј. Роден од незнабожни родители, но угледни и богати, Григориј најпрво ги изучи елинската и мисирската (т.е. египетската) философија, но откако ја позна нејзината залудност и недоволност се обрати кон христијанските учители, особено кон Ориген во Александрија, кај кого учеше неколку години и од кого прими Крштение. Чист по душа и тело тој сакаше сиот себеси да Му се посвети единствено на Христа, заради што се оддалечи во пустина, каде што долго време помина во мачни подвизи. Славата за него се пронесе насекаде и Федим, епископот Амасиски, сакаше да го посвети за епископ Кесариски. Проѕорливиот Григориј ја забележа Федимовата намера, па се криеше по пустината од неговите пратеници, за да не го најдат. Најпосле Федим го посвети на чудесен начин и Григориј мораше да ја прими архипастирската служба. Му се јави Пресвета Богородица со Св. Јован Богослов и на заповед од Богородица Св. Јован му го предаде Симболот на Верата познат под името Григориев. Кој ќе ги изброи чудата на овој втор Мојсеј? Им заповедаше на злите духови, заповедаше над горите и над водите, ги лечеше сите маки и болести, пред гонителите стануваше невидлив, ги проѕираше на далечина не само настаните туку и мислите на луѓето. Земниот живот го заврши во 270 година, во длабока старост. Кога дојде за епископ во Кесарија го затекна сиот град незнабожечки и само седумнаесет христијани во него. А кога си заминуваше од овој живот го остави сиот град христијански, а само седумнаесет незнабожци во него. За ова прими венец на слава од својот Господ. |
|
connected
Сениор Регистриран: 17.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 2787 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Светиот апостол и евангелист Матеј 29/11/2007 Матеј беше син на Алфеј, најпрво цариник (т.е. закупец и порезник или митар) и како таков него го виде Господ во Капернаум и го повика: „Врви по Мене.“ И откако стана, тргна по Него (Матеј 9, 9). Потоа Матеј Му приреди дочек на Господ во својот дом и даде повод Господ да изрече неколку големи вистини за Своето доаѓање на земјата. Откако Го прими Светиот Дух, Св. Матеј го проповедаше Евангелието во Партија, во Мидија и во Етиопија, земјата црнечка. Во Етиопија го постави за епископ некој Платон, свој следбеник, а самиот се повлече во молитвена осама во гората каде што му се јави Господ. Ги крсти жената и синот на кнезот на таа земја, заради што кнезот се разгневи и испрати стража да го доведат Матеј пред него на суд. Војниците отидоа и се вратија кај кнезот говорејќи дека го слушнале гласот Матејев, но никако со очите не можеле да го видат Светиот апостол. Тогаш кнезот испрати друга стража. Кога и оваа стража му се приближи на апостолот, него го огреа небесна светлина толку силна, што војниците не можеа да гледаат во него, но исполнети со страв го фрлија оружјето и се вратија. Тогаш кнезот сам појде. Кога му се приближи на Св. Матеј, овој заблеска со таков блесок, што кнезот одеднаш ослепе. Но Светиот апостол имаше милостиво срце, Му се помоли на Бога и кнезот прогледа - за жал прогледа само со телесните очи, не и со духовните. Тој го фати Св. Матеј и го подложи на лути маки. Имено, на двапати ложеше голем оган на неговите гради. Но силата Господова го сочува жив и неповреден. Тогаш апостолот Му се помоли на Бога и Му го предаде својот дух. Кнезот нареди и телото на маченикот го положија во оловен ковчег, па го фрлија во морето. Светителот му се јави на епископот Платон и му кажа за своето тело и за сандакот каде се наоѓаат. Епископот отиде и го донесе ковчегот со телото на Св. апостол Матеј. Кога го виде ова ново чудо, кнезот се крсти и го прими името Матеј. Потоа овој кнез ја остави сета светска суета и прими презвитерски чин, па богоугодно ѝ послужи на Црквата. Кога умре Платон, му се јави на овој Матеј самиот апостол Матеј и го посоветува да го прими епископството. Тој беше многу години добар пастир, додека Господ не го повика во Своето бесмртно Царство. Светиот апостол Матеј го напиша Евангелието на еврејски јазик, коешто набрзо беше преведено на грчки и до нас дојде на грчки, додека она на еврејски се изгуби. За овој евангелист се вели дека никогаш не јадел месо, а се хранел со овошје и зеленчук.
|
|
Внеси реплика | страница <1 3031323334 68> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |