IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Диети
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Диети

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 30313233>
Автор
Порака Обратен редослед
KaLiNa Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Јули.2006
Статус: Офлајн
Поени: 8416
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KaLiNa Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2007 во 02:29

Не се водете според "универзалните диети" бидејќи килограмите кои ќе ги симнете, брзо и ќе се вратат. Битен е индивидуалниот пристап, стручно подготвено мени на исхрана и упорност при промената на начинот на исхраната и животните навики.


Само долготрајната промена е ефикасна

Секоја промена на начинот на исхрана дава одреден резултат. Но, вистинските резултати не се постигнуваат за 7 или 10 дена, туку на подолг временски период, бидејќи само така изгубените килограми не се враќаат, се губат одредени количини масно ткиво, а не вода и шеќер од кои организмот најлесно се ослободува и кои при секоја промена на исхраната се губат уште во првите 24 денови. Дури по 25-иот ден од диетата, доколку корекцијата на исхраната е направена на вистински начин, почнуваат да согоруваат маснотиите, што е всушност и целта на секоја диета.

Промената на начинот на исхраната мора да трае минимум четири месеци, затоа што толку долго трае еден метаболички круг, односно времето кое е потребно да се прилагодат метаболичките процеси кои учествуваат во варењето, искористувањето на хранливите материи и нивното исфрлање од организмот. Зошто четири месеци? Затоа што толку долго трае животниот век на црвените крвни зрнца со чија помош кислородот и храната стигнуваат до сите клетки и ткива во организмот.


Диетата нека не биде измачување

Честопати, луѓето тешко се одлучуваат да го променат начинот на исхрана затоа што мислат дека мораат да гладуваат, па диетата ја поистоветуваат со некој вид на измачување, со сите пропратни проблеми како слабокрвност, омалаксаност, вртоглавица, главоболка, нервоза, чувство на глад. Вистинската промена на начинот на исхрана никогаш не подразбира мачење. Потребно е редовно да се јаде во текот на денот (доручек, ручек, вечера и две ужинки помеѓу нив). Тоа е промена која би требало да биде доживотна.
Оброците во текот на денот не мораат да бидат обилни. на органите за варење највеќе им годи кога се јаде почесто и помалку, повеќе пати дневно - за да работи метаболизмот, мора да добива гориво.

kuliraj
Кон врв
Tattoo Beauty Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Tetovirana Sexy Ubavica

Регистриран: 10.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 4549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tattoo Beauty Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2006 во 13:30
Ова што го ставив е за дебелитеLOLLOLLOLLOL
 
Сепак мислам добар избор на здрав начин на исхрана е па и можете да ја подобрите вашата линијаWink
 
ај ај ќе ви биде потребно после празницивеLOLLOLLOLLOLLOLTongue
Кон врв
DreamGirL Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Be YourSelF

Регистриран: 29.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 4292
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DreamGirL Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2006 во 17:51
Originally posted by Delfin Delfin напиша:

Никогаш не сум сметал дека диетите си вистинскиот начин за добра линија , доведување на килажата во разумни граници итн. Секогаш сум бил за тоа да се пријде на решавање на проблемот преку надминување на причините кои довеле до негова појава. Сметам дека, невнимавањето на тоа, што јадеме, колку јадеме ,како јадеме ,кога јадеме  , потребно ли е да се занимаваме со физичка активност  итн....се моментите на кои треба да им се посвети внимание . Едноставно начинот на живот е во прашање . Секоја диета има почеток и крај . Што откога диетата ке заврши? Колку време после неа се врака ,,старата ,, килажа ако нешто посуштинско не се смени (погоре пишаното)? 
bravos delfin ClapClapClap....ne ocekuvav masko vakvo nesto da kaze WinkSmile
If you love some one, never put their name in a heart, because hearts break.... Put it in a circle instead, because Circles go on forever ...
Кон врв
Delfin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јуни.2005
Статус: Офлајн
Поени: 15178
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Delfin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2006 во 13:40
Никогаш не сум сметал дека диетите си вистинскиот начин за добра линија , доведување на килажата во разумни граници итн. Секогаш сум бил за тоа да се пријде на решавање на проблемот преку надминување на причините кои довеле до негова појава. Сметам дека, невнимавањето на тоа, што јадеме, колку јадеме ,како јадеме ,кога јадеме  , потребно ли е да се занимаваме со физичка активност  итн....се моментите на кои треба да им се посвети внимание . Едноставно начинот на живот е во прашање . Секоја диета има почеток и крај . Што откога диетата ке заврши? Колку време после неа се врака ,,старата ,, килажа ако нешто посуштинско не се смени (погоре пишаното)? 
Кон врв
natalija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Министерка за гушкање

Регистриран: 26.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 13319
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај natalija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2006 во 13:41
ИИИИИИИИИИИИ значи да с етепам сега за главите... јас па опашот го сакам најмногу LOLLOLLOLLOL
Кон врв
Julija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Март.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Julija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2006 во 13:37
Glavite od riba (bez koskite se razbira) se dobri za mozokot... Imaat fosfor...
Кон врв
natalija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Министерка за гушкање

Регистриран: 26.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 13319
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај natalija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2006 во 12:59
Секси дај уште нешто околу храната...
н есум држела никогаш диета пошто константно вежбам..
ја прочитав статијава и малку ме изненади фактот околу рибата..
Јас знам само околу кожата на рибата, да не се јаде тоа препорачуваат поради фактот дека ги собира и содржи сите отрови...
Доколку имаш пооширно сознание пренеси го те молам. Tongue
Кон врв
laze Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 271
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laze Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2006 во 20:28
Originally posted by SeXY SeXY напиша:

Originally posted by laze laze напиша:

Mislam deka ne e ubavo da bides na dieta za da bideme slabi treba samo da vnimavame sto jademe.

 

dobro ovie dieti  so gi pisav i ne se nezdravi,naprotiv dobar nacin na ishranaWink
Ne nemoj da me sfatis pogresno tvoite dieti se super
CUVAJ MOJE SLIKE,SRCE TE MOLE,JER KOPIJA TE GLEDA,A OGIGINAL VOLE!!!!!!!!
Кон врв
Tattoo Beauty Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Tetovirana Sexy Ubavica

Регистриран: 10.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 4549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tattoo Beauty Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2006 во 20:06
Originally posted by centar centar напиша:

Bravo SeXY,ti samo prodolzi si,mozebi na nekoj ke mu pritrebaat.Tuka sme da si pomagame, neli?
 
 
хехе фала ако ви треба нешто кажетеWink
Кон врв
centar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Ноември.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 89
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај centar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2006 во 16:39
Bravo SeXY,ti samo prodolzi si,mozebi na nekoj ke mu pritrebaat.Tuka sme da si pomagame, neli?
Кон врв
Tattoo Beauty Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Tetovirana Sexy Ubavica

Регистриран: 10.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 4549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tattoo Beauty Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2006 во 14:01
Originally posted by laze laze напиша:

Mislam deka ne e ubavo da bides na dieta za da bideme slabi treba samo da vnimavame sto jademe.
 
dobro ovie dieti  so gi pisav i ne se nezdravi,naprotiv dobar nacin na ishranaWink
Кон врв
laze Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 271
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laze Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2006 во 23:53
Mislam deka ne e ubavo da bides na dieta za da bideme slabi treba samo da vnimavame sto jademe.
CUVAJ MOJE SLIKE,SRCE TE MOLE,JER KOPIJA TE GLEDA,A OGIGINAL VOLE!!!!!!!!
Кон врв
ivana Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Госпожа Грофица

Регистриран: 14.Април.2005
Статус: Офлајн
Поени: 3327
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ivana Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2006 во 12:28
ја веќе сум ептен скептик во однос на диета, здрав баланскирана исхрана...
ова прописиве на секои 15 денови се менуваат, де јади овошје на гладно, де не јади овошје на гладно имај обилен доручек, де ова де она, де маста е подобра од маслото, де маслиновото масло е најдобро.....

а секој од нас е метаболизам сам за себе. некој јаде солено и му одговара, некој јаде благо и му одговара....
затоа треба да јадеме УЕМРЕНО И ВО СООДВЕТНИ КОЛИЧИНИ за нашата активност (потреба) која ја имаме.
И да јадеме СЕ, затоа што ако нешто суштински не внесуваш телото си го наоѓа од некаде па може да се направи дисбаланс (калциумот го зима директно од коските па им ја наружува структурата) или доколку не го најде, пропаѓа....па затоа КВАНТИТЕТ И КВАЛИТЕТ гледајде да најдете за ВАШЕТО ТЕЛО, и секако ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ Wink
Motivation is game in my hands
Кон врв
Tattoo Beauty Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Tetovirana Sexy Ubavica

Регистриран: 10.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 4549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tattoo Beauty Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2006 во 12:20
И неколку сепак корисни советиWink
 
Заборавете ги модерните диети, дури и ако се навистина успешни, и дознајте како паметно да се храните, со комбинирање на протеините
Што треба да знаеме за месото, рибата и за јајцата

Како што ви ветивме во минатиот број на "Стил", во неколку продолженија ќе ве информираме за најактуелните и најважните прашања врзани за исхраната. Многу често прибегнувајќи кон брзи и модерни диети, од кои повеќето ветуваат и 10 килограми помалку за само неколку дена, редно е најпрво да се информираме за основите на хранливите продукти, што секако ќе ни помогне да ги избегнеме замките, кои се најчеста причина за зголемување на телесната тежина и појавување на дисфункции во организмот. Во денешниот број на ред се месото, рибата и јајцата, продукти што се наоѓаат на врвот на синџирот на исхрана, а во современиот живот сў почесто ги употребуваме не внимавајќи на нивното комбинирање. Без разлика што за нив нў информираат одредени диети и нутриционисти, тие се храна која на организмот му обезбедува важни хранливи состојки и чиј дефицит или суфицит предизвикува дисбаланс во функционирањето на човечкиот организам.

Уште од предисториско време месото е скапоцена и обилна храна како и голем извор на цел комплет протеини, витамини и други хранливи состојки. Всушност, многу антрополози сметаат дека месото најверојатно ја има најзначајната улога во еволуцијата на нашата раса. Иако во последниве неколку години вегетаријанството стана многу популарно, месото сў уште е во центарот на европската исхрана.

Црвеното месо е особено богат извор на железо, кое пак игра голема улога во формирањето на мускулите и здравата крв. Истражувањата врз вегетаријанците покажаа дека тие ризикуваат да имаат недостиг од железо што, пак, доведува до анемија. Доволните количества витамин Б во месото се од суштинско значење за соодветно производство на енергија.

Нашите предци ловеле за да се снабдат со месо и трошеле многу енергија додека го бркале дивечот. Денес нашите снабдувачи со потребните протеини се одгледуваат по фарми и кафези и во голема мера ни се доставуваат и до нашите домови. Но, според некои процени, ние консумираме приближно двапати повеќе протеини отколку што ни е потребно, со што ризикуваме да ги повредиме нашите бубрези и црниот дроб. Многу парчиња месо - особено црвеното месо - се полни со заситени масти кои се поврзуваат со болестите на срцето. Некои истражувања покажуваат дека консумирањето месо може да нў направи посклони на заболување од карцином.

Значи, основната наша задача е не да го отфрлиме сосема месото од листата на јадења, туку да ја скротиме потребата за негово консумирање. Никој не нў спречува и понатаму да уживаме во чизбургерот со сланина. Но, тоа нека се случува еднаш или двапати во месецот. Не смеат да бидат невозможни обидите да се наведнеме, а чувството на леснотија треба да ни биде постојан придружник. Правилната исхрана вели дека консумирањето месо не мора да биде предлог од типот "сў или ништо". Многу јадења, како оние пржените и салатите, може да бидат комбинирани со мали количества месо, но сепак да бидат задоволувачки. Еден сос за паста може да содржи 25 отсто месо и 75 отсто зеленчук. Британската агенција за стандарди во храната препорачува јадење "умерени" количества месо; да се избегнува месото кое има поголеми количества маснотии како што се, на пример, плескавиците, сланината, колбасите, паштетите и саламите и секогаш да се отстранува мрснотијата од месото, како и кожата од пилешкото месо. Германскиот експерт за нутриционизам Изабел Келер советува да се јадат не повеќе од два грама протеини дневно по килограм од телесната тежина; тоа значи дека жените треба да се ограничат во консумирањето протеини во просек до 120 грама дневно, додека за мажите границата е 140 грама дневно.

За понискокалорична алтернатива на црвеното месо се препорачува морската храна. Рибите и членконогите имаат голема концентрација на омега-3 масни киселини, и покажале дека го намалуваат ризикот од болести на срцето, како и во намалување на болките од артритис, но го намалуваат и ризикот од појава на рак на простатата кај мажите.

Но, ни морската храна сепак не е совршена. Еве некои од проблемите:

рибата, особено оние помрсните може да имаат поголеми концентрации на отрови во своето месо. Особен проблем претставува тешкиот метал - живата. Меѓу рибите со најголемо количество жива се: сабјарката, ајкулата и марлинот; лососот (и во двата случаи - и одгледуваниот и дивиот) може да содржат загрижувачко ниво на ПЦБ; се советува дека речните риби-песачи може да содржат разни видови отрови, а тоа зависи од водите во кои живеат. Во некои случаи, американската агенција за заштита на околината ги советува рибарите да го ограничат својот улов на една риба неделно. Некои видови риби од одредени загадени води никогаш не треба да се консумираат, без оглед на околностите.

Тоа не значи дека сў е загубено. Сў уште можете да ловите и да го консумирате вашиот улов, но со ограничување на количеството на членконогите, риба-иверка, бакалар, тилапиите и другите ваши улови. И не заборавајте ги малите риби, харингата и сардините, кои се многу богати со омега-3 и имаат мало количество отрови. ( Во идниот број на ?Стил°: Што треба да знаеме за лушпестото овошје, зрнестиот зеленчук и маслата?)
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 30313233>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.