|
Македонската репрезентација |
Внеси реплика | страница <1 3031323334 35> |
Автор | |
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Zakon se nema so
|
|
|
|
ZOTE
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 26.Мај.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 627 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А иначе немам збор шкотите не почитуваат и затоа ги сакам а како да не ги сакаш кога ќе го погледнеш ова.
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Со напад на горештината
*"Во Скопје е нашата шанса. Шкотска има квалитети, но за нас ова е многу важен меч. Најважно е да дадеме први гол", најавува Горан Пандев Уште еден ден до Шкотска и уште толку време до стартот на новиот квалификациски циклус и до почетокот на уште една наша голема фудбалска надеж. Нашиот најдобар фудбалски тим вчера во 15 часот на "Градски". "Леле... па овде не може да се стои. Многу жешко...", коментираше Среќко Катанац на плус 33 степени целзиусови колку што беше времето во тајмингот на одигрување на квалификацискиот меч. Ако се остварат временските прогнози утре треба да биде потопло. Горештината ќе биде главниот непријател за двете селекции, но, сепак, во таквата "битка" ние треба да бидеме во предност затоа што нашето сонце треба да биде нашиот сојузник. Покрај Катанец, и фудбалерите шокирани од топлотниот удар. Сепак, оптимизмот с$ уште е актуелен, а со своја анализа и коментар и најдобриот - Горан Пандев. "Секој почеток е важен за секоја селекција. Посакуваме успех иако за противник имаме незгоден состав кој во минатиот циклус за малку не се избори за место на ЕП иако беше во група со Италија и Шкотска". Фудбалерот на Лацио и утре ќе биде нашата најголема надеж: "Знам дека сите од мене очекуваат голови и јас би бил насреќен доколку утре ја погодам мрежата. Сепак, ние сме колектив и тимската игра е нашето најсилно оружје. Треба да ја нападнеме Шкотска и само така со максимална одговорност на сите позиции може да стигнеме до успех. Ќе биде тешко, времето е многу толло, но се надевам на успешен старт, а потоа ќе размислуваме за Холандија". Првиот и последен тренинг на "Градски" беше отворен за јавноста само 15 минути. Потоа Катанец ги затвори вратите и почека за склопувањето на мозаикот, тактиката и тимот со кој утре нашиот национален тим ќе & се спротивстави на Шкотска. Нема "атомска бомба" и не треба да се очекува ништо спектакуларно. Тимот "то је то" веќе со години е ист. Тактиката иста и затоа со формација 3-4-1-2 треба да излеземе на претстојниот мегдан. Сите се свесни дека секоја прва страница од секоја нова приказна е најважната работа. Затоа овој меч со Шкотска треба да биде на с$ или ништо. Победа ги отвора амбициите и надежите, додека неуспех би значел и крај за пласман на посакуваните позиции. Шумуликоски: "Ќе изгорат...." Што значат 33 степени целзиусови за фудбалерите од Островот. Одговор на ова прашање од нашиот единствен репрезентативец кој настапува во Велика Британија. "На Островот ако имаат 25 степени се жалат дека многу им е топло. В сабота Шкотите ќе 'изгорат' на нашето сонце, а се надевам дека ќе го загубат и натпреварот. Ќе биде тешко и за нас, но ако на 'Градски' температурата е 33 степени тоа ти е како 45 степени во Англија. Нема да можат да дишат...". Шуми очекува дека ќе успееме во првата квалификациска мисија. "Очекувам да се повлечат и да не форсираат силно темпо. Нема да издржат, а ние не смееме да влеземе да се 'тепаме'. Да ги спуштиме на земја". Веруваме во себе, имаме сили Шкотските медиуми секојдневно имаат разговори со нашите репрезентативци. Така вчера актуелен беше капитенот Гоце Седлоски. Тој за весниците од Глазгов најави: "Имаме тим со кој можеме да стигнеме до труимф. Шкотска ја респектираме, но веруваме во сопствените сили. Подолго време играме заедно и затоа стартот во овие квалификации е многу важен. Не се преоптоваруваме со силата на Шкотска затоа што ако одиграме како што треба ќе бидеме многу блиску до посакуваната цел". Капитенот утре на "Градски" ќе биде рекордер по бројот на настапи затоа што ниту една од двете селекции нема повеќе од 85 настапи во дресот со државниот грб. |
|
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Top Sliki
|
|
|
|
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Super navistina prijatelska atmosvera da se nadevame deka taka i ke ostane i utre.
|
|
ZOTE
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 26.Мај.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 627 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ако немаше денешни македонци со дресови и знамиња, затоа имаше антички македонци со дресови и знамиња
|
|
ZOTE
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 26.Мај.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 627 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
секоја чест на шкотите за ова Шкотски навивачи донираат пари за деца во Македонија 04.09.2008 13:11 Шкотските фудбалски навивачи спроведоа хуманитарна акција во која се собрани 12,000 фунти за децата со хендикеп во Македонија. Шкотската навивачка група „Карирана војска“ (Tartan Army) средствата ќе ги донираат на две македонски социјални институции пред натпреварот Македонија - Шкотска, што в сабота ќе се одигра во Скопје. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=97183
еве кој не гледал http://www.a1.com.mk/video-player.asp?VideoID=204
|
|
butel2
Сениор Регистриран: 26.Јули.2005 Статус: Офлајн Поени: 4138 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
a zosto Nikoloski go nema?
|
|
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ke gi pobedime, mora da pobedime, imame dobra reprezentacija koja vo momentov e na vrvot na svojata zrelost.
NAPRED MAKEDONIJO, da te vidime na SVETSKO PRVENSTVO. |
|
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дома > Спорт
Доаѓаат шкотските навивачи Елена Ацевска 04.09.2008 На три дена пред натпреварот Македонија - Шкотска, во Скопје вистинска шкотска инвазија. Шкотланѓаните воодушевени од Македонија. Им се допаѓа климата, пивото, љубезните домаќини. Некои од нив дошле и со семејствата да навиваат за својата национална фудбалска репрезентација. На кејот на Вардар и скопските пабови може да се видат традиционални карирани килтови, откачени фризури во националните бои, во добро расположение со чаша македонско пиво, иако можат да пијат и домашно. „Прекрасно е времето, а и прв пат пробав македонско пиво. Воопшто не е лошо. Многу е убаво, има добри и љубезни луѓе, среќен сум што сум овде“, рекоа навивачите на Шкотска. Иако се страсни навивачи за Шкотска, сепак велат дека и Македонија не е за потценување, особено зошто на нашата репрезентација нема да и пречи топлата клима. Типуваат, сепак, на победа за Шкотска. „2:1 за Шкотска. Претопло е за Шкотланѓаните да играат. Јас би рекол 1:1“, прогнозираа Шкотланѓани. Откако го открија македонското пиво, по прилогот Шкотланѓаните се заинтересираа и за вестите. „Во 7? Ќе гледам ако не сум премногу пијан“, рече навивач. Шкотските навивачи засега се добри гости. Вечерва се очекува нивниот број да се зголеми за уште 2.000, кои специјален лет со својата репрезентација ќе пристигнат од Шкотска. |
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Катанец го објави списокот за натпреварите против Шкотска и Холандија
Олимпијадата е зад нас, полека се насочуваме кон оние спортски борилишта, на кои се надеваме дека има што да постигнеме. Фудбалската репрезентација живее за квалификацискиот циклус за Светското првенство во Јужна Африка во 2010-та. Селекторот Среќко Катенец планира 20 фудбалери за натпрварите на „Градски“ со Шкотска и со Холандија. Вообичаено, нема изненадувања на списокот на македонскиот фудбалски кормилар. Во однос на пријателскиот дуел со Луксембург, нови играчи се Бобан Грнчаров од Гент и Стевица Ристиќ од Поханг Стилерс. Освежен ќе биде и средниот ред со Ертан Демири од Локерен и со Ванчо Трајанов од Черноморец. Тие беа повикани за подготовката против Луксембуржаните, но откажаа поради повреди. Другите се стандардни. Фудбалската репрезентација ќе се собере на први септември, на 6-ти ќе играме со Шкотска, на 10-ти со Холандија. Голмани: * Милошевски Петар 06.12.1973 Енозис, Кипар * Пачовски Томе 28.06.1982 Вардар Одбрана: * Седлоски Гоце 10.04.1974 Матерсбург, Австрија * Митрески Игор 19.02.1979 Е. Котбус, Германија * Лазаревски Владе 09.06.1983 Полонија, Полска * Попов Горан 02.10.1984 Херенвен, Холандија * Новески Николче 28.04.1979 Мајнц, Германија * Петров Роберт 02.06.1978 Пансераикос, Грција * Вајс Мирослав 27.07.1979 Вардар * Грнчаров бобан 12.08.1982 Гент, Белгија Среден ред: * Гроздановски Влатко 30.01.1983 Војводина, Србија * Тасевски Дарко 20.05.1984 Левски, Бугарија * Положани Артим 25.06.1982 Вардар * Трајанов Ванчо 09.08.1978 Черномерец, Бугарија * Шумуликоски Величе 24.04.1981 Ипсвич, Англија * Демири Ертан 24.01.1979 Локерен, Белгија Напад: * Пандев Горан 27.07.1983 Лацио, Италија * Мазнов Горан 22.04.1981 Томск, Русија * Наумовски Илчо 29.07.1983 Матерсбург, Австрија * Ристиќ Стевица 23.05.1982 П. Стилерс, Кореја. |
|
|
|
ZOTE
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 26.Мај.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 627 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Влезниците во продажба од следната сабота
25.8.2008 Влезниците за квалификациските дуели со Шкотска и Холандија љубителите на фудбалот во Македонија ќе можат да ги купуваат од 30-ти Август (сабота. 08.00 часот) на билетарите на Градски стадион и тоа по цена: Шкотска – јужна трибина 1000 денари. Шкотска – западна трибина 500 денари. Холандија – јужна трибина 1000 денари. Холандија – западна трибина 500 денари. Во пресрет на овие средби ФФМ и МВР до јавноста го испраќаат следното соопштение: Сите заинтересирани навивачи кои сакаат да ги следат средбите со Шкотска и Холандија ќе можат да купат по најмногу две влезници по натпревар и тоа со идентификација со лични документи. За гостинските навивачи влезниците ќе бидат распределени преку Фудбалските федерации на Шкотска и Холандија и тие ќе бидат сместени на источната трибина. Секој гостински навивач кој ќе биде затекнат на Јужната или Западната трибина ќе биде отстранет од стадионот заради негова безбедност. Влезницата ќе биде одземена и по спроведената контрола(според идентификацијата) против препродавачот на истата ќе бидат превземени соодветни санкции. Се предупредуваат сите посетители на натпреварите при влезот со себе да не носат било какви предмети( запалки,пенкала , дрвени и железни држачи за знамиња,ситни железни пари или било кој друг предмет кој претставува опасност), навивачки реквизити (пиротехника), пијалоци кои можат да се злоупотребат за фрлање кон противничките навивачи, или пак кон актерите на теренот . Кај сите оние кај кои ќе бидат откриени било какви пиротехнички материи , истите ќе бидат одземени а на лицата кои ги внесуваат на стадион ќе им бидат одземени влезниците и истите нема да можат да ги проследат натпреварите. Воедно ќе следуваат и соодветни санкции. Се молат посетителите да се воздржат од расистички скандирања или неспортско навивање кое може да повлече драстични казни од страна на органите на ФИФА и УЕФА. Актерите на теренот треба да се бодрат спортски и во духот на фер-плејот. Во таков дух треба да се однесуваме и кон гостинските навивачи. http://ffm.com.mk/mak/vest.asp?id=2012 |
|
Polaris
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2007 Локација: Turkey Статус: Офлајн Поени: 1514 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
|
|
berbatovski
Нов член Регистриран: 19.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Da ama sreshtu koi?
Srestu velikoto herzokstvo mislam deka e mnogo golema pobeda i nai verojiatno ke obezbedime plasman na svetskoto prvenstvo |
|
Внеси реплика | страница <1 3031323334 35> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |