IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3031323334 138>
Автор
Порака Обратен редослед
Командантица Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Командантица Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2009 во 16:09


Во овој свет..црно е се`!
црн е дождот, црни се облаците..
црна е земјата, црно е сонцето,..
под закотвеното сидро на камената есен.. тлее нов жар во булки на ноќта..
стравот! ...го демнее овој свет..го претворува во црна магла, провисната над душите на илјадници срца.
Ги нема веќе оние зраци кои ја осветлуваа патеката на вечната надеж,
ги нема веќе оние воздишки кои само даваа утеха над сломените очи..
Ги нема..ги нема чуварите на ноќта,
ги нема птиците со сребрените перја..
Го нема ветерот на смелата страст, да ги пробуди оние кои заспале во вечноста..
Се е пусто,......само лисјата на црната земја, заборавиле да се вратат во виорот..го пропуштиле возот на иднината..сега шушкаат сами, ...во далечината... Опиена магија ги заспива оние кои се осудиле да го преминат прагот на ѕвездите.. како горко вино, ..упиено од трепетот на студот ..
Ќе не нема, ..и се ќе е вака пусто...
Нити глас нити крик ќе остане во темнината, нити солза..упиена од длабочината..
Оставивме ли белег?..или нешто кое означува дека сме биле тука?..
Се е излишно, пусто..магливо, бездушно..

Мракот веќе безосетно ги потопил зраците..
Воздишките исчезнале по отчукувањето на часовникот на вечната смрт..
Чуварите на ноќта, се изгубиле во темната шума од плач и страв.. Којзнае каде се,...
птиците со сребрени перја..одлетаа...онаму од каде што никогаш нема да се вратат!..
Ни ветерот веќе не можи да ги пробуди оние на кои крајот им започнал..ништо..не може да ги победи!.. Лисјата,.....единствените кои го преживеале бранот на вековите.. Ќе ги снема и нив...каде и да се....... Крајот е тука,..го чувствувам...ме плаши...
Последната солза..во знак..на пекол и рај!..
....Сите ќе умреме....
СЕ ИМА ПОЧЕТОК И КРАЈ!
..Живеам за да умрам..!
Кон врв
Delicia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*dream catcher*

Регистриран: 20.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 10984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Delicia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2009 во 15:57
Не ме барај со поглед....
Невидлива сум!
За обичните смртници.....
Погледни во небото...
Гледаш?!
Таму ја растурив душата само за тебе....
Не ме барај помеѓу насмевките,
Невидлива сум!
Стави ја раката на левата страна.....
Слушаш?!
Таму си надов место....
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2009 во 18:54
Сеуште сум оној што бев
ти си подобра од таа што беше
иако ми се чини дека помалку те има
празнини и пустини се оние што беа
низ кои се движам
во кои ништо не се менува
како свој ме зедоа
дали те има
празнина не ми предизвикува
личи на сеедно
мојот лик не се менува.
Од тебе направив жена
каква не знаеше дека си
но само празнотија ти одзедов
и солзи неисплачени
во себе ги примив
со нив се хранам
затоа личи на сеедно
затоа мојот лик не се менува.

Кон врв
Delicia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*dream catcher*

Регистриран: 20.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 10984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Delicia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2009 во 22:17

...само пребледените згрчени усни ме издаваа, само тие предавнички покажуваа колкава е големината на болката која го распорува моето тело.....како нежни топли прсти, кои ми ја милуваат снагата, ги чувствувам жешките капки крв додека ми се тркалаат низ плеќите, додека со треперливите раце, ширејќи ги дланките на кои уште имаше траги од крв и пепел, ги затварав ушите, препречувајки му го патот на звукот на грмотевиците да достигне до саканата цел.Не, не успеав....Грмотевниот звук е толку силен и болен што повторно се најдов на колена, со рацете зариени во сувата пепел....Долг, предолг е моментот на немоќта....Зашеметена од болката, ја кревам главата, црпејќи ги последните сили и со поглед исполнет со молби, желби и таа трошка надеж што ја чував, погледнав кон темните сиви облаци, натежнати од ледените капки.....Нека врне!Нека дождот ја испере сивата пепел која се налепила на моето бледо лице, нека дождот ја напои сушната земја, за да може да изрти семето посеано од нежните самовилски раце.....Долг е, предолг е моментот на немоќта додека го слушам незаморното пафтање на крилјата на гладните мршојадци кои кружат над мојата сенка.

Со потсмев и тајно слатко задоволство им ја препуштам својата снага, празната обвивка на мојата душа....незнаат тие дека срце немам, а ни душа.....Незнаат дека срцето го ставив помеѓу дланките на сонцето небесно да го чува додека недојде ангелот бел со свилени крилја, а душата....

....душата ја спуштив пред рајските порти.....нема што да земат нели ?

...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2009 во 10:25
Времиња куrташак си играат
како мравки
во брза река не’ фрлаат
кој ли ќе се спаси
дека сме баш тие се надеваме
некој глас во нас се смешка
колку ли сме наивни
иако само тоа ни’ остана.
Мечка оро во комшии игра
ако му е
бар нема да види
кај нас кога ќе заигра,
ние еднакви сме
со име и со број
друго ништо не не’ врзува
додека со ланци тропкаме
и за врат се тегнеме
во строј додека се сопнуваме
прасиња на колење носат
добро е
се тешиме.
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2009 во 08:33







Не, не оди, зашто еден зумбул само тебе те прати
Не заминувај. Застани. Кажи каде згрешивме.
Дали јас сум виновникот, или ни сам не знаеш со  себе што.
Дали мирисот на други зумбули те понесе...или сеуште чекориш по мојот.


Зарем не знаеше колку зумбулите се нежни
Зарем не знаеше дека лесно се повредливи
Зарем мислеше дека опиен од мирисот можеш вечно да живееш
Или пак мислеше ке те додржат мегу облаците.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2009 во 23:47
НЕКОГАШ
( последна на овој форум)

Не скогаш
и не никогаш
може да се случи:

од змија отров
насмевката ќе ми ја премачка,
ќе ја ујдиса ко за дочек
на сватови пред свадба,
а под јазикот
црната наума да се џилита злобна...

одамна го потчинив пеколот
со капка крв
од скапана душа на јанѕа
и ги научив огновите да мирисаат
како цвеќе за кралица што е ветено
- моите огнови со очи на дете
волчја песна во забите џвакаат...

и научив:
во влакно од коса на заспана убавица
да ги растреперам метафорите
на најлудата песна
што само ветрот знае да ја испее
кога заспива во гнездо од срце
на мала птица што умира на дождот...

не секогаш,
и не никогаш...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2009 во 22:25
Осетив рака на моето свиткано рамо. Во тишината, да бев повеке при себе, можеби и ке ме исплашеше. Но не ме исплаши. Можеби зашто немав намера да се грижам за иднината, а можеби и  зашто беше тоа топол, смирувачки допир кој како да шепотеше-јас сум тука за тебе. И додека 4 часа се запрашував која е смислата на моето постоење, таа рака за пар секунди ми докажа дека сеуште има смисла. Дека мпжеби, сепак сеуште...постои негде пријателство....или можеби...сепак сеуште...постои негде љубов. Братска, пријателска, брачна....Можеби постои. Но во истиот момент кога ми влеа надеж, си помислив-Не повторно. Не сакам да патам! Премногу боли! И само изустив-Остави ме. Тивко како ветрот да го прошепоте тоа низ нотите на кои дрвјата свиреа. Како добро наштимана виолина а само звездите се публика. Толку многу, а сепак толку немо. Тоа беше најболниот одговор за мене. -Ако е тишина, не значи дека никој не те прати. Го свртев најспоро што можев погледот кон моето лево рамо на кое сеуште лежеше  таа непозната рака и уште еднаш си го потврдив тоа што го помислив, а во карпестите шпицеви ја гледав таа непозната сенка која не сакаше да замине. Остана зад мене уште некое време. Не знам дали минути..или пак часови....се трудеше со тишината да ми помогне. Кога реши да замине само тивко прошепоти-Јас сум само патник, пустинец во нокта, само те подисправив иако ти не примети. И како магла што се крева над планините,  замина во молк. Се погледнав и сватив.....несвесно ме подисправи...ме поткрена...никој ....и ништо.................ЧОВЕК....
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2009 во 21:45

Некогаш многу сонував. О да, сонував. Некогаш го живеев сонот ко јаве, колку само тоа реално беше. Некогаш се имаше смисла, некогаш секоја смисла се губеше. Во секоја мисла, во секој збор...во секое прашање, во секоја игра. Застанував само за да проверам дали сум на сигурен пат, ме погледнуваа како качена на висок коњ. Ах колку ниско се чуствував..... само тие така помислуваа и од завист позеленуваа. Некогаш бев многу срекна...мислам дека сеуште сум. Но некогаш не постоеше тоа сега...не постоеше зависта и лошите погледи. Не постоеја навредите од злите усти....Сега постои срека, но таа срека повредува. Таа срека знае до срж да боли. Некогаш среката е позлобна од тагата. Зашто газиме на толку убави цветови?! Зашто штетиме без корист на нештата кои не заслужуваат!? Зашто плукаме по тоа што ни е свето!? Зашто на некои прашања нема одговор, а сепак јако болат иако не смееме на глас да ги кажеме!? Зашто !?

 

 

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2009 во 01:34



   PORAKA VO SISE
Sekogas si poseben......
sekogas si neobicen.....
sekogas si neodoliv....
sekogas si  nezaboraven....

Sekogas sakas neobicni raboti...
sekogas sakas tainstveni baknezi....
sekogas sakas tainstven dopir.....
sekogas sakas vo srce da me dopres.....

sekogas ko plamen se pojavuvas...
sekogas do ludilo me vozbuduvas.....
sekogas se gubis ko zalez.....
sekogas ostanuvam zrno pesok....

sekogas sakas senka da bides....
sekogas sakas na  pust ostrov da si....
sekogas se vozdignuvam kako svetilnik....
sekogas na breg me ostavas ti....

Sekogas me zbunuvas.....
sekogas sise so ljuboven eliksir mi spomnuvas....
sekogas te svakjam  vistinski.....
sekogas zelbi ti ispolnuvam.....

Porakata ja imas vo sise....
TOA SUM JAS....



Изменето од bijonse1 - 10.Август.2009 во 09:21
Кон врв
fragola Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3829
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fragola Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2009 во 21:28
Preubavi,iskreni poraki vo stihovi,prekrasno!
I get enough exercise...just pushing my luck.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2009 во 21:03
За тебе
ништо не знаев
ризикував
никогаш да не дознаам
не знаев
дека отворена беше
не како за гостин
ниту како за просјак
не го гледав црвениот тепих
кој за мене го посла
во тебе гледав
се обидував да дознам
а цело време сум знаел
што треба да ти кажам
кога требаше да ти кажам
но ти го слушаше
она што не знаев да ти го кажам
го гледаше
она што требаше да го направам
како за утеха знам
дека го чувствуваш
она што најпосле го дознав
она што од мене ти требаше
нема да дозволам повеќе
во следните животи
тоа да го заборавам.


Изменето од zbunet - 09.Август.2009 во 21:10
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2009 во 02:53
poziv

       Негде после полноќ

Веке е касно......
во глава мисла ми трешти......

you are my love
you are my day and night
you will be my tonight.....

чаршавот го превртив..... веќе сто пати
креветот жедно.............. само се клати
прстот...............насмевот го прати мој
а тебе те нема ............. ухх пак си свој

и
пак ке речам  по кој знае кој пат
во толку f u c k i n g  касен саат
дека преоѓам секоја граница луда
за твоја наивна  f u c k i n g  авантура
онака.....апсолутно без цензура

се прашувам дали сум луда ???







Изменето од bijonse1 - 09.Август.2009 во 02:57
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2009 во 23:46
НЕ КРАДИ МИ ГИ НАСМЕВКИТЕ

Не кради ми ги насмевките
со вкус на исушени трнинки
во брчките...

не кради ги и тогаш
кога, наизглед, ти ги нудам со нив
мрешкавите огледала на лакомите очи,
како со слатко од капинки...

оти:
зборовите претекле
дури дотекле,
и не се нашле сами со себе
со убост од срце да те добросат
да те миросаат,

тебе,
кралицата на грешничките,
од темните сокаци
на Содома и Гомора што доаѓаш
наизменично
во наметка од врел бессрам
и рутинска грациозност
на ѕвездена заводничка од прашината...

не кради ми ги насмевките
- насмевкитe што ти ги спакував за разделба...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3031323334 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,453 секунди.