![]() |
|
На денешен Ден |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2930313233 36> |
Автор | |
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1533.- Во Ферари умре Лодовико Ариосто, прославен италијански епски пет, чиј витешки еп "Бесниот Роналдо" стана блескав поетски израз на духот на уметничките и на модерните тенденции на италијанската ренесанса. Роден е на 8.9. 1474 година. 1887.- Во Витебск, во Русија, е роден Марк Шагал, еден од најоргиналните европски сликари. Создаде фантастични композиции од животот на Евреите и на руските селани. Се занимаваше со графика и сценографија. Умре во Ница, во Франција, на 28.03.1985 година. 1893.- Во Загреб е роден Мирослав Крлежа, хрватски писател, еден од најзначајните личности на културно-книжевните случувања во периодот по Првата светска војна. Неговиот книжевен опус опфаќа поезија, критики, полемики, драми, есеи, студии, романи и друго. најзначајни негови дела се "Хрватскиот бог Марс", "На работ од умот", "Господа Глембаеви", "Во агонија" и други. Умре во Загреб, на 29.12.1981 година. 1921.- Во селото Брусник, битолско, е роден Васко Каранѓелески, народен херој на Македонија. Загина во несреќен случај, на 3.02.1977 година. 1937.- Јапонската армија го нападна кинескиот гарнизон кај Лучиоа, во близина на Пекинг. Кинеските сили се спротивставија, па Јапонија тоа го искористи како повод за агресија врз Кина. Кинеско-јапонската војна траеше се до капитулацијата на Јапонија во септември 1945 година. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1811.- Венецуела стана прва јужноамериканска држава која прогласи независност од шпанските колонијални власти. Беше шпанска колонија од 1498 година. Таа е најбогата земја во Латинска Америка, со најголем национален доход по жител.- Национален празник на Венецуела. 1857.- Родена е Клара Цеткин, познат политички работник на германското и на меѓународното социјалистичко движење, писателка и публицистка. Умре во Архангелское, кај Москва, на 20.06.1933 година. 1889.- Роден е Жан Кокто, француски писател. Тој помина низ сите фази на модерната уметност: кубизам, дадаизам, футуризам, неокласицизам и надреализам. Во неговите сценски дела се застапени сите родови на техниката, од пантомима, балет и мело-драма, до комедии и класични трагедии. Од 1955 година беше член на Француската акдемија на науките. Умре на 11.10.1963 година. 1891.- Во Врагорац е роден Аугустин-Тин Ујевиќ, еден од најголемите поети на современата хрватска литература. Познати се неговите стихозбирки "Лелек на ратајот". "Медал", 'Песни", "Жеден камен на кладенец". Умре во Загреб, на 2.11.1955 година. 1920.- Весникот "Социјалистичка зора", орган на Обласниот секретаријат на Социјалистичката работничка партија на Југославија ( комунисти) за Македонија и стара Србија објавија статија под наслов "Нашите непосредни задачи" , во која се укажува на последиците од империјалистичките војни на Балканот. Од нив најмногу беше оштетена Македонија. Во врска со ова, се вели: "Цели градови и села стојат разурнати, изгорени и ннаселението како сенка поминува низ изгорените патишта од гранати. Селата и градовите што војната не ги уништи не страдаат помалку, бидејќи империјалистичките орди и воената луња и таму оставија длабоки трагии". 1943.- Со офанзивата на германските сили од правците Орел и Харков почна битката кај к*рск, најголемата тенковска битка во Втората светска војна. Германците кај к*рск претрпеа пораз од советската армија, од кој веќе не можеа да се повратат. 1954.- Во Мемфис, САД, Елвис Присли, американски рокенрол пејач, ја сними песната "Се е во ред мамо" . Овој датум се смета за почеток на рокенрол музиката. 1988.- Во Скопје умре Драга Чаловска-Секуловска, македонски новинар, учесник во НОВ од 1941 година и еден од основачите на Радио Скопје. Родена е во Битола, на 13.10.1923 година. 2000.- Во Скопје , во издание на ДНИД "Огледало" ДОО излезе првиот број на дневниот весник "Вест". 2001.- Началникот на Генералштабот на АРМ Панде Петровски и генералот на полицијата Ристо Галевски, од македонска страна, со Европската унија и со НАТО потпишаа изјава за прекин на огнот со албанските терористи. Иста изјава потпишаа и претставникот на ОНА Али Ахмети, генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон и претставникот за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Хавиер Солана. 2006.- Во Република Македонија се одржаа петтите парламентарни избори. Партиите, односно коалициите ги освоија следните пратенички мандати: ВМРО-ДПМНЕ - За подобра Македонија-44, СДСМ- За Македонија заедно-32, ДУИ-ПДП-18, ДПА-11,ВМРО-Народна-7, НСДП-6, ДОМ-1 и ПЕИ-1. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1776.- Во Филаделфија, Конгресот на претставниците на северноамериканските колонии, кои се побунија против Англија, донесе "Декларација за независност" (составувач е Т.Џеферсон) со која е прогласена нивната независност под името Соединети Американски Држави. Најзначаен дел од Декларацијата е уводот во кој се изложени демократските стремежи на новата нација, духот што тогаш беше уште непознат во земјите на феудална Европа. Целосна независност САД извојуваа дури во 1781 година со победата над британската колонизаторска војска.- Национален празник на САД. 1798.- Со походот на Египет, Наполеон Бонапарта го зазеде градот Александрија, кој дотогаш беше турска провинција. Во рацете на Франција остана до 1801 година. 1807.- Во Ница, е роден Џузепе Гарибалди, италијански револуционер и демократ, водач за обединување на Италија по револуционерен пат. Умре на островот Капрера, на 2.06.1882 година. 1826.- Умре Томас Џеферсон, трет претседател на САД (1801-1809). Роден е на 13.04.1743 година. 1884.- Во знак на сеќавање на раѓањето на САД на Денот на независноста-4 јули, Франција им ја подари на САД статуата "Слободата го осветлува светот", позната како Статуата на слободата. Статуата е дело на Густав Ајфел и е висока 93 метри. 1934.- Во санселмоз, Франција, умре Марија Кири-Склодовска, француска физичарка, хемичарка и математичарка од полско потекло, мажена за францускиот научник Пјер Кири, со кого ги откри радиумот и плутониумот и ја постави основата на модерната наука за радиоактивност. Со Пјер Кири ја доби Нобеловата награда за физика во 1903 година, а во 1911 година самата и за хемија. Родена е во Варшава, на 7.11.1867 година. 1946.- По 47 години под власт на САД, основана е независна Република Филипини. 1972.- ДНР Кореја и Јужна Кореја се откажаа со посебен договор од употребата на сила во решавањето на меѓусебните односи и во начело се согласија да работат на новото обединување на Кореја на мирен начин без мешање однадвор. 1996.- Република Македонија и Канада воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво. 2001.- Умре Никола Ковачевски, еден од доајените на спортското новинарство во Македонија. Роден е во Скопје, во 1923 година. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
- Меѓународен ден на архитектурата и Ден на архитектите на Република Македонија 1535.- Британскиот филозоф и државник сер Томас Мор е осуден на смрт поради велепредавство откако одби да положи заклетва за верност на кралот Хенри Осми. 1804.- Во Париз е родена Жорж Санд (вистинското име и е Орора Дипен), француска писателка, чии собрани дела опфаќаат сто томови. Таа беше борец за еманципација на жените и голем критичар на хипокризијата во тогашното општество. Пишуваше сентиментални, социјални романи и раскази за селото. Умре на 8.6. 1876 година. 1867.- Под притисок на Канаѓаните, британската Влада донесе "Северноамерикански закон" со кој е воспоставена канадска држава под називот "Доминион". Поради опасност од многу посилните САД, Канаѓаните наместо на југ, од тој момент тргнаа во освојувањето на големите пространства на запад по течението на реката Сент Лоренс, преку големите езера, прерии и капести планини. Создадена е голема држава од 10 милиони квадратни километри со 50 милиони жители. - Национален празник на Канада. 1871.- Рим стана престолнина на Обединета Италија. 1960.- Формирана е обединета и независна Република Сомалија.-Национален празник на Демократска Република Сомалија. 1962.- Руанда и Бурунди прогласија независност. - Национален празник на Република Бурунди. 1984.- Умре Лилиан Хелман, американска писателка. Позната е по напредните и слободоумни идеи. Напиша голем број драмски дела, од кои најпознати се „Малите лисици“, „Деновите што ќе дојдат“, „ Стража на рајна“ и други. Родена е во 1905 година. 1993.- Малезија ја призна Република Македонија. 1993.- Македонските железници станаа рамноправна членка на Меѓународната унија на железниците (УИЦ). 1994.- По 27 години прогонство, палестинскиот лидер Јасер Арафат го направи своето историско враќање во Газа. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1859. - На ортома растегната над Нијагарините водопади Чарлс Блондин, пред 25.000 гледачи, мина од САД во Канада 1908.- Во источен Сибир падна метеор , предизвикувајќи џиновска експлозија и земјотрес што се почувствува и во централна Европа 1913.- Со нападот на бугарските сили на позициите на српската и на грчката војска во Македонија почна Втората балканска војна, што заврши со мирот заклучен во Бук*решт, на 10.08.1913 година. 1934.- Германскиот нацистички водач Адолф Хитлер ја започна пресметката со политичарите и со воените личности од сопствената Национал-социјалистичка партија. Притоа се убиени стотина негови приврзаници и други активисти, меѓу кои и Ернст Рем, еден од највлијателните личности. 1941.- Непосредно по капитулацијата на Полска (1939 г.), Германците изградија логор за масовно уништување, познат како "Аушвиц", според градот Освенцим, западно од Краков. 1949.- Во Скопје е изведена првата балетска премиера „Валпургиска ноќ“ од францускиот композитор Шарл Гуно, а во кореографија на Ѓорѓи Македонски. 1960.- Белгија ја призна независноста на својата дотогашна африканска колонија - Конго. 1972.- Укината е смртната казна во САД. 1973.- Сенка на Месечината го прекри целиот африкански континент. Тоа беше најдолгото замрачување на Месечината во поновата историја. 1974. - Алберта Кинг, мајка на убиениот американски свештеник, црнечки лидер и нобеловец Мартин Лутер Кинг , е убиена во текот на молитва во црква, шест години по атентатот на нејзиниот син. 1974. - Рускиот балетски играч Михаил Николајевич Баришников емигрира од СССР во теком на турнејата низ Канада на ансамблот на балетот на "Бољшој театарот". 1993.- Битолскиот универзитет го доби името на еден од најистакнатите личности на словенската писменост "Свети Климент Охридски" |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1586.- Во Дерендинген, Германија, умре Примож Трубар, словенечки протестантски реформатор и писател, „татко на словенечката книга“. Во 1551 година издаде прва печатена книга на словенечки јазик. Роден е во рашица, на 8.6. 1508 година. 1798.- Во Реинати е роден Џакомо Леопарди, еден од најголемите италијански поети. Неговата поезија е израз на неговиот песимистички став кон човековото битисување. Во стих и во проза, тој создаде силен и помодерен јазичен израз. Главни негови дела се "Песни" и "Дијалози и есеи". Умре во Неапол, на 14.06.1837 година. 1877.- Во селото Стричиќи, кај Бања Лука, е роден Петар Кочиќ, еден од најистакнатите писатели на српскиот реализам. Пишуваше песни, проза и сатира. Расказите му се одликуваат со силно чуваство за животот на подјармениот босански селанец. Во сатирата остро го критикува состојбите во босанското село под австриска окупација. Меѓу неговите дела најпознати се „Јазовец пред суд“ , „Суданија“ и други. Умре во белград, на 27.8. 1916 година. 1917.- Кралството Грција ги раскина односите со Централните сили и застана на страната на Антантата. На таа одлука и претходеше истоварувањето на сојузничките трупи, што го забрза падот во прогерманската влада во Атина. 1939.- Извршен е првиот комерцијален лет преку Атлантикот. Авионот "Диск Клипер" долета од САД на аеродромот во Лисабон, Потугалија. 1943.- Американските единици во Втората светска војна се истоварија на Нова Гвинеја, остров во Пацификот, втор по големина во светот. 1945.- Кај Радовиш, во сообраќајна несреќа загина Чеде Филиповски-Даме, народен херој на Македонија. Роден е во селото Никифорово, гостиварско, на 16.11.1923 година. 1990.- Од Ленинград во Скопје донесени се моштите на Димитрија Чуповски (македонски политичар, патриот, просветител, историчар, картограф, новинар...) и се положени во црквата "Свети Спас". 2000.- Република Македонија воспостави дипломатски односи со Република Гвинеја-Бисао и со Федералната Исламска Република Коморски Острови. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1577.- Во Зиген е роден Петар Паул Рубенс, фламански сликар, еден од најголемите мајстори на барокниот стил. Соединувајќи ги најдобрите традиции на северњачкото и на италијанското сликарство, тој создаде слики полни со драматика, еротика, раскош на костимите и сјај на боите. Умре во Антверпен, на 30.05.1640 година. 1712.- Во Женева е роден Жан Жак Русо, француски писател и филозоф - просветител. Негови познати дела се "Расправа за науката и уметноста", "Емил", "Општествен договор" и други. Умре во Ерменонвил, на 2.07.1778 година. 1867.- Во Аргиент е роден Луиџи Пирандело, италијански писател. Меѓу најзначајните негови дела се драмите "Шест лица го бараат писателот", "Хенри 4", романот "Покојникот Матија Паскал" и други. Добитник е на Нобеловата награда за литература во 1934 година. Умре во Рим, на 10.12.1936 година. 1895.- Под раководство на македонскиот социјалист Васил Главинов почна да излегува весникот на македонските социјалисти „Револуција“. Весникот излегуваше еднаш неделно на Македонски јазик и наиде на голем реакција кај големобугарските кругови, кои го оценија како сепаратистички. 1914.- Во Сараево е извршен атентат врз австрискиот престолонаследник Франц Фердинанд. Атентатот го изврши Гаврило Принцип, еден од основачите на организацијата „Млада Босна“. Овој атентат го искористија австро-унгарските империјалисти за да ја нападнат Србија. По неприфатениот ултиматум на Австро-Унгарија,таа на 28.7.1914 година и објави војна на Србија со што почна Првата светска војна. 1919.- Во Версај, кај Париз, е потпишан договор за мир меѓу преставниците на германската Влада и претставници на земјите победнички во Првата светска војна. 1921.- Во Софија, од заведен атентатор на врховистите-платеници на бугарскиот двор, е убиен Ѓорче Петров, една од личностите која целиот свој живот го посвети на борбата за слобода на македонскиот народ. Тој е еден од најверните идејни соработници на Гоце Делчев и истакнат заштитник на целите и на принципите на Внатрешната македонска револуционерна организација. Иако беше противник за кревање на востание на македонскиот народ, тој зеде активно учество во Илинденското востание од 1903 година. Роден е во варош, Прилепско, на 2.4. 1865 година. 1970. - Силите на САД почнаа да се повлекуваат од Камбоџа 1993.- Во Лондон, Република Македонија го потпиша Уставот на УНЕСКО, со што формално стана членка на оваа асоцијација на ООН. 1995.- Република Македонија и Република Азербејџан воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасадори. 2001.- Умре Оливер Китановски ( на 21 год.) од Башино село, Велешко, припадник на МВР на РМ. Тој умре од здобиени тешки рани во борбите на 23.6.2001 година против албанските теросристи меѓу селата Брњарви и Арачиново. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1574.- Во Фиренца умре Џорџо Вазари, италијански сликар, архитект и писател, еден од основачите на историјата на уметноста. Неговите биографии на италијанските уметници меѓу 13-тиот и 16-тиот век претставуваат главен извор за проучување на италијанската уметност во тоа време. Роден е во Аредо, на 30.07.1511 година. 1858.- Со мирот во Тенцин заврши Кинеско-англиската војна. Кина беше принудена на англиските бродови да им отвори свои пристаништа и да ја легализира трговијата со опиум. 1905. - Побунети руски морнари, на отворено море, ја зазедоа крстарицата "Потемкин" од саставот на црноморската флота и потоа со црвено знаме впловија во пристаништето Одеса. Бунтот на "Потемкин" е прв масовен израз на незадоволство во руската царска армија со кој се најавија бурните револуционарни случувања во Русија. 1916.- Во Берлин, под обвинение дека ги организирал демонстрациите во Берлин, пред суд е изведен Карл Либнехт, еден од основачите на Комунисттичката партија на Германија. Беше осуден на четири години затвор од кој што никогаш не излезе. Овој водач на германскиот пролетеријат беше ѕверски убиен на 15.1.1919 година. 1941.- Македонскиот револуционер Иван Козарев-Балкан ја поведе првата партизанска група во Пиринска Македонија и влезе во борба против бугарската полиција во своето родно село Добриништа, Разлошко. Козарев е роден на 15.01.1901 година. Учесник е во Септемвриското востание од 1923 година против режимот на Цанков и еден од најистакнатите работници на ВМРО (об.) Поради неговото дејствување против режимот често беше затворан. Во тејкот на војната тој претставуваше олицетворение на храброст, бестрашност и верност кон идеалите на македонскиот народ. 1941.- Унгарија и Финска му објавија војна на Советскиот сојуз. 1954. - Првата нуклеарна електрана во светот е отворена во Обнинск, крај Москве. 1966.- Во Тананарива, главен град на Малгашката Република, е основана Заедничка африканска и малгашка организација (ОЦАМ). Организацијата е основана од 14 африкански држави. 1977.- Официјално престана да постои прекуокеанската територија Афар и Иса која стана независна Република Џибути (држава во североисточна Африка). 1978.- Од советскиот косомдром "Бајконур" е лансиран вселенскиот број "Сојуз-30" со меѓународен екипаж, што го сочинуваа 37-годишниот полски мајор Миропслав Гермашевски и 35-годдишниот советски полковник Петар Климук. Гермашевски е првиот Полјак кој летна кон вселената. По осумдневен престој во вселената, на кој двајцата космонаути на орбиталната станица " Саљут-6" се состанаа со екипажот на "Сојуз- 29" Владимир Ковалјанко и Александар Иванченков, "Сојуз -30" се спушти на земјата. 1995.- Република Македонија и Монголската народна Република воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасадори. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
- Светски ден на борба против дрогата. 1541. - Во судирот меѓу шпанските освојувачи за власт на новоткриените територии, е убиен нивниот водач Франциско Писаро. Тој во 1532 година, со само 200 војници, со измама, ја зазеде престолнината на Инките, Кахамарка, и го зароби царот Атахуалпа, по што Перу стана шпанска колонија, а во 1535 година ја основа Лима, подоцна престолниа на Перу. 1810.- Имре Жозеф Моголфие, француски пронаоѓач. Со својот брат Етјен го конструира првиот аеростат-воздушен балон наполнет со топол воздух. Роден е во 1740 година. 1824.- Роден е Вилијам Томсон Келвин, англиски физичар. Работеше на воведувањето на апсолутен систем на единици и мерења, учествуваше во полагањето на трансатланскиот телефонски кабел и изработи температурна скала. Умре во Белфаст, на 17.12.1907 година. 1843. - Хонг Конг е прогласен за британска кралска колонија. 1861.- Во Прага умре Павел Јозеф Шафарик, словачки филолог и историчар, еден од најистакнатите чешки и словачки народни преродбеници. Неговото дело е од големо значење за словенските народи. Меѓу другото, ги објави и Житијата на Кирил и Методиј. Родене во Кабеларево, на 13.5. 1795 година. 1892.- Родена е Перл Бак, американска писателка. Светска слава стекна со своите романи за животот на кинескиот народ. Најпознати нејзини дела се "Добра земја", "Мајка", "Исток-запад", "Синови", "Разурнат дом" и други. Добитник е на Пулицеровата награда во 1931 година и на Нобеловата награда за литература во 1938 година. Умре во Данби, на 6.03.1973 година. 1906. - Во францускиот град Ле Ман е одржана првата автомобилска Гранд при трка 1945.- Во Сан Франциско, во САД, претставници на 50 земји потпишаа Повелба за основање Организација на обединетите нации (ООН). Повелбата стапи во сила на 24.10.1945 година (овој ден се прославува како Ден на Обединетите нации). 1992.- Во Скопје, е формирана Македонската фармацевстка комора, со цел да ја организира и унапредува фармацијата како неделив елемент на здравството. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
- Денеска е Ден на телесните инвалиди на Македонија 1822.- Во Берлин умре Ернст Теодор Амадаус Хофман, германски писател, композитор и музички критичар, претставник на доцната романтика. Најпознати негови дела се "Животните погледи на мачорот Мур", "Серапиновите браќа" и други. Роден е во Кенигсберг (Калинград) на 21.01.1776 година. 1905.- Меѓу селата Куклица и Пендаќ, триилјадна турска војска и жандармерија ја опколи четата од 13 борци на македонскиот војвода Атанас Бабата ( А. Димитров). Се разви жестока борба. Кога ја привршија муницијата борците ја изгореа архивата на четата, ги искршија пушките и револверите, извикувајќи „Да живее слободна Македонија“ и се самоубија, следејќи го примерот на својот славен војвода. Атанас Бабата е еден од првите членови на ТМОРО (1897-1905). Работеше во повеќе од 16 реони, а беше раководител на околу 40 борбени акции. За време на Илинденскоот востание од 1903 година дејствуваше во Кратовско. Атанас Бабата е роден во село Санитово, пазарџиско, во 1875 година. 1906.- По една акција на четата на војводата Ѓорѓи Ацев кај селото Крапа, кај Македонски Брод, против една великосрпска платеничка чета, војводата беше ранет, а за да не биде заробен, се самоуби. Тој е брат на познатите македонски војводи Мирче и Петар Ацев. Роден е во селото Ораовец, Прилепско, во 1883 или 1884 година. 1920.- Градот Хаг, во Холандија, е избран за седиште на Меѓународниот суд на првадата. 1978.- Во Оклахома, градче недалеку од Манчестер, во Англија, е родена Луси Браун-првото дете „зачнато“ во епрувета, вештачки оплодено со составување на мајчината јајце-клетка со татковото семе. 1984.- Во Париз умре Мишел Фуко, прочуен француски мислител и еден од најеминентните светски филозофи. Роден е во 1926 година. 1991.- Ден на државноста на Република Словенија. 1992.- Литванија ја призна Република Македонија. 1996.- Република Македонија и Катар воспоставија дипломатски односи. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1859.- Во селото Солферино, во близина на Мантова и езерото Гарда, во Италија, во текот на војната за обединување на Италија (1850-1870) се водеше една од најтешките битки во текот на 19 век, кога загинаа или беа ранети околу 40.000 луѓе. Во битката здружената француско-пиемонтска војска ја порази австриската војска. Победата над Австрија го забрза процесот на обединување на Италија. 1861.- Во Загреб излезе од печат Зборникот на народни песни, епохално дело на браќата Димитар и Константин Миладиновци, македонски преродбеници во 19 век. Зборникот стана поетски учебник за идните генерации македонски писатели. Обајвувањето на Зборникот го овозможи познатиот хрватски бискуп, Јосип Јурај Штросмаер. 1864.- Во Париз е роден Анри де Тулуз Лотрек, француски сликар, голем мајстор на литографијата, чии омилени мотиви беа личностите и настаните од ноќниот живот на Монпарнас, во Париз. 1916.- Почна офанзивата на силите на Антантата на реката Сена, во Франција, во која стотици илјади луѓе, со месеци со своите животи ја плаќаа кратковидоста на своите команданти. Во таа најкрвава битка во Првата светска војна Французите загубија 590.000, Англичаните 412.000, а Германија имаше половина милион мртви и ранети војници. 1975.- Меѓународната организација на трудот во Женева, ја усвои Конвенцијата за работниците-емигранти. Конвенцијата предвидува обврска на сите земји-членки да ги почитуваат основните човекови права на сите странски работници на работа во нивното стопанство и да обезбеди еднакви можности за вработување, социјално осигурување и индивидуални и колективни слободи. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1633. - Судот во Рим, составен од црковни лица, го осуди Галилео Галилеј на доживотна робија, а неговите дела ги забрани како опасни за христијанскиот свет. Тој работеше на откривањето на тајните од областа на астрономијата. Во 1608 година, го конструира првиот телескоп, со кој дојде до нови сознанија за движењето на Земјата и на другите планети. 1668. - Во Неапол е роден Џовани Батиста Вико, италијански филозоф. Се смета за основач на филозофијата на историјата како научна дисциплина и на психологијата на културата. Умре во Неапол, на 21.01.1744 година. 1915. - Во Прилеп е роден Кузман Јосифовски-Питу, народен херој на Македонија. Бугарската полиција го уби во Скопје, на 25.02.1944 година. 1995. - Во Ла Џола, во САД, умре Џонас Салк, американски микробиолог, кој во 50-те години на 20 век ја откри вакцината против детската парализа. Роден е во 1914 година. 2001. -Продолжува акцијата во Арачиново.Македонската војска и полиција ја продолжува решителната акција за отсранување на албанските терористити од Арачиново и неговиот регион. 2001. - Воено воздухопловство на Македонија.Над Македонија денеска летаа првите авиони на Военото Воздухопловство на РМ, СУ-25 (жабља нога). |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
- Денеска е Меѓународен Олимписки ден 1533. - По неуспешната опсада на Виена-1529 година и безуспешниот поход на престолнината на Австрија во 1532 година, турскиот султан Сулејман Втори со Австрија мораше да потпише договор за мир. 1805.- Во Џенова е роден Џузепе Мацини, италијански револуционер и демократ. Во 1831 година во Марсеј, Франција го основа револуционерното здружение "Млада Италија". Учествуваше во борбите за обединување на својата земја и до крајот остана верен на републиканските начела, протестирајќи против обединувањето на Италија врз монархистички основи. Умре на 10.03.1872 година. 1815. - Францускиот цар Наполеон Први- четири дена по поразот на неговата армија кај Ватерло - по втор пат мораше да абдицира од престолот и потоа е одведен на островот Света Елена, во Атлантскиот океан, каде умре во 1821 година. 1904.- На врвот Лингура, кај селото Долно Ѓуѓанце, Светиниколско, здружените чети на Славејко Арсов и на Атанас Бабата водеа тешка борба против турската војска. Во судирот загинаа голем број македонски борци, меѓу кои и војводата Славејко АСрсов ( роден е во селото Ново Село, Штипско, на 17.8. 1878 година) , а Атанас Бабата беше тешко ранет. Турската војска имаше 60 загинати и ранети војници. 1907.- Во Рим е роден Алберто Моравија, италијански писател. Најпознати негови дела се "Рамнодушни луѓе", "Конформист", "Римјанка", "Презир", "Чочара" и "Римски приказни". Умре во Рим, на 26.09.1990 година. 1913.- Во Санкт Петербург излезе првиот број на списанието „Македонски голос“ („Македонски глас“), орган на привзаниците на независна Македонија. Списанието излегуваше на руски јазик. Само песната„ Крали Марко“ во бр. 9/1914 година е на македонки јазик, мијачки дијалект. Издавач на списанието беше Димитар Чуповски. Списанието престана да излегува на 3.12.1914 година, заклучно со бројот единаесет. 1941.- Во раните утрински часови, Хитлерова Германија го нападна Советскиот Сојуз. Копнените и воздушните борби го зафатија целиот фронт од Црно Море до Балтичко Море, со содејство на околу 200 пешадиски и механизирани нацистички девизии определени за секавична војна. 1976.- Во Долниот дом на канадскиот Парламент е изгласано укинување на смртната казна. 1995.- Во Брисел, министрите за надворешни работи на Русија, Андреј Козирев и заменикот генерален секретар на НАТО Серџо Баланзино го потпишаа документот на „Партнерство за мир“. 1999.- Претседателот на САД Бил Клинтон ја посети Република Македонија.... Ова е прва посета на претседател на САД на Република Македонија. 2001.- Македонските безбедносни сили ја почнаа решавачката офанзива за чистење на теренот од албанските терористи во селото Арачиново, Скопско. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1818. - Францускиот научник Рене Лаенек во Париз, пред околу 30 лекари го прикажа својот пронајдок: првата слушалка за поставување дијагноза кога се во прашање срцеви и белодробни болести - стетоскопот. 1874. - Умре Јонас Ангстрем, шведски физичар и астроном. Го истражуваше Сончевиот спектар и ја воводе единицата за бранова должина на светлината - „ангстрем (А)“. Роден е во 1814 година. 1905. - Во Париз е роден Жан Пол Сартр, француски филозоф и писател. Тој е основоположник на француската егзистенцијалистичка школа и импресивна фигура во современата литература на својата земја. Најпознати негови дела се романите „Тегобност“, „Патишта на слободата“, драмите „Валкани раце“, „Зад затворени врати“, филозофските дела „Битие и ништожност“ и „Критика на дијалектичкиот ум“. Во 1964 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре во Париз, на 15.04.1980 година. 1935. - Во Париз (од 21 до 25 јуни) е одржан Првиот меѓународен конгрес на писателите, на кој е решено да се основа Меѓународно здружение на писателите за одбрана на културата. 1963. - Франција ги повлече поморските сили од НАТО. 1990. - Во Унгарија повторно е отворена берзата, по 42 години откако беше затворена со одлука на комунистичката влада која ја презеде власта по Втората светска војна. 1994. - Почна пописот на населението, домакинствата и на земјоделските стопанства во Република Македонија. 1994. - Република Македонија и Република Киргистан воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади. 1996. - Република Македонија и Туркменистан воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво. |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2930313233 36> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |