|
Вести |
Внеси реплика | страница <1 2930313233 61> |
Автор | |
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ти велев јас дека смрди работата уште со клубовите кога почнаја да штрајкуваат.Најдобро е скроз да го забранат да не се мачат децата за џабе
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Летаат "глави" за Македонија - Канада
Под истрага на "Интерпол", а во соработка со УЕФА е пријателскиот натпревар Македонија - Канада (3:0), одигран на 14 ноември, во Струмица. Сомнение за нова "местенка" по пријава на азиските обложувалници кои во надлежните институции го пријавиле ненормалниот проток на пари. Загуба од неколку милиони и веднаш акција на инспекторите. Прва жртва од новата афера која е повторно нов удар за фудбалот во Македонија е бугарскиот арбитар Антон Генов. Тој на скандалозниот натпревар покажа дури 4 удари од белата точка. По анализите и по неколкуте состаноци во Нион донесена е одлука. Антон Генов е симнат од листата и нема да го води денешниот меч од Лигата на шампионите меѓу Динамо Киев и Барселона. И веднаш шок во Бугарија. Денешниот ден требаше да биде врв на судиската кариера на Генов, а Бугарија по 10 години ќе имаше арбитар кој ќе води натпревар од групите во Лигата на шампионите. Одлуката на УЕФА е донесена па така место Генов за главен судија е делегиран Англичанецот Веб. Дознавме дека Генов бил повикан на сослушување во Нион и каде одговарал пред инспекторите на УЕФА. Со тоа е даден јасен сигнал дека службите кои се во војна со фудбалската мафија веќе сериозно се вклучени во пронаоѓањето докази за "местенката" на натпреварот Македонија - Канада. Нашиот национален тим победи, но некои претерале со парите и сакале за 90 минути да стигнат до милионски заработувачки. За овој скандал веќе неколку дена знае и фудбалскиот врв во земјава кој исто така е во паника. Како и пред неколку месеци околу скандалот со Победа така и сега ФФМ на Хаџи-Ристески преку своите инсталираат лажни приказни и тревоги само за да ја насочат водата на друга брана и да се спасат од притисоците. Кој ако не ФФМ треба да одговара по најновите обвиненија (не е случајна аферата на Јонуз со СМС). Приказните се крајно неаргументирани и без важност. Велат дека луѓе од Македонија го пријавиле Генов во УЕФА дека бил пијан во Струмица на ден пред средбата. Каква срамота...! Некои луѓе се уште како да не разбираат каква моќна институција е УЕФА и што тоа значи зборот "Интерпол". Си кажуваат приказни за мали деца и што е најтрагично, и самите не веруваат во истите иако на сите треба да им биде јасно дека никој никого не може да осуди без докази. КРАЈ НА ПРИКАЗНАТА! Што сега!? Ете ви нов срам и нови скандали. Без разлика на тоа како било и кој бил. Македонија во наредниве денови повторно ќе биде на удар од сите светски медиуми, а скандалот вчера беше топ тема кај нашиот источен сосед. Повторно сме пример за истрага околу "местенки" за интерес од обложувалниците. Катастрофа! Сега не станува збор за нечии приватни или локални клубови туку за националната гордост - репрезентацијата. Дознавме дека на натпреварот Македонија - Канада биле огромни уплатите за наша победа, повеќе од 3 гола и триумф на домаќинот со повеќе од два гола. Тие што имале "дојава" за натпреварот во Струмица се обложувале во живо, а најголемата уплата ја направиле во 30. минута од средбата. Натпреварот Македонија - Канада е нов случај во досието "Македонија", кое е најголемо во УЕФА затоа што постојат уште десетина клупски и репрезентативни натпревари за кои службите во Нион вршат истрага. Има ли крај на ваквите лудории поврзани со Македонија. Ние сме црна дупка во системот на УЕФА и жариште на "фудбалски" експерти кои се занимаваат со лажирање и "местење" натпревари. Не дека другите не "местат" туку само овие нашиве ги фаќаат. Не ги бива ниту во најцрните бизниси во фудбалот. Ако се докаже дека натпреварот Македонија - Канада бил "наместен" е дури тогаш каде ќе им одат душите на оние кои се осудиле да го оцрнат националниот тим и повторно да ја срамотат државата. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ексклузивно на А1 и А2 Светското клупско првенство во фудбал
Во периодот од 9 -ти до 19 -ти декември на А2 и на А1 ексклузивно ќе се емитуваат преноси од ФИФА Светското клупско првенство (FIFA WORLD CLUB CUP) во фудбал, кое за првпат ќе се одржи во Абу Даби. Досега овој настан се одржуваше во Јокохама - Јапонија и беше познат како Тојота Куп или Интерконтинентален Куп. Некогаш тоа беше само еден дуел на шампионите на Европа и на Јужна Америка, но од 2000-та година прерасна во турнир на најдобрите екипи од сите континенти. Во ова 49-то издание, оваа сезона ќе биде со формат од 8 натпревари и сите ќе бидат емитувани најчесто на А2, со исклучок на најважните кои ќе се емитуваат на А1. На турнирот ќе учествуваат: Барселона(актуелен и троен првак на Европа, 19 пати на Шпанија и двапати финалист на ФИФА Светскиот куп) Естудијантес (по четири титули првак на Јужна Америка и на Аргентина и еднаш победник на Тојота купот) Ал Ахли (домаќин во моментов првак и најдобра арапска екипа) Оукленд (двоен шампион на Океанија и четирикратен на Н. Зеланд) Мазембе (троен првак на Африка и десеткратен на Конго) Поханг Стилерс за која настапува македонскиот репрезентативец С. Ристиќ (троен шампион на Азија) Атланте (двоен првак на Централна Америка и троен на Мексико) |
|
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тетекс последен полуфиналист во купот, Македонија Ѓ.П пред искучување Како што се очекуваше екипата на Македонија Ѓ.П не допатува во Тетово да ја брани предноста од 2-0 стекната на првиот дуел со Тетекс. Од овој двобој “штоферите“ се полуфиналисти затоа што овој натпревар ќе биде регистриран со 3-0 за Тетекс. Да биде целата оваа ситуација уште потрагична на “лавовите“ им се заканува преселба во најнизок ранк затоа што неоправдано пропуштаат два натпревари по ред и според пропозициите треба да бидат преселени во најнизок ранк на натпреварување. Ѓорчепетровци се актуелни бранители на титулата, а исто се и финалисти на купот. Па така ако ФФМ одлучи да го следи правилникот и да ги исклучи Ѓорчепетровци македонскиот фудбал ќе изгуби многу и се надеваме дека нема да биде така и дека ќе им се даде уште една шанса.
Во секој случај срамота е индивидуалните интереси да се ставаат пред клупските. Во ваквите случаи страдаат само фудбалерите, никој друг. Тој што се буни не е професионален фудбалер и него животот не му зависи само од фудбалот. Целото ова бојкотирање може да ги уништи соништата на многу млади фудбалери кои се во Македонија Ѓ.П. Едно ќе беше овој бојкот да е оправдан, но факт непобитен е дека не е и некој треба многу силно да си ја чукне главата од ѕидот за да види што прави со животите на 20-30 професионални фудбалери. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нормално е Реал да биде прв со потрошени 270 мил. евра
Во психолошката битка пред најатрактивниот натпревар во оваа сезона во кој ќе учествуваат Барселона и Реал Мадрид вчера се вклучи тренерот на каталонскиот клуб Пеп Гвардиола. Неговиот тим е актуелен освојувач на тројна круна, додека Реал има убедливо најскап состав на светот, па 38-годишниот стручњак се обиде да внесе немир во противничкиот табор пред мечот кој ќе ја крене на нозе цела Европа. "Реал Мадрид е лидер? Тоа е нормално, кога потроши 270 милиони евра летово", изјави Гвардиола во нетипичен стил за себе. Тој се обиде и да го релативизира резултатот од Ел Класико иако е јасно дека победата не само што ќе ја врати Барселона на врвот туку уште повеќе ќе ја зголеми самодовербата кај фудбалерите на овој тим, но и притисокот кај противникот. "Победата во Ел Класико за нас не е задолжителна бидејќи сезоната е долга и има многу простор за 'киксови'. Сепак, треба да го победиме Реал Мадрид поради нас самите и за да ја сочуваме позицијата од минатото првенство. Јасно е дека и противникот ќе оди на три бода, но ние играме дома", рече Гвардиола на два дена пред големото дерби. Провокации на сметка на "вечниот" ривал испрати и бразилскиот бек Дани Алвес, и тоа алудирајќи на дебаклот што Реал го претрпе во мај годинава кога на Сантијаго Бернабе загуби од Барса со 6:2. "Ако јас играв за Реал, сигурно ќе сакав одмазда на Ноу Камп поради оној ужасен резултат. Сепак, мислам дека тие ќе дојдат кај нас со голем респект. На натпревари како оние против нив и против Интер, Барселона покажа дека е голем тим", рече Алвес. Дербито се игра в недела, од 19 часот на Ноу Камп, а се уште е неизвесно дали на него ќе настапат најголемите ѕвезди на Барса, Меси и Ибрахимовиќ. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
aLbaneso
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 27.Септември.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 933 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
БАЕРН Е НАЈБОГАТ НА СВЕТ
Германскиот бундеслигаш Баерн Минхен оваа сезона не игра добро. Се наоѓа на осмата позиција во германската лига и е пред испаѓање од Лигата на шампионите уште во групната фаза. Германските аналитичари пресметаа дека Баерн ќе загуби околу 20 милиони евра доколку не се пласира во осминафиналето (што е многу веројатно). Минатата сезона "Баварците" стигнаа до четвртфиналето од ова натпреварување и заработија 34,566 милиони евра. Само како споредба, истата сезона нивниот ривал Вердер испадна во групите и заработи само 22,272 милиони евра од УЕФА. Меѓутоа, што и да се случи менаџерот на тимот, Ули Хенес, е спокоен. Хенес кон крајот на годината ќе го напушти Управниот одбор за да се кандидира за претседател на Баерн. Тој веќе ја објави зделката со Дојче Телеком, а на 27 ноември се очекува и официјално да ја презентира соработката со автомобилскиот гигант Ауди. |
|
Љаеш НЕ касаш !
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се самоуби репрезентативниот голман на Германија
Голманот на фудбалскиот клуб Хановер и на германската репрезентација, Роберт Енке (32), се самоубил фрлајќи се под воз вчеравечер во близина на Хановер, објавија германските медиуми, пренесува Нетпрес. Веста ја потврдил портпаролот на полицијата во Хановер. “Полицијата ми се јави и ме извести дека Роберт Енке починал“, изјавил за “Билд“, Мартин Кинд, претседател на клубот Хановер. Инаку, Енке пред три години имал семејна трагедија. Починала неговата двегодишна ќерка Лара, како последица од вродена срцева мана. Роберт Енке фудбалската кариерата ја почнал во Карл Цајс Јени, а својот прв професионален настап го имал во втората германска фудбалска лига, во ноември 1995 година, токму против својот сегашен клуб Хановер. Ги бранел боите на Борусија Менхенгладбах, Бенфика, Барселона, Фенербахче и Тенерифе, а од јули 2004 година, почнал да настапува за Хановер. Тој бил голман и на репрезентацијата на Германија под 21 година, додека за сениорската репрезентација дебитирал на 28 март 2007 година, на пријателски натпревар против Данска. Оваа година фигурирал како прв голман на фудбалската репрезентација на Германија, но поради инфекција на желудникот ги пропуштил последните натпревари во квалификациите за Светското првенство, против Азербејџан во Хановер, против Русија во Москва и против Финска во Хамбург. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Robert Enke (Golmanot na Hanover 96 i Germanija) pocina deneksa...najverovatno samoubistvo... Pocivaj vo mir...R.I.P.
|
|
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Popi
Сениор Регистриран: 06.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ne sum po fudbalot ama eve neshto chisto i opshto informativno okolu toa.
Македонецот Бен Кантаровски капитен на Австралија
Австралиецот со македонско потекло Бен Кантаровски (Њукасл џетс) е одреден за капитен на фудбалската репрезентација на Австралија за играчи до 19 години, јави австралиско-македонскиот неделник од Мелбурн
Покрај него, од играчи со македонско потекло, во составот на „кенгурите“ се најде и Климент Тасески (Мелбурн најтс).
Таа селекција моментно се наоѓа во Индонезија на квалификациски турнир за пласман на Азиското првенство в година. Во првото коло Австралија го победи Хонгконг со 3-1, а стрелец на третиот гол беше Тасесеки (18). Кантаровски игра како централен плејмејкер. Тој е двоен рекордер во австралиската А-лига, оти со 15 години стана најмладиот што потпишал професионален договор, а со 16 години и 208 дена и најмладиот што заиграл во најсилната австралиска фудбалска конк*ренција. Во сезоната 2008/09 беше прогласен за најдобар играч на Њукасл џетс. Тој во јануари ќе полни 18 години и досега има настапи за младите репрезентации на Австралија до 17 и до 20 години. SO SREKA NEKA IM E, pa da se pokazhat isto i vo vozrasniot tim, ponatamu.
|
|
blackeye
Сениор The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кака се враќа на Сан Сиро
Кога на 3 јуни бразилскиот волшебник Кака замина во Мадрид и му се приклучи на славниот Реал за 67 милиони евра, ни самиот не веруваше дека по само пет месеци повторно ќе се врати на Сан Сиро. Најдобриот играч на светот за 2007 година според ФИФА и Франс фудбал мина шест сезони во црвено-црниот дрес и остави длабока трага во екипата од Сан Сиро, како и во срцата на голем број фанови на "Росонерите". Токму целото внимание ќе биде свртено кон Бразилецот, кој сигурно со големи емоции ќе го одигра овој натпревар со Милан и сигурно ќе има можност достојно да се поздрави со своите верни навивачи кои му даваа целосна поддршка додека престојуваше во Милано. Од друга страна Кака ќе треба и целосно да го преземе средниот ред на "Кралевите" поради отсуството на Кристијано Роналдо и Гарај поради повреди, како и Гути поради жестоката караница со тренерот Мануел Пелегрини. Со ова големиот фудбалски мајстор ќе мора да истрпи притисок од двете страни. Пред две недели во еден куп натпревар Реал загуби со 3:2, иако водеше на полувремето со погодокот на Раул. Милан се надмина себеси и преку Пирло и Пато (два гола) ја однесоа победата, а истовремено го "спуштија на земја" мадридскиот клуб давајќи му до знаење дека огромните суми пари потрошени за засилувања не го прават еден тим шампион. По тој натпревар Реал одигра слабо и разочарувачки на следните два. Следеше реми без голови кај Спортинг Хихон, а капак на се беше мизеријата кај Алкоркон во Купот. Овој викенд го победија Гетафе за "мир во куќа". Милан, пак, пополека влегува во вистинската форма. Екипата на Леонардо веќе пет натпревари во сите конк*ренции нема пораз, а нападот предводен од Пато, Роналдињо и Бориело ги оправдува очекувањата. Гостите од Шпанија ќе се борат и против една незгодна традиција кога станува збор за гостувањата на Сан Сиро. Имено, "Кралевите" ги имаат загубено сите пет досегашни гостувања против Милан и притоа имаат постигнато само еден гол. Последниот меч против "црвено-црните" одигран во ноември 2002 година, Кралскиот клуб го загуби со 1:0. Меѓу другото, ова е дуел на најтрофејните екипи во Лигата на шампионите. Реал Мадрид и Милан заедно имаат 16 титули во ова натпреварување, а само во последните 11 години освоија вкупно пет. Шпанските медиуми овој натпревар го нарекоа "БВин дуел" бидејќи компанијата за обложување е спонзор на двата клуба. Податок кој никој не посакува да влијае врз текот на натпреварот иако поради чудното движење на резултатот на Сантјаго Бернабе многумина се сомневаа во исправноста на натпреварот. Минатогодишниот финалист Манчестер Јунајтед, како и нивниот ривал од Премиер-лигата Челзи имаат шанси уште вечерва да го заверат пласманот во следната фаза од најсилното европско натпреварување. И двата тима имаат максимален ефект по првите три кола, а со евентуални триумфи вечерва Англичаните со сигурност ќе се пласираат во 1/16 финалето. "Црвените ѓаволи" имаат полесна задача бидејќи на Олд Трафорд гостува ЦСКА Москва, која обезбеди само една победа досега. Јунајтед се наоѓа во извонредна серија од 22 меча без пораз на домашен терен, а за рускиот гигант ова ќе биде прво гостување во Манчестер. Челзи има незгодно гостување во Мадрид против Атлетико. Ова е последна шанса за екипата од Висенте Калдерон да ја спаси сезоната во Лигата на шампионите. Шпанците минатата недела го донесоа Кике Санчез Флорес за нов тренер и сигурно со големи мотиви ќе се обиде да го изненади големиот противник. Германскиот гигант Баерн Минхен не е совладан на последните осум натпревари во европските натпреварувања, од кои пет завршиле реми. Со ваков ефект Германците го очекуваат францускиот првак Бордо и очекуваат да му се одмаздат за поразот пред две недели во Франција од 2:1. ЈУБИЛЕЈ Напаѓачот на Челзи Николас Анелка вечерва на Висенте Калдерон ќе го обележи 75. настап во европските купови. Французинот првиот европски настап го запиша во сезоната 1996/97 играјќи за ПСЖ. Првиот европски гол го постигна во дресот на Арсенал во групната фаза од ЛШ во сезоната 1998/99 година на гости кај Панатинаикос каде "топчиите" победија со 3:1. Францускиот напаѓач има одиграно вкупно 50 натпревари во ЛШ, а 24 во останатите европски купови. Во сите тие мечеви има постигнато 20 погодоци. к*рИОЗИТЕТ Пред два дена, поточно на 1 ноември италијанскиот гигант Јувентус го прослави 112. роденден. Клубот од Торино е формиран во 1897 година и спаѓа во еден од најуспешните клубови во Италија и Европа. "Старата дама" досега има освоено вкупно 51 титули од кои има рекордни 27 во италијанската лига, три во Купот на УЕФА, две во ЛШ и Интерконтиненталниот куп. Според интернационалната федерација за фудбалска историја и статистика, Јувентус е прогласен за најдобар италијански клуб на 20 век и втор најуспешен европски клуб во истиот овој период. ОВА МОЖЕБИ НЕ СТЕ ГО ЗНАЕЛЕ * Автоголот на Мишел Сиани на дуелот со Баерн Минхен минатото коло беше 50. што Бордо го примил во ЛШ. * "Жиродинците" имаат импресивна серија од 39 прволигашки натпревари без пораз на домашен терен. * Јувентус по вторпат во историјата ќе гостува на Рамат Ган во Тел Авив. Во првото гостување одигра 1:1 со Макаби Тел Авив во сезоната 2004/05 во групите од ЛШ. * Макаби Хаифа и Атлетико Мадрид се единствените клубови без постигнат гол оваа сезона во ЛШ. * Победата над Макаби минатото коло беше 99 за Јувентус во европските купови. * Манчестер Јунајтед досега има постигнато 394 гола во најелитното европско натпреварување, а примено 196. * Од 23-те премиерлигашки погодоци на Јунајтед, 17 паднале во вториот дел од кои 8 во последните 15 минути. * Фудбалерите на ЦСКА Москва, заедно со колегите од романската Униреа, досега извеле само шест корнери најмалку од сите екипи во ЛШ. * Првиот гол на Пато постигнат во Мадрид на дуелот со Реал, беше 550. за Милан во европските купови. * Фудбалерите на Милан биле фаулирани 69 пати досега, најмногу од сите учесници во ЛШ. * Фудбалерите на Цирих направиле вкупно 60 прекршоци досега, најмногу од сите учесници во ЛШ. * Од 29 прволигашки гола на Цирих, дури 12 паднале во периодот од 58. до 75. минута. * Екипата на АПОЕЛ досега има примено 50 гола во европските купови. * Порто има постигнато 248 погодоци во КЕШ и 147 во Лигата на шампионите (не вклучувајќи ги квалификациите). * Фудбалерите на Порто имаат најмногу шутеви надвор од рамките на голот досега од сите учесници во ЛШ, вкупно 33. * Напаѓачот на Порто, Хулк е најфаулираниот фудбалер досегашните натрпевари во ЛШ. * Дуелот на Стемфорд Бриџ за Атлетико беше 200. во европските купови. * Од шесте дуели до германски тимови во европските натпреварувања Бешикташ има загубено пет, а еднаш одигра реми, и тоа пред две недели против Волфсбург. |
|
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ФИФА ги одбра кандидатите за најдобар играч во 2009 година
ФИФА го објави скратениот список за најдобар светски фудбалер за 2009 година. Во конк*ренција се 23 фудбалери за кој ќе гласаат сите капитени и селектори од сите репрезентации. НА почетокот на декември оваа листа ќе се намали на само пет фудбалери кој ќе влезат во најтесниот круг за оваа награда. Гала претставата во организација на ФИФА ќе се одржи на 21 декември во Цирих. Во конк*ренција за најдобар фудбалер за 2009 година останаа: * Михаел Балак (Германија) * Џанлуиџи Буфон (Италија) * Икер Касиљас (Шпанија) * Кристиано Роналдо (Португалија) * Диего (Бразил) * Дидие Дрогба (Брегот на Слоновата Коска) * Михаел Есиен (Гана) * Самуел Ето (Камерун) * Стивен Џерард (Англија) * Тиери Анри (Франција) * Златан Ибрахимович (Шведска) * Андрес Иниеста (Шпанија) * Кака (Бразил) * Френк Лампард (Англија) * Луис Фабиано (Бразил) * Лионел Меси (Аргентина) * Карлес Пујол (Шпанија) * Франк Рибери (Франција) * Вејн Руни (Англија) * Џон Тери (Англија) * Фернандо Торес (Шпанија) * Давид Виља (Шпанија) * Чави (Шпанија) |
|
|
|
Внеси реплика | страница <1 2930313233 61> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |