IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Српска пропаганда и окупација на Македони
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Српска пропаганда и окупација на Македони

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2829303132 33>
Автор
Порака Обратен редослед
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2009 во 16:34
Originally posted by cercetator cercetator напиша:

Темата е за српската пропаганда, па Глигор Соколовиќ е еден пример, заедно со Коневски.
Мислам нема тука ширење на пропаганда од моја страна. Се` е по темата.
Песната презентирана од Цепенков покажува со прости зборови како се однесувале луѓето кон предавниците, кои за пари се продавале на Србите.

На ћ мислиш?

Тоа е поскору намерно ставено, да се потенцира српската нишка, художествен ефект.


Тоа вас што ви боде очи Коневски е друга работа, а за чичко му точно е тоа. Инаку се ова шт ого презентираш, го има на бугарски на википедија, затоа немој мене да ми кажуваш дека не е пропаганда.


Изменето од macedon_alex - 06.Јули.2009 во 17:24
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2009 во 16:29
Темата е за српската пропаганда, па Глигор Соколовиќ е еден пример, заедно со Коневски.
Мислам нема тука ширење на пропаганда од моја страна. Се` е по темата.
Песната презентирана од Цепенков покажува со прости зборови како се однесувале луѓето кон предавниците, кои за пари се продавале на Србите.




Изменето од macedon_alex - 06.Јули.2009 во 17:24
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2009 во 15:53
Originally posted by cercetator cercetator напиша:

Блаже Конески (со крстено име Благоје Љамевић) е роден во 1921 година во селото Небрегово, Прилепско. Тој потекнува од србоманска фамилија позната како Љамевци. Од таа фамилија уште во турско време произлегле неколкумина дејци на српската пропаганда во Македонија коишто често соработувале и со Турците во борбата против македонските комити и ВМОРО. Најпознат меѓу нив е Глигор Љаме Соколовић, чичко на Блаже Конески. За злоделата на овој јаничар, српски четник, народот испеал песна којашто е запишана од нашиот познат фолклорист, Марко Цепенков (Цепенков, М.; Македонско народно творештво; Скопjе, 1972; страна 254-255).


Черчетатор, сите ние знаеме кој е Блаже Конески, нема потреба од бугарски и бугарофилски страни да ни покажуваш кој е Блаже Конески и да шириш пропаганда.




Изменето од macedon_alex - 06.Јули.2009 во 17:24
Кон врв
Владо Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 185
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Владо Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2009 во 15:28
Originally posted by Мигаре Тактика Мигаре Тактика напиша:

Originally posted by Владо Владо напиша:

Originally posted by Мигаре Тактика Мигаре Тактика напиша:

Мислам дека со Србите сме живееле најдобро и дека немало никојпат присилна асимилација од нивна страна... се друго овде шо читам е чиста лага, манипулација и бугарашка пропаганда.

Сакаш да кажеш дека презимињата никогаш не биле насилно менувани од -ов, -ев, -ски на -иќ? Никогаш не сме биле нарекувани јужносрбијанци, а Македонија вардарска бановина, никогаш немало репресии, тепања, убивања и монтирани процеси?! Прочитај ја „Пиреј“ од Петре М. Андреевски. Но секако, и Петре М. Андреевски е бугараш...


Malku koncept imash vo napishanoto, mnogu me vagjash od kontekst-za tolku chitan deec,...lol



А како тоа те „ваѓам“ од контекст (ако воопшто знаеш што значи тоа) кога те цитирав од збор до збор? Најпрвин ова објасни ми го, па после ќе зборуваме за концептите, па и за пропагандите ако сакаш...
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2009 во 15:17
Блаже Конески (со крстено име Благоје Љамеви;) е роден во 1921 година во селото Небрегово, Прилепско. Тој потекнува од србоманска фамилија позната како Љамевци. Од таа фамилија уште во турско време произлегле неколкумина дејци на српската пропаганда во Македонија коишто често соработувале и со Турците во борбата против македонските комити и ВМОРО. Најпознат меѓу нив е Глигор Љаме Соколови;, чичко на Блаже Конески. За злоделата на овој јаничар, српски четник, народот испеал песна којашто е запишана од нашиот познат фолклорист, Марко Цепенков (Цепенков, М.; Македонско народно творештво; Скопjе, 1972; страна 254-255).

"Глигоре, синко Глигоре,
Глигоре, бог да те убие,
што голем срам ни донесе
откога ти се посрби:
Името си го поцрни
татка ти, ти го засрами,
мајка ти си ја поцрни -
ти се продаде за пари,
на месец за пет минцои -
народо да го предаваш,
на сила да го посрбиш!
Синко, како не се срамиш,
на старост ти да се србиш
и за маскара да бидиш,
од народо да се делиш?
Нели сме ние Бугари
од две илјади години,
се бугарски зборуваме,
никој србски не знаиме
и сам ти србски не знаиш
каков Србин ти ке бидиш?
Глигоре, синко Глигоре,
кешке да се потурчеше,
одошто ти се посрбе
толку жал не ке ми беше."


За србоманството во својата фамилија признава и самиот Блаже Конески кога вели: "Нашето село и некои други околни села инклинираат кон српската пропаганда. За тој пресврт е заслужен еден братучед на мојот татко, војводата Глигор Соколовиќ. Тој е познат како раководител на српска чета." (Андреевски, Ц.; Разговори со Конески; Скопjе, 1991; страна 76).

Чичкото на Блаже, Глигор Соколови;, ширејќи го српството и соработувајќи со Турците, бил голем душман на ВМОРО и убил многумина македонски комити и војводи. Поради тоа, ВМОРО носи смртна пресуда за него и во 1910 година е убиен.

Кога во 1912 година во Вардарска Македонија доаѓаат српските окупатори, дедото (Коне Љамеви;) и таткото на Блаже (Ордан Љамеви;) стануваат соработници на српскиот окупатор и директно земаат учество во убиствата и прогонот на семејствата на македонските комити во Прилепско. Во 1915 година, по протерувањето на српските војски од Македонија, поради своите злодела како српски агент дедото на Блаже Конески е затворен, но успева да се спаси и крие во Прилеп, останувајќи жив. После Првата светска војна Србите повторно ја окупираат Македонија, а Ордан Љамеви;, таткото на Блаже Конески, заради своите заслуги кон српската власт и учеството во акциите против македонските патриоти, Србите го поставуваат како чиновник во општината. Како дете на српски чиновник, до крајот на својот живот Блаже Конески ужива во привилегиите за на крајот да стигне до титула "академик".

Образованието го продолжува во Крагуевац, Србија, кој претставува центар за создавање на српски пропагандисти, каде што исто така се школувале и Лазар Колишевски и Страхил Гигов, како и други дејци на српската пропаганда коишто после 1945 г., а некои и до денес беа на раководните државни функции и ја кроеја судбината на Македонија.

Кога студира во Белград, Блаже Конески често го посетува "Домот на Јужносрбијанците", а при школувањето во Крагуевац со своите врсници од Македонија комуницира на српски јазик, затоа што "не ги разбирал" македонските дијалекти. Во интервјуто ќе изјави: "Нашиот разговорен јазик во Крагуевац, во интернатот, беше српскиот јазик, а не македонскиот... Тешко ми беше да го следам... гевгелискиот дијалект" (Андреевски, Ц.; Разговори со Конески; Скопjе, 1991; страна 79).

Блаже Конески, роден како Благоје Љамеви;, во текот на својот живот ја продолжува просрпската активност на својот татко, дедо и чичко, и е еден од предводниците на србизацијата во Македонија што особено доаѓа до израз при создавањето на азбуката и јазикот.

Изменето од cercetator - 06.Јули.2009 во 16:59
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2009 во 14:42
so eden zbor , nekoj saka da preku " srpskata propaganda "  e opravda svojata anti makedonska i okupiracka politika ...... znaes , ovaa tema me potseti na edna anegdota so Krste Crvenkovski i eden monarh od Crna Gora ..... ne bi e kazal zosto se znae sto sleduva vo toj slucaj намигнување

Изменето од miroslav_g8 - 06.Јули.2009 во 14:42
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2009 во 14:13
zalosno sto sekogas i samo srbite ni se vinovni za se koi ako ne se lazam , medju prvite ne priznaa pod ustavnoto ime i kako zaseben narod  .......

Изменето од miroslav_g8 - 06.Јули.2009 во 14:16
Кон врв
Мигаре Тактика Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 30.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 39
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Мигаре Тактика Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2009 во 14:02
Originally posted by Владо Владо напиша:

Originally posted by Мигаре Тактика Мигаре Тактика напиша:

Мислам дека со Србите сме живееле најдобро и дека немало никојпат присилна асимилација од нивна страна... се друго овде шо читам е чиста лага, манипулација и бугарашка пропаганда.

Сакаш да кажеш дека презимињата никогаш не биле насилно менувани од -ов, -ев, -ски на -иќ? Никогаш не сме биле нарекувани јужносрбијанци, а Македонија вардарска бановина, никогаш немало репресии, тепања, убивања и монтирани процеси?! Прочитај ја „Пиреј“ од Петре М. Андреевски. Но секако, и Петре М. Андреевски е бугараш...


Malku koncept imash vo napishanoto, mnogu me vagjash od kontekst-za tolku chitan deec,...lol
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2009 во 12:57
Даме Груев за српската пропаганда во Македонија во рускиот „Новое времја“, препечатено од в. „Ден“

Еден разговор со Даме Груев

Пред извесно време дописникот на „Новое времја“ разговарал со познатиот револуционерен деец Даме Груев за развојот на македонското прашање во текот на 1904 година. Откако зборува за слабите резултати на Мирцегшките реформи и нивната неискрена примена од страна на Турција, г. Груев говори за антагонизмите на разните националисти во Македонија, подобро кажано за таканаречената „војна“ на Внатрешната организација против Грците и Србите. Ние ќе го објавиме само тој дел од долгата кореспонденција, која доаѓа токму на време, дотолку повеќе што за Даме Груев се мисли дека е еден од најтолерантните дејци, а кон Србите дури има некои симпатии.

На прашањето на г. Кирилов, дописник на „Новое времја“
– зошто до востанието не се забележувало дека антагонизмот помеѓу Грцте, Србите и Бугарите во Македонија е толку изострен и како да се објасни тој факт? - Груев одговорил:

-Грците секогаш биле најголемите непријатели на македонските Словени; до Востанието тие својата национална пропаганда ја ограничуваат на определени реони; немаше преминување на села од Патријаршијата кон Егзархијата и обратно. Немаше повод за раздразнување на национално чувство, Бугарите и Србите како да се беа приспособиле кон постоечкото status-quo. Освен тоа во тоа време националните интереси силно се маскираа од очекуваното од сите (Бугари и Срби) претстојно востание.

Во време на востанието Србите имаа инструкција од Белград кон востаниците да имаат добронамерен неутралитет. Ние со тоа бевме задоволни. Но по востанието положбата се промени. Ефектот што го постигна Востанието, потоа сеништето на блиската македонска автономија ги исплаши Србите од Кралството; тие сакаа тоа да се случи колку што е можно подоцна, и во исто време побрзаа со својата пропаганда, во многу проширувајќи го нејзиниот реон, и тоа со поприлично неморални и предизвикувачки средства. На пример, помош во брашно се даваше само на оние настрадани од времето на Востанието што се согласуваа да се прогласат за Срби и патријаршисти. Урнување на status-quo од Србите предизвика негодување кај Бугарите, до толку што по Востанието националистичките интереси повторно станаа доминантни во умот на населението. Бугарите енергично реагираа против српската пропаганда.

Многу селани србомани, кога ќе чуеја за доближувањето на бугарската чета, од страв (често без причини) и од чувството на самозапазување ја известуваа турската власт за четата: потоа од страна на месните органи на Организацијата доаѓа до одмазда. Последниве откако видоа дека српската националистичка пропаганда води кон меѓусебно непријателство и раскол во народот, му го одвлекува вниманието од политичките цели на Организацијата, предизвикува предавство и репресалии од страна на Турците - под влијание на месното општествено мислење (мнозинството се Бугари) се насочија против српската пропаганда.

На многу места нашите прости војводи и месни дејци на Организацијата навистина ги застрашуваат Србите и србоманите, со тоа што ги принудуваат да се откажат од својата , национална пропаганда. Тоа е придружено со доста убиства: многу вистинските доставувачи и шпиони често и од двете страни гинат сосема невини луѓе. Како што гледатем јас не ги оправдувам нашите, а само ја објаснувам генезата за појавувањето и развојот на меѓусебното непријателство помеѓу Србите и Бугарите, што создаде опасна атмосфера за меѓусебна недоверба и лошо однесување, состојба на меѓусебна омраза и искоренување. Ви зборувам сосема искрено, поводот за создавањето на ваквата ужасна атмосфера го дадоа Србите; Бугарите во Македонија се однесуваат полојално отколку Грците и Србите, тоа можеби затоа што нашите таму се мнозинство и ние под своите нозе чувствуваме солидна морална почва. Бугарската девиза - политичка слобода - делува многу привлечно кај народот.

Јас никојпат нема да си дозволам да обвинувам за подбуцнување и доносничество такви српски државни дејци како што се С. Симиќ, Пашиќ: тие се гнасат од слични долни работи. Но второстепените агенти на српската пропаганда како резултат на својата примитивност и морална неразвиеност не се гнасат од шпионирање. Да го земеме како пример случајот со убиствата во с. Кокошине... Убиствата овде беа извршени од бугарската чета поради доносништво, меѓутоа морален виновник за овој однос (поради што минатото лето турската војска ликвидира една цела бугарска чета) беше српскиот архиерејски заменик во Куманово поп Ташко. После тоа во с. Кокошине дојде српска чета и го закла без секаква вина единствениот Бугарин во тоа село.

-Како се однесуваат српската и бугарската влада кон меѓусебните односи на Срби и Бугари во Македонија?

Крајно деморализаторски. Сепак бугарската влада таму наидува на отпор од Организацијата; се што е таму српско, е создадено и се раководи од Белград од српската влада, која во Македонија има сосема подруги цели од нашите; во тоа се наоѓа трагизмот на положбата во Македонија.

-Многу песимистичко гледиште на српско-бугарските односи во Македонија.

-Јас се уште не сум ви кажал се. Таму сега е многу, многу лошо; атмосферата е крајно противуречна и тревожна ... Се уште нашите, како и Србите се чуваат од крајности. Ние со сите сили настојуваме за меѓусебно скротување и смирување на умовите. Но... доколку Србите не ги ограничат своите невозможни амбиции, не прекинат со испраќањето на чети од Кралството, со помошта на кои со насилија, убиства и шпионирање го шират србизмот, тогаш ние тешко ќе можеме да ја спречиме катастрофата. Вие знаете дека е можно општо колење на Србите во Македонија. Во градовите, паланките и големите села бројот на сознателните Бугари е многу поголемо... Ние можеме сосема да ги истребиме Србите, но ниту ние ќе поминеме лесно во тоа безумно и бесмислено вртоломејско убивање. Во секој случај од тоа ќе добијат нашите заеднички непријатели, борбата против кои ја чини нашата цел. Без оглед на тоа, ваквото животинско истребување до крајност го деморализира и развратува народот. Ете затоа јас жарко сакам да не дојде до слична абнормална положба...

-Како може тоа да се постигне?

-Преку спогодба со Србите; тоа е можно и во прв ред зависи од српската влада... Нашите услови се состојат во следново: 1. Наш основен принцип е единствено на Внатрешната организација во Македонија: ние не можеме да дозволиме постоење на друга независна политичка организација таму. Во тој поглед македонските Срби треба да се согласат да работат заедно со нас. Во тој случај ние во Белград ќе отвориме задгранично претставништво на Организацијата за да може таа да контактира со српскиот народ.

Потем, за да не се возбудуваат националните чувства на народот, Србите треба да го ограничат реонот на својата националистичка пропаганда во границите на до Востанието постоечкото status-quo.

-Меѓутоа Србите токму затоа бараат одлагање на автономијата, за да го засилат својот елемент во Македонија.

-Тоа се за нив опасни илузии. Тие во Македонија никогаш нема да добијат повеќе од тоа што веќе го имаат; напротив, во колку продолжат да противдејствуваат побрзо ќе предизвикаат втора вртоломејска катастрофа - тогаш тие апсолутно сe ќе загубат... Јас многу ги почитувам српските државни дејатели и сакам да верувам во нивната политичка мудрост и предвидливост: како нивните, така и нашите непосредни интереси бараат едни на други да си подадеме рака за помирување и да се договориме за заедничка културна и политичка работа таму.

в. Ден бр. 391, Софија 17 јануари 1905, стр. 2

Кон врв
Владо Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 185
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Владо Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2009 во 11:17
Сакаш да кажеш дека презимињата никогаш не биле насилно менувани од -ов, -ев, -ски на -иќ? Никогаш не сме биле нарекувани јужносрбијанци, а Македонија вардарска бановина, никогаш немало репресии, тепања, убивања и монтирани процеси?! Прочитај ја „Пиреј“ од Петре М. Андреевски. Но секако, и Петре М. Андреевски е бугараш...

Изменето од macedon_alex - 13.Јули.2009 во 16:33
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2009 во 08:04
Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:

За ова Татари имаш суспензија, а администрацијата ќе одреди колку, па ќе те информира! Не смее никој на форумов да навредува!

Досега се опоменувавме за оф-топици, ти сега си повторно надвор од темата, ама и користиш погрдни термини.

На подфорумот Историја до вчера некако се спровираше и толерираше изразот Татари, Турко Монголи од такаречи сите членови па дури и од некои модератори. Бидејки  заземавме став за тој израз да се санкционира,  а членовите не беа информирани  одлучивме во договор со модераторот кој го санкционираше  Мирослав да биде суспендиран само на еден ден бидејки на еден начин не беше запознаен дека на подфорумот се воспоставува полека пракса на строго почитување на правилата, посебно правилата за не навреда по етничка, национална и верска основа.
Во иднина нема да бидат толерирани навреди нити негирања на ничија националност и ке се заземат  посебно ригорозни  мерки.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2009 во 13:21
Само историски неможе да се докаже кој кого го потплатил - дали Бугарите ги потплатиле Србите да станат Бугари или Србите ги потплатиле Бугарите да станат Срби - како и да е тие немаат никаква врска со Македонија - и едните и другите се класифицирани како окупатори на Македонијанамигнување
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2009 во 10:51
Писмо на српскиот воjвода Цено Марков до свештеникот, кметот и стареjшините на с. В'лковие, Тетовска каза, сo внушение да станат србомани:

"Скопие, 22 март 1907 Г. Свещенику, Кмету и Старешинама села Валковиjе.Чувено jе моjе име jер сам толико година провео као бугарашки воjвода, а живео сам у заблуди, па кад сам се свестио нашао сам, и увидао сам, да мене и моj народ за кога сам се жертвовао може обадити само српско сунце и то ми е Св. Богородица у сну jавила, па за то сам сада челик србиц и прави српски воjвода, а ви — залутале овце. Сам jе Бог мене послао да вас изведем на пут истинен да вам слободу пружим. Покаже се. Ако то не учините тежко вам. Ни оних 50 малихерки, що су вам пружили бугараши, кад су ваше село организовали не могу вам помоħи, па ни ова турска воjска. Одговорите одмах оħете ли ме примити братски и српски".

10 Марта 1907 г.
(под.) Воjвода Цено Марковиќ Секретар
(под.) Никола Шкодранче



Изменето од macedon_alex - 08.Јули.2009 во 11:56
Кон врв
Владо Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 185
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Владо Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2009 во 14:50
Еве нешто интересно за српската активност во Македонија пред стотина години:

       ПРОКЛАМАЦИЈА НА ГЕОРГИ ВОЈВОДА ЗА ВОСТАНИЕ


               Георги ми собрал дружина
               и на дружина зборува:
               „Молете Бога, дружино,
               да дојди лето побрго,
               шумата да ни развие,
               по македонски планиње,
               тамо ние да појдиме,
               на талим да се учиме,
               на нишан да погаѓаме
               и в поле да си слезиме,
               со Турци да се биеме.
               Госпо ни дал нам две раце
               за главата да браниме.
               Доста сме ние чекале
               од негде помош да дојде!
               Ние шес браќа имаме
               од една мајка родени,
               тие се сички Славјани
               и сите ни се слободни,-
               никој на помош не дојде;
               само Србите дојдоа
               на Турчин помош да бида,
               а нам да ни напакоста,
               зло за добро да ни врата...


Марко Цепенков- Собрани дела, кн. 10, Материјали, литературни творби, стр. 248- 249

       
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2829303132 33>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.