![]() |
|
Вселена |
Внеси реплика ![]() |
страница <12345 8> |
Автор | ||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Месечината на Сатурн личи на Pac-man
Вселенското летоло Касини коe кружи околу Сатурн направи интересни снимки од малата месечина Мимаса, кои веројатно многумина може да ги потсети на играта од 80-те години на минатиот век - Pac-man. Вселенското летало Касини е заеднички проект на вселенската агенција НАСА, Европската агенција ЕСА и италијанската вселенска агенција АСИ. Мисијата на Касини е продолжена до 2017 години. |
||||
![]() |
||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Големата црвена дамка на Јупитер конечно целосно откриена
Големата црвена дамка на Јупитер, која е на местото на огромна бура и може да ја проголта Земјата ги фасцинира астрономите со векови. Научниците сега ја направија првата детална временска мапа за мистериозниот регион, благодарение на фотографиите сликани од големиот телескоп на Европската Опсерваторија. - Еден од највозбудливите наоди покажува дека најинтензивниот портокалово црвен дел е за четири степени потопол од околината околу него. Оваа температурна разлика може да не изгледа многу, но доволно е да ја овозможи бурата. Не само тоа, туку во другите делови на Јупитер, промената на температурата е доволна за да ги смени ветровите и да овозможи креирање на огромни облаци. Ние не можеме со сигурност да кажеме кои хемикалии и процеси ја предизвикуваат силната црвена бојам но знаеме дека таа е поврзана со условите на животната средина во срцето на бурата, изјави главниот автор Ли Флечер. |
||||
![]() |
||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Бура предизвика речиси 4.000 молњи во Чешка
Метеоролозите беа изненадени од невообичаената снежна бура проследена со удари од громови, што ја зафати Чешка ноќта меѓу неделата и понеделникот, објавија денеска прашките медиуми. - Пресметавме дека удрија вкупно 3.798 молњи. Невремето донесе и значително заладување, претходно температурата беше четири степени, а по бурата се спушти на минус два степени Целзиусови, изјави метеорологот Дагмар Хонсова. |
||||
![]() |
||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
И да уништиме астероид, тој пак ќе се формира
Најновaтa студија покажува дека разнесените астероиди би можеле повторно да се формираат во рок од неколку часа, исто како и познатиот модел T-1000 во култниот филм Терминатор 2... Хипотетички поставено, ако замислиме астероид со големина на Општина Ѓорче Петров (околу 60км2) како лета кон Земјата и дека ударот е неминовен што би значело крај на човештвото како го познаваме. Што би можеле да направиме во таква ситуација? Традиционалниот одговор веројатно би било „Да го разнесеме!“, но новата студија на Националната лабораторија во Лос Аламос, на Универзитетот на Калифорнија, покажува сосема нови информации околу ова. Имено, ако астероидот се движи премногу бавно, или пак ако нуклеарната бомба нема да биде доволно силна, едноставно би се реформирал. Пренесено во некакви реални размери и бројки, тоа би значело дека астероид со дијаметар од еден километар, по експлозијата, би се реформирал за време од 2 до 18 часа. Сепак, не е се безнадежно, бидејќи за ’тотално уништување’ без можност за реформирање, потребно е нуклеарно оружје со јачина од 900 килотони, што за среќа е во рамките на денешните хидрогенски бомби. Но, астероидот кој ги избришал диносаурусите од лицето на Земјата бил десет пати поголем од тоа, па научниците сугерираат дека експлозија покрај астероид би било попаметен избор, бидејќи би можело да ја сврти патеката на движење. Со тоа и опасноста да се реформира би била помала, како и шансата да не снајде дожд од парчиња астероид. |
||||
![]() |
||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Земјата под напад од комети
Невидлива ѕвезда можеби се врти околу Сонцето и предизвикува смртоносни комети да ја бомбардираат Земјата, истакнаа вчера научниците. Кафеното џуџе кое е петпати поголемо од Јупитер можеби е виновно за многуте изумирањата кои се случуваат на секои 26 милиони години. Се верува дека Немезис орбитира во соларниот систем на растојание кое 25.000 пати поголемо од растојанието помеѓу Земјата и Сонцето. Сега НАСА верува дека ќе успее да го пронајде Немезис користејќи нов телескоп кој открива топлина и веќе започна да го скенира небото уште во јануари. Првиот доказ за постоењето на Немезис беше бизарната орбита на џуџестата планета Седна. Мајк Браун, кој ја откри Седна во 2003-та истакна дека таа е мошне чуден објект, бидејќи не треба да биде таму каде што се наоѓа. |
||||
![]() |
||||
brza ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
ufff,...stvarno mi olesna ,...shto ne veruvash !
![]() |
||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
![]() |
||||
![]() |
||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
неверувам дека крајот ќе дојде 2012.Просто споделив
|
||||
![]() |
||||
Sunny ![]() Сениор ![]() ![]() Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
I ti li so taa 2012
![]() ![]() |
||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
![]() |
||||
![]() |
||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
И таа безкрајност се некогаш ќе заврши.Моментално се говори за 21.12.2012.Но дали е така никој незна. Изменето од емил - 02.Март.2010 во 10:41 |
||||
![]() |
||||
brza ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
vselenata e ...~!
|
||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
![]() |
||||
![]() |
||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Планетата повеќе не може да не храни
Планетата Земја стана премала за сите луѓе кои живеат на неа. Луѓето во иднина ќе се соочат со недостиг на нафта, со недоволно обработливи површини, недостиг на вода... Како да се зачува сегашниот стандард на живот? Ахим Штајнер, шеф на програмата на Обединетите нации за животна средина, УНЕП, вели: „Живееме на планета на која бројот на жителите за два века се зголеми од милијарда и пол, на шест и пол милијарди, а за 40 години бројот на жителите ќе се зголеми на 9 милијарди. Мора да разбереме дека проблемот на пример не е само недостигот на нафта, туку се ќе биде премалку за светската популација“. За тоа со што ќе се соочат идните генерации Чарлс Хопкинс професор од Универзитетот Јорк во Торонто, вели: „Нашите наследници ќе мора да најдат нови решенија. На пример, како на помали обработливи површини да обезбедат храна за 50 отсто повеќе луѓе. Педесет отсто повеќе луѓе ќе мораат да се справат со помалку вода, бидејќи денес ги црпиме праисториските резерви на подземните води. Ќе мораат да живеат без риба, бидејќи морињата се веќе опустошени, а да не заборавиме дека мора три пати да се зголеми производството на енергија, при што нема да смее да се ослободува јаглен-диоксид“. За американски стандард - четири и пол планети Во најновиот извештај на независниот вашингтонски Институт „Ворлдвоч“ пресметано е колкав стандард може да издржи планетата. Ако сите шест и пол милијарди жители денес би имале американски стандард, би им биле потребни четири и пол планети, Европјаните се малку поскромни - на нив би им биле доволни три, но и просечниот стандард на Тајланд или Јордан веќе ги надминува можностите на планетата. Рецептите кои биле во ред, кога на Земјата живееле милијарда и пол до две милијарди луѓе и кога имало доволно ресурси за сите, одамна повеќе не важат. Мора да се менува стопанството, како и односот на секој поединец кога се работи за потрошувачката. Шефот на УНЕП Ахим Штајнер вели: „Денес постојат работи кои се сосема извесни - нема да можеме мирно да живееме заедно на оваа планета, доколку стопанските модели од 20 век едноставно ги пренесеме во 21 век“. |
||||
![]() |
||||
Renatax ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Sunny,на ова летало има место за шест астронаути,ние сме три....нека се присоберат уште три и правац на Нептун
![]() ![]() П.С.се нервирам што неможам да ја постирам сликата на Орион,за да видиш какво превозно средство обезбедив
![]() |
||||
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
||||
![]() |
||||
Renatax ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Раководителот на проектот „Орион" на НАСА, Дон Пирсон, одговараше на прашања на насобраните покрај моделот на леталото на Националното шеталиште во Вашингтон. „Орион" ќе го врати човекот на Месечината до 2020-та, половина век откако тој првпат стапна на неа. -Моделот е во оригинална големина. Ќе понесе шест астронаути. Орион е од новата генерација летала што ќе се користи по пензионирањето на спејс-шатл леталата наредната година, вели Пирсон. За позирање или допирање, „Орион" и само како модел привлече големо внимание во Вашингтон. Пирсон вели - тоа ќе придонесе новите генерации да се заинтересираат за науката и математиката: -Кога за прпат лансиравме спејс-шатл, владееше возбуда – авион, свртен на страна, лансиран во вселената. Нека биде исто и со „Орион".
НАСА го планира човековото враќање на Месечината како преодна фаза за испраќање на астронаути на Марс. Самата одисејата до и од Марс би траела три години. Пирсон се надева дека некои од децата кои ги сретна неделава - еден ден ќе учествуваат во таа мисија. Изменето од renatax - 07.Февруари.2010 во 10:31 |
||||
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
||||
![]() |
||||
Sunny ![]() Сениор ![]() ![]() Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Renatax koga trgnuvame
![]() ![]() |
||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
![]() |
||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <12345 8> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |