IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Македонски фудбал
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонски фудбал

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 13>
Автор
Порака Обратен редослед
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2011 во 05:50
Шкендија прв победник на натпревар од Супер Купот на Македонија

Шкендија - Металург 2:1
Мустафи (п) 6', Сали 84' - Стевановиќ 90'

Фудбалерите на Шкендија се победници на првото Супер куп финале во македонскиот фудбал, откако денеска на Националната арена "Филип Втори Македонски" во Скопје, пред околу 2.000 гледачи со 2:1 славеа против тимот на Металург. 

Актуелниот фудбалски шампион на Македонија, до триумф во првиот историски Супер Куп, кој според најавите би требало да прерасне во традиција, дојде благодарение на погодоците на Мустафи од пенал во 6. минута и убавиот погодок со полуножички на Сали во 84 .минута. За Металурзи почесниот погодок, и тоа од слободен удар од околу 20. метри беше дело на Стевановиќ.

Фудбалерите на Шкендија, во првиот дел беа поконкретни, на самиот старт од натпреварот дојдоа во водство, а веднаш потоа имаа можност да зголемат и на 2:0, но лоб ударот на Емини заврши над гредата од голот на Металурзите. Сепак, можност да го израмни резултатот пред одморот имаше Баже Илиоски кој го погоди само дирекот на противникот. Во вториот дел, монотоните случувања на теренот, пресврт добија во самиот финиш од мечот. Најпрво во 84. минута, по одлучниот центаршут на Цуцули, Сали веднаш на прва, ја испрати топката во мрежата на тимот од скопската наслеба Автокоманда, зголемувајќи на 2:0. Во продолжение Металург многу поконкретно тргна кон голот на шампионот. Најпрво Симоновски промаши сто отстотна шанса, откако сам излезе пред противничкиот голман, за во 90. минута Стевановиќ со евро гол од слободен удар да намали на 2:1. Во судиското продолжение поради офсајд беше поништен голот на Љамчевски, додека Илиоски непосредно пред последниот судиски свиреж во казнениот простор на тетовскиот тим се најде во дуел со голманот на Шкендија, контакт неспорно имаше, но делителот на правдата Мечкаворски остана нем.

Фер и коректните случувања на теренот, сепак не минаа без провокации од трибините. Навивачите на Шкендија, популарните "Балисти", ја исфиркаа македонската химна, а скандирањето на недоличните фрази најверојатно ќе предизвика многу работа за дисциплинските органи при националната фудбалска куќа.

На крајот пехарот во трајна сопственост и преоден пехар во рацете на фудбалерите на Шкендија беа доделени од страна на претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџиристески.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2011 во 06:48
"Само нека победи фудбалот", се согласија двата тима во пресрет на овој прв историски натпревар во Супер купот

Најдобриот во првенството и најдобриот во Купот, или поточно шампионот Шкендија и вицешампионот Металург, утре, на "Филип Втори" ја пишуваат историјата. Тие ќе бидат првите актери на Супер купот на Република Македонија кој "сефте" се организира во нашата земја. И покрај неколкуте обиди низ минатото да се одигра еден ваков меч како увертира пред почетокот на шампионатот, сепак, конечно во оваа 2011 година успеано е да се организира мечот на најдобрите од минатото првенство, односно освојувачите на пехарите во шампионатот и во домашното првенство.

ШКЕНДИЈА - МЕТАЛУРГ
Национална Арена: "Филип Втори" во Скопје. Капацитет: 32.580. Почеток: недела, 18:30 ч.



Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2011 во 05:30

Тетекс останува прволигаш

Тетекс и следната сезона ќе се натпреварува во Првата фудбалска лига, реши Второстепената комисија при Фудбалската федерација на Македонија. На вчерашниот состанок на комисијата беше прифатена жалбата на тетовскиот клуб, откако пред една недела Одделението за лиценцирање при ФФМ одлучи да не му даде лиценца за настап на Тетекс, поради ненавремено плаќање на задолжителната котизација. Во меѓувреме, додека траеше рокот за жалба, Тетекс ги уплати потребните 12.000 евра, плус средства за жалбената постапка.
- Тетекс останува прволигаш. Средствата беа уплатени и нашата жалба беше прифатена. Сите детали ќе бидат познати уште викендов, а првата прозивка ќе се одржи в понеделник - изјави Стево Алампиоски, првиот човек на Тетекс

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2011 во 05:59
Работнички ја заврши работата

Фудбалерите на Работнички се веќе со едната нога во второто квалификациско коло од Лигата на Европа, откако попладнево на гостински терен со 4-1 ја совлада екипата на Транс Нарва.

"Романтичарите" одиграа одличен меч и се стекнаа со убедлива предност пред реваншот во Скопје. Почетната теренска иницијатива, Работнички ја круниса по само 16 минути игра, кога по прекршокот направен врз Грозданоски, Крсте Велкоски од слободен удар постигна прекрасен гол за водство од 1-0. Домаќините со шутеви од далечина се обидуваа да го загрозат голот на Димитриевски но сите нивни шутеви беа многу непрецизни. 10 минути пред крајот на полувремето по неуспешно поставена офсајд замка, Антон Епикхин изби сам пред Димитриевски и без проблеми израмни на 1:1. Пред крајот на полувремето Естонците имаа шанса и за пресврт, но не ја искористија грешката на Димитриевски, кој за момент ја испушти топката по еден центаршут, но беше доволно концентриран и веднаш ја поправи својата грешка. Вторите 45 минути романтичарите ги одиграа фуриозно и речиси го заверија пласманот во следното коло. По само 5 минути, капитенот Борче Маневски најдобро се снајде во мешаницата пред домашниот гол и успешно стрелаше за 2-1. Овој резултат го принуди домашниот тренер Јагудин да ги изврши трите измени за кратко време, што резултираше и со целосна теренска иницијатива на Транс Нарва, но без ниту една посериозна шанса. Сепак вистинската измена ја направи Горан Петрески, кога при таква игра, на местото на Стојанов го внесе Филип Петковски како трет напаѓач. Токму Петковски по 4 минути поминати на теренот успеа по одлична соло акција да донесе убедливо водство за Работнички од 3-1 и мирна завршница на мечот. Домаќините очајнички се обидуваа да создадат добра акција која би го загрозила Димитриевски, но кога сите очекуваа финиш на мечот, Влатко Грозданоски го постави конечниот резултат на мечот. Велкоски изведе корнер а Грозданоски без проблем со глава го постигна својот деби гол во Работнички за победа од 4-1.

Реваншот се игра на 7. јули во Скопје, а се очекува да биде само формалност и подготовка за двомечот со Јувенес/Догана од Сан Марино.
 

Транс Нарва: Вјалчинов, Римас, Казаков (61' Плотников), Безукорновас, Чекулајевс, Абраменко, Леонтовиш (ж) (55' Фјодоров (ж)) , Григорјев, Кито, Епикхин (ж), Базукин (59' Строкикс)

Работнички: Димитриевски, Богдановиќ, Стојанов (69' Петковски), Ќумбев, Лазаревски, Тодоровски, Вујчиќ, Грозданоски (ж), Петровиќ (82' Мицевски), Велкоски, Маневски (90' Ангелов).


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2011 во 05:57
Ренова славеше со 2:1 против полупрофесионалците од Белфаст

Фудбалерите на Ренова остварија минимална победа на домашен терен во првиот меч со Гленторан од С. Ирска во рамките од првото елиминациско коло од Лигата на Европа. На Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје, Ренова славеше со 2:1 против полупрофесионалците од Белфаст, кои средбата ја завршија со 9 играчи на теренот, поради две исклучувања.
 
Ренова поведе во 14. минута, откако Јанчевски беше прецизен од белата точка. За стартот кој беше санкциониран со пенал, МекГоверн заработи и исклучување. Во финишот на првиот дел, по уфрлена топка од корнер во 45. минута Никсон успеа да погоди со глава и да го израмни реузлтатот на 1:1.
 
По одморот, Ренова и покрај предноста во однос на бројот на играчи  се до 87. минута на успеа да постигне гол за водство. Три минути пред истек на регуларниот дел од мечот Бајрами ги постави конечните Ренова - Гленторан 2:1. Непоредно пред последниот судиски свиреж, во 91. минута црвен картон доби уште еден гостински фудбалер, Морис.

Се очекува реваншот во Белфаст до донесе неизвесен и интересен дуел.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2011 во 05:33
Слабее Тетекс, Захариевски во Металург, Мишковски во Шкендија

Сега беќе поранешните фудбалери на Тетекс, Срѓан Захариевски и Ненад Мишковски ја променија работната средина.

Ветеранот Захариевски потпиша 1-годишен договор со Металург. Захариевски е петтото засилување за тимот од скопската населба Автокоманда, откако претходно меѓу Металурзи дојдоа младите Петар Љамчевски и Бојан Ѓорѓиевски и српските интернационалци Игор Павловиќ и Горан Драговиќ.

Управата на клубот очекува Захариевски догодина да се приклучи и во стручниот штаб.

Од друга страна, Мишковски се обврза на 2 годишна верност кон Шкендија.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2011 во 05:16
Промовирани најновите засилувања во ФК Работнички

Тренерот на Работнички, Горан Петрески полека го комплетира составот за настапите во Лигата на Европа и новата сезона во домашното првенство. Најнови на списокот на засилувања, денеска промовирани, се Владица Брдаровски и Горан Станковски.

И двајцата ги одбработуваат првите полесни тренизи заедно со физиотерапевтот, со оглед на тоа дека имаат ситни повреди, но се очекува до недела кога Работнички на белградска "ЈНА" ќе одигра пријателски меч со Партизан, да бидат подготвени.

И Брдаровски и Станковски се повратници во македонскиот фудбал бидејќи изминатиот период настапуваа во Чешка (Брдаровски), односно Молдавија (Станковски).

„Очекувам во настапите во Лигата на Европа да стигнеме далеку и да играме со некој тим од рангот на Атлетико Мадрид и Тотенхем, а во домашното првенство да се бориме за шампионската титула“ - изјави актуелниот младински репрезентативец Владица Брдаровски.

"Мислам дека најквалитетната екипа во Македонија во моментов е Работнички и затоа мојот избор е токму Работнички“ - потенцираше повратникот во Работнички, Горан Станковски кој во 26 мечеви за Работнички има постигнато 14 голови.

Од таборото на Работнички и веста дека до заминувањето на мини-подготовките во Белград в недела се очекува и официјализирање на договорот на уште еден повратник во тимот од Дебар Маало, Димитрија Лазаревски кој веќе почна да ги одработува првите тренинзи со екипата.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2011 во 06:05
Напредок и Миравци прволигаши

Бараж средбите за пополнување на Првата фудбалска лига на Македонија се одиграа попладнево. Со сигурни победи на средбите во Скопје и Прилеп во елитата ќе играат екипите на ФК Напредок и ФК Миравци.

Резултат:

 

Напредок - Тиквеш 2-0 (Стадион Ѓорче Петров)

Скопје - Миравци 1-4 (Стадион „Гоце Делчев" Прилеп).

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2011 во 06:39
Одбиен предлогот за проширување на Првата фудбалска лига на Македонија

Управниот одбор при Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница во Прилеп, го искористи овластувањето на Собранието на ФФМ да разговара за проширување на Првата фудбалска лига на Македонија и одлучи да го одбие предлогот елитното фудбалско друштво да се прошири на 16 членови.

УО при ФФМ донесе заклучок да се подготви посебна седница на која ќе се разговара за резултатите на фудбалската репрезентација на Македонија во квалификацискиот циклус 2012 година и понатамошниот статус на актуелниот селектор на националниот тим Мирсад Јонуз.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2011 во 06:13

Шкендија ја прослави титулата пред 12.000 навивачи

Шкендија и официјално беше промовирана во нов шампион, а Вардар и Пелистер се простија од прволигашкото друштво по натпреварите од последното коло од Првата фудбалска лига, кое, резултатски, немаше никакво значење. За тетовскиот тим, ова е најголем успех во 32-годишната историја на клубот, кој лани играше во Втората лига. Шкендија го доби победничкиот пехар во спектакуларна атмосфера за наши услови по нерешените 2:2 со Металург, на кои присуствуваа 12.000 навивачи. Прославата потоа продолжи и на улиците на Тетово. Успехот е уште поголем, ако се земе предвид дека на второпласираниот Металург му избега цели 11 бода. Следната сезона, Шкендија ќе игра во Лигата на шампионите.
Металург, сега веќе бившиот првак Ренова и Работнички ќе играат во Лига Европа следната сезона. Како освојувач на Купот на Македонија, Металург ќе стартува во второто коло на Лига на Европа, додека Ренова и Работнички ќе почнат од првото коло.
Скопје и Напредок, пак, ќе играат во баражите за пополнување на Првата лига против трето и четвртопласираниот тим во Втората лига. Пред последното коло, тоа беа Тиквеш и Миравци.

**

Листа на стрелци

Кировски (Скопје) 20
Маневски (Работнички) 19
Хасани (Шкендија) 14
Сали (Шкендија) 12
Темелков (Силекс) 12

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2011 во 05:43
Промена на терминот за бараж натпреварите

Поради предвремените избори во Република Македонија терминот за одигрување на бараж натпревари за пополнување на Првата фудбалска лига, кој требаше да се одиграат на ден 05. јуни 2011. година (недела) се променува и истите ќе се одиграат на ден 02. јуни 2011. година (четврток) со почеток во 16:30 часот.

Согласно пропозициите во натперварувачката 2010/2011 година десетто пласираниот од првата лига игра со трето пласираниот од втората лига, деветто пласираниот од првата лига игра со четвртопласираниот тим од втората лига.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2011 во 05:53
Вардар освои бод против Скопје, Шкендија само на бод од првата шампионска титула

Фудбалерите на Вардар, пред својата публика, одиграа нерешено без голови во директниот дуел со најблискиот конк*рент, Скопје, на кого треба да му ја одземат позицијата на табелата, за да обезбедат бараж за опстанок во Првата фудбалска лига на Македонија. И по денешниот меч, Вардар заостанува зад Скопје 5 бода, што сеуште теоретски го остава во игра најголемиот македонски фудбалски бренд, во пресрет на последните три кола од домашниот шампионат, да се избори за задржување на прволигашкиот статус. Секако, Скопје е во многу подобра позиција на крајот да игра бараж за опстанок.

Сега повеќе нема дилеми, Вардар мора да освои 9 бода во преостанатите три рунди до крајот и да се надеваат на грешки на Скопје кој пак секако си има свои пресметки во борбата за позиции.

На врвот од табелата Шкендија го совлада Хоризонт во Турново, а по ремитo меѓу Металург и Работнички, сега на тимот од Тетово му е потребен само уште еден бод за и теоретски да ја обезбеди првата шампионска титула.

Ренова го совлада Тетекс, во меч во кој поразениот тим од 65. минута играше со играч помалку поради исклучувањето на Јовановски, додека Напредок и Брегалница одиграа меч без погодоци.

Пелистер иако имаше предност од два гола против Силекс, сепак на крајот загуби, благодарение на погодокот на Нацев непосредно пред последниот судиски свиреж, а од овој меч за одбележување е и фактот дека двата тима натпреварот го завршија со по десет играчи во поле.

Резултати и стрелци:
Вардар - Скопје 0:0

Напредок - Брегалница 0:0

Пелистер - Силекс 2:3
Талевски 12', Бујчевски 48' - Насевски 64', Заревски 68', Нацев 90'

Работнички - Металург 1:1
Велковски 57' - Миле Крстев 84'

Хоризонт Т. - Шкендија 0:2
Хусеини 35', Хасани (п) 52'

Ренова - Тетекс 4:2
Емини 27', Степановски 48', Исмаили 83', Јанчевски 90' - Сиљановски 33', Столевски 80'.

Табела:
Шкендија 67
Металург 58
Ренова 55
Работнички 52
Силекс 41
Хоризонт Т. 39
Брегалница 38
Тетекс 37
Напредок 37
Скопје 31
Вардар 26
Пелистер 15.

До крајот на првенството останува да се одиграат уште три кола и тоа по следниот распоред:
31. коло
Тетекс - Вардар,
Скопје - Пелистер,
Силекс - Напредок,
Брегалница - Хоризонт Т.,
Шкендија - Работнички,
Металург - Ренова.

32. коло
Металург - Тетекс,
Ренова - Шкендија,
Работнички - Брегалница,
Хоризонт Т. - Силекс,
Напредок - Скопје,
Плистер - Вардар.

33. коло
Тетекс Пелистер,
Вардар - Напредок,
Скопје - Хоризонт Т.,
Силекс - Работнички,
Брегалница - Ренова,
Шкендија - Металург.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Мај.2011 во 05:10
Три бода за Тетекс во дуелот со Скопје

Комплетирано е 29. коло во Првата фудбалска лига на Македонија. Во последниот меч, одигран денеска, фудбалерите на Тетекс, пред свои гледачи, славеа во дуелот со Скопје. Гостите поведоа непосредно пред одморот благодарение на погодокот на Кировски, за во вториот дел Тетекс преку Наумовски во 66. минута и Јовановски во 73. минута, да стигне до важни бодови за изгенување на баражот.

резултати и стрелци:

Тетекс - Скопје 2:1
Наумовски 66', Јовановски 73' - Кировски 44'

одиграно вчера
Шкендија - Напредок 4:1
Емини 13', Ардијан Нухиу 37', Сали 58', Хасани (п) 80' - Левков (п) 81'

одиграно во саботата:
Силекс - Вардар 0:1
Фабио Силва 44'

Брегалница - Пелистер 4:0
Попанев 28', Георгиев 60', Велинов 75' Алексов (п) 90'

Металург - Хоризонт Турново 1:1
Илијоски 45' - Милушев 9'

Ренова - Работнички 2:2
Емини 45', Ристов 62' - Маневски 8', Тунески 29'

Табела:
Шкендија 64 бод
Металург 57
Ренова 52
Работнички 51
Хоризонт Т. 39
Силекс 38
Тетекс 37
Брегалница 37
Напредок 36
Скопје 30
Вардар 25
Пелистер 15.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2011 во 05:57
Вардар освои само бод против Брегалница, Шкендија сигурна против Пелистер

Поради редовната седница на Собранието на ФФМ, што ќе се одржи во утрешниот термин за прволигашки мечеви во Охрид, натпреварите од 28. коло во елитниот домашен фудбалски шампионат се одиграа денеска, невообичаено за наши услови.

Фудбалскиот маратон во Скопје започна со дуелот меѓу Работнички и Тетекс во 13 часот, а им припадна на "романтичарите" кои со 2-1 славеа против тетовскиот тим. Во продолжение Вардар и Брегалница ги поделија бодовите играјќи нерешено 1-1. Од овој натпревар за одбележување е и 78. минута од мечот, кога стрелецот на единствениот погодок за Брегалница, Лазар Илиев заработи црвен картон.

Лидерот Шкендија славеше на гости кај фенерџијата Пелистер, додека со нерешен резултат 1-1 заврши и дуелот во Турново помеѓу Хоризонт и Ренова.

Фудбалерите на Металург славеа во Кичево против Напредок, додека Силекс се избори за бод на мечот против скопје во скопската населба Автокоманда.

Резултати:
Работнички - Тетекс 2:1
Глигоров 72', Велковски (п) 92' - Наумовски 88'

Напредок - Металург 1:2
Вренцовски 36' - Илијоски (п) 47', Ејупи 70'

Пелистер - Шкендија 1:3
Дјелил (аг) 84' - Сали 58', Хасани 74', 88'

Скопје - Силекс 1:1
Кировски 4' - Заревски 30'

Хоризонт Т. - Ренова 1:1
Ковачев 75' - Али (п) 60'

Вардар - Брегалница 1:1
Џангаровски 77' - Илиев 34'.

Табела:
Шкендија 61
Металург 56
Ренова 51
Работнички 50
Силекс 38
Хоризонт Т 38
Напредок 36
Тетекс 34
Брегалница 34
Скопје 30
Вардар 22
Пелистер 15.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,531 секунди.