Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Јули.2015 во 12:58 |
Кога едноставно ќе ви биде премногу топло за да го вклучите шпоретот и нема да ви се стои над тенџерето со часови, ви предлагаме да си подготвите една од овие салати. Медитеранска салата Состојки: - 400g орзо (тестенини во облик на ориз)
- 1 мала главица виолетов кромид
- 1 голема пиперка
- 10-20 маслинки
- 200g сирење по вкус
- Маслиново масло
- Сол
Подготовка: Орзото сварете го како и сите тестенини, процедете и изладете. Пиперката, кромидот и сирењето исечете ги на коцки, а маслинките на кругови. Додајте сол и маслиново масло и добро промешајте. Салата со туна и пченка
Состојки: - 1 конзерва туна на парчиња
- 1 конзерва пченка (средна големина)
- 7 кисели краставички
- 200g тестенини
- 100g кисела павлака
- ½ кромид
- 1 мала кесичка мајонез
- Сол, зачини
Подготовка: Во еден сад ставете го мајонезот заедно со павлаката и промешајте. Додадете ги сечканите кисели краставици, туната, исечканиот кромид и на крај пченката. Потоа додадете ги сварените тестенини и измешајте. Сурими салата
Состојки: - 150g сурими стапчиња
- 300g тестенини (по желба, може и без тестенини)
- 2 зелени пиперки
- 1 мал кромид
- 2 домати
- 2 лажици мајонез
- 200g кисела павлака
- 1 лажичка сенф
- Сол
Подготовка: Сварете ги тестенините и сурими стапчињата. Исцедете ги и изладете ги. Зеленчукот исечкајте го на крупни коцки и измешајте го со павлаката, мајонезот и сенфот. Исечете ги сурими стапчињата на 3-4 парчиња и додадете ги во садот со салати. На крај додадете ги и макароните.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Omar
Сениор
Too young to die...
Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Април.2015 во 13:45 |
ШОПСКА САЛАТА ВО НЕОБИЧНА ФОРМА- 2 домати
- 1 краставица
- 1 главива кромид
- 1 лажичка оригано
- Сол
- Масло за јадење
- 3 гранчиња целер
- Ливчиња нане
Припрема: Исецкајте ги доматите и краставицата на коцки. Кромидот исецкајте го на ленти. Измешајте го зеленчукот во голем сад, па наросете сол и додадете го ориганото. Шопската салата поделете ја во 6 чаши па чашите превртете ги на тава на која претходно сте ставиле алуминиумска фолија. Тавата ставете а во замрзнувач 15тина минути се додека салатата не се стегне. Извадете ги чашите од замрзивач и полека отстранете ги, откако претходно сте ја отстраниле алуминумската фолија и сте ги превртеле на чинија за сервирање. Врз секој куп шопска салата ставете по едно гранче целер и ливчиња од нане. Чинијата за сервирање попрскајте ја со маслиново масло и украсете ја со сецкани листови од нане. Добар апетит!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Април.2015 во 13:26 |
Серијал летни салати – Салата од ракчиња, диња и мента
Ако во првата салата од овој серијал им дадовме предност на зеленчукот и овошјето, овој пат ќе уживаме во морска храна во комбинација со диња и мента.СОСТОЈКИ • 1 диња • 450 гр ракчиња • 1 лажица масло • 2 лажици јаболков оцет • листови мента • сол и бибер • 2 лажици кисела павлака • малку маслиново масло ПОДГОТОВКА Преполовете ја дињата и отстранете ги семките. Со помош на лажица за сладолед, направете топчиња од диња. Топките, заедно со сокот од дињата, ставете ги во сад во кој потоа ќе ги додадете и ракчињата кои претходно малку сте ги пропржиле на маслиново масло. Садот затворете го и ставете го во фрижидер. Во друг, помал сад, ставете ги маслото, јаболковиот оцет и киселата павлака. Посолете, додадете бибер и сѐ добро измешајте. Ставете го сосот малку да отстои во фрижидер. Сервирајте топка диња со ракчиња и полејте со ладниот сос кој го подготивте. Украсете со ливчиња мента.
Изменето од Valerija - 27.Април.2015 во 13:26
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Април.2015 во 13:24 |
Серијал летни салати: Панзанела
Панзанела е вкусна салата која се подготвува од леб и зеленчук. Нема топла подготовка и ќе ви бидат потребни околу 45 минути за да уживате во неа. Потекнува од земјата на салатите — Италија и слободно може да биде дел и од вегетаријанското мени. СОСТОЈКИ (за 4 порции) • 8 кришки леб (може и постар) • 4 зрели домати • 1 рака свеж босилек • 1 кромид, виолетов • 1– 2 краставици • маслиново масло • вински оцет • сол и бибер ПОДГОТОВКА Исечете го лебот на коцки и натопете го во студена вода (околу половина час). Кога ќе омекне, стиснете го со раце за да се исцеди, но внимавајте да не се распадне. Ставете ге во длабок сад за салата и додадете го зеленчукот (домати, краставица и кромид) кои претходно тенко сте ги исечкале. Потоа, додадете го ситно сецканиот босилек. Зачините со маслиново масло, сол и бибер и садот оставете го во фрижидер за да се излади салатата. Оцетот се додава при послужувањето.
Изменето од Valerija - 27.Април.2015 во 13:24
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Април.2015 во 13:23 |
Овој период од годината нашите пазари и маркети се преполни со свеж зеленчук и овошје. А, свежиот зеленчук е основна состојка на секоја салата. Во комбинација со неколку други продукти, малку имагинација и желба за готвење, ќе подготвите салати во кои ќе уживате во овие топли денови и ноќи. Ние ви предлагаме рецепти за три салати кои се мошне едноставни. Зелена салата со зачини Исечкајте зелена салата и ставете ја во поголем сад за салата. Насечете мали коцкички препечен леб и додадете пармезан и малку мешавина од маслиново масло и оцет. Потоа, надробете малку ливчиња нане, босилек и ротквица. Налејте 1/3 шолја масло од кикиритки и 2 големи лажици сок од лимета.
. Ендивија салата со лешници и грозје Надробете зелена салата (уште подобро ако најдете ендивија). Попрскајте со 2 шолји грозје (пресечени на половина), ¾ шолја кршени лешници, мешавина од маслиново масло и оцет.
. Салата од кељ, суво грозје и сино сирење Исечете кељ и попрскјате го со по 1 мала лажица маслиново масло и оцет. Оставете да омекне. Потоа додадете 2 рендани моркови, ½ шолја суво грозје, ½ шолја сино сирење, 1/3 шолја маслиново масло, 2 големи лажици оцет, 1 чешне лук и 2 мали лажици мед.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Omar
Сениор
Too young to die...
Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Април.2015 во 10:53 |
Салата од туна
- една конзерва туна ( употребувам сецкана туна во маслиново масло ), - 150 гр маслинки веќе исчистени од семките ( зелени за подобар изглед на салатата), - 1 чаша павлака, - 4 (средно големи) варени и изрендани компири, - мелен бибер, - сол, - маслиново масло.
Маслинките ситно се сецкаат, се додаваат ренданите компири и туната и се убаво се меша. Се додаваат сол и бибер по вкус, сосема малку маслиново масло и на крај се додава павлаката. Се мешаат сите состојки и се остава во фрижидер најмалку 1 час да отстои. Се декорира по желба.
П.С.: ако оваа салата не е составен дел од романтична вечера....се додава и ситно сецкан кромид.
|
|
Omar
Сениор
Too young to die...
Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Април.2015 во 10:51 |
САЛАТА СО РИБА, ГРАВ И КОМПИРИ
Потребно е: 250 г компири, 250 г грав, 4 кисели краставички, сол, црн пипер, 250 г риба, 250 г мајонез и 50 г маслинки.
Приготвување: Компирот, гравот и рибата сварете ги одделно и почекајте да се оладат. Потоа исецкајте ги на коцки. Исецкајте ги и киселите краставички и маслинки. Посолете, сипете црн пипер, па додадете го мајонезот и добро промешајте за да се соединат сите состојки.
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Јануари.2015 во 21:32 |
Италијанска салата
Состојки: -200 гр. тестенини -200 гр. моцарела -150 гр. мортадела -200 гр. кечап -2 домати -1 пиперка -2 лажици маслиново масло -50 гр. маслинки без семка -оригано, сол -мешан зачин, бибер Подготовка: 1.Тестенините сварете ги во солена вода. 2.Пиперката исечете ја на тенки стапчиња, доматот на мали коцки, маслинките и моцарелата на кругови, а мортаделата на ленти. 3.Посебно соеднинете го кечапот, ориганото и зачинете по вкус. 4.Во поголем сад соединете ги тестенините, моцарелата, доматот, пиперката и мортаделата. Прелијте ги со подготвениот сос и полека измешајте.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Декември.2014 во 21:56 |
ЗИМСКА САЛАТА СО МАКАРОНИПотребни состојки: 3 др. Јогурт 1 праз 2 дл. павлака 100 гр. мајонез 10 кисели краставички 150 гр. кашкавал 150 гр. шунка 300 гр. макарони 3 јајца Сол и црн пипер Припрема: Сварете ги макароните во солена вода, па исцедете ги и оставете ги да се исушат. Сварете ги јајцата и изрендајте ги на рендето. Празот, киселите краставички, шунката и кашкавалот исецкајте ги. Во посебен сад ставете ги макароните, краставичките, празот, шунката, јајцата и кашкавалот, зачинете со сол и црн пипер и промешајте. Салатата од макарони оставете ја да се излади во фрижидер пред послужување. Добар апетит!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Декември.2014 во 10:03 |
Салата од тиквички
Состојки: 2 средни тиквички 100 гр фета сирење 100 гр кашкавал Маринада 3 лажици оцет балсамико 5 лажици маслиново масло 2 главички бел лук сол, пипер и рендана кора од лимон Подготовка: Иситнете го белиот лук, додадете оцет балсамико, маслиново масло, зачини и малку рендана кора од лином. Добро промешајте. Тиквичките исечете ги по должина на тенки парчиња. Потоа ставете ги во маринадата, да одстојат најмалку пет часа. Откако убаво ќе се измаринираат, секое тиквиче печете го во грил тава неколку минути додека добро не порумени. Тиквичките ставете ги во чинија, одозгора ставете коцкички фета сирење и изрендан кашаквал. Можете да декорирате со свежо ливче нане или ситно исечкан магданос.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Декември.2014 во 10:01 |
Салата од леќа
Состојки 4 модри патлиџани, исечени на тенки ленти маслиново масло 250гр. чери домати 1 мало чешне лук 1/4 лажичка црвен пипер сок од 1/2 лимон 140гр. павлака 400гр. леќа 80гр. ореви сецкани 4 лажици магдонос сецкан 70гр. млад спанаќ Постапка Сварете ја леќата 30 мин. во тенџере со вода на среден оган. Потоа процедете ја. Загрејте ја рерната на 200 степени. Намачкајте плех со масло и наредете ги лентите од модри патлиџани и чери доматите. Премачкајте ги со маслиново масло и печете ги 3-4 минути. Потоа тргнете ги чери доматите во чинија, превртете ги модрите патлиџани од другата страна и печете ги уште 3-4 минути. Во мал сад измешајте павлака, лук, црвен пипер и сок од лимон. Измешајте ги во сад за сервирање модрите патлиџани, чери доматите, леќа, магдонос, млад спанаќ и ореви. Зачинете со сол по вкус и прелијте ја салата со зачинетата павлака.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Ноември.2014 во 16:12 |
Пикантно уживање: Мексиканска салата
Пикантна салата која ќе ви ги освои сите ваши сетила, а ќе ве привлече и со нејзиниот изглед.
Потребни состојки: - 1 конзерва црвен грав
- 1 конзерва пченка
- 2 главици кромид
- 1 главица зелена салата
- 1 лажица мед
- сок од 1 лимон
- 1 лута пиперка
- 1 црвена блага пиперка
- малку масло
- сол
Подготовка
Исцедете ги гравот и пченката. Исечете го кромидот на кругови, а салатата на ленти.
Сите состојки соединете ги во еден сад. За прелив измешајте го лимоновиот сок со малку масло, посолете по ваш вкус, а потоа додадете ги медот и исецканата пиперка.
Посипете го преливот преку салатата и послужете со лесно главно јадење, како тестенини или пак пилешко месо. Оваа мексиканска салата можете да ја јадете и како засебен оброк. По желба, за време на подготовката можете да додадете и црвена пиперка и друг зеленчук по желба. Секако, доколку сакате салатата да ја направите покалорична додадете на крај и мајонез.
Пријатен апетит!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 01.Ноември.2014 во 13:31 |
Приготвување:Тенко исечете ја зелката. Исечете половина морков на тенки ленти. Исто така тенко исечете ги двата кромида. За верзијата со мајонез додајте ги мајонезот и сенфот и убаво измешајте. Додајте црн пипер по вкус. За верзијата без мајонез, додајте неколку лажици оцет. Попрскајте со шеќер, сол и црн пипер по вкус. Послужете веднаш. | Состојки:400 г зелка, зелена или црвена, или и од двете 1 морков 2 кромида За верзија со мајонез: 3 лажици мајонез половина лажичка сенф црн пипер За верзија без мајонез: оцет шеќер сол и црн пипер |
Изменето од Valerija - 01.Ноември.2014 во 13:31
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 01.Ноември.2014 во 13:30 |
Приготвување:Внимателно измешајте ги сите состојки. Послужете ја салатата разладена. | Состојки:250 г ракчиња, зготвени и исечкани 3-4 лажици мајонез, по вкус 2 лажички ситно рендана кора од лимон 2 лажички свежо исцеден сок од лимон 3 листа целер, ситно сечкани 1 млад кромид, ситно сечкан половина лажичка сув босилек половина лажичка црвен пипер половина лажичка морско оревче црн пипер сол 2-3 капки ворчестер-сос 1/2 лажичка лут сос (табаско) |
Изменето од Valerija - 01.Ноември.2014 во 13:30
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|