|
Рано Христијанство |
Внеси реплика | страница <12345 13> |
Автор | ||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ЕвАнгелос... да не навлегуваме непотребни расправии...
Католик значи Православен. Буквално - зборот значи тоа. Идејата дека источната е таа која се одделува од западната - е доста спорна, и зависи доста од гледната точка! Ги спомнав 60-тите години, затоа што тоа е прв пат кога Македонската Црква има можност да одлучува самостојно и организирано за било што! Претходно - верувам дека знаеш доволно за оваа тема и знаеш дека голем дел од богослужбите се вршени на српски, бугарски, дури и грчки јазик. Старословенските литургии немало кој да ги преведе на македонски - прво затоа што македонскиот немал ниту своја утврдена граматика, ниту утврден речник, ниту азбука (се до 45-та). Бесмислено е да се споредуваат со реформираните цркви, од проста причина што реформираните цркви се мали групи на луѓе, доста независни една од друга. Православната црква е доста масивна институција (тебе тоа ти се допаѓало или не). Она што не можам да го разберам е ставот на "реформираните" кон православието... Поточно односот. Да, разбирам дека вашиот однос во моментов е односот кој Лутер го имал на времето, но разликата е што во денешно време, малку поинаку се прават тие работи. Никој не ве обврзува да бидете православни или спалени, никој не ви наметнува учење, никој не ви смета во начинот на кој вие верувате. Одредени непријателски односи од страна на народот и одредени свештеници, се разбира дека ќе има, затоа што мислењето е дека се што е различно од моето не е исправно. Тоа што најмногу ме чуди - е што вие го имате истиот тој однос против кој се буните и жалите. Како и многупати што сите велиме, а никој од нас не го прави - нека да погледнеме во својот двор, нека да го исчистиме сопственото срце, потоа срцата на оние кои се блиски нам... а потоа да помогнеме на останатите. Да помогнеме! Не да ги обвинуваме и да се подбиваме со нив. Ќе ти го кажам ова искрено, како сакаш сфати го... колку повеќе сум присутен на форумов, толку повеќе губам надеж дека луѓето по природа се добри и дека навистина ја имаат сфатено идејата за љубов и простување... секогаш како главен аргумент се дава "вашите се полоши" или "а вие што правите"... Исус не се извлече од крстот со оправдување дека луѓето се лоши и дека нема смисла да го распнуваат заради нив... ниту пак ги обвини, ниту им се потсмеа заради тоа... напротив - побара прошка за нив. Тоа ме мачи ЕвАнгелосе... за тоа ме боли душата секој ден кога ги читам работите на форумов, кога гледам вести на телевизија или кога шетам на улица... затоа што ја немаме таа милост, таа љубов, таа добрина... ама нејсе... секој е тргнат по својот пат пријателе... |
||
Do what is right, come what may...
|
||
mali simo
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 1132 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Евангелос ти малку си измешал брзини..... другар без навреди ама може малкуцка да си отерзниш од твоето ,,блаженство,, не за друго и не мора многу , доволно би било да си ги разгледаш почетоците на твоето учење, се ти се темели на лага, а знаеш како се руши ,,кула од карти,, или куќа без темел, затоа биди притпазлив. Искрено зборувај против Православното Христијанство колку сакаш твоја работа не си ни прв а нема ни последен да бидеш, само Ти другар ке потониш во лагите кои ги плетеш и нема да можеш да се отплеткаш. поздрав |
||
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ
|
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
zidraski, убаво рече "источната црква", бидејќи православната црква сеуште не постоела во тоа време. Се разбира дека одвојувањето на источното крило од католичката црква и создавањето на православната црква не се случило преку ноќ, но сепак 1054 година е земена како нејзин почеток затоа што тогаш се случило нивното анатемисување од страна на папата, по што они се одвоиле како посебна црква, нарекувајќи се подоцна "православна".
Нема дискусија околу тоа кој од кого се одвоил. Тоа го знаат и децата, дека Католичката црква постоела уште од 4 век и дека од неа се одвојува источното крило (официјално во 1054год).
Околу јазикот, и самиот велиш "уште од 60-тите, од возобновувањето - почнува постепено да го воведува македонскиот јазик"... небаре тоа е многу многу одамна
значи сепак станува збор за 20 век т.е. 11 века после преводот на Кирил и Методиј. Замисли, ние сме едни од првите кои ја добиле Библијата на народен јазик, а едни од последните кои направија нов превод во 1990 година. Православните ако сакаа можеа да направат ново издание на старословенската Библијата, но не направија. Православните ако сакаат можеа да ја користат и српската далеку поразбирлива Библијата и да ги држат службите на македонски народен и разбирлив јазик, но тие не го правеа тоа, туку пееа на старословенски по црвките и го чуваа во хипноза и неразбирање македонскиот народ, неразбирање на основните христијански верувања.
Од друга страна, реформираните т.е. библиските цркви, иако и тие немаа Библија до 1990 година, сепак тие немаа проблем да користат Библија на некој од сродните јазици (српски) и нивните богослужби секогаш биле и се на народен македонски разбирлив јазик.
Уште еден нај тазе пример за кочницата на православната црква околу преведувањето на Библијата е нивното десет годишно неиздавање на веќе спремното ревидирано издание на Светото Писмо. Да, повеќе од 10 години откако се направи ревизија на Светото Писмо, МПЦ го кочеше тоа да излезе во печат, со изговор дека сака да ги "допродаде" нејзините стари Библии (значи да не изгуби од профитот), а сите ние бевме сведоци дека откако МПЦ ќе ги продадеше старите неревидирани Библии, ги препечатуваше повторно истите 7 пати. Трагедија.
Затоа, zidarski, да бидеме реални и искрени, факт е дека православната црква никогаш не превземала иницијатива за превод на Светото Писмо или за едукација на народот. Дури и ревизијата на старото Свето Писмо беше иницирана од реформираните цркви. Тие мораа да бараат дури и помош од обиденетото Библиско друштво за да се случи ревизијата, затоа што МПЦ ја оспоруваше истата дури и во почетокот.
На православната црква, како и на католичката, не и одговара обичниот човек да ја познава Библијата, затоа што на тој начин би се откриле нејзините небиблиски верувања и пракси. На православната црква и одговара обичниот човек да ја "чита" Библијата преку устата на нејзините великодостојници. Можеш теоретски да го оспоруваш ова, но реалноста е на моја страна. Излези надвор меѓу православните и направи една анкета за нивното познавање т.е. непознавање на Светото Писмо и ќе видиш дека се што прочитале е она што чуле од поповите, стотици небиблиски работи. А потоа направија истата анкета меѓу библиските цркви и ќе видиш која е разликата. Изменето од EvAngelos - 05.Август.2008 во 13:45 |
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
mudzahid
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 15.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 818 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
а бе да знае ќе каже, ама нема такво знаење, поточно очигледно е дека има противречности. А и добро што си молчи, бидејќи само така може да ја сокрие оваа голема лага |
||
И НЕ СЛЕДИ ГО ОНА ШТО НЕ ГО ЗНАЕШ.
И ИЗБЕГНУВАЈ ТЕ ГОВОР ЛАЖЕН. |
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не ме разочарувај Евангелосе...
Кирил и Методиј се дел од источната црква и се во служба на Византија. Единствено бараат дозвола од Папата кога треба да одат да служат во словенски земји кои биле под влијание на Рим. А друго прашање е кој од кого се одвојува и кога се појавува... Католичката црква поголемиот дел од своите служби многу одамна ги врши на локалниот јазик. Има некоја чудна тенденција поддржана од сегашниот папа да се врати латинскиот. Лично не ја одобрувам. Македонската православна црква - уште од 60-тите, од возобновувањето - почнува постепено да го воведува македонскиот јазик. Да не забораваме - до скоро немаше ни литература, дури ни Библија асално преведена на Македонски... Самиот знаеш дека многу од Евангелските цркви заради тоа во минатото користеа библии на грчки јазик, заради тоа што преводите не беа квалитетни. Тенденцијата во МПЦ е службата да се извршува на денешниот македонски јазик, но за тоа ќе треба доста време, затоа што станува збор за доста масивна институција. Далеку полесно е тоа да се направи во група која те прва се формира или има доста либерална структура. |
||
Do what is right, come what may...
|
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
zidarski, од каде па сега Кирил и Методиј православни великодостојници? Од каде православна црква во 9ти век? Зарем не знаеш дека тие биле понизни на Католичката црква и дека за секоја нивна евангелска мисија барале одобрение од папата? Православната црква се појавува т.е. одвојува од Каточичката со расколот во 1054 год. т.е. 2 века после Кирил и Методиј.
Но да не се фаќаме за личности, факт е православието и католицизмот се оние кои дирекно или индирекно тежнееле обичниот човек да не чита Библијата или барем не на разбирлив народен јазик. Тие се оние кои СЕУШТЕ, и во 21 век, си ги тераат службите на латински/старословенски неразбирлив мртов јазик.
А наспроти нив, реформираните т.е. библиските цркви си ги тераат службите на разбирлив народен јазик.
|
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ЕвАнгелос - знам дека службите не се вршат на латински, само дадов за пример дека во почетокот на реформацијата се користел латински.
Кирил и Методиј, ја преведоа Библијата на старословенски, за да ја доближат до населението... Тие беа Православни Великодостојници. И Свети Климент по нив, кој внесе уште поголема реформа на словото и поедноставување. И Свети Наум кој успеа да го структурира и да создаде лесен начин да тоа биде разбирливо за неукиот во тоа време народ... А после тоа... е после тоа дојдоа оние кои не разбираат... дојдоа оние кои не разбраа дека токму тоа е патот и начинот. Сега повторно се враќаме кон патот... полека... има време... |
||
Do what is right, come what may...
|
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
zidarski, нема да најдеш ниту една реформирана т.е. библиска црква каде службите/проповедите се извршуваат на латински јазик или на било кој друг мртов јазик. Од друга страна, иако Кирил и Методиј, со благослов на поглаварот на Католичката црква, ја преведоа Библијата на старословенски јазик во далечниот 9ти век, СЕУШТЕ, и ден денес, во 21 век, во мнозинството православни цркви литургиите се читаат на старословенскиот мртов јазик.
Па ти види.
|
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ЕвАнгелос - православните великодостојници никогаш не тежнееле кон тоа обичниот човек да не го чита Светото Писмо. Православните великодостојници се првите во историјата на Христијанството кои ја создале можноста Евангелието да биде прочитано на народски јазик, разбирлив за луѓето кои треба да го примат тоа слово и да поверуваат во него. И доста долго време се единствените кои тоа го прават - кога веќе ја спомнуваш реформацијата - самиот нејзин слоган е сеуште на Латински, како и голем дел од религиозните писанија на реформаторите...
За разлика од православните великодостојници - феудалните великодостојници секогаш тежнееле обичниот човек да не го чита Светото Писмо, затоа што тоа ќе го ослободи, ќе му даде светлина и ќе му даде верба во нешто друго, нешто што е надвор од нивна контрола. Истите тие феудални великодостојници ја злоупотребуваат црквата со векови и поставуваат нивни луѓе да проповедаат... се разбира - онака како што ним им одговара. Тој тип на феудално владеење со црквата продолжува до почетокот на 90-тите години на 20-тиот век дури. Сега тоа се обновува... малку по малку се враќа кон корените, се враќа кон сопствената традиција. Ќе биде потребно многу време, но ќе се случи. |
||
Do what is right, come what may...
|
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јас парцијално се согласувам со вас двајцата (Antiqua И Majkl). Сметам дека христијанството не е сменето, туку сменети се мнозинството кои се нарекуваат "христијани" и "претставници на христијанството", сменети се оние кои светот ги нарекува христијани итн.
Вистина е тоа дека католичките и православните великодостојници од секогаш тежнееле кон тоа обичниот човек да не го чита Светото Писмо, особено, како што велиш, не на народен јазик (туку на латински или старословенски), и наместо Божјиот Збор, на човекот да му се проповеда човечки збор, кој, како што велиш (а јас се согласувам), најчесто е спротивен на Светото Писмо.
Но сепак, не гледај толку песимистички на работите. За охрабрување, потсети се на реформацијата во 16век кога Бог извојува победа над прангите и оковите на официјалната "црква", кога Библијата почна масовно да се преведува и печати на разните јазици и да станува достапна и до обичниот човек. Охрабри се на триумфалниот врисок на реформацијата кога вистинските христијани им довикуваа на оние во црковните одора "Sola Scriptura, sola Scriptura!" т.е. "Само Писмото, само Писмото!"
Охрабри се со тоа што еден дел од луѓето позитивно одговорија на овој повик и почнаа да се држат само до Божјиот Збор и доследно да го следат Христовото изворно учење. Нека не те обесхрабрува тоа што тие се малцинство затоа што тоа беше однапред проречено од Христос...
"Влезете низ тесната врата, зашто широка е вратата и простран е патот, што водат кон пропаст, и мнозина се, кои влегуваат низ неа. Зашто тесна е вратата и тесен е патот, што водат во живот, и малцина се кои го наоѓаат"
(Матеј 7:13-14) |
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Со ова во потполност се согласувам. Во врска со тоа би навел еден цитат: „Навистина, во нашата Црква не остана веќе ни сенка од апостолското учење... Воведовме некое друго учење и дисциплина. Најважно е да се тежнее кон тоа да не се дозволи некој, макар и најмалку да чита од Евангелието, особено на народен јазик. Доволно е она малку што се чита при литургијата. Секој кој внимателно одвагнува што се чита во црквите, и тоа учење подробно го разгледува, ќе открие дека нашето учење е различно од тоа во Евангелието; поточно, токму спротивно од него...„ од стручното мислење на тројцата бискупи за папата Јулије III Hans-Jürgen Wolf: Sünden der Kirche(Гревовите на црквата) (1998) издавач:Nikol verlag |
||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
темата е рано христијанство
а не афрички племиња... |
||
that's me
Сениор Регистриран: 26.Март.2006 Локација: Burundi Статус: Офлајн Поени: 581 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
nebe
hotentot, a,ti? |
||
Пази,памтам к'ту слон.
|
||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
кој си ти бе индијанец? |
||
Внеси реплика | страница <12345 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |