![]() |
|
Храната како лек! |
Внеси реплика ![]() |
страница <12345 12> |
Автор | ||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
|
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
![]() |
||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
|
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
![]() |
||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
|
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
![]() |
||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
|
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
![]() |
||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
|
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
![]() |
||||
Omar ![]() Сениор ![]() ![]() Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Кои здрави намирници не смеете да ги заобиколите пролетва?Пазарите се се повеќе разнобојни и секој ден имаме поголем избор на овошје и зеленчук. Ако не знаете која храна е голем хит во април, еве еден список каде што се наоѓаат свежи јагоди, гуава и вкусна лимета. Како јагодата и гуавата, оваа пролет не пропуштите во вашата исхрана да ги вклучите и празот, аспарагусот и келерабата бидејќи тие се полни со хранливи материи и витамини. Лимета е име за неколку различни овошја од семејството цитруси, кои се генерално округли, зелени по боја, 3-6см во дијаметар, содржат кисела внатрешност и дебела кора. Слични се на лимонот, освен по бојата. Лиметата често се користи како додаток на храна и пијалаци, а преполна е со витамин C и влакна. Таа се користи како зачин за риба и пилешко, како и за овошна салата. Келерабата спаѓа во семејството на зелката и содржи фолна киселина, калциум и витамин Б6. The New York Times неодамна напиша дека келарабата е вкусна сирова, но и варена. Според податоците од нутриционистичката литература, старите цивилизации ја употребувале келерабата како храна и како лек за санирање на повеќе здравствени проблеми. Денес келерабата е популарен прехранбен производ во Германија, Индија и во Словенија. Во последно време се нуди и на нашиот пазар, но луѓето не се доволно информирани за корисноста од нејзината употреба. Веројатно веќе ги забележавте на штандовите и полиците во продавниците. Освен што имаат повеќе витамин Ц отколку портокалите и грејпфрутот. Поради фактот што јагодите содржат фолна киселина, тие го помагаат забременувањето и ја намалуваат депресијата. Докажано е дека јадењето на јагоди директно влијае и во заштитата од рак. Ова слатко овошје содржи и антиоксиданси, кои помагаат против стареење. Тие се природно белилото за забите, благодарение на т.н. јаболчна киселина која што се наоѓа во нив. Празот е од истата фамилија на билки како и кромидот и лукот, но има поблаг вкус и мирис. Според нутритивниот состав, тој е сличен на кромидот и лукот, но содржи повеќе белковини, бета-каротин и витамин Ц. Од минерали, празот е богат со манган, фолна киселина, железо, магнезиум, фосфор, калиум и калциум. Можете да го подготвите како чорба, супа или пак да го искористите во јадење со ориз. Празот исто така е богат и со етерични масла, кои го зголемуваат лачењето на дигестивните сокови и со тоа го подобруваат варењето на храната. Аспарагусот е најдобар во рана пролет, преполн е со антиоксиданси, поради кој е природен диуретик. Има мала хранлива вредност. Во 100 грама аспарагус има околу 20 калории. Од хранливи материи, шпарглата содржи: 13,78 g протеини, 17 g јагленохидрати, минерални соли: калциум, фосфор, железо, калиум, магнезиум, витамини: А, Б1, Б2, ПП, Ц, Д и стероидни гликозиди, кои имаат антивоспалително дејство. Можете да го подготвувате на различни начини, а доколку сакате да ги задржите хранливите материи тогаш згответе го на пареа. Се работи за слатко тропско овошје кое има богат вкус, но и витамин А и Ц, калциум и магнезиум. Гуавата исто така содржи ликопен, антиоксиданс кој ги спречува болестите на срцето. Гуавата може да се јаде свежа како и секое друго овошје, но можете да ја искористите и во сосови. |
||||
![]() |
||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
ТОП 5 анти-оксиданти – Најголемите борци против ракот !!!Пролетта е идеалното време да бидете „алчни“ по овошје и зеленчук. Освен што се вкусни тие се и најголемите борци против чумата на 21 век – ракот.
Пролетните дарови на природата го зајакнуваат Вашиот имунитет, се борат против ќелиите на ракот и канцерогените токсини кои ги имаме во организмот. Ви ги преставуваме најголемите борци за Вашето здравје!!! Јагодите се можеби најдобар избор, затоа што имаат малку калории, може да се најдат секаде и секогаш по поволни цени. Добро би било да ги имате и во замрзнувач во текот на целата година. Нивното позитивно влијание врз здравјето е потполно исто ако ги јадете свежи или замрзнати. Една шолја јагоди има едвај 46 калории а бројот на антиоксанди е неверојатно голем. Јагодите се идеални за женската популација во борбата против рак на дојка, кожа и јајници. Растителни влакна, фолати ( Б Витамин ) и антиоксиданти во огромни количини се доволни да се опише позитивното влијание на спанаќот врз Вашето здравје. Една шолја спанаќ има само 7 калории, слободно може да се јаде во големи количини а ќе ве заштити од рак на усната шуплина, грлото, грлото на матката и гласните жици. Интересен облик кој содржи ниско ниво на натриум, сладникав вкус … Помага во одржување на добра телесна линија. Одличен избор за ужинка или десерт, богат со Ц витамин. Пролетта е идеално време за детоксикација на целото тело, а ананасот е вистински пролетен дар да го исчистите телото од сите токсични материи. Овој зеленчук се смета за едно од најдобрите извори на фолна киселина и бетаин. Овие два нутриенти дејствуваат заедно и се мошне успешни во намалување на хомоцистеинот во крвта, кој може да предизвика оштетувања на артериите, а со тоа се зголемува и ризикот од срцевите заболувања. Исто така, голем плус на цвеклото е и тоа што содржи природни пигменти кои се познати како бетацијанини, кои на овој зеленчук му ја даваат препознатливата црвена боја и врз основа на лабараториски испитувања е докажана успешноста во борбата против канцерот. 1 килограм цвекло има само 120 калории. Консумирањето на брокулата носи бројни користи, првенствено за жените кои преживеале рак на дојка. Исто така овој пролетен дар на природата е важен за спречување и појава на рак на дебелото црево. Во една порција брокули има само 30 калории, а огромен процент на растителни влакна кои помагаат во варењето на храната. Идеален во борбата против рак на кожа, рак на дојка и рак на матката. |
||||
![]() |
||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Зеленчукот како лек Сок од зеленчук За да правилно се подготви сокот од зеленчук неопходно е да се придржувате до следното: 1.Изберете неоштетен зеленчук, проверете да нема гнили делови. Купувајте зеленчук со низок процент на нитрати. За да го намалите, зеленчукот измијте го со четка и ладна вода. 2.Зеленчукот мора да биде зрел, мора да ја има карактеристичната боја, со цврста внатрешност и (пожелно) со тенка лушпа (кора). 3. Измијте го зеленчукот (најмалку два пати) и оставете водата да се исцеди. 4.За подготовка на сокот користете само нож од челик што не рѓосува и електричен соковник. За да организмот го држите во одлична форма неопходно е да пиете свежи сокови секој ден во текот на годината. Морков Сокот од морков е богат со витаминот А. Покрај тоа во сокот се наоѓаат и витамините Б, Д, Е, ПП и К, каротен, големо количество на железо, кобалт и бакар. Овој сок го зајакнува организмот, го подобрува апетитот, го нормализира варењето, а исто така го јакне коскеното ткиво и го нормализира процесот на метаболизот. Сокот од морков е и одлично средство во борбата против инфекциите. Го зајакнува имунитетот на целиот оранизам, а покрај тоа ја стимулира и преработката на материите на надбубрежната жлезда кои ја зајакнуваат отпорноста на организмот против инфекциите на очите (на пример конјуктивитис), инфекција на грлото, крајниците и дишните патишта.
Сокот од морков е одличен лек за кожните болести, на пример дерматитис. Меѓутоа, најважна особина на овој сок е во тоа што многу поволно делува на целиот организам, го нормализира метаболизмот, ја намалува одвишната телесна тежина и воспоставува хемиска рамнотежа во целиот оранизам.
1.Сок од морков (1 дел), сок од цвекло (1 дел), сок од црна трупка (1 дел). Свежо цедените сокови од зеленчук во исто количество истурете ги во темни шишиња. Грлото на шишето намачкајте го со тесто, но да не биде премногу силно запечатено и течноста од него да може да испарува. Земајте по една лажица три пати на ден пред јадење. Лекувањето трае три месеци. 2.Секој ден наутро изедете по 100 г морков со кисела павлака или масло. 3.Сок од морков (285 мл), сок од цвекло (85 мл), сок од краставица (85 мл). Подгответе ја смесата и земајте три пати, секој ден, 20 – 30 минути пред јадење по ½ шоља. Терапијата трае 15 – 20 дена. 4. Сок од морков (285 мл), сок од спанаќ (170 мл). Измешајте ги соковите и земајте по ½ шоља три пати девно, пред јадење. Доколку немате други сокови за еден третман можете да пиете од ½ до 1 литар сок од морков. Морковот содржи каротин и провитамин А кој ја заштитува слузокожата и има силно антиоксидативно дејство, т.е. ги убива слободните радикали одговорни за појава на туморот и брзото стареење. Придонесува за побрзо опоравување после инфективна (заразна) болест: многу научни студии покажале дека го јакне имунолошкиот систем. Подготовка: изматете пет рендани моркови со сок до 1 лимон. Ова пијте го секое утро.
Тврда столица Земајте прав од семе од морков по 1 грам три пати дневно, еден час пред јадење.
Јако кашлање, засипнатост 1.Сок од морков (1 дел), топло млеко (1 дел). Земајте по ½ шоља четири до шест пати во текот на денот. 2.Морков (1 дел), млеко (1 дел). Користете морков варен во млеко. Лекува воспалување на горните дишни патишта и засипнатост. Се применува како средство за искашлување и дезинфекција.
Ангина Сок од морков (100 мл), провриена вода (100 мл), мед (1 лажица). Се убаво изматете и измивајте го грлото што почесто во текот на денот.
1.Сок од моркови (1 лажица), масло (1 лажица), сок од лук (3 капки). Измешајте ги сокот од морков и маслото (од сончоглед или маслиново) и мешавината ставете ја на пареа да зоврие, тргнете го садот на страна и додајте го лукот. Смесата подготвувајте ја секој ден. Капнувајте по неколку капки во секоја ноздрва – три пати дневно. 2.Сок од морков (200 мл), масло (1 лажица), мед (1 лажичка). Смесата загрејте ја. Секој ден земајте по половина чашка неколку пати дневно против настинка, грип. Исто така грипот може да се лекува и на следниот начин. 3.Сок од морков (170 мл), сок од зелена салата (140 мл), сок до спанаќ (85 мл).
Заболување на црниот дроб Сок од морков (100 мл), млеко (100 мл). Млекото загрејте го на 70 – 80 степени и измешајте со сокот од морков, Користете наместо појадок. Мешавината треба да се пие со малечки голтки, полека. Ако ритамот на работата и калориите не ви ја обезбедуваат потребната резервна сила можете и да појадувате, но дури по еден час од земањето на пијалокот од млеко и морков.
1.Ситно рендан морков ставете на жариштето на изгорениците или егземата секојдневно 2 3 пати. 2. Свежа кашичка од корен од морков искористете ја во лекување на измрзнати делови од телото, изгореници, загноени рани и чиреви. Кога е ставена на повреден дел од кожата ги намалува болките и воспалувањето, ја чисти раната од гнојот и побргу ја зараснува.
Алергии 1.Морков (3 – 5 парчиња), јаболка (2 парчиња), магдонос (1 врзоп), карфиол (2 цвета). Измешајте ги соковите од зеленчук и овошје и пијте 2 – 3 пати во текот на денот половина час пред јадење. |
||||
![]() |
||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Зелена салата – за блескава коса и и мека кожаЗелената салата не е само здраво предјадење или додаток на оброк. Многумина не знаат дека изобилува со витамин С и лактуин, т.е. дека има големо влијание и за козметички потреби. Верувале или не, нејзините богати својства благотворно влијаат на сјајот на косата и убавината на кожата. Лосион за кожа Исчистете ги лисјата од салатата и насецкајте ги. Прелијте ја салатата со вода и оставете ја половина час. Потоа, сето тоа испасирајте го во блендер, со што ќе добиете густа смеса. Додајде лажица хранлив крем, добро помешајте и исцедете. Овој лосион може да го искористите за отстранување шминка или пред нанесување крем за лице, а резултатите ќе бидат- мазна и затегната кожа… Сечете лимон на половина, така што едната половина ќе ја исцедите на Вашето лице. Исчистените лисја од зелена салата прелијте ги со топла вода и оставете ги да се оладат. Додека се топли, ставете ги на лицето, вратот и деколтето. Оставете ги да одстојат петнаесеттина минути, а потоа отстранете ги и измијте се со млака вода. На крајот, измасирајте ја кожата со хидратантна крема. |
||||
![]() |
||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
![]() |
||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Морковот крие маѓични дејства?
Сокот од морков го зајакнува имунитетот, го подобрува апетитот, го забрзува варењето, го јакне коскеното ткиво, го нормализира метаболизмот, ги санира воспалителните процеси и инфекции. Слабокрвност и замор Доколку ве мачи замор,а покрај тоа сте и слабокрвни, права терапија за вас е сок од морков. Во литарско шише сипете по 500 мл сок од морков,цвекло и ротква. Важно е свежо исцедените сокови од зеленчукот да се сипат во темно шише, а околу грлото на шишето да направите обвивка од тесто за течноста по затворањето да не може да испарува од шишето. Сокот треба да се пие три дена во месецот, пред сите главни оброци. Ако сакате да го одбегнете правењето сокови, ви препорачуваме секое утро да изедете по 100 гр. морков со павлака или масло. Најкорисен е ако е варен. Заболување на црниот дроб Морковот благотворно делува и на заболениот црн дроб. За санирање на заболувањето на црниот дроб идална комбинација е сок од морков со млеко. |
||||
![]() |
||||
Andjelina ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Најважните витамини за жената за да биде убава и младаКако жени ние треба да се грижиме правилно за своето тело и да знаеме што е полезно за нас. Дел од тоа е примањето на важните за нас витамини кои се неопходни за нашата убавина и здравје. Видете кои се тие… Витаминот А е еден од најважните за жената кој претставува силен антиоксидант и се грижи за нашата убавина, а го има најмногу во морковот и зелениот зеленчук. Витаминот Б6 го стимулира метаболизмот и ја подобрува мозочната функција и ви гарантира добра кондиција, а го има во бананите, авокадото и овесните јадки. Фолната киселина е еден од најважните витамини за плодноста и за образувањето на крвните клетки со што штити од анемија. Ја има во зелениот зеленчук, зрнестите култури и јајцата. Витаминот Б12 е друг важен за метаболизмот витамин. Изворите од кои можете да го набавите се млекото, киселото млеко, сирењето, месото и рибата. Витаминот Ц делува како антиоксидант и помага при образувањето на колаген. Витаминот Д работи како хормон во организмот. Тој е многу важен зошто заедно со калциумот ги одржува здрави коските. Се снабдуваме со него од сонцето и рибата. Витаминот Е исто делува како антиоксиданс и го стимулира производството на црвени крвни клетки, а истовремено го успорува процесот на стреење. Ќе Го најдете во јадките, црниот дроб, пченичното масло и маргаринот. Изменето од Andjelina - 29.Февруари.2012 во 13:54 |
||||
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
||||
![]() |
||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Зелката и нејзините лековити својстваЗелка е идеална заштита во ова студено време кога владее грипот. Научниците сметаат дека секојдневното јадење кисела зелка во овој период од годината го зајакнува имунитетот бидејќи е богата со витамин Ц. Киселата зелка исто така има и други хранливи и лековити состојки. Уште од минатото постојат записи во кои Римјаните пишувале за лековитите својства на зелката, чии листови се препорачувале за лекување на повреди, рани, па дури и чирови. Три пати дневно, посебно или со оброк изедете салата од свежа или кисела зелка која можете да ја зачините со малку растително масло, алеева пиперка или ситно исецкан лист од першун, рендан морков, бибер и лук. Доколку имате проблеми со варењето на храната, имате чир на желудникот или катара на дебелото црево, во своето мени задолжително вметнете го сокот од свежата зелка, кој не е тешко да се направи, особено ако имате соковник. Треба да се подготвува непосредно пред пиењето. Со помош на соковникот или рачно, направете една чаша сок и пијте секој ден на празен желудник, подолг временски период. Можете да додадете и малку сол или јогурт, иако и чистиот сок од зелка нема |
||||
![]() |
||||
Феникс ![]() Сениор ![]() ![]() http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46 Регистриран: 12.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 8143 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Ne e sekoe ovoshje zatrueno so pesticidi
![]() |
||||
...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
|
||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <12345 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |