Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
zagor
Сениор
Уникатен песимист
Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Септември.2012 во 23:28 |
сепак,пред половина час,регулаторната комисија го поништи вториот гол на Шкотска и ..... натпреварот заврил...нерешено.
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
zagor
Сениор
Уникатен песимист
Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Септември.2012 во 22:08 |
македонската репрезентација по поразот од Хрватска доживеа уште еден,овој пат од Шкотска.Нашите убедливо подобри,со голем број реални шанси за погодок,ама шкотите успеаа на среќа да постигнат два гола и да победат...
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Август.2012 во 17:02 |
Седлоски ќе ја води Македонија против Литванија
Поранешниот македонски репрезентативец Гоце Седлоски, единствен кој има 100 настапи во црвено-жолтиот дрес ќе ја води македонската фудбалска репрезентација против Литванија во контролниот меч в среда во Скопје.
Како што најави новиот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски дека по раскинот на соработката со Велшанецот Џон Тошак, член од стручниот штаб ќе биде вршител на должноста, единствениот избор падна на Седлоски, иако се најавуваше и можност Бобан Бабунски да се врати на селекторското место, кој е предводник на младата селекција. Седлоски беше дел од стручниот штаб на Џон Тошак и има ПРО-лиценца. МКД. МК вчера објави дека постои ваква опција Седлоски да застане на кормилото на фудбалската селекција, што го потврди и Ѓорѓиоски. Претседателот Ѓорѓиоски најави дека по мечот со Литванија по итна постапка ќе биде наименуван селектор кој ќе трба да ја води Македонија низ мундијалските квалификации за пласман во Бразил во 2014 година, а стартот е со две гостувања против Хрватска и Шкотска. „Треба да добиеме тренер кој ќе биде заштитник на играчите, тренер кој ќе ја штити Македонија и нејзините навивачи. Човек кој размислува здраво и позитивно. Човек кој говори елоквентно и разумно. Тренер кој авторитетот во соблекувалната го градел и со играчката харизма, но и со знаење и чесност. Селектор за кој искрено се надева дека ќе остави позитивен белег во македонскиот фудбал“, рече Ѓорѓиоски.
Изменето од емил - 13.Август.2012 во 17:03
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Август.2012 во 17:06 |
ФФМ нема да го брка Џон Тошак, засега…
Македонскиот фудбалски селектор Џон Тошак во прво време ќе ги преживее „промените“ во Фудбалската федерација на Македонија, дознава МКД.МК од извори блиски на Илчо Ѓорѓиоски, новиот претседател на Федерацијата. Тошак засега е безбеден, што не значи дека волјата на фудбалската влада не може бргу да се смени.
Велшанецот за да има мир, ќе мора да се врати со добра бодовна залиха од натпреварите со Хрватска и со Шкотска Велшанецот нема да добие отказ како што се шпекулираше во јавноста откако Харалампие Хаџиристескизамина од претседателската функција, туку ќе добие шанса да ги води македонските репрезентативци на стартот од квалификациите за СП, на натпреварите кои се играат во септември, на гости со Хрватска и Шкотска. Ова било решено поради тоа што во случај на смена на селекторот во овој момент, повторно целите квалификации би биле загубени уште пред и да почнат, зашто минимално е времето за да дојде друг тренер што ќе може да го „создаде“ тимот за успешно да го почне целиот циклус. Исто така, Ѓорѓиоски веројатно дека потекнува токму од тренерската струка, не сакал на лесен начин да „погуби“ негов колега, особено што станува збор за националната селекција, која досега секогаш ги „губела“ првите луѓе откако ќе се случеле смените на власта. Но, ова не значи дека Тошак може удобно да седи во фотелјата, напротив. Велшанецот за да има мир, ќе мора да се врати со добра бодовна залиха од првите два натпревари, со цел во октомври, кога во Скопје доаѓаат и Србија и Хрватска, во државава, барем на малку, конечно да завладее и фудбалска еуфорија, но за репрезентацијата. Ако Тошак киксне дотогаш, натпреварите со поранешните братски републики веројатно ќе му бидат и последни во кариерата како селектор на Македонија. Исто така, Тошак сега на грб ќе го има и Ѓорѓиоски, чии замерки за повикувањето на играчи, тактиката и поставеноста на теренот ќе држат најмногу од сите претседатели на ФФМ досега. ФФМ и Тошак имаат потпишано договор во кој има клаузула дека која и да страна го раскине договорот пред неговиот истек, ќе треба да исплати отшета од три плати, што во случајот на Велшанецот изнесува 45.000 евра.
Изменето од емил - 04.Август.2012 во 17:06
|
|
zagor
Сениор
Уникатен песимист
Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Мај.2012 во 23:46 |
..без игра на од 104 на 98 место....
ееееј,цели 4 индексни поени ...за нас!
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
zagor
Сениор
Уникатен песимист
Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Март.2012 во 21:49 |
емил напиша:
zagor напиша:
...читав некаде,ќе сме играле наскоро со Португалија,па си мислам кој е ќарот од вакви дуели...Португалците ќе се подобрат за некое место ,а ние ќе паднеме за две три подолу. По мое,треба да си најдеме спаринг партнер на наше ниво..пример,еве да закажам со моиве од Конго.Мозамбик,Того..белки ќе ги ...срозиме! |
кога ги тепаш слабите само се залажуваш дека си добар .а во натпревар со силна екипа ќе се види на какво ниво си во моментов .тоа е смисалот |
па ете,пред нас е Конго.
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Март.2012 во 13:18 |
Македонија падна на 102. место, но сеуште е пред Бурунди и Суринам |
| |
|
| |
| |
| Срамниот пораз, во пријателскиот натпревар против Луксембург, ја чинеше Македонија пад од едно место на ранкинг листа на Светската фудбалска федерација, ФИФА. | | На листа која е објавена денес, Македонија се наоѓа на 102-то место, а пред нашиот национален тим се Конго, Боцвана, Гвајана, Виетнам... Македонија е најлоша според рејтингот од репрезентациите со кои ќе се сретне во квалификациите за пласман на Светското првенство во Бразил. Најдобро рангирана селекција од противниците на Македонија е Хрватска, која е на 10-то место, следуваат Србија (26), Белгија (40), Велс (48) и Шкотска (51). Кога станува збор за врвот на ФИФА листата, има промени во Топ 5 - прва е Шпанија, Холандија и го зеде второто место на Германија, Уругвај го задржа четвртото место, додека Бразил е на петтото место, пред Англија и Португалија, репрезентација со која Македонија на 26-ти мај ќе одигра контролен натпревар |
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Март.2012 во 11:29 |
zagor напиша:
...читав некаде,ќе сме играле наскоро со Португалија,па си мислам кој е ќарот од вакви дуели...Португалците ќе се подобрат за некое место ,а ние ќе паднеме за две три подолу. По мое,треба да си најдеме спаринг партнер на наше ниво..пример,еве да закажам со моиве од Конго.Мозамбик,Того..белки ќе ги ...срозиме! |
кога ги тепаш слабите само се залажуваш дека си добар .а во натпревар со силна екипа ќе се види на какво ниво си во моментов .тоа е смисалот
|
|
zagor
Сениор
Уникатен песимист
Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Март.2012 во 11:16 |
...читав некаде,ќе сме играле наскоро со Португалија,па си мислам кој е ќарот од вакви дуели...Португалците ќе се подобрат за некое место ,а ние ќе паднеме за две три подолу. По мое,треба да си најдеме спаринг партнер на наше ниво..пример,еве да закажам со моиве од Конго.Мозамбик,Того..белки ќе ги ...срозиме!
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Март.2012 во 18:49 |
Веднаш по поразот од Луксембург од 2:1, социјалните мрежи беа преплавени со негативни коментари за македонските фудбалери, селекторот, а најмногу за раководството на ФФМ.Имаше и такви коментари кои алудираат на тоа дека натпреварот е наместен за „два во кец“ и дека некој добро заработил. Денеска на Фејсбук кружи фотографија на која се гледа дека непосредно пред натпреварот, односно само седум минути пред почетокот на дуелот некој уплатил ливче со тип „два во кец“. Сепак, сопственикот на ова ливче се „зафркнал“ бидејќи уплатил само 50 денари и добивката била скроми 1.750 денари. Дали овој тип е навистина „случаен“ или, сепак имало дојава, никој со сигурност не може да тврди. Колку и да е мала уплатата, сепак терминот е сомнителен. Уплатата на ливчето е извршена само седум минути пред почетокот на мечот.
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Март.2012 во 18:24 |
gonzo напиша:
На Хаџиристески ни Грујо не му може ништо.
|
Може.Ако го прати во Идризово за тие местенки со Луксембург ќе го спаси барем од државен резил .
|
|
gonzo
Сениор
Мачкозил
Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Март.2012 во 17:23 |
На Хаџиристески ни Грујо не му може ништо.
|
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
|
zagor
Сениор
Уникатен песимист
Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Март.2012 во 12:25 |
а кој е тој Хаџиристески?....имам чувство како 100 години да го слушам тоа име во мак.фудбалот!.се некои собранија,делегации..семинари,прес конф...дубари ..афери..и секогаш него го споменуваат...!Да не е до него работава со неуспесиве? Како може ракометот,каратето,кошарката..и некои други спортови да се на ниво,а фудбалот да не оди?па ништо подобро не живеат и не тренираат другите спортисти кај нас. може грешам ама успех во криза повеке вреди..
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Март.2012 во 11:36 |
| Испровоциран од последните случувања околу гневот што ја обзема целата македонска јавност по срамниот пораз на нашите фудбалери од Луксембург и се почестите шпекулации дека се работи за наместен натпревар, фудбалерот на Работнички и повремен репрезентативец Панче Ќумбев со свој став околу ова прашање | | Ќумбев укажува дека е погрешна општата перцепција дека македонската репрезентација е професионална, а оние од кои што се срамиме да изгубиме, како што се Андора и Луксембург, се аматери. Искрената и опширна белешка со наслов "Болен ми лежи мак фудбалот" која Панче Ќумбев ја објави на Facebook ви ја пренесуваме во целост и автентично: Може да ме разберете и вака и онака, може некој ќе се налути, ќе ми замери, ама едноставно морам да дадам свое мислење за најважната споредна работа... Нормално повод е последниот резултат на нашата репрезентација... изгубивме од Луксембург 2-1. Да, изгубивме и затоа спортот е интересен... Секој секого може да победи и секој од секого може да изгуби. И некој ќе рече боли да изгубиш од Луксембург. Боли точно е тоа, мене ме боли како фудбалер. Ама во што сме ние подобри од нив, од Андора, Лихтенштајн, Сан Марино на фудбалски план? Само во две работи, во талентираните дечиња и во спортските гени кои ги носи секој балканец. Во се друго сме 100 години во рикверц. Некој ќе рече дека не сум во право, меѓутоа еве ке се потрудам да објаснам. Па кој како ме разбере ќе видиме. Зошто 90% кај нас мислат дека гореспоменативе репрезентации се аматерски а ние не сме? Дали мислите дека нивните лиги се поаматерски од нашата? Да почнам со ред. Нашата прва фудбалска лига брои 14 "професионални" екипи. Дали знаете колку од нив се стварно професионални,колку од нив ги исполнуваат и најосновните услови за натпреварување? Можеби 2-3, нека бидат и 3-4. Повеќе не се со гаранција. Да почнам со ред. 1. Услови за работа(помошни терени,опрема,медицински тим,соблекувални,стручен тим)Како што напоменав само 3-4 екипи ги имаат овие услови. Да не играм со имиња да не ми се налути некој. Знаете ли дека нашите играчи носат опрема стара по 10-15 години, само 3-4 екипи имаат помошен терен, за теретана да не зборувам. По клубовите нема доктори, масери, нема кој да ти даде апче ако те боли глава. Нашите играчи незнаат што се витамини, минерали, спортска исхрана. Со јадење ајвар и маргарин фудбалер не се станува. Знаете ли дека во Тетово во собелкувалната нема вода, нема струја, нема тоалет? А Тетово ги даде последните 2 шампиона на Македонија. Знаете ли дека во Кичево наместо закачалки има клинци, и дека наместо тоалет шолја има дупка среде купатило? Знаете ли дека гостинската соблекувална во Кратово, Прилеп и Штип е голема дури 3 метри квадратни, и мора да се соблекуваат играчите на групи оти нема место за сите. Знаете ли каде тренираат младите таленти во Македонија? По парковите со парталави топки голи и боси. Секоја чест за ретки исклучоци. А какви се во аматерските земји може само да замислите. Секоја од нив има спортски комплекси, со помошни терени, со терени со вештачка трева, со сауни, со теретани со нова опрема. И кој е аматер тука??? Ние или они? 2. Професионалноста??Знаете ли дека во Македонија 70% од фубалерите се аматери. Знаете ли дека на 70 % проценти од нив не им се плаќаат придонеси, осигурување здраствено и пензиско? Знаете ли дека ако не дај боже се повреди кај нас фудбалер може да го избркаат од клубот и да не му платат операција, лекување, рехабилитација? Знате ли дека пола лига кај нас играчите земаат плата од 150 до 200 евра и тоа нередовно? 3. Квалитетот на лигата.Искрено и без лажни скромности сигурно сме меѓу последните 3-4 во европа за жал по квалитет или уште полошо меѓу првите 3-4 по неквалитет. Зборам за квалитет на лигата не на играчите. Кај нас може да се случи да ти влезат во соблекувална со пиштол и да ти речат дека мора да изгубиш денеска. Да така е, за жал. Кај нас може да се случи да го истепаат судијата оти досудил пенал или поништил гол, да ги истепаат гостинските играчи оти не им пуштиле на домашните. Кај нас се случува судијата да ти каже извини ама денеска мора да изгубите. И можам да редам до недоглед ама доста е. 4. РепрезентацијаЗа секој играч е светост, чест и гордост да се игра за националниот тим. Само кај нас националниот тим е менаџерски полигон за играчи. Само кај нас постои она познатото"мора да игра". Само кај нас кога се оди на гостување авионот е исполнет со 20 играчи, 10 членови на стручниот штаб и 70 членови на така наречена "Јагнешка бригада" кои единствен контакт со фудбалската топка имале на час по физичко и тоа по грешка кога некоја залутана ги удрила по глава додека со девојчињата играле ластико. Знам дека ви се чини смешно и многу критично меѓутоа за жал така е. Знаете ли дека пола репрезентативци не ја знаат нашата химна, дека пола репрезентација не знае Македонски јазик? И некој ќе рече тие се играчите,нема други??? Молам? Нема други??? Ајде да прашам отворено, каде е најдобриот стрелец во нашето првенство Филип Ивановски? Каде се Влатко Гроздановски, Златко Таневски, Благојче Тодоровски, Крсте Велкоски, Борче Маневски, Миле Крстев, Димитрија Лазаревски, Баже Илијоски, Бобан Грнчаров, Александар Бајевски, Зоран Балдовалиев, Стојан Игњатов и да не ги редам сега ги има многу? Дали гореспоменативе не заслужуваат повик? Заслужуват и тоа како, само не се во шемите на одредени луѓе. Сите гореспоменати се стандардни во своите клубови и имаат континуитет на натпревари, што не е случај со пола репрезентација. 5. СелекторСекоја чест на новиот селектор меѓутоа нас ни треба домашна рака, и тоа авторитетна и да не подлегнува на притисоци од типот мора да игра, или не мора да игра. Каде се Ѓоре Јовановски, Чеде Јаневски, Милко Ѓуровски, Ѓоко Хаџиевски, Џиџи Илиевски, Влатко Костов, Илчо Георгиевски, Драги Канатларовски, Зоран Смилевски и ред други? 6. РаководствоСамо едно ќе кажам овде. Каде се нашите асови Дарко Панчев, Илија Најдоски, Саша Чирич, Ѓорѓи Христов, Тони Мицески, Митко Стојкоски, браќата Ѓуровски, Гоце Седлоски, Артим Шаќири? Далеку од фудбалот за жал. И уште многу мисли ми се мотаат низ глава и уште многу работи имам да кажам меѓутоа поентата ми е една. Ние сме аматери, и тоа од највисок ранг. Затоа не се нервирајте кога ке дојде Ерменија и ќе ни акне 4-5 парчиња, кога ке дојде Луксембург и ќе ни ја сврти од два во кец. И без оправдување меѓутоа фудбалерите се најмалку виновни за оваа ситуација, за ова тонење на фудбалот кај нас. Толку... Се надевам на подобри денови во мак фудбалот, надежта последна умира. Панче Ќумбев |
|
|