Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
zamislena
Сениор
Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Март.2019 во 23:44 |
ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ МАНЕКЕН Мио Ристиќ, човекот што ја донесе светската мода во Скопје
Миодраг Ристиќ или едноставно познат како Мио, беше првиот манекен кој прошета по модната писта и ги преслика светските модни трендови во македонската метропола. Една од најурбаните скопски фаци, градска легенда кој на скопјани и пошироко прв ќе им покаже како се чекори по модна писта, прв ќе ги преслика Париз, Њујорк, Лондон, Милано, Белград… во Скопје, заедно со Лиле – „Липс“ ќе го имаат првиот бутик во главниот град, ќе биде дел од првите модни фотосесии… Во многу нешта кога е модата и не само модата во прашање Мио бил пионер – пишува вистина.мк.
Неговите модни ревии и модни перформанси во рамките на првите скопски пополноќни забави се’ уште се прераскажуваат. Најубавите скопски девојки во тоа време, меѓу кои подоцна некои станаа и се’ уште се име и презиме во оваа земја, биле дел од женската „модна ергела“ на Мио. Неговиот бутик „Мио“ во 80-тите години ќе биде епицентарот од каде во Скопје, а со тоа и во Македонија ќе излегуваат најмодерните модни парчиња, кои најпознатите скопски јавни, но и урбани фаци ќе ги носат на себе како перјаници на актуелната мода во тоа време.
Но, не само модата се врзува за урбаната скопска легенда Мио. Години потоа тој и неговите локали ќе бидат заштитен знак на скопскиот ноќен живот. Особено легендарната „Академија“, еден од првите скопски ноќни клубови кој ќе работи „од самрак до мугри“.
А таму, од скопскиот и не само скопскиот „крем“, јавните лица, музичките ѕвезди, најубавите девојки, најдобрите забави, првите македонски бизнисмени, безбедносни структури, лица од балканското подземје… сите на купче. Сите на едно место, а местото култно со години! Денес Миодраг Мио Ристиќ живее во Марбеља во Шпанија.
|
|
zamislena
Сениор
Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 01.Март.2019 во 01:21 |
Владо Јаневски проговори за врската со Дунавка: „Не сум ја видел со месеци“ February 28, 2019 Владо Јаневски, беше гостин пред камерите на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“. Не беше заобиколени ниту прашањето за врската со Дунавка Трифуновска. “Се познаваме, снимавме спот заедно. Што и се случува…Не сум ја видел со месеци, од лани ја немам видено, нит знам што прави. Се најубаво и посакувам. Јас не знам што прави она моментално“, одговари Владо.
|
|
zamislena
Сениор
Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Февруари.2019 во 00:26 |
Тајзи повикува на револуција на свеста Освен тоа што го смени својот изглед т.е ги врати суканиците и носи наочари Тајзи не мирува и на музичко поле. Пред крајот на летото не почасти со нова песна и видео. Се работи за еден вид порака која визуелно и текстуално ја пренесува иронијата на општеството во кое живееме и дава мотив за сите оние кои пропагираат мир, љубов и имаат желба за подобро утре било дома или далеку од тука . “Мајка те раѓа да направиш нешто” Видеото се состои од материјали и снимки од целиот свет, го изработи Филип Пауновски додека текстот е на Тајзи и е првата песна од неговиот нов албум кој го најави за крајот на оваа година. Музиката и аранжманот се на Лазар Цветковски. „Сите зборуваме за тоа како светот оди во погрешна насока, како капитализмот како и секој друг систем е ништо повеќе од бизнис, како има се помалку љубов меѓу луѓето, како постојано не трујат преку храна, вода, воздух и лажни информации и ред други актуелни теми , а всушност никој не презема ништо, туку сме дел од една пропаганда која секојдневно не убива на глобално ниво. Плукајте,коментирајте, но не ме фарбајте , не се работи за пари, за партија, за власт, за опозиција. Тука сум за сите вас кои го разбирате мојот јазик , мојата желба и мојата порака. Револуциите во минатото ретко кога донеле подобар живот и демократија туку смена на еден диктатор со друг ” Јас не носам револуција, носам вистина и позитивна енергија за будење за револуција на свеста кај сите нас бидејќи ако сакаме да го смениме светот нели прво треба да почнеме од себе”, вели Тајзи во врска со темата на новата песна. Покрај „Револуција” Тајзи најавува уште песни овој период. Се работи за песна која ќе има и српска и македонска верзија и која ќе има свој видео запис. Песната е уште една соработка со Дарко Спејко, победникот на „Големиот брат”. Македонската верзија е на Лазар Цветковски и на Тајзи, додека на српската се потпишува балканскиот хит мејкер Цоби кој освен тоа е што е актуелен како артист со песната „Црни Сине” е и продуцент на неколку хитови на Раста,Тхц,Реља,Конект и други артисти од Балканот.
|
|
zamislena
Сениор
Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 18.Февруари.2019 во 00:57 |
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Запознајте ја прилепската Анџелина Џоли
Прилеп како град има многу убави девојки, а дел од нив веќе сериозно зачекоруваат по модните писти низ Македонија, но и Европа. Валерија Преспаноска е една од девојките кои сериозно се „печени“ за на модните писти низ Европа, но и пошироко. Станува збор за исклучително убава девојка, со темен тен, но изразено светли очи. Ако се загледате подобро, слободно се заклучува дека и тоа како наликува на американската актерка, Анџелина Џоли. http://www.instagram.com/valerijaprespanoska/?utm_source=ig_embed
|
|
zamislena
Сениор
Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 18.Февруари.2019 во 00:46 |
Сексапил до болка: Антонија ја копира Бритни Спирс (ФОТО)
Победничката на „Макфест 2018“, Антонија Гиговска секојдневно го привлекува вниманието на македонската јавност. Нејзината последна фотографија ги разбранува социјалните мрежи, провоцирајќи со нејзиното прекрасно тело, но и лик, кој е бисерен.
Дури и на моменти, Антонија наликува на мега-ѕвездата, Бритни Спирс од нејзината младост.
|
|
zamislena
Сениор
Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 18.Февруари.2019 во 00:42 |
Некогашна водителка, заштитно лице на „Макфест“, диџеј, Вера Јанковиќ е урбана градска дама која како да не старее. Од „Видеометроном“ на тогашната Телевизија Скопје, до сценарист и заштитно лице на „Макфест“ цели 14 години- ова се само дел од нештата по која ја препознаваме. Рокерка во душа, но љубител и на домашните и на екс-југословенски шлагери со кои пораснала, во 1984 година, таа беше вокал на групата „Психо“, чиј басист беше нејзиниот покоен сопруг Зоран Јанковиќ- Бајо. Вера и Бајо беа сопственици на култниот скопски клуб „ЗЗ ТОП“, кој се затвори во деведесетите.
„Ми недостасуваат ноќите во „ЗЗ“ и пијаните утра по него. Тоа не беше клуб, туку начин на живеење“, носталгично изјави Јанковиќ. И денес, таа ја носи истата фризура, го негува оригиналниот стил на облекување, работи како диџеј и инвестира во патувањата. Цедета кои ги носи со себе за забавите ги нарекува „куфер на љубовта“ . Младешкиот дух на диџеј Генерал Јанковиќ, уметничкиот прекар на Вера е за почит.
|
|
zamislena
Сениор
Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Февруари.2019 во 23:47 |
Дунавка Трифуновска: Вистинските луѓе никогаш не забораваат кој им ги избришал солзите (ФОТО)February 9, 2019 Секогаш кога и да се појави пред тв-екраните, македонската манекенка Дунавка Трифуновска предизвикува големо внимание со нејзината појава. Без влакна на јазикот таа честопати говори за нејзиниот приватен живот, кој и тоа како е интересен за македонската јавност. Таа на својот Инстаграм профил објави фотографија од секси-боди, и изгледа мошне привлечно и сексапилно. https://www.instagram.com/dunavkatrifunovska/?utm_source=ig_embed Вистинските луѓе никогаш не забораваат кој им ги избришал солзите. И ком им дал крилја да полетаат. За да живеат и станат вистински“, напишаа таа под фотографијата
|
|
zamislena
Сениор
Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Февруари.2019 во 23:35 |
СЕ ВРАТИ ЉУБОВТА: Калиопи и Ромео повторно заедно?February 10, 2019 Поп пејачката Калиопи Букле и нејзиниот поранешен сопруг Ромео Грил повторно се заедно. Наводно, тие живеат заедно во Белград, но “двојката“ сеуште не сака тоа да го сподели со јавноста. Калиопи последнава година повеќе е присутна во Белград, одржува концерти во Србија, а исто така и понатаму соработува со Ромео. Инаку, Ромео и Калиопи беа во брак долги години, и го имаат синот Пако кој живее во Швајцарија. Тој е автор на повеќето хитови од албумот „Обои ме“. Како тандем повторно се соединија во 2012 година, кога Ромео беше дел од авторскиот тим на евровизискиот хит „Црно и бело“, а тој е автор и на музиката и на аранжманот на песната „Дона“, со која Калиопи беше на Евросонг во Шведска во 2016 година. Еден период Калиопи беше во брак и со актерот Васил Зафирчев.
|
|
bijonse1
Сениор
bella Madonna
Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 29.Јануари.2019 во 18:27 |
Игор Џамбазов ... дематира дека бил болен и дека му се спремала операција во болница!
здрав прав за инат на ФБ хејтери!
Изменето од bijonse1 - 29.Јануари.2019 во 18:31
|
|
zamislena
Сениор
Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Јануари.2019 во 23:40 |
Што се случувало меѓу Саше Политико и Марина, вмешан и градоначалникот на Аеродром?
Љубовен триаголник или нешто сосема друго? Зошто играле ножеви меѓу Саше Политико и неговата сопруга Марина, пренесува Вечер. Според „Вечер“, порталот доказмакедонија.мк во сопственост на некогашниот партнер и другар на Саше Ивановски, синоќа објави фотографии од пораки, за кои тврди дека наводно се меѓу сопругата на Саше Ивановски, Марина и градоначалникот на Аеродром, Златко Марин. Овие пораки во продолжение, во целост се преземени од „Вечер“.
|
|
zamislena
Сениор
Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Јануари.2019 во 23:32 |
Нора Шаќири ја пречека на слава Фатиме Фетаи January 20, 2019 Специјална обвинитела Фатиме Фетаи беше една од блиските пријатели кои во семејниот дом синоќа ги пречекаа Нора Шаќири и нејзиниот сопруг Марко Марковиќ. „Ние двајца се сакаме и почитуваме, па затоа како и минатите 6 години така и оваа со радост и огромна почит кон неговата религија и славата која ја слави Св.Јован ја отворив вратата за нашите семејства и пријателите“, напиша Нора на социјалните мрежи. Инаку, поранешната Ттв водителка и новинар, Нора Шаќири сега е вработена со Министерството за култура, како асистент на заменик Министерот и односи со јавност, Таа е мажена за музичарот Марко Марковиќ.
|
|
zamislena
Сениор
Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 29.Декември.2018 во 23:46 |
Естрадата ќе си седи дома за Нова годинаDecember 29, 2018 Речиси никој од македонските пејачи нема договорен настап за Нова година. Калиопи, Каролина, Елена Ристеска, Дани, Лозано… Новата година ќе ја поминат без ангажман, што не било пракса и претходно. Скопје, Прилеп и Битола се малкуте градови кои годинава организираат новогодишни прослави. Освен “Парни ваљак” во Скопје ќе свири и еден косовски панк бенд, на плоштадот Македонија. Во Прилеп, на плоштадот ќе пее Нино Величковски со неговите тамбураши. “Силви бенд” се едни од ретките кои се ангажирани за новогодишната ноќ, тие ќе пеат на Плоштадот Магнолија во Битола. Ова е дефинитивно најнеплодна година за домашната естрада за Нова година. Дел од пејачите, си фатија “тезги” преку големите фирми на предновогодишните забави.
|
|
zamislena
Сениор
Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Декември.2018 во 23:34 |
По смртта на сопругот, Маја чека душата пак да и пееDecember 26, 2018 Пејачката Маја Саздановска се присети на својот покоен сопруг, Саша Лилчиќ кој почина пред неколку години. Таа објави нивна заедничка слика од насловна страница на списание. Маја во јавноста никогаш не прозборе за ненадејната смрт на сопругот кој ја напушти додека нивната ќерка Срна беше многу мала. Маја одамна не е активна како соло вокал на музичката поп сцена, таа работи во службата за односи со јавност во Македонската опера и балет. Маја е дел од придружните вокали на Калиопи и ја следи на сите настапи. Претходно таа работеше во еден диет клуб. “Не сум подготвена да снимам нова песна. Чекам душата пак да ми запее”, изјави Маја
|
|
zamislena
Сениор
Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Декември.2018 во 21:13 |
Заеви на шопинг во Германија December 23, 2018 Зорица и Александра Заеви, ќерката и сопругата на премиерот Зоран Заев се на заедничко патување. Мајката и ќерката заминаа во Франкфурт, Германија на предновогодишен шопинг. Александра за патувањето со мајката се пофали на својот Инстаграм профил. На фотографиите се гледа дека двете убаво си поминуваат. На сликите го нема Душко, синот на премиерот, кој е помал од својата сестра. Заеви пред два месеци славеа 23 годишнина од бракот и изјавија дека се најгорди на своите деца.
|
|