|
Колачи,торти и останати слатки од костен |
Внеси реплика | страница <123 |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Американски палачинки од костен Состојки 200гр варени, мелени костени (чисти) 150гр брашно 2 жолчки 1 лажиче рамно пециво 1 лажица кафен шеќер 2 лажици масло 100мл млеко 200мл јогурт 2 белки за декорација 1 лажица крем сир 1 лажица шеќер во прав 100мл слатка павлака за прелив мармалад, џем од вишниВо еден сад ги соединуваме млекото, јогуртот, шеќерот, мелените костени, пецивото, брашното, некое зрно сол и маслото. Јас сите овие состојки ги ставив во нутрибулет и добив мазна и сјајна смеса. Ги матиме белките во цврст шам и ги соединуваме со претходната смеса. Оставаме смесата да одмори 15 минути, па потоа на умерен оган, на многу малку намастена тава ги пржиме палачинките. Ги ставаме на решетка да се изладат. За кремот ги соединуваме павлакта, шеќерот и крем сирњето. Редиме по 3 палачинки една врз друга меѓу кои ставаме од кремот. Декорацијата ја завршуваме со мармалад од вишни... или по желба |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Торта со костен Состојки 3 јајца 250 гр шеќер 200 гр маргарин 150 мл млеко 300 гр испасирани костени 200 гр брашно 1 ванила 1 пециво1. Во два сада ги делиме белките од жолчките. Ги матиме белките во сврст снег и ги оставаме настрана 2. Во садот со жолчките го додаваме шеќерот и претходно растопен и оладен маргарин матиме и допдаваме брашно во кое е измешано пециво и ванила, благо промешуваме, го додаваме и млекото испасираниот костен и најпосле снегот од белките мешаме од дното кон врвот. 3. Смесата ја сипуваме во калап бр 24см претходно обложен со хартија за печење или намрсен и пробрашнет. 4. Печеме во загреана релна на 180 степени околу 35 минути. 5. Можете да декорирате со чоколадна глазура или слатка павлака. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Костен бомбици Состојки 150-170гр костен пире- домашно подготвено 1 лажица крем 1 лажиче путер 1лажица млеко 80гр млечно чоколадо 1 лажица чоколаден ликер 50гр грубо мелени печени лешници за валкање шарени чоко трошки и мелен лешникЗначи потребно е околу 300-400гр костени- живи Нив ги ставаме во сад со вода и ги вариме додека убаво не се сварат. Топли ги лупиме прво од надворешната лушпа, а потоа и од внатрешната лушпа. Со вилушка ги пасираме. Во еден сад налеваме вода и оставаме на оган да се загрева, Во друг сад ги ставаме путерот, нутелата, чоколадото и млекото. Овој сад го ставаме над садот со вода и мешаме се додека не се изедначат состојките. Тргаме на старана па го додавааме чоколадниот ликер, лешниците, костен пирето. Убаво соединуваме и оставаме смесатаа да се излади. потоа формираме бомбици. Пола ги валакаме во шарени чоко трошки, а пола во мелени лешници. Уживајтееее Изменето од Valerija - 12.Јуни.2018 во 19:42 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <123 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |