IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти со кокос
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти со кокос

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2014 во 18:11
                         Подгответе вкусни домашни Рафаело бомбици

За љубителите на кокосот, Рафаело бонбоните се сигурно омилениот десерт, па токму затоа и тие ќе бидат воодушевени од овој едноставен рецепт за подготвување на Рафаело бомбици во домашни услови.
Станува збор за навистина едноставен рецепт, а крајниот резултат е и повеќе од прекрасен - Рафаело бомбици на кои никој нема да остане рамнодушен.



Во продолжение прочитајте што се ви де потребно за десертот и самиот начин на подготовка, па можете уште во текот на овој продолжен празничен викенд да ги изненадите своите најблиски.



Потребни состојки:

● ½ литар млеко
● 15 лажици шеќер
● 10 лажици густин
● 250 грама маргарин
● 250 грама кокос
● Две пакетчиња ванилин шеќер
● 200 грама лешници
● 150 грама кокосово брашно



Начин на подготовка:

Во еден сад најпрво измешајте ги густинот и шеќерот, се со цел да се добие смеса слична како за подготовка на пудинг, а во тенџере на оган ставете го млекото и кога истото ќе зоврие, тргнете го од ринглата. Потоа смесата од густинот и шеќерот помешајте ја со приготвеното млеко, приготвувајќи густ крем. На крајот оставете го сето тоа да се олади.

Откако смесата ќе се олади доволно, во неа ставете го изматениот путер и добро измешајте, а потоа додадете го и кокосовото брашно.



Така подготвената смеса почнете ја да ја обликувате, односно со мокри раце започнете со месењето на малечки топчиња и во средината на секое од нив ставете по еден лешник. На крајот бомбиците тркалајте ги во сад со кокос.

Рафаело бомбиците сервирајте ги во хартиени корпички, добро изладени и секако, поканете ги вашите најблиски, заедно да уживате во десертот. Пријатен апетит!




Изменето од Valerija - 15.Јуни.2018 во 09:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.