|
Новогодишно и Божиќно мени |
Внеси реплика | страница <12345 12> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ѕвездички со цимет: Рецепт за колачиња кои совршено се вклопуваат во божиќната атмосфераОвие ѕвездички совршено се вклопуваат во божиќната атмосфера, и уште поважно – тие се превкусни. Оние кои веќе го испробале ваквиот рецепт напоменуваат да не се разочарувате ако ѕвездичките бидат малку тврди по првиот ден по припремата. Сè што треба да направите е да ги складирате во некоја лимена кутија или да ги покриете со фолија, а кога ќе отстојат, колачињата ќе омекнат. - 3 белки - 250 гр. шеќер во прав - 1 ванилин шеќер - 1 полна лажичка мелен цимет - 400 гр. неизлупени, сомелени лешници 1. Започнете да ги миксирате белките сè додека не добиете цврст шлаг, а потоа полека додавајте го шеќерот во прав во нив и мешајте. 2. Од добиената смеса издвојте две цели лажици бидејќи ќе ви треба за премачкување на ѕвездичките. 3. Преостанатата смеса миксирајте ја со најмала брзина, во која постепено ќе го додавате ванилиниот шеќер, циметот и околу 150 грама лешници. 4. Продолжете да месите со раце и додадете ги и преостанатите лешници. 5. Површината наросете ја со шеќер во прав и размесете го тестото. 6. Со помош на калапчиња, направете ѕвездички од тестото (олеснете си го процесот со тоа што ќе ги натопите калапите со вода). 7. Ставете ги ѕвездичките во тава обложена со хартија за печење и секоја од ѕвездичките премачкајте ја со белките кои ги одвоивте на страна. Доколку ви се разлеат од страна, само избришете ги со малку вода. 8. Вака подготвените ѕвездички ставете ги да се печат на 140 Целзиусови степени, околу 25 минути. 9. По печењето, оставете да се изладат на собна температура, а потоа складирајте ги во лимена кутија. Изменето од Valerija - 23.Декември.2019 во 21:03 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вкусен чоколаден ролат во облик на гранкаНа интернет ќе пронајдете илјадници рецепти за овој сладок, празничен десерт – чоколаден ролат во облик на гранка (Yule log chocolate cake). Но ние го одбравме наједноставниот и највкусниот, оној што нема „утка“ при правењето со цел да ви го олесниме готвењето. Овој мек, сочен, чоколаден ролат нуди неверојатни можности за декорација на која ќе се радуваат најмалечките.По желба може да го направите и двобоен, односно да употребите бел и чоколаден крем, но доколку ја сакате поедноставната варијанта таа изгледа вака:
Начин на подготовка:Изменето од Valerija - 23.Декември.2019 во 09:40 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки 2 јајца 3лажици шеќер 1 чаша јогурт 1/2 чашша масло 2 чаши брашно,- не многу полни 150гр мешавина од кандирани вишни, аранчини и суво грозје. 1 пециво Зачини по сопствен вкус, односно ванила, лимон кора, цимет... Во вангличка ги ставаме белките и ги матиме додека добиеме густ шам, а притоа додаваме и 1 лажица шеќер. Жолчките ги матиме со останатите 2 лажици шеќер да побелат. Ги соединуваме двете смеси и во танок млаз ги додаваме маслото и јогуртот. Во еден сад ги соединуваме сецканите кандирани вишни, сецканите аранчини и сувото грозје. И нив ги додаваме во садот. Сега го додаваме просеаното брашно и пецивото. Со шпатула со лесни движења убаво ја соединуваме смесата и ја истураме во долгнавест калап за леб, кој претходно е обложен со хартија за печење. Печеме околу 30 минути на 180 с. Сепак, со чепкалка проверуваме дали колачот е печен. Го оставаме на решетка да се излади. По желба наросуваме и шеќер во прав. Сечеме на парчиња и послужуваме. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Новогодишни ванилициСостојки 250 гр. маргарин (може и сало) 4 лажици шеќер 1 јајце 1 пециво 100 гр. кокос 1 ванилин шеќер брашно по потреба1. Маргаринот се замесува со 4 лажици шеќер со рака и се додаваат јајцето, пецивото, кокосот, ванилиниот шеќер и се става брашно по потреба постепено, додека да се добие смеса која не лепи. 2. Од топлината на рацете при месењето ќе се добие глатка смеса од која со дебело сукало се развлекува кора дебела 0,5 см, па со калапче се вадат елки. 3. Се печат на 200 степени 15-20 минути. И толку! Ништо комплицирано! Кога ќе изладат се украсуваат со чоколадо, светкав прав (зелен) или каков сакате, украси по желба, или може едноставно да ги избрбелате во шеќер во прав. Кога немам многу време директно од калап за тулумби правам цветови или долги форми. Вака како елки едвај останаа за сликање. Пријатно! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Новогодишни бастунчињаСостојки 250 гр путер 3/4 чаша шеќер 1 јајце 3 пакетчиња ванилин шеќер 2 лажици млеко во прав 2 и 3/4 чаши брашно 1/4 лажиче сол црвена боја за половината тесто шеќерни бонбони за декорацијаОд сите состојки измесете тесто. Одделете половина и во него ставете црвена боја и убаво премесете го. Ставете го во фрижидер 1 час. Поделете го тестото на мали топчиња (моите беа по 9 гр.) Од секое топче направете ваљаче, па спојувајте по две, едно црвено и едно бело, исучете ги, на врвот превиткајте го да добие форма и редете ги на плех покриен со хартија. Одозгора наросете ги со толчена бонбона, мојата беше црвено-бела со вкус на јаготка. Печете ги на 180 Ц 10-12 мин |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки 1 јајце 750гр. брашно 230гр. мед 220гр. шеќер 200гр. путер 120мл. вода 1 прашак за пециво 1 ванила 1 кора од портокал 1 лажичка мелен ѓумбир 1/2 лажичка цимет за украсување 2 белки 250гр. шеќер во прав сок од пола лимонПодготовка. 1. Брашното измешајте го добро со прашакот за пециво, ѓумбирот, циметот, ванилата и ренданата кора од портокал. 2. Со миксер изматете го путерот, медот, шеќерот, јајцето, полека додавајте ја смесата на брашното и замесуваме. 3. Добиеното тесто го делиме на три дела и секој дел го мотаме во фолија. Оставете го тестото околу три часа во фрижидер. 4. На работната маса ставете брашно и развлечете го тестото. Со калапи направете колачи и обложете ги во тава за печење. 5. Кексите печете ги на температура од 175степени. Внимавајте да не се препечат бидејќи се повкусни кога се меки. Пред украсување треба да се изладат. Украсување. Изматете ги белките и додадете им го шеќерот во прав и сокот од лимон. Разделете ја смесата и на секој дел додадете различна боја. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Новогодишни колачиња
Направете го тестото од сите состојки и ставете го во фрижидер. Желатинот ставете го во малку ладна вода. Ставете ја водата и шеќерот да варат се додека не се намали течноста отприлика на 200 мл. Во половината ставив екстрат од портокал, а во другата половина од јаготка. Нека се излади сосема малку да се желира, ама не целосно за да можете да ги прелиете колачињата. Од тестото расучете кора (3-4 цм) и вадете форми по желба. Ставете ги на плех покриен со хартија и испечете ги на 170 ц додека малку не поруменат на краевите. Нека се изладат. По краевите направете им ивица со бело чоколадо. Наросете го чоколадото со кокос. На средината наполнете ги со желатинот. Готово! Среќни празници! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Шарени божиќни колачињаВо пресрет на празничната сезона, во презентираме лесни божиќни колачиња, шарени и шеќерни што сигурни сме ќе ви го привлечат вниманието. Ако немате многу време, или сте можеби малку мрзеливи за готвење, а сепак сакате да направите нешто благо, ова е вистинскиот рецепт. 2 ¾ шолји брашно 1 лажичка сода ½ лажичка прашок за пециво ¾ чиста сол 225 грама стопен путер 1 ½ шолја бел шеќер 1 големо јајце 1 лажичка екстракт од ванила 3 до 4 лажици матеница (обезмастено млеко), Неколку лажици матеница Трошки или шеќер во боја Подготовка: 1.Загрејте ја рерната на 180 степени 2.Во мал сад помешајте ги брашното, содата, прашокот за пециво и солта 3.Во поглем сад, помешајте ги путерот и шеќерот додека смесата не стане лесна и воздушеста. Додајте го јајцето и ванилата и промешајте, а потоа постепено додавајте ги сувите состојки и истовремено мешајте со миксер. На крајот, додајте го обезмастеното млеко додека смесата не стане мека, но не и водена. 4. Со лажичка земајте од тестото и формирајте топченца кои ќе ги ставате во плек на кој претходно сте ставиле хартија за печење. Оставете простор помеѓу топченцата, затоа што со текот на печењето ќе се рашират. Откако ќе ги наредите, со четка премачајте го секое колаче со обезмастено млеко и израмнете ги малку врвовите, па потоа додајте ги трошките или шеќерот во боја. 5. Печете 8 до 10 минути или додека колачињата не добијат златна нијанса. Исклучете ја рерната, а колачињата оставете ги уште две минути внатре, пред да ги извадите. 6. Послужете со млеко, чај, какао, топло чоколадо или што и да ви е вкусно. Изменето од Valerija - 15.Декември.2019 во 11:10 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
БОЖИЌНИ КОЛАЧИ: медени ванилици со долг рок на траењеСостојки:
250 гр. маргарин или путер пола кесичка прашак за пециво 1 јајце 4 лажици мед 4 лажици шеќер 500-600 гр. брашно мармалад од сливи шеќер во прав
Изматете го омекнатиот маргарин или путер со шеќер, така што ќе добиете пенеста смеса. Полека, матејчи додајте го јајцето, а потоа и медот.
Кога сето тоа убаво ќе се сврзе додајте прашак за пециво и по малку додавајте брашно. Тестото замесете го со рака и месете додека да добиете еднаква смеса.
Готовото тесто замотајте го во целофан и оставете го да фрижидер половина час. Изладеното тесто размесете го, за да добиете кора дебела 1 см.
Со калап вадете колачи и редете ги во тепсија обложена со хартија. Остатокот од тестото премесете го и повторно со калап вадете колачи, се додека не го потрошите тестото.
Ванилиците шечете ги околу 15 минути во претходно загреана релна на температура од околу 180 степени.
Топлите ванилици премачкајте ги со мармалад, и лепете ги две по две. Одозгора додајте го шеќерот во прав. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се’ за храна: Божиќни колачиња со ванилаПразничната магија и еуфорија нека биде присутна во сечиј дом! Ни се наближуваат убави празнични моменти, вкусна храна и дружење со најблиските. Секој од нас посакува убава празнична трпеза, а на колачињата најмногу се радуваат децата. А како и секоја година, традиционален дел од секоја трпеза се божиќните колачиња. Ова е она време од годината кога повеќето домаќинки го минуваат во кујната заедно со своите малечки и приготвуваат слатки колачиња за Дедо Мраз и за гостите. Па кога сме кај нив, ви предлагаме да го пробате рецептот за едноставните, но вкусни божиќни колачиња со ванила. Пригответе се за eдна неодолива забава со вашите најмали, изберете ги омилените калапи и направете нешто слатко за претстојните празници. Состојки:
Подготовка:
Изменето од Valerija - 15.Декември.2019 во 11:03 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зимски, празнични колачиња одлични за со чај, кафе и топло чоколадоОвие празнични, шеќерни колачиња ќе ви го стоплат срцето и ќе ви го засладат мешето овој студен декември. Се прават многу лесно и брзо, а ќе уживате декорирајќи ги со своите најблиски. Доколку немате идеја што да подарите некому, доза свежо печени колачиња е секогаш одлично решение. Само внимавајте, едно колаче содржи 134 калории, па не претерувајте со јадењето, иако ќе биде прилично тешко да се воздржите од крцкавиот вкус: Потребни состојки:
За филот:
Начин на подготовка: |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки Суви состојки 2 чаши брашно 2 чаши пченичен гриз 1 чаша шеќер 1 пециво плус 900гр вишни 2 ванили 1 чаша шеќер 170мл масло Чашата е од 200млИнтересен сочен колач, не одзема многу време, а е могу декоративен и одличен за божикните пости. Се ставаат во цедалка замрзнатите вишни и течноста се чува за на крај. Сувите состојки се мешаат со лажица. Исцедените вишни нежно се притискаат со вилушка за да се изгмечат, се додава шеќерот, маслото и ванилата. Во тавче 20Х30 се става една третина од сувите состојки убаво се мазни и над нив се става половина од филот со вишни. Потоа над вишните се става уште една третина од сувите состојки, повторно од вишните и на крај со сувите состојки се покрива убаво колачот. На крајот се додава сокот од исцедените вишни. Се печи во загреана рерна на 180степени околу 40мин. Одозгора направив шеќерна глазура од шеќер во прав и сок од вишни. На колачот на сликата е ставено вишни само на средина, но оргинал рецептот е со 2 реда вишни. Се остава убаво да омекне 3-4 саати, потоа е многу сочен. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Божиќен колач со урмиСостојки 2 чаши бело брашно 1/2 чаша интегрално брашно 30 парчиња свежи урми 3 лажици мед 50 грама суво грозје 2 чаши оризово млеко или вода 100 мл масло 30 гр кокосово масло или путер 2 лажички цејлонски цимет во прав 1 лажица какао 1 лажица сода бикарбона 1 лажица прашок за пециво 200 гр чоколадо со над 60% какао 1 лажичка кокосово масло или путер 1 лажица оризово млеко 1 лажичка масло Дополнителни фотографииДвата вида брашно со прашокот за пециво, содабикарбоната, какаото, циметот и медот се мешаат со оризовто млеко или вода. Доколку е потребно се додава уште течност за да се добие не многу густа смеса. Се додава и маслото и растопеното кокосово масло или путер. Се додаваат сецканите свежи урми и сувото грозје. Убаво се меша и се става во правоаголен плех обложен со хартија за печење. Се пече во претходно загрена рерна околу 40 минути на 200 степени, се вади од рерна и се превртува од обратната страна. Се остава колачот малку да се олади. За тоа време се подготвува чоколадниот прелив. Кокосовото масло заедно со чоколадото и 1 лажица оризово млеко и мало лажиче масло се става на оган да се растопи. Со овој прелив се полива горниот дел од колачот. Се остава да се олади и се сечат парчиња. Добар апетит! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки 400 гр брашно 100 гр маргарин 2 јајца 150 мл млеко 1 лажиче сол 100 гр шекер 1 пециво 1 ванила 1 лажиче цимет за полнење 1 лимон 1 протокал 6 суви сливи 6 суви кајсии 70 гр суво грозје 100 гр локум 150 гр тиква 70 гр ореви 70 гр лешници 50 мл конјак 100 гр шекер во прав Брашното, пецивото, шеќерот, јајцата, млекото и маргаринот измешајте ги заедно и замесете тесто. Додајте ванила и цимет. Сувото овошје полијте го со конјак и оставете на страна. Ораси, лешници, локум и тиква исечете ги на коцки. И суво овошје сечете на коцки. Се’ додајте во тестото, изрендајте кора од лимон и протокал, оставете го 15 минути. Печете го тестото во загреана рерна 45-50 минути на 200 степени. Готовиит колач посипете го со шеќер во прав. Добар апетит! Многу вкусен и миризлив колач, пробајте! Изменето од Valerija - 15.Декември.2019 во 10:53 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <12345 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |