|
Посвојување деца од хомосексуалци во брак |
Внеси реплика | страница <12345 53> |
Автор | |||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Во Швајцарија. |
|||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Во кој италиански град се случува тоа ?
|
|||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Е тоа. Гледам во мојата околина еден таков експеримент. Девојче кое живее во семејство со две лезбејки (учителката на ќерка ми, веќе пишував на некоја од темите). Уште од првиот ден кога ја донесоа во школото (да им ја покажат на децата), бебенце цело облечено во шпихозни со боите на виножитото, па ќебенце, па кап**ка, па количка, па торбичка... Се во знакот на виножитото. Двете мајки (не знам како на друг начин да ги наречам), не кријат интимности пред неа: се држат за рака, се бакнуваат... И некој ќе ми каже дека примерот од родителите не влијае на свеста на детето? За ова дете уште од најрана возраст хомосексуалноста ќе биде најнормална појава. Како што за мојата ќерка (на 7 години) не беше нешто појмливо, па детски наивно ме праша: мамо, како може учителката да има бебе ако нема маж? И зошто со пријателката се држат за рака и се бакнуваат во уста, ако не се сестри? И едно детско - бљак на крајот... Изменето од Анастеа - 03.Февруари.2014 во 10:13 |
|||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Ајде малу да ја изладиме дискусијава со една шега (знам дека има друга пдф за шеги, но како што реков, оваа намерно ова ја објавувам тука) : Се шетаат пар хомосексуалци држејќи се за раце... и пред нив здогледуваат како еден маж и жена се расправаат нешто околу детето што оди со нив. Детево плаче, мажот нешто го кара, жената го крие детето зад себе и му вика на мажот видно гестикулирајќи со рацете.... Едниот хомо му ја стиснува рака на другиот и му вели: - Нели ти реков драги дека не ги бива мешаните бракови ? Изменето од Messenger - 30.Јануари.2014 во 06:14 |
|||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
второ, не ти ја потценувам интелегинцијата и речникот, туку ти објаснувам колку ми е лесно да претпоставам дека не си информирана на темава, кога употребуваш улични термини, детски примери и еден куп емотикони наместо реплика... тоа не ме прави супериорен, туку едноставно не ме тера да го променам мислењето, што ми е базирано на стручно мислење и чиста непобиена логика, и ќе треба да се потрудиш повеќе за се останато си ми ја пропуштила поентата, а таа беше дека проблемите во едно семејство не се општо социјален проблем... ако некој не се чувствува способно или се плаши од тоа да разговара со своето дете на одредени теми, тоа не е ничиј проблем, освен негов личен... и сметам дека таквите луѓе воопшто не треба да бидат родители и ти мене ме прашуваш што би му објаснил на едно дете, ама јас не сум родителот тука, така? тој што си одлучил да има деца, он нека си се замара... |
|||||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
исто така, оваа теорија, повторно нема никаква врска со моево прашање, а тоа е (малку преформулирано) „Како едно дете станува геј, кога е израснато во хомофобична средина, а знаеме дека сексуалната ориентација на родителите е главен фактор во насочување на сексуалноста на детето?“ меѓудругото, еве уште едно прашање, ако не ви одговара првово: Зошто би се плашеле како едно дете ќе се ориентира по сопствен избор, кога хетеросексуалноста е природна и детето всушност не ја ни бира? го прашувам ова, затоа што природниот инстинкт го имаме како вграден рефлекс веројатноста едно дете да стане геј, е подеднаква кај сите родители, ако збориме чисто за математичка веројатност, и така ќе биде се додека не се најдат цврсти докази кои пресудуваат во полза на хомосексуалците, или хомофобите... а врз база на таквите математички пресметки, е формирано и демократското право (еве гледам и меси конкретно ви извадил цитати за истово) кога веројатноста едно дете да стане геј (според досегашните сознанија) е подеднаква кај било кој родител, зошто не би имале сите луѓе (кои според тестовите заслужуваат да посвојат) подеднакво право да посвојат дете? затоа, не барајте да ви се докаже нешто ако вие не можете да докажете ништо... затоа и размислете зошто ви ги поставувам прашањава кои упорно не сакате да ги одговорите, или пак да си ги поставите воопшто... не ми е целта да ве убедувам во нешто неосновано, затоа што најпрво јас сеуште си го немам разрешено постоењето на хомосексуалци, ама барем можем да се потпрам на тоа што е факт, а тој факт ви го претставувам со прашањава |
|||||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
|
|||||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Аууу ... што стана со темава? Абе за 5 дена 5 страни сте изнапишале!
А гледам, имаме и нов/а (?!) член/ка! Па за почеток, ќе признаам дека новиов член за една работа е во право. Да, зоофили беше соодветниот збор, кој ете, во тој момент додека пишував, не ми текна. Благодарам за сугестијата. Е сега да видиме што ни’ кажува понатаму:
Размислив, размислив ... и, очекував дека ќе добијам таков одговор. Затоа и се решив така да пишам. Ти поаѓаш од аспект на група, во случајов се работи за две лица. Ај проблемот да го гледаме од друг аспект. Каде е тука правото на поединецот? Зошто некому да му се скрати индивидуалното, демократско, природното (или како веќе сакате наречете го) право на еден поединец да живее онака како што тој сака? Токму поради ова би можеле сите да се стават во една група, што би рекол ти. Ако еден педер сака и му се дава право неговата лична, индивидуална желба или потреба, да ја оствари и да живее со друг педер, тогаш зошто да му се скрати правото на друг човек, зоофил, да му се одобри неговото право да живее со животно? Ако и понатаму го маргинализираш правото на поединецот и сметаш дека тоа не е важно, и дека тоа мора да биде меѓу свесни единки, тогаш да те прашам, дали се согласуваш за колективен хомосексуален брак меѓу повеќе луѓе? Нели, сите тие се свесни единки кои доброволно стапуваат во таков однос! Зошто да не си се „пердашат“ повеќемина меѓу себе? Зошто и таквите (нормални, нели?) бракови да не си посвојуваат деца?
За ова веќе пишав пред твојот пост (стр.47). Зарем не ја разбра паралелата помеѓу хомо и хетеро браковите? Зошто секогаш од една страна го идеализирате хомо бракот, а од друга страна го оцрнувате хетеро бракот, фаќајќи се секогаш за екстремните случаи - насилници, алкохоличари ... ? Ами ако едниот од хомиќите е алкохоличар, а? Што ќе правиме тогаш? Ќе му дадеме дете? btw. Како одеше онаа реклама против абортусот (парафразирам): „ако мајката на Бетовен абортирала, поради таткото алкохоличар, тогаш ќе бевме посиромашни за добра музика“ Кога моите деца беа мали знаеја (како и сите други деца) да се пикнат помеѓу мене и сопругата. Меѓусебни гушкања, бакнувања ... Хм ... ма ... зошто ли го пишав ова погоре? |
|||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Вака геј татковците ги спремаат своите ќерки за на училиште (фото)Кориб и Калеб, хомосексуалниот пар кој има 3 дечиња, успеа да го разбрани светот за само неколку секунди. На заедничкиот Инстаграм профил објавија фотографија на која ги средуваат своите ќерки за првиот училишен ден по зимскиот распуст, која предизвика различни реакции. „Тоа што сме татковци значи станување во 5.30 часот. Ги будиме нашите дечиња, правиме појадок и ги подготвуваме за училиште. Автобусот по нив доаѓа во 6.30 часот. Така изгледа еден типичен ден во нашиот дом. Не е лесно, но уживаме во секој момент,“ раскажуваат. Едни коментари беа позитивни и посветени на нивната грижливост, додека мета на негативните коментари беше нивната сексуална ориентација. На тоа, Кориб и Калеб возвратија: „Правиме се што можеме за да им овозможиме пристоен живот. Тешко ни е, заради дискриминацијата со која се среќаваат, но она што ние го правиме зад затворени врати не е ничија работа.“ Изменето од Valerija - 27.Јануари.2014 во 22:25 |
|||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Дискусијава постојано се одделува од правната насока и се води од аспект "нормално- ненормално";, "верувам-неверувам", "искусено- стекнато"... Изгледа не може да се продолжи со оваа тема од аспект на правото додека не се расчистат првин овие нешта. Веројатно посочениов цитат ќе разјасни некои недоуменија, верувања и претпоставки, па ќе може да продолжиме со темава: There is no consensus among scientists about why a person develops a particular sexual orientation;[1] however, biologically-based theories for the cause of sexual orientation are favored by experts,[3] which point to genetic factors, the early uterine environment, or both in combination.[4] There is no substantive evidence which suggests parenting or early childhood experiences play a role when it comes to sexual orientation;[4] when it comes to same-sex sexual behavior, shared or familial environment plays no role for men and minor role for women.[5] While some hold the view that homosexual activity is unnatural,[6][7] research has shown that homosexuality is an example of a normal and natural variation in human sexuality and is not in and of itself a source of negative psychological effects.[1][8] Most people experience little or no sense of choice about their sexual orientation.[1] There is insufficient evidence to support the use of psychological interventions to change sexual orientation.[9] |
|||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||
Kastro
Сениор Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Nema eho prijatel ,mislam samo deka stanuva zbor za razlicni mislenja i stavovi ...
I mene pa zatoa :)
Poveli slediov primer: momce koe, da receme , dotogas nemalo nikakov seksualen odnos vo svojot zivot, i pokraj toa sto ,pak da receme, gledalo sliki so goli zeni i slicni normalni nesta i verojatno se vozbuduval, sepak naletuva na drugo momce (drugovo homo )....pocnuva da mu se pusta i pravat nesta koi ponatamu na prvovo ke mu se bendisaat bidejki nema blage veze kako e so zensko (neli ne probal do togas)...
Mnogu vazno spored mene ....ona momce koe e odgledano vo hetero semejstvo ke znae na sam start deka ne e pravilno da bide so masko i nema da zapocne so aktot ke proba so devojka ke mu se dopadne i ke si tera sekako so zensko vo idinina.....
Naportiv momceto odgledano vo homo semejstvo uceno e deka ima pravo na izbor neli?Verojatnosta da go prifati aktot e ogromna ,ke mu se dopadne neznaejki kako e so devojce istoto da go pravi i ke trgne po drug pat ,poinakov od onoj na momceto od prvoto semejstvo....
Za mene, se dodeka ne se dokaze poinaku vazi teorijata deka homoseksualizmot e psiholosko narusuvanje vo ranoto detsvo predizvikano od nekakva slucka ....
I da ..spored mene e od ogromno znacenje koga e vo prasanje seksualnata opredelba dali te vospituvaat i rasnata homo ili hetero roditeli....
Zatoa ja sum PROTIV i od moralen a bogami i od praven aspect (poradi primerov i drugi kako ovoj primer ) posvojuvanje na deca od strana na homo partneri. Изменето од Kastro - 26.Јануари.2014 во 23:45 |
|||||
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|||||
Kastro
Сениор Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
|
|||||
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|||||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Тогаш немаше да имаш прилика да се прашуваш
|
|||||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|||||
Kastro
Сениор Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Kade bi bile nie sega ako Adam bil homoseksualec?
Znam deka nema veze so temava ama nekako inspiriran tokmu od temava mi dojde toa prasanje
|
|||||
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|||||
Внеси реплика | страница <12345 53> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |