|
Свети храмови кои вреди да се посетат |
Внеси реплика | страница <123 |
Автор | ||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Римокатоличката катедрала Свети Никола -Киев
|
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Соборниот Храм на преподобниот Исак " кој се наоѓа во Санкт Петербург. Тој е посветен на Свети Исак, ...
Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 08:34 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Св.Сава-Београд
Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 08:35 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Новодевичкиот манастир Изграден во 1524 година, манастирот првенствено бил користен како тврдина, а бил достапен само за жените од царското семејство. Посветен е на Пресвета Богородица која се сметала за заштитник на Русија. Дел од манастирот денес е достапен за посетители кои може да уживаат во убавината не некои од највредните иконостаси во светот, сместени токму во Новодевичкиот манастир. Од 2004 година импозантното здание е под заштита на УНЕСКО. Катедралата на Христос Спасителот Со својата висина од 103 метри, Катедралата на Христос Спасителот е највисокиот христијански објект на Земјата. Внатрешните ѕидови се обложени со ретки видови на мермер, гранит и скапоцени камења, а токму златната купола на оваа катедрала е првата во светот позлатена со новата техника на позлатување која се користи и денес. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Патував во Сертар, градот во кој живеат 40.000 монасиНе можев да поверувам дека има такво неверојатно место на земјата. Решив да го посетам ова место по секоја цена. Откако истражував малку, го најдов ова место наречено Сертар, кое се наоѓа на околу 600km од Ченгду. Таму се наоѓа најголемата будистичка школа наречена Будистичка академија Ларунг Гар, основана во 1980 година. Во моментот таму се сместени 40.000 монаси и монахињи кои секој ден се справуваат со лошата клима само за да го проучуваат будизмот. Ми требаа преку 20 часа да дојдам тука од Ченгду, патувајќи по еден нерамен пат кој се чинеше како да нема крај. Штом пристигнав во овој надреален свет, сета мака ја снема. Тибетскиот народ доаѓаат тука за да се молат, монасите и монахињите престојуваат за да учат. Не можев да одолеам да споделам фотографии од ова место со сиот свет. Монахињите патуваат до училиштето пешачејќи 4000 метри надолуНоќен поглед кон манастиротЖивеалиштата на монахињите кадешто не е дозволена ТВ, ниту има тоалет и систем за греењеТибетскиот народ ја споделува истата област со монасите и монахињитеПросто го обожавам ова море од црвени куќиСекој е толку посветен при молитвитеВо внатрешноста на манастиротСе молат вртејќи го тркалото на молитватаМонасите учат после училишните часовиТибетско поклонениеЕдноставно изгледа прекрасноМонасите учат после училишните часовиВо селото се сместени околу 40.000 монаси и монахињи |
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Божествени катедрали и цркви низ Америка кои воодушевуваатРелигиозните храмови претставуваат врвни архитектонски и уметнички дела. Многу од нив потекнуваат од далечното минато и успеале да ја задржат својата убавина, мистичност и вредност до ден денес. Црквите и катедралите се едни од најубавите објекти кои во себе кријат посебна моќ и убавина. Без разлика дали се од многу одамна или се изградени во поново време, секоја црква си има своја специфичност по која се разликува од останатите и нешто што ја прави посебна. Ширум светот има фасцинантни цркви и катедрали кои буквално изнудуваат воздишки кога ќе им се приближите. За многу од нив она што воодушевува е токму нивната историја и моќ која ги задржала да постојат до денес. Иако Америка не спаѓа во државите со богата историја од минатото, која ја одбележуват различни катедрали, таа сепак има свои божествени цркви кои несомнено ќе ве остават без зборови. Во различни градови има различен стил на цркви и катедрали, зависно од периодот во кој се градени. Некои од нив изгледаат модерно и футуристичко, а други пак, се типични и традиционални. Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 08:34 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Најпосетени свети места во светотНајпосетено свето место, каде секоја година доаѓаат 30 милиони аџии е Meiji Shrine во Токио. На второ место по посетеност е храмот Sensoji кој бележи приближно исто бројки како и Miji секоја година. Меѓу останатите најпосетени свети места е и Базиликата на Пресвета Богородица од Гвадалупе во Мексико и катедралата Нотр Дам во Париз. Ви ја претставуваме листата на најпосетени свети места во светот. Meiji Shrine е изграден пред 100 години и во градината на ова свето место се посадени повеќе од 100.000 стебла дрва, што оддава слика на спокој. Sensoji е будистички храм, а најубав е во ноќ, кога се палат многубројни светилки околу него. Хранот Kashi Vishawanath скоро целиот е во злато и е свето место за Хинду следбениците ширум светот. Верниците се бањаат во реката Ганг за да ја исчистат својата душа. Градењето на Базиликата започнало во 1500-та година а завршена е во 1709-та година. Дизајнирана е така да во неа се соберат 50.000 луѓе, а годишно ја посетуваат 20 милиони. Се верува дека се појавила Пресвета Богородица во 1531-та година. Хиндустичката секта Viashavism која промовира љубов и еднаквост ја започнала изградбата на овој храм пред 1.200 години. Годишно 18 милиони луѓе го посетуваат овој индиски храм. Најпосетената туристичка атракција е катедралата Нотр Дам, која годишно ја посетуваат околу 14 илјади посетители. Денес катедралата изгледа слично како што изгледала и кога е изградена во 1345-та година. Уште едно свето место кое се наоѓа во Париз. Базиликата Sacre Coeur. Базиликата Secre Coeur годишно ја посетуваат повеќе од десет милиони посетители. Оваа базилика е изградена во 19-тиот век. Храмот Naritasan Shinshoji е изграден во 940-та година, а го посетуваат десет милиони посетители годишно. Храмот е посветен на богот на огинот и ритуалите во кои доминира огинот се изведуваат неколку пати дневно. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Нотр Дам -Франција Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 08:38 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Најубавите цркви во светотВо христијанската религија, црквата е здание чија примарна дејност е да овозможи место каде ќе се собираат следбениците на Исус и каде се извршуваат религиозни обреди, литургии и молитви.Традиционалните цркви се најчесто во облик на крст и имаат купола или камбанерија додека, модерните цркви се мешавина на стилови. Многу зданија изградени за друга намена се конвертирани во цркви и обратно, многу стари цркви денес имаат друга намена (музеј, галерија и сл.)Во пресрет на Велигден многумина од вас ќе ја посетат најблиската црква или пак ќе отидат во црква која им е најдрага или најубава или пак таму каде што си го наоѓаат мирот. Некои ќе отидат на црква, почитувајќи ја верата, некои традицијата а, некои, затоа што сите други ќе бидат таму.Настрана религиозните убедувањата, секое здрание си има свое значење, вредност и убавина. Еве кои се најубавите цркви во светот.Las Lajas Cathedral, Наринјо, Колумбија (фотографија горе)Сместена е над реката Гујаитара помеѓу две седиментни карпи по што го добива и името. Импресивнато здание е споено со остатокот со мост. Црквата е изградена баш на ова место заради указанието на Богородица во 1754 год. Бегајќи од невреме мајката Марија и нејзината глувонема ќерка Роза се скриле помеѓу карпите за да најдат засолниште. Во еден момент Роза извикала ”Жената ме вика…” и покажала на осветлена силуета над карпите. Во чест на ова приказание многу верници почнале да се собираат на ова место и со добротворни прилози почнале да градат црква во чест на Богородица.Sagrada Familia, Барселона, ШпанијаРимо-католичката црква, мешавина на готски стил и art nouveau е дизајнирана од каталонскиот архитект Антони Гауди. Изградбата започнала во 1882 год и до неговата смрт во 1926 год изградена е само една четвртина. Со градење се продолжува дури по Шпанската Револуција. Се очекува финализирање на градбата во 2026 год со што би се одбележала стогодишнината од смртта на Гауди. Иако е недовршена, од Ноември 2010 год. е прогласена за Светско Културно Богатство под заштита на UNESCO.Базилика Св. Василиј, Москва, РусијаРуската православна базилика се издигнува над Црвениот Плоштад во непосредна близина на Кремлин во Москва уште од 1555-61 год. Куполите што како пламени се наоѓаат на секоја од десетина цркви во склоп на главното здание се единствена творба. Ова е и седиштето на Рускиот Вселенски Патријарх.Аја Софија, Истанбул, ТурцијаПрекрасното византиско здание со поглед на Босфор е поранешна православна црква, кратко време и католичка црква, подоцна џамија а, денес музеј. Првиот камен на овој храм е поставен во 360та година. Секоја деценија, секој век, секој владетел оставиле трага, па така оваа црква има единствен изглед кој вклучува куполи и минариња и непроценливо богатсво во фрески, икони и религиозни предмети.
|
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 08:31 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Внеси реплика | страница <123 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |