Ретки растенија, магични рушевини надополнети со ѕвук од водопад: ботаничката оаза Нимфа во близина на Рим е изработена во англиски стил и е прогласена за најромантична градина во светот. Градината потекнува од 19 век кога аристократското семејство Каетани ја превзема земјата која со векови била напуштена во близината на Нинфа, град кој е напуштен уште во средниот век.
Оваа градина е едно од чудата на Италија. Добро е одржувана и представува вистинска симфонија од раскошна пририда и човечки капацитет да култивира вакво место.
Изменето од Valerija - 25.Март.2018 во 15:48
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Оваа цветна оаза, имаше идеја да стане најшарениот парк во светот. Во тоа и успеа, сместувајќи се во Гинисовите рекорди.
Милијарди цвеќиња во сите бои, правилно искомбинирани, во оваа градина создаваат ремек дела, кои со заслуга ова место го прават еден сосема поинаков, паралелен Универзиум, кој вреди да се посети.
Градината зафаќа повшина од 22.000 хектари, а волшебните фигури во неа се изработени од 25 видови цвеќиња од САД, Јапонија, Италија и Германија. Во внатрешноста се наоѓа и водопад и преубав мал театар.
Ќе бидете добредојдени, а ќе излезете најзадоволни од најубавата градина во Ал Аин, Соединетите Арапски Емирати !
Задоволството нека започне со следнава галерија…
Изменето од Valerija - 25.Март.2018 во 15:47
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Замокот Ниџо, древна резиденција на Токугава во стариот јапонски главен град Кјото тешко дека ќе ги остави рамнодушни луѓето кои се интересираат од јапонската култура и префинета уметност. Комплексот се состои од замок, неколку помали објекти и неколку прекрасни градини. Денес сето тоа е дел од светското наследство на УНЕСКО.
Изменето од Valerija - 25.Март.2018 во 15:50
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Меѓу дождовните долини и прекрасните шуми на Портланд се наоѓа прекрасен простор кој е познат како Портландска јапонска градина…
Ова место се смета за најавтентична јапонска градина надвор од Јапонија. Магичните градини привлекуваат голем број посетители секоја година, кои доаѓаат од сите делови на светот. Овој парк кој постои речиси 50 години содржи пет различни јапонски градини: Flat Garden, Strolling Pond Garden, Natural Garden, Tea Garden i Sand & Stone Garden.
Традиционално, нивната намена е поврзување на човекот со природата и доловување на мир, баланс и хармонија во душата.
Изменето од Valerija - 08.Април.2014 во 09:33
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Dubai Miracle Garden се смета за една од најголемите и најубавите цветни градини во светот. Со преку 45 милиони цветови со сите бои распоредени на стотина начини, претставуваат пејзаж кој ќе ве остави без здив.
Цвеќињата се распоредени во облик на пирамиди, кругови, ѕвезди, шарени патеки и романтични тунели, а живописните комбинации на бои оставаат неверојатен впечаток.
Оваа градина е уште поспецифична по тоа што се наоѓа среде голема пустина, а нејзиното одржување се постигнува со вграден еколошки систем за наводнување.
Во склоп на градината се наоѓа најголемиот цветен ѕид во светот, со должина од еден километар.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Keukenhof e најголемата градина на светот и секако една од најубавите. Содржи повеќе од седум милиони лалиња, нарциси и зумбули, кои се засадени на земјиште со површина од околу 32 хектари.
Додека уживате во прошетка по градината, на располагање ви се аранжери кои ви даваат совети во врска со одгледувањето на цвеќето. Во состав на градината има и бројни ресторани и кафулиња, а има и можност да изнајмите велосипед или да запловите со брод. Ова уживање не треба да се пропушти никако!
Suan Nong Nooch – Тајланд
Тропската ботаничка градина Suan Nong Nooch е отворена во 1980 година. Градината е наречена по госпоѓицата Нонг Ноч, која сметала дека тоа место е идеално за да се направи преубава градина.
Во овој рај на земјата денес се наоѓа мноштво од прекрасни градини, со најголем избор на видови палми и на цикади во светот, како и со најдобар избор на орхидеи во Тајланд.
Butchart Gardens – Канада
Ова рајско место се наоѓа во Ванкувер Исланд во Канада, а е во приватна сопственост е на семејството Бачардс и се прострира на 22 хектари земјиште.
Од почетокот на 20 век семејството Бачардс овде основале семенара, но сопругата на господинот Бачардс на тоа место сакала градина, па прво направила Јапонска градина, потоа Италијанска, итака настанале и другите тематски градини, кои станале светска атракција.
Наследниците на семејството и понатаму живеат на имотот, кој е отворен за јавност и годишно го посетува повеќе од еден милион туристи.
Fairchild – Флорида
Во тропската ботаничка градина Fairchild можат да се видат навистина многу видови тропски билки од различно потекло: од Јужна Флорида, од Карипските острови, Океанија, од тропскиот појас на Африка како и од Мадагаскар.
Градината е исто така водечки центар за проучување на палмините дрвја, кој работи повеќе од 70 години.
Jardin Majorelle – Маракеш, Мароко
Градината Majorelle е цела во сина боја, по што се разликува од другите ботанички градини.
Неа ја осмислил Жак Мажорел, во дваесетите години од минатиот век, а сопственик сè до својата смрт бил славниот моден креатор Ив Сен Лорен.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Холандија, земјата на слободата,
демократијата, земјата во која има најмалку строг законски систем и
најрелаксирани луѓе во светот, има уште нешто со што може да се пофали –
прекрасните полиња со лалиња, кои се чини дека ги собрале сите бои!
Лалето е цвет чие име веднаш ве асоцира на Холанија. Иако можете
да го најдете во секој двор, цвеќарница, икебана и букет, лалето некогаш
било многу ретко и скапоцено, и било причина за илјадници неволји.
Имено, во 17-тиот век постоела тулипоманија, односно опседнатост со
лалињата, и нивните нови хибридни видови. Една луковица од нов вид на
лале, вредела околу три куќи и осум коњи. Луѓето не тргнувале со пари,
туку со луковица од лале. Ова е, на некој начин, и првата берза која се
појавила во светот.
Лалињата ги има во 109 видови и подвидови: еднобојни, шарени, со посебни
форми... Сите на едно место можете да ги најдете само во Холандија. Ако
не можете да ги посетите, погледнете ја галеријата која ви ја нудиме и
уживајте!
Изменето од Valerija - 26.Февруари.2014 во 23:02
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Воодушевувачки пејзажи од полињата со лаванда во Франција
Самиот збор лаванда асоцира на нешто нежно,
миризливо, чисто, релаксирачко и прекрасно... Токму такви се и
фотографиите во продолжение! Тие ќе ве воодушеват, релаксираат и
разнежнат и сигурно ќе ве потсетат на прекрасниот мирис на свежо
испраните алишта.
Лавандата претставува род од 39-те видови на цветни растенија од
семејството нане, "Lamiaceae". Станува збор за растение кои што е
застапено насекаде, од Канарските острови, преку јужна Европа, на
Медитеранот, низ цела северна и источна Африка, во југозападниот дел на
Азија, па се до Индија.
Лавандата се одгледува како украсно растение за градините, меѓутоа
висока е нејзината експлоатација и за создавање на етерични масла и
секакви други производи за хигиена и нега на човечкото тело.
Токму поради тоа што станува збор за нешто што асоцира на убавина,
пејзажите кои што се овековечени на фотографиите во продолжение сигурно
ќе ве воодушеват. Така, откако пред неколку дена им се радувавме на полињата со лалиња во Холандија, сега можеме да се воодушевуваме и од глетката кон полињата со лаванда во Провенс, во Франција.
Прекрасната виолетова боја ќе ве потсети на подеднакво прекрасната
миризба и овие фотографии за миг ќе ве опуштат, разнежат и ќе ве
потсетат на прекрасната пролет. Едноставно, станува збор за прекрасна
глетка, а кога истата ќе се доживее во живо, веројатно претставува и
единствено искуство.
Изменето од Valerija - 25.Март.2018 во 15:44
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Оние кои што сакаат цвеќиња и необични
растенија, сигурно ќе уживаат при посетата на неодоливата тропска градна
во Тајланд, каде што можат да се видат неверојатно уредени површини со
најразлични растенија.
На површина од повеќе од два квадратни километри се простираат
уметничките композиции направени од најразлични растенија со потекло од
сите краишта на светот. Плодната земја и благата клима овозможила
одгледување на кактуси, ананаси и нежни гардении на едно исто место.
Зоолошката градина "Nong Nooch" е составен дел од овој ресорт, па така,
дел од градината претставува и дом за папагали и слонови. Секој викенд
во оваа позната туристичка дестинација се организираат најразлични
манифестации и паради со слонови, кои воедно се и најголемата атракција
на ова место.
Едноставно, станува збор за место кое е доказ дека човекот може да ја
уредува природата без истата да ја уништи, односно дека убавината на
природата и човечките вештини можат да се претворат во спектакуларна
уметност.
Изменето од Valerija - 25.Март.2018 во 15:51
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Покрај тоа што важат за "бели дробови" на
големите градови, парковите се едни од најубавите места во кои што
луѓето можат да побегнат од загадените улици и целиот натрупан урбанизам
во своите населби. Затоа, во продолжение погледнете кои се најубавите
градски паркови ширум светот.
Прекрасно дизајниран парк е многу повеќе од само зелена
површина... Напротив, градските паркови се еден од деталите кои што го
прават градот привлечен и пријатен за живеење.
Токму затоа, градските власти ширум светот посветуваат големо внимание и
ресурси за уредувањето на градските паркови, а крајниот резултат се
прекрасни предели кои што на луѓето им овозможуваат засолниште од
загадените улици, од бучниот сообраќај и од масовниот урбанизам во
градските центри.
Во продолжение, барем за миг "прошетајте" низ најубавите градски паркови ширум светот:
Паркот Гуел во Барселона
Стенли парк во Ванкувер
Паркот на лалињата во Холандија
Градскиот парк во Њу Орлеанс
Парк Голден Гејт во Сан Франциско
Парковите Намба во Осака, Јапонија
Шумскиот парк во Сент Луис
Парк Ибирапуера во Сао Паоло, Бразил
Паркот Англишер во Минхен
Балбоа парк во Сан Диего
Парк Уено во Токио
Паркот "Parc des Buttes Chaumont" во Париз
Парк Грифит во Лос Анџелес
Централ Парк во Њујорк
Хоутан парк во Шангај
Вселенскиот парк во Фоеникс, Аризона
Парк Маунт Фабер во Сингапур
Лумпини парк во Бангкок
Парк Чапултепек во Мексико Сити
Парк Минехаха во Минеаполис
Хајд Парк во Лондон
Парк Милениум во Чикаго
Паркот Дориа Памфили во Рим, Италија
Беихаи парк во Бејџинг, Кина
Паркот Флагстаф во Мелбурн
Вонделпарк во Амстердам
Феникс парк во Даблин
И секако, најпрекрасниот од сите, Скопскиот градски парк!
Изменето од Valerija - 25.Март.2018 во 15:43
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Дворот на Европа: Најголемиот цветен парк во светот
Без оглед на тоа дали сте љубител на цвеќињата
или не, разгледувањето на овој парк сигурно ќе ве расположи и ќе
направи за миг да заборавите на тмурните студени зимски денови, маглата и
заспаната природа, односно ќе уживате во шаренилото на бои и радосната
атмосфера која ја претставуваат прекрасните цветни површини.
Имено, станува збор за Кекенхоф, познат и како Дворот на Европа и
истиот е најголемиот цветен парк во светот, а воедно се смета и за еден
од најубавите пролетни градини. На површина од повеќе од 32 хектари, во
Кекенхоф секоја година се садат околу 7 милиони цветови!
Најдоброто време за посета на овој прекрасен парк се месеците април или
мај, кога цвеќињата се во полн цвет и кога неколку дворови и четири
павилјони ги покажуваат своите фантастични колекции од зумбули, нарциси,
орхидеи, ружи, каранфили, љубичици, лалиња и многу други видови на
цвеќиња. Во текот на тие месеци, спектарот на бои и мириси во паркот се
едноставно магични.
Кекенхоф бил извор на билки за Жаклин, грофицата од Хајнат дворецот,
кога било и одредено името на оваа градина, а по нејзината смрт,
богатите трговци го презеле имотот и оттогаш, паркот променил повеќе
сопственици.
Градината, каква што можеме денес да ја видиме, била основана во 1949
година од страна на тогашниот градоначалник на градот Лисе. Идејата била
да се претстави изложба од цвеќиња, каде што одгледувачите од цела
Холандија и Европа можеле да ги покажат своите хибридни дела и да и
помогнат на холандската индустрија, ако се знае фактот дека оваа земја е
и најголем извозник на цвеќиња во светот.
Иако многумина од посетителите во Кекенхоф очекуваат да погледнат дел од
светски познатите огромни полиња со лалиња, тоа сепак нема да го
пронајдат во оваа градина. Дворот на Европа е дизајниран на начин да
прикаже повеќе видови на цвеќиња, односно ниту еден вид на цвеќе да не
се истакнува најмногу.
Доколку некој сака да ги погледне полињата со лалиња, тој може да ги
посети околните приватни имоти, иако посетите не се вклучени во картата
која што мора да се купи при влезот во Кекенхоф.
Изменето од Valerija - 25.Март.2018 во 15:43
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Човечкиот вид ја култивира природата за
храна, засолниште, но и убавина веќе илјадници години. Ботаничките
градини ги претставуваат аспектите и на природата, но и на човековата
грижа за неа.
Еве кои се десетте најубави вакви мали рајски градини:
Посетата на провинцијалниот главен град на Британска Колумбија во Канада
не би била комплетна да дојдете во овие градини. Признаени се како
Национално историско богатсво на Канада, и во нив има големи површини на
древни дрвја, прекрасни пеперутки и 7.000 варијации на мирисни цвеќиња.
2.Ботаничките градини во Монтреал, Квебек, Канада
Ботаничката градина во Монтреал, лоцирана на само неколку минути од
центарот на градот, нуди прибежиште од хаотичниот урбан живот. Овде има
30 тематски градини и 10 зелени куќи за изложби во кои има повеќе од
22.000 различни видови растенија. Објектот нуди и изложби и слични
настани во текот на целата година.
3.Ројал Ботаникал Кју градините во Лондон, Англија
Една од најпознатите ботанички градини во светот е Кралската ботаничка
градина Кју во Лондон, Англија, и е признаена за Светско богатство
според УНЕСКО. Отворена е секој ден од годината, освен Бадник и Божиќ.
4.Градините на Версајската палата, Париз, Франција
Иако биле нарачани во 1641 година од Луј XIV, за градините да бидат
завршени биле потребни 4 децении. Преполни со дрва, цвеќе и
скулптурирана почва, овие градини ја претставуваат вербата на кралот
дека креацијата и одржувањето на почвата која го опкружува прекрасниот
Версај е исто толку важна колку и самата палата.
5.На’Аина Каи градините во Кауаи, Хаваи
Фразата „На’Аина Каи“ значи „земја крај морето“ на хавајски, и е одлично
име за овие прекрасни диви и култивирани градини лоцирани близу до
Тихиот Океан. Порано биле дел од приватен имот, но сега е атракција
отворена за сите посетители.
6.Ботаничката градина во К*ритиба, Бразил
Ботаничката градина во К*ритиба, Бразил, била создадена со цел да се
следи француската традиција, и нејзината светски признаена стаклена
градина ги привлекува истражувачите од целата планета. Освен растенија,
овде ќе најдете и 4 уникатни статуи создадени од артистот Франс
Крајцберг.
7.Националните ботанички градини Кристенбош, Кејп Таун, Јужна Африка
Овие ботанички градини се формирани во 1913 година, и се многу познати
по големиот вариетет на непознати растителни видови. Во градините има и
камени скулптури, како и прекрасната национална флора која ја нема на
другите континенти.
Лоцирана на само 90 минути возење од Бангкок, оваа ботаничка градина е и
луксузен комплекс за сместување. Може да се пофали со светски
најголемата колекција на палмови дрва и најбогатиот вариетет на орхидеи
во Тајланд.
9.Градината Коишикауа Коракуен, Токио, Јапонија
Вгнездена во еден од светските мегаградови, Коишикауа Коракуен во Токио
претставува остров на мир, перфектен за дневна прошетка и бегство од
секојдневниот неред и рутината. Преполна е со расцветани црешови дрва,
сезонска флора и скулптурирани почви, како и езерца.
10.Ботаничката градина во Бруклин, Њујорк
Ова е всушност колекција од неколку различни градини. Има повеќе
опсерватории, Бонсаи музејот, Тропскиот павилјон и Акватик куќата.
Изменето од Valerija - 25.Март.2018 во 15:29
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот